Руските сили навлегле во Покровск, стратешки важен град во источна Украина, каде што веќе со месеци се водат интензивни борби. Иако се работи за ограничен пробив, присуството на руската војска во градот се смета за сериозен показател дека украинската одбрана е под притисок, објави украинската новинска агенција Украинска Правда. Според информации од украински војници, првите продори на руски пешадиски единици во Покровск се случиле на 17 јули, и ...

„Претседателот Си ме покани да ја посетам Кина и тоа веројатно ќе биде во не толку далечна иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа. „Малку е далеку, но не премногу далеку. Ме поканија многу луѓе и многу наскоро ќе донесеме одлука за тоа“, додаде тој. Соработници на Трамп и Си разговараа за потенцијална средба меѓу двајцата лидери за време на патувањето на американскиот претседател во Азија подоцна оваа година, ...

Белата куќа го забрани учеството на Wall Street Journal (WSJ) во официјалното новинарско придружување на претседателот Доналд Трамп за време на неговата претстојна посета на Шкотска, откако весникот објави контроверзен текст за неговите наводни врски со осрамотениот финансиски инвеститор Џефри Епстајн. Оваа одлука доаѓа откако Трамп во петокот поднесе тужба против WSJ и медиумскиот могул Руперт Мардок, барајќи оштета од најмалку 10 милијарди ...

Израел и Хамас ги надминаа најспорните точки во преговорите за прекин на огнот и може да се очекува договор за размена на заложници и затвореници, објавија денеска медиумите од Блискиот Исток. Израел ќе понуди ослободување на 125 заложници кои отслужуваат доживотна казна затвор, како и 1.100 затвореници уапсени по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на саудискиот телевизиски канал Ал Хадат. Се ...

Германската федерална влада планира значително да ги заостри законите против тероризам и шпионажа, дознава германскиот „Билд“, наведувајќи дека федералната министерка за правда Стефани Хубиг подготвила пакет законски измени што е доставен до федералните покраини на разгледување. Предложените измени предвидуваат проширување на кривичната одговорност во три клучни области – кривичното дело влегување на терорист во земјата, казни за подготовка на ...

Премиерот Мицкоски го минира предлогот на Милошоски за заедничка македонско-бугарска резолуција. Во изјава за новинатрите Мицкоски рече дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка, но веднаш потоа додаде дека во знак ба добра волја очекува бугарската држава да ги ...

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Високите дипломатски извори нагласија дека утрешната средба е навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски ...

Шеесет и шест годишен турист од Македонија почина вчера околу 19 часот на плажата Каваја, јужно од Драч. Албанската полиција соопшти дека граѓанинот со иницијали Ш.А. добил акутен срцев удар веднаш по влегувањето во морето. Иако бил брзо изваден на суво и реанимиран, лекарите констатирале смрт на самото место. Истражен тим на локалната полициска станица продолжува да ја документира причината за смртта, а телото е предадено на судска медицина во ...

Балканот влезе во третиот топлотен бран ова лето, со температури што во Грција достигнаа 43 °C. Министрите за труд издоа наредба куририте, градежниците и другите надворешни работници да паузираат од пладне до 17 часот. Туристите во Атина се засолнија во климатизирани простори, а властите пет часа го затворија Акрополот заради опасност од топлотен удар. Високите температури се проширија и во соседна Бугарија, каде што бизнисите беа повикани ...

Силна бура проследена со ветрови што на моменти надминуваа 100 км/ч го парализира западниот и централниот дел на Словенија, оставајќи повеќе од 6 000 потрошувачи без електрична енергија и блокирајќи делници од автопатите Долењска и Приморска, како и обиколницата околу главниот град. Невремето најнапред го зафати пограничниот регион кај Бовац и Кобарид, по што се прошири кон Камник, Крањ и Љубљана. Во столицата налетите на ветер кинеа покриви и ...

Српската полиција приведе 79 лица по судирите со демонстрантите кои деветти месец бараат распишување вонредни парламентарни избори и оставка на претседателот Александар Вучиќ. Групите, предводени од студенти и поддржани од наставници, земјоделци и опозициски партии, ја блокираа раскрсницата кај Правниот факултет во белградското центарско јадро, како и главните патишта во Нови Сад, Ниш и Нови Пазар. Инцидентите кулминираа кога специјалните ...

Како што изјави, по обемни размислувања за тоа како да се најде модел што би ги задоволил и синдикатите и работодавачите, „блиску сме до решение кога станува збор за воведување седумчасовно работно време“. „Од почетокот на следната недела, министерката Наида Нишиќ ќе води дискусии во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, каде што ќе се кристализира финалната верзија на оваа реформа. Намерата е преку ...

Највисоки температури во текот на денешниот ден биле регистрирани во централна Грција и во областа Тесалија, а во многу области надмина 43 степени. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и Метео, температурата надминала 37 степени во 311 од 550 активни станици, 40 степени во 102 станици и 42 степени во 34 станици. Просечната максимална температура била 37,1 степен и е за 1,5 степени повисока од ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предупреди дека Брисел е подготвен да преземе „сите опции на располагање“ доколку Израел не го исполни договорот за безбедна дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа. По телефонски разговор со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, Калас порача дека убивањето цивили што чекаат помош е „неоправдано“ и мора да престане. Според оценките од Брисел, договорените ...

Северна Македонија ќе ја усогласи својата царинска политика со Европската унија доколку Брисел реши да воведе стопроцентни давачки на увозот на руска стока, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. На прес‑конференцијата по потпишувањето на договор со турската компанија „Казанџи холдинг АС“ тој потсети дека земјата е „прва во регионот со целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ“ и дека, со оглед на таа обврска, внимателно ќе ...

Државниот долг на Европската унија во првиот квартал годинава се искачи на 81,8 проценти од бруто‑домашниот производ, а во еврозоната на 88,0 проценти, открива најновиот билтен на Евростат. Така, за само три месеци задолженоста на Унијата порасна за 0,8 процентни поени, а на еврозоната за 0,6 поени, во споредба со крајот на 2024 година. Иако долгот расте, буџетскиот дефицит се намали: сезонски прилагоденoто салдо во првиот квартал се сведе на ...

Девизните резерви, уверува новоименуваниот гувернер Трајко Славевски, „спијат мирно“ – цели 4,6 до 4,7 милијарди евра, доволни, вели тој, да го платат увозот на државата за четири и пол месеци, значи цел месец и кусур повеќе од „светскиот рецепт“ од 3 до 3,5 меци. Оваа статистичка бајка ја сподели денеска на отворена работна средба со шефот на Стопанската комора Бранко Азески и врвот на Комората, па сите присутни длабоко воздивнаа од олеснување. ...

На Вол Стрит, индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа, главно поради растот на цените на акциите на неколку големи технолошки компании пред објавувањето на нивните квартални деловни резултати. Индексот Dow Jones забележа благ пад од 0,04 проценти и се затвори на 44.323 поени, додека S&P 500 порасна за 0,14 проценти и достигна 6.305 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,38 проценти, на 20.974 поени. Овие рекордни достигнувања ...

Предлог‑законот со кој Владата планира сите пензии да пораснат за по 1 000 денари линеарно, наместо по сегашната формула врзана за инфлацијата и просечната плата, би ѝ користел на едвај 25 818 луѓе – само 7,5 проценти од вкупните 345 000 пензионери, покажува анализа на ТВ24. За оваа група разликата во однос на постојната шема изнесува помалку од сто денари; кај преостанатите речиси 320 000 корисници сегашната формула би донела поголемо ...

„Овој ребаланс е скроен по мерка на власта, а не по мерка на граѓаните. Сведоци сме на невидено галопирање на основните трошоци за живот. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесува 4,5%, а Владата продолжува да прогнозира нереални 2,8%. Истовремено, основните трошоци за живот енормно се зголемуваат – синдикалната кошничка е повисока за 630 денари во споредба со истиот период минатата година. Едно ...

Британско-шведскиот фармацевтски гигант AstraZeneca објави дека планира да инвестира до 50 милијарди долари во САД до 2030 година, што претставува едно од најголемите вложувања во историјата на компанијата. Според соопштението, AstraZeneca ќе изгради нова фабрика за производство на лекови во сојузната држава Вирџинија, а истовремено ќе го прошири капацитетот за истражување и развој на иновативни терапии засновани на клеточен третман во Мериленд, ...

„Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година. Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП. „Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту ...

Ставот на владејачкото мнозинство е дека Дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални проекти во општините. Истакнаа дека се реализирани сите крупни ветувања и посочија дека се зголемени пензиите, платите во образованието, здравството, полицијата и администрацијата, дека има најдобар реализиран откуп на земјоделски ...

Густ чад го задуши Скопје, а воздухот стана опасен за дишење. Македонија полека но сигурно влегува во критична фаза – не само поради огнените фронтови што беснеат низ државата, туку и поради енормното загадување кое го гуши населението. Од Милениумскиот крст, Скопје вечерва личи на гасна комора – чадот ја покрива целата котлина. Според податоците од платформата „Мој воздух“, загаденоста е во жолта фаза. Зад оваа загадена слика се крие една ...

Во интервјуто за ТВ Сител, Шукова се осврна на трите најгорливи проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани – јавниот превоз, чистотата и водоснабдувањето. Потенцираше дека состојбата со јавниот превоз е неприфатлива и дека граѓаните секојдневно трпат, возејќи се во автобуси без основни услови, дури и во најтоплите денови. „Секој граѓанин заслужува безбеден јавен превоз, безбедно да стигне на своето работно место, безбедно да стигне нашето ...

Наместо економска стратегија, овој ребаланс е политичко признавање на економскиот пораз на владата, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната седница за ребаланс на буџетот. Таа потенцираше дека со овој ребаланс гледаме продолжување на политиките на неодговорно трошење, зголемување на јавниот долг и кратење токму таму каде што граѓаните најмногу имаат потреба – кај субвенциите, социјалната поддршка и капиталните инвестиции. „Во ...

Една од младите шпански спортистки кои учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Северна Македонија објави видео на социјалната мрежа TikTok, прикажувајќи оштетување во бањата од објектот каде што се сместени дел од учесниците. На видеото, кое привлече внимание на социјалните мрежи, може да се види падната плоча од спуштениот плафон во бањата, со што е создадена поголема дупка на таванот. Во описот на објавата стои: „Не ...

Прекумерната економизација на образованието ризикува да ги претвори децата во „работници во обука“, наместо да ги препознае како ученици со права и потенцијал за општествена промена. Љуан ИМЕРИ Деновиве сè почесто може да се сретнат мислења од истакнати познавачи на образовните политики кои го глорифицираат стручното образование, нагласувајќи го потенцијалот за економски развој, намалување на невработеноста и подобрување на социјалната ...

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на дипломатијата е во прва работна посета на Атина, а напладне ќе биде примен од неговиот грчки колега, по што во 14 часот по локално ...

Киев го почувствува најголемиот бран граѓански незадоволства од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Илјадници Украинци излегоа на улиците веднаш штом претседателот Володимир Зеленски го потпиша законот што, според критичарите, ја става Националната антикорупциска служба (НАБУ) и Специјалното антикорупциско обвинителство (САПО) под директна контрола на јавниот обвинител. Демонстрации, придружени со транспаренти „Ние ја избравме ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
23%
1017
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
22%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
22%
1019
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.91
16%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
45%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.72
30%
1015
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
40%
1016
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
14%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.6
26%
1019
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
28%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.75
100%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369