
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Ѕвоната на Нотр Дам заѕвонија за прв пат по пожарот што ја уништи оваа историска катедрала во Париз во 2019 година. Катедралата треба официјално да биде отворена за јавноста на 8 декември, а осумте ѕвона беа официјално заѕвонети еден месец претходно. Реставраторските работи траеја пет години и чинеа стотици милиони евра. Околу 250 компании и неколку стотици експерти учествуваа во работите. Пожарот, кој избувна на 19 април 2019 година, ја уништи ...
Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците и понатаму откриваат нови и изненадувачки детали за неговото функционирање. Долги години преовладуваше мислењето дека допаминот, откако ќе се ослободи, се шири низ мозокот бавно и дифузно, како хемиски „мегафон“ кој пренесува пораки до голем број клетки, пишува Science Alert. Молчеливи и брзи сигнали Сепак, најновите истражувања ја доведуваат во прашање оваа класична ...
Меѓународниот суд на правдата (ICJ) оваа среда ќе објави советодавно мислење за тоа какви правни обврски имаат државите во справувањето со климатските промени и какви последици може да претрпат доколку не преземат соодветни мерки. Иницијативата ја предводи пацифичката островска држава Вануату, со поддршка од повеќе од 130 земји – што претставува важен момент во развојот на меѓународното климатско право. Примерот на Вануату е драматичен: само во ...
Од Бирмингем до Лос Анџелес одекнуваат гитари во негова чест. Ози Озборн, харизматичниот фронтмен на Блек Сабат и еден од пионерите на хеви‑металот, почина на 76‑годишна возраст, опкружен со семејството. Веста за неговата смрт стигна само неколку недели по прошталниот концерт во родниот град, каде што уште еднаш ја демонстрираше упорната енергија што ја одржа половина век на сцена. „Изгубивме брат“, изјави гитаристот Тони Ајоми, додека басистот ...
„Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум каде што е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите но тоа ќе биде во прва половина од август“, истакна Африм Гаши кој имаше средба Биљал Касами, градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса. Касами на новинарско барање ги ...
Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор. Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше ритамот ...
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците од Полска – Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано. Лукаш Длугош е најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја. Списанието „Пицикато“ во оценката за неговиот албум „Приказни на флејтата“, издаден за Верго/Дојче Грамофон, го квалификува Длугош како „еден од најдобрите флејтисти во светот“. Длугош студира соло флејта на Високата школа за ...
„Бич филм фестивал“ (Beach Film Festival) започнува од утре и ќе трае до 27 јули во Охрид. Како што информираат организаторите, повеќе од 60 европски филмови на отворено. „Осмото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска ...
Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата Хоризонти на првиот натпреварувачки ден на годинешното издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Македонија повторно ќе биде дел од еден од најстарите и најпрестижни филмски фестивали во светот, а со „МАЈКА“ ќе се натпреварува за награди во повеќе категории – режија, сценарио, најдобар филм, актерски остварувања и други. Ова е трет пат како Теона Стругар Митевска ...
Технолошката компанија OpenAI со седиште во Сан Франциско продолжува да расте и покрај зголемената конкуренција во областа на вештачката интелигенција. Неделните активни корисници на ChatGPT достигнаа 400 милиони во февруари, што е зголемување од 33 проценти во однос на 300 милиони во декември, изјави за CNBC главниот оперативен директор на OpenAI, Бред Лајткап. Овие бројки не се објавени досега. Lightcap нагласи дека овој раст е резултат на ...
Шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA), Филип Лазарини, предупреди дека ситуацијата во Газа е катастрофална, а лекарите, хуманитарните работници и персоналот на агенцијата се онесвестуваат од глад и исцрпеност додека ги извршуваат своите должности. „Негувателите – вклучително и нашите колеги од UNRWA во Газа – се и самите во очај. Лекари, медицински сестри, новинари, хуманитарци – меѓу нив и нашиот персонал – се ...
Руските сили навлегле во Покровск, стратешки важен град во источна Украина, каде што веќе со месеци се водат интензивни борби. Иако се работи за ограничен пробив, присуството на руската војска во градот се смета за сериозен показател дека украинската одбрана е под притисок, објави украинската новинска агенција Украинска Правда. Според информации од украински војници, првите продори на руски пешадиски единици во Покровск се случиле на 17 јули, и ...
„Претседателот Си ме покани да ја посетам Кина и тоа веројатно ќе биде во не толку далечна иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа. „Малку е далеку, но не премногу далеку. Ме поканија многу луѓе и многу наскоро ќе донесеме одлука за тоа“, додаде тој. Соработници на Трамп и Си разговараа за потенцијална средба меѓу двајцата лидери за време на патувањето на американскиот претседател во Азија подоцна оваа година, ...
Белата куќа го забрани учеството на Wall Street Journal (WSJ) во официјалното новинарско придружување на претседателот Доналд Трамп за време на неговата претстојна посета на Шкотска, откако весникот објави контроверзен текст за неговите наводни врски со осрамотениот финансиски инвеститор Џефри Епстајн. Оваа одлука доаѓа откако Трамп во петокот поднесе тужба против WSJ и медиумскиот могул Руперт Мардок, барајќи оштета од најмалку 10 милијарди ...
Израел и Хамас ги надминаа најспорните точки во преговорите за прекин на огнот и може да се очекува договор за размена на заложници и затвореници, објавија денеска медиумите од Блискиот Исток. Израел ќе понуди ослободување на 125 заложници кои отслужуваат доживотна казна затвор, како и 1.100 затвореници уапсени по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на саудискиот телевизиски канал Ал Хадат. Се ...
Германската федерална влада планира значително да ги заостри законите против тероризам и шпионажа, дознава германскиот „Билд“, наведувајќи дека федералната министерка за правда Стефани Хубиг подготвила пакет законски измени што е доставен до федералните покраини на разгледување. Предложените измени предвидуваат проширување на кривичната одговорност во три клучни области – кривичното дело влегување на терорист во земјата, казни за подготовка на ...
Премиерот Мицкоски го минира предлогот на Милошоски за заедничка македонско-бугарска резолуција. Во изјава за новинатрите Мицкоски рече дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка, но веднаш потоа додаде дека во знак ба добра волја очекува бугарската држава да ги ...
За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Високите дипломатски извори нагласија дека утрешната средба е навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски ...
Шеесет и шест годишен турист од Македонија почина вчера околу 19 часот на плажата Каваја, јужно од Драч. Албанската полиција соопшти дека граѓанинот со иницијали Ш.А. добил акутен срцев удар веднаш по влегувањето во морето. Иако бил брзо изваден на суво и реанимиран, лекарите констатирале смрт на самото место. Истражен тим на локалната полициска станица продолжува да ја документира причината за смртта, а телото е предадено на судска медицина во ...
Балканот влезе во третиот топлотен бран ова лето, со температури што во Грција достигнаа 43 °C. Министрите за труд издоа наредба куририте, градежниците и другите надворешни работници да паузираат од пладне до 17 часот. Туристите во Атина се засолнија во климатизирани простори, а властите пет часа го затворија Акрополот заради опасност од топлотен удар. Високите температури се проширија и во соседна Бугарија, каде што бизнисите беа повикани ...
Силна бура проследена со ветрови што на моменти надминуваа 100 км/ч го парализира западниот и централниот дел на Словенија, оставајќи повеќе од 6 000 потрошувачи без електрична енергија и блокирајќи делници од автопатите Долењска и Приморска, како и обиколницата околу главниот град. Невремето најнапред го зафати пограничниот регион кај Бовац и Кобарид, по што се прошири кон Камник, Крањ и Љубљана. Во столицата налетите на ветер кинеа покриви и ...
Српската полиција приведе 79 лица по судирите со демонстрантите кои деветти месец бараат распишување вонредни парламентарни избори и оставка на претседателот Александар Вучиќ. Групите, предводени од студенти и поддржани од наставници, земјоделци и опозициски партии, ја блокираа раскрсницата кај Правниот факултет во белградското центарско јадро, како и главните патишта во Нови Сад, Ниш и Нови Пазар. Инцидентите кулминираа кога специјалните ...
Како што изјави, по обемни размислувања за тоа како да се најде модел што би ги задоволил и синдикатите и работодавачите, „блиску сме до решение кога станува збор за воведување седумчасовно работно време“. „Од почетокот на следната недела, министерката Наида Нишиќ ќе води дискусии во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, каде што ќе се кристализира финалната верзија на оваа реформа. Намерата е преку ...
Највисоки температури во текот на денешниот ден биле регистрирани во централна Грција и во областа Тесалија, а во многу области надмина 43 степени. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и Метео, температурата надминала 37 степени во 311 од 550 активни станици, 40 степени во 102 станици и 42 степени во 34 станици. Просечната максимална температура била 37,1 степен и е за 1,5 степени повисока од ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предупреди дека Брисел е подготвен да преземе „сите опции на располагање“ доколку Израел не го исполни договорот за безбедна дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа. По телефонски разговор со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, Калас порача дека убивањето цивили што чекаат помош е „неоправдано“ и мора да престане. Според оценките од Брисел, договорените ...
Северна Македонија ќе ја усогласи својата царинска политика со Европската унија доколку Брисел реши да воведе стопроцентни давачки на увозот на руска стока, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. На прес‑конференцијата по потпишувањето на договор со турската компанија „Казанџи холдинг АС“ тој потсети дека земјата е „прва во регионот со целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ“ и дека, со оглед на таа обврска, внимателно ќе ...
Државниот долг на Европската унија во првиот квартал годинава се искачи на 81,8 проценти од бруто‑домашниот производ, а во еврозоната на 88,0 проценти, открива најновиот билтен на Евростат. Така, за само три месеци задолженоста на Унијата порасна за 0,8 процентни поени, а на еврозоната за 0,6 поени, во споредба со крајот на 2024 година. Иако долгот расте, буџетскиот дефицит се намали: сезонски прилагоденoто салдо во првиот квартал се сведе на ...
Девизните резерви, уверува новоименуваниот гувернер Трајко Славевски, „спијат мирно“ – цели 4,6 до 4,7 милијарди евра, доволни, вели тој, да го платат увозот на државата за четири и пол месеци, значи цел месец и кусур повеќе од „светскиот рецепт“ од 3 до 3,5 меци. Оваа статистичка бајка ја сподели денеска на отворена работна средба со шефот на Стопанската комора Бранко Азески и врвот на Комората, па сите присутни длабоко воздивнаа од олеснување. ...
На Вол Стрит, индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа, главно поради растот на цените на акциите на неколку големи технолошки компании пред објавувањето на нивните квартални деловни резултати. Индексот Dow Jones забележа благ пад од 0,04 проценти и се затвори на 44.323 поени, додека S&P 500 порасна за 0,14 проценти и достигна 6.305 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,38 проценти, на 20.974 поени. Овие рекордни достигнувања ...
Предлог‑законот со кој Владата планира сите пензии да пораснат за по 1 000 денари линеарно, наместо по сегашната формула врзана за инфлацијата и просечната плата, би ѝ користел на едвај 25 818 луѓе – само 7,5 проценти од вкупните 345 000 пензионери, покажува анализа на ТВ24. За оваа група разликата во однос на постојната шема изнесува помалку од сто денари; кај преостанатите речиси 320 000 корисници сегашната формула би донела поголемо ...