Осумгодишно девојче од Луизијана почина од ретка амеба што го напаѓа мозокот, за која се верува дека се заразила додека пливала во езеро во близина на нејзиниот дом, потврдија нејзиното семејство и здравствените службеници, објави CNN. Лилијан Смарт од Растон, Луизијана, почина во болница за време на викендот, кратко по нејзиниот осми роденден. Нејзините родители претходно изјавија дека девојчето имало тежок оток на мозокот предизвикан од ...

Еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Утревечер, на 25 август, јубилејот ќе биде одбележан со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, ...

Во засилена акциска контрола на територијата на цела Македонија, полицијата констатирала 140 сообраќајни прекршоци кај возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на обврската за носење заштитна кацига, а за осум возачи се поднесени и кривични пријави. Контролата била спроведена од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17 до 22 часот. Од ...

Од високи температури до силен дожд и град за само неколку часа. Нестабилното време што попладнево зафати делови од Македонија донесе интензивни врнежи и град во Прилепско и Долненско. Град со големина на лешник паднал во селата Мало Коњари во Прилепско, како и Дебреште и Ропотово во Долненско. Локално врнежите биле силни и проследени со грмежи. Метеоролошките радари попладнево регистрирале силни атмосферски јадра северозападно од Прилеп, ...

Македонските борачи донесоа три медали од Медитеранските игри во Таранто – две сребрени и една бронзена медалја, со што борењето засега е најуспешниот спорт за македонската делегација на Игрите. Фати Вејсели освои сребро во категоријата до 74 килограми во слободен стил. Во финалната борба беше поразен од Ислам Дудаев од Албанија со 0:4. До финалето Вејсели стигна со три победи, меѓу кои и полуфиналната против Турчинот Јасин Јесил со 5:3. ...

Во засилена акциска контрола на територијата на цела Македонија, полицијата констатирала 140 сообраќајни прекршоци кај возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на обврската за носење заштитна кацига, а за осум возачи се поднесени и кривични пријави. Контролата била спроведена од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17 до 22 часот. Од ...

Холандија нема да учествува на Евровизија 2027, откако холандскиот јавен радиодифузер АВРОТРОС оцени дека натпреварот повеќе не може да се смета за доволно неутрален. Одлуката е поврзана со продолженото учество на Израел и влијанието на војната во Газа врз музичкиот натпревар. Холандскиот радиодифузер соопшти дека меѓународните конфликти сè повеќе влијаат врз Евровизија и го поткопуваат нејзиниот неутрален карактер. Според АВРОТРОС, ...

Осумнаесетгодишна жена во Авганистан побарала развод откако, како што тврди, со месеци била физички малтретирана од сопругот. Случајот открива дел од секојдневието на жените под талибанската власт, каде правото на развод е сериозно ограничено, а образованието и движењето на жените се подложни на строги правила. Младата жена случајот го изнела пред Абдула Сархади, талибански функционер и поранешен командант, кој во моментот ја извршува ...

Франција од 1 септември воведува построги правила за користење мобилни телефони во средните училишта. Мерката е дел од пошироките напори на земјата да го намали времето што младите го поминуваат пред екраните и да создаде посмирена средина за учење. Францускиот министер за образование Едуар Жефри најави дека забраната ќе почне да се применува од почетокот на новата учебна година. Тој оцени дека ограничувањето е важно за учениците и најави ...

Во Хрватска во текот на јули и август се регистрирани три лица заразени со вирусот на западниот Нил. Надлежните предупредуваат дека вирусот е присутен и дека комарците што можат да го пренесуваат се активни во текот на летниот период. Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец, најчесто од родот „Кулекс“. Комарците го добиваат вирусот од заразени птици, кои се главен природен резервоар на инфекцијата. Според податоците ...

Утрешниот ден ќе започне со сончево и топло време, но во попладневните и вечерните часови атмосферската состојба ќе се промени. На места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално и невреме со силен ветер и град. Температурите во земјава ќе бидат високи и утре. Минималната температура ќе се движи од 15 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во попладневните часови на места ќе има нестабилност со ...

Само четири дена траеле договорените откупни цени за пиперката „ајварка“, тврдат земјоделците од Струмичко, кои за утре најавија нов протест и блокади. Тие велат дека пиперката повторно се откупува по 25 денари за килограм, иако по претходните протести беше договорена повисока цена. Протестот е најавен за утре во 11 часот пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица. Земјоделците од Месното здружение на млади Муртино ...

Пожарот што избувна во близина на селото Гујновци во општина Пробиштип е локализиран, а пожарникарските екипи продолжуваат да го обезбедуваат теренот. Огнот предизвика густ чад и проблеми со видливоста, додека во гаснењето беа вклучени повеќе екипи. Пожарот избувна на отворен простор во атарот на општина Пробиштип, а поради големиот облак чад беше отежнато движењето во околината. Снимки од теренот покажаа дека пожарот бил со значителен ...

Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот А66 во североисточна Англија, меѓу кои и двајца полицајци. По трагедијата, британскиот министер за одбранбена подготвеност Лук Полард побара од социјалните мрежи да ги отстранат снимките што го величаат опасното возење и незаконското однесување на патиштата. Несреќата се случила во близина на Мидлсброу, кога автомобил „фолксваген пасат“, кој претходно бил следен од полицијата, се движел ...

Македонија денеска ги добнива своите први медали на Медитеранските игри, а дали ќе бидат златни или сребрени ќе зависи од исходот на финалните мечеви во борење. Во категоријата слободен стил до 74 килограми првиот финален меч ќе го има Фати Вејсели кој од 18:40 ќе се бори против Ислам Дудаев од Албанија. Во второто финале со македонски претставник, во категоријата слободен стил до 97 килограми, од 19:20 ќе се бори Реџеп Хајдари, против ...

Сериозен инцидент се случил вчера во Охрид, инфомираат од полицијата. Вчера во 18:30 часот на Плоштад „Крушевска Република” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле а Б.К.(71) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во куќа во Охрид агресивно се однесувал и упатувал закани кон М.Ј.(28) од Кичево и кон други присутни лица, а потоа ги испрскал со запалива течност. „По целосно документирање на настанот, против него ќе ...

Руската новинарка Ксенија Лученко, авторка на книга за Руската православна црква, во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ ја опишува симбиозата меѓу патријархот Кирил и Владимир Путин како политички сојуз во кој државата и црквата си ги разменуваат влијанието, ресурсите и моќта. Според неа, православието во Русија одамна не функционира само како религиозна институција, туку и како инструмент на државната политика – особено во однос на ...

Брисел работи на забрзување на европската интеграција на Црна Гора, за земјата да може да ги заврши преговорите за сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година. Ова го објави црногорскиот весник „Победа“, кој се повикува на високи извори од Европската комисија. Според публикацијата, се очекува првиот нацрт на Договорот за пристапување на земјата кон ЕУ да биде подготвен до крајот на септември. Планот беше лансиран по итни консултации ...

Соединетите Американски Држави денеска треба да претстават нов пакет економски мерки против Иран, а Техеран одговори со закана дека може целосно да го запре извозот на нафта од Персискиот Залив доколку продолжи, како што го нарекува, американскиот „економски војна“. Американскиот министер за финансии Скот Бесент најави дека Вашингтон подготвува досега најширока финансиска офанзива против Иран, насочена не само кон иранската економија, туку и ...

Хари Кејн е избран за најдобар фудбалер во Германија во традиционалната анкета на спортското списание „Кикер“. Кејн убедливо ја освои наградата со 272 гласа, оставајќи го зад себе соиграчот од Баерн, Мајкл Олисе, кој доби 203 гласа. Третото место му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав, со 61 глас. Признанието доаѓа по неверојатната сезона во која Кејн постигна дури 61 гол на 51 натпревар и беше еден од најзаслужните за ...

Постојат информации што потврдуваат дека неколку американски авиони за полнење гориво ја напуштиле територијата на Бугарија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, на прес-конференција, цитирана од бирото на АПА во Техеран. Според него, распоредувањето на американски авиони во Бугарија за операции против Иран е спротивно на меѓународното право и претставува поддршка за воените акции на САД и Израел ...

Квалификациите во поединечна конкуренција на турнирот УС Опен започнаа денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. На стартот на турнирот познат е и наградниот фонд. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова претставува зголемување од 44 проценти ...

Центарот за управување со кризи и директорот Мухамед Али на социјалните мрежи обијавија фотографија од теле на опожарена почва со приказна дека телето било спасено од пожарот што гори на планината Китка. „Меѓу хаосот и пламените јазици, заедно со пожарникарите на Град Скопје успеавме да спасиме мало теле кое останало заробено на теренот зафатен од пожарот. Мало, исплашено, но живо – мала победа во еден тежок ден“, напиша на својот профил на ...

Одбајкарската репрезентација на Македонија во женска конкуренција денеска загуби од репрезентацијата на Косово со 3:1. Косоварките ги добија првите два сета, по што македонските одбојкарки успеаја да намалат на 2:1 во сетови, но на крајот Косово го освои четвртиот сет за конечни 3:1. Ова е втор пораз на македонските одбојкарки откако во првото коло убедливо беа поразени од Турција со 3:0. Во следното коло Македонија ќе игра против Грција. ...

Скопје попладнево е прекриено со густ чад, мирис на изгорено се чувствува во речиси сите делови на градот, а загаденоста на воздухот нагло порасна. На дел од мерните места индексот на квалитет на воздухот влезе во црвената, нездрава зона, додека главниот загадувач се ситните PM2.5 честички. Центарот за управување со кризи потврди дека чадот што го прекри Скопје доаѓа од големиот пожар на планината Китка, на подрачјето меѓу општините ...

„Спајдермен: Нов ден“ продолжува да го предводи северноамериканскиот бокс офис четврти викенд по ред, иако со остар пад на приходите од претходниот викенд. Филмот за суперхерои во кој глумат Том Холанд и неговата сопруга Зендаја од реалниот живот заработи 39 милиони долари, што е пад од 45% во однос на минатиот викенд. Според набљудувачот на индустријата Exhibitor Relations, најновиот блокбастер на Marvel веќе заработил речиси 855 милиони ...

Со едноминутен молк и оддавање почит на загинатите денеска во македонското Собрание почна одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Посебната сесија ја организираше Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, а ја отвори потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски. Пред присутните се обрати и амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир. Обраќање имаше и пратеникот Оливер Спасовски ...

Романските воздухопловни сили испратија два борбени авиони F-16 и еден хеликоптер IAR-330 SOCAT откако радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана утрово детектирал воздушни сигнали во регионот Кахул во Молдавија, од кои еден подоцна се појавил во регионот Таргу Бушор во округот Галаци. Инцидентот се случил околу 6:00 часот наутро, објави романската национална новинска агенција Agerpres, повикувајќи се на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остави отворена можност за политичко обединување со Левица, но постави услов партијата да ги промени своите позиции кон Русија, НАТО и Европската Унија и да се дистанцира од премиерот Христијан Мицкоски. Изјавата доаѓа откако од Левица порачаа дека се подготвени за предвремени парламентарни избори и дека сакаат да мобилизираат поширок опозициски фронт. Пратеникот Амар Мециновиќ изјави дека ...

Густ чад и силен мирис на изгорено денеска се чувствуваат во повеќе делови на Скопје, а во исто време нагло се влошија и мерењата на квалитетот на воздухот. Жители од различни скопски населби пријавуваат дека чадот се чувствува и во централното градско подрачје, додека во околината на градот и натаму има активни пожари. Според податоците на IQAir во 13 часот, просечниот индекс на квалитет на воздухот за Скопје изнесуваше 107 според ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58