Од почетокот на војната на Блискиот Исток, најмалку 39 енергетски објекти во 9 земји се оштетени. Меѓу нив се рафинерии за нафта, гасни полиња и клучна инфраструктура, објавува „Њујорк тајмс“. Дури и ако страните успеат да постигнат мировен договор, последиците нема да исчезнат веднаш. Прекините во снабдувањето би можеле да траат со години. Нападите врз стратешките објекти и проблемите во Ормутскиот теснец веќе ги нарушија глобалните текови ...

Роберт Милер, поранешниот специјален советник чија истрага за руското вмешување во изборите во САД во 2016 година го дефинираше поголемиот дел од првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, почина на 81-годишна возраст. Милер претходно го водеше Федералното биро за истраги (ФБИ) од 2001 до 2013 година. Нему му се припишува преобликувањето на ФБИ во модерна агенција за борба против тероризмот. Истрагата на Милер ја стави под ...

Оставка од Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството, поточно во Платежната агенција и последниот скандал со Државниот инспекторат за земјоделство, бара партијата Левица. – Очигледно министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, нема капацитет да го менаџира ресорот земјоделие, затоа во интерес на земјоделците и државата потребно е тој веднаш да ја напушти функцијата! Освен двата последни случаи на висока корупција ...

Грозоморен настан ги вознемири вчера властите и жителите на општина Зрновци, во Кочанскиот регион. Безживотно тело на жена е пронајдено утрото, вчера, околу 10:40 часот, во близина на реката Жерноц, на место викано „Гошевски Орев“. Веста е официјално потврдена од Министерството за внатрешни работи (Сектор за внатрешни работи Штип). Според полицијата, телото било пронајдено во состојба на распаѓање. Веднаш по пријавата, на местото на ...

За помалку од две години, од почетокот на 2028 година, ќе биде пуштен во употреба гасниот интерконектор меѓу Србија и Македонија, кој Србија ќе почне да го гради оваа година, најави српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Дедовиќ-Хандовиќ. Проектот е дел од пошироките напори за подобрување на енергетската безбедност во регионот, при што Србија, Грција, Македонија и Бугарија се подготвени да ја зајакнат својата соработка. ...

Израелското Министерство за образование соопшти дека се прекинува наставата во училиштата во државата денеска и утре по синоќешните ирански напади врз градовите Димона и Арад. Министерот за образование, Јоав Киш, изјави дека наставата во сите образовни институции, вклучително и специјалното образование, се откажува во консултација со Командата за цивилна заштита. „Наставата ќе се организира исклучиво од далечина низ целата земја, ...

Министерството за одбрана на Катар во неделата објави дека хеликоптерот се урнал во територијалните води на земјата поради технички дефект за време на рутинска мисија. Катарското Министерство за внатрешни работи објави дека шест лица се пронајдени мртви по падот на хеликоптерот, а едно лице сè уште се води како исчезнато. Во соопштение објавено на Xu, министерството соопшти дека „операциите за пребарување и спасување“ во територијалните ...

Иран е подготвен да им дозволи на јапонските танкери да поминат низ Ормутскиот теснец, објави во саботата јапонската новинска агенција Кјодо, велејќи дека иранскиот министер за надворешни работи… Техеран започна разговори со Токио за евентуално отворање на морскиот премин за јапонски бродови, изјави Абас Арагчи за „Кјодо“ во телефонско интервју. Јапонија зависи од Блискиот Исток за околу 95 проценти од своите резерви на нафта, а околу 90 ...

Новинар од турскиот опозициски дневен весник „Биргунџ“ е уапсен под обвинение за „ширење лажни информации“, објави весникот. Репортерот Исмаил Ари беше приведен во северната турска покраина Токат, каде што го славеше празникот Бајрам, и беше однесен во Анкара на испрашување во недела наутро. „Исмаил никогаш не го излажал народот“, напиша на социјалните мрежи левичарскиот весник од Истанбул, познат по своите истраги за турските власти, без ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, во петокот изјави дека фронтовските линии на земјата се многу посилни отколку што претпоставуваат непријателите, обвинувајќи ги дека погрешно ја проценуваат внатрешната сила на Иран. Во писмена порака по повод почетокот на Персиската Нова Година (Норуз), Хамнеи рече дека војната започнала откако непријателот ја изгубил надежта дека ќе започне народно востание во Иран. Тој рече дека противниците ...

Ставовите на луѓето кон парите се разликуваат од личност до личност. Додека некои луѓе внимателно ги планираат своите трошоци и се стремат секогаш да имаат финансиска сигурност, други се поимпулсивни и често трошат без да размислат двапати. Ова е вид на пристап што понекогаш може да доведе до финансиски проблеми или нестабилност. Астрологијата сугерира дека луѓето со одредени хороскопски знаци се посклони кон импулсивни одлуки, ризични ...

Дневното земање мултивитамини може да го забави биолошкото стареење за околу два месеци годишно, покажува нова студија. Научниците велат дека ефектот би можел да дојде од пополнување на празнините во исхраната, но тие забележуваат дека наодите се сè уште ограничени и бараат дополнителна потврда. Мултивитамините се едни од најчесто земаните додатоци во исхраната, но истражувањата за нивните потенцијални здравствени придобивки досега даваат ...

Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов: Го поделивте народот на Ваши и Нивни, но, додека Вие ги боите луѓето, тие се уште посиромашни Сојузот на синдикатите на Македонија од почетокот на 2026 година организираше 2 големи работнички протести и 3 блокади на институциите кои имаа за цел да ги разбудат политичарите од розовиот сон и да погледнат во реалноста. Протестите и блокадите беа организирани на барање на ...

Од полноќ во Словенија стапија на сила нови мерки за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел да се ублажат проблемите со снабдувањето со нафтени деривати. Согласно одлуката, физичките лица можат да точат најмногу 50 литри гориво дневно, додека за правните лица и за физички лица што вршат дејност, вклучително и земјоделство, ограничувањето изнесува 200 литри дневно. Мерките ќе важат до понатамошно известување, а владата ...

Русија им предложи на Соединетите Американски Држави намалување на разузнавачката соработка со Иран, вклучително и задржување на информации за американските воени позиции на Блискиот Исток. За возврат, тие бараат од Вашингтон да ја прекине разузнавачката поддршка за Украина, објави Политико, повикувајќи се на два извори запознаени со преговорите меѓу САД и Русија. Идејата наводно ја изнесе Кирил Дмитриев, претставник на рускиот претседател ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по контроли спроведени на граничните премини во текот на минатата недела спречи увоз на 50 тони небезбедна храна што требало да заврши на македонскиот пазар. -Официјалните ветеринари на АХВ на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД ќе ги срамнат со земја нуклеарните централи на Иран ако Техеран не го отвори целосно Ормутскиот теснец во рок од 48 часа. Оваа закана го натера Иран да изјави дека ќе одговори на секој таков напад со напади врз американските и израелските енергетски и инфраструктурни средства. Во меѓувреме, ирански ракети доцна синоќа погодија два града во јужен Израел, недалеку од главниот центар ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции за обезбедување или извлекување на нуклеарните материјали од Иран, објави Си-Би-Ес њуз, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите. Планирањето, наводно, вклучувало потенцијално распоредување на сили од Заедничката команда за специјални операции (JSOC), елитна единица обично задолжена за чувствителни мисии против ширење на оружје. Сепак, се наведува дека ...

Илјадници Чеси се собраа вчера во Прага на најголемите антивладини демонстрации, од 2019 година, незадоволни од намалувањето на воените трошоци под водство на премиерот Андреј Бабиш и стравувајќи дека неговата администрација ќе преземе мерки против медиумите. Демонстрантите, носејќи чешки знамиња и знамиња на Европската Унија, почнаа да пристигнуваат неколку часа пред почетокот на митингот на висорамнината Летна во Прага, а организаторите ...

Повеќе од 3.000 избирачки места низ Словенија беа отворени во 7 часот наутро за гласање на парламентарните избори. Гласачите ќе можат да гласаат до 19 часот, но дотогаш е на сила изборниот молк, пренесе Радио-телевизија Словенија. По затворањето на гласачките места, ќе се пребројуваат гласовите, а првите делумни резултати може да се очекуваат околу 20:30 часот денес, соопшти Државната изборна комисија (ДВК). ДВК соопшти дека ќе усвои ...

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии. Но кога ...

Доаѓаат црни денови, граѓаните да се подготват, а Владата веднаш да донесе мерки за ублажување на ударот од цените на горивата и заштита на стандардот на населението – апелираше професорот на УКИМ, Ванчо Узунов во емисијата Бизнис 21. Според него, конфликтот на Блискиот исток ќе потрае, а ефектите од кризата и во европската економија ќе се прелеат и кај нас, а најголемиот удар ќе биде врз најсиромашните граѓани. Ја повика Владата веднаш да ...

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство, изминатото деноноќие, а вкупно имало седум пријави, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово во саботата во 23:50 часот го лишиле од слобода Н.Д.(44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ...

Дури и ако Трамп сака наскоро да ја заврши војната, може да се чувствува заробен во ескалација за да избегне перцепција за пораз, изјави за Ал Џазеира, Филипс О’Брајан, претседател на стратешките студии на Универзитетот Сент Ендрус. „Мислам дека на крајот на краиштата, американскиот претседател веројатно би сакал да се извлече од војната сега, ако може“, изјави О’Брајан за Ал Џезира. Соред професорот, проблемот е што тој не може да се ...

На 20.03.2026 во 09:49 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор. На 20.03.2026 во ...

Удар со милијарди долари за најбогатиот човек на светот. Поротата во Калифорнија донесе пресуда која го затресе технолошкиот свет, утврдувајќи дека Илон Маск свесно ги измамил акционерите на тогашен Твитер за време на контроверзниот процес на купување на компанијата во 2022 година. Овој судски епилог, кој доаѓа по долга правна битка, го става Маск пред потенцијална обврска да исплати отштета од неверојатни 2,6 милијарди долари, што ...

Голем број граѓани се собраа пред Арената во Белград, носејќи знамиња на Србија и на Српска напредна партија (СНС). Пред салата беа поставени чадори со иницијалите на претседателот на Србија, како и балони во боите на српското знаме, пренесува Еуроњуз. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој неодамна беше хоспитализиран поради здравствени проблеми, им се заблагодари на граѓаните и на две личности кои, како што рече, му помогнале ...

Функционерите на администрацијата на Трамп очајнички се обидуваат да обезбедат секој достапен барел нафта во услови на влошување на енергетската криза – дури и ако тоа значи укинување на санкциите врз самата земја против која се борат. Но, три недели по почетокот на војната со Иран, администрацијата снемува опции за ограничување на вртоглаво растечката цена на нафтата и гасот. Функционерите на Трамп сега приватно проценуваат дека повисоките ...

Иранска балистичка ракета го погоди Арад во јужен Израел, објави Ал Џезира. Градот се наоѓа на границата на пустината Негев и пустината Јудеја. Најмалку 100 лица беа повредени во нападот. Некои сè уште се заробени под урнатините, а хеликоптери се испратени и на помош. Иран претходно нападна област во близина на Димона во јужен Израел, градот во чија близина се наоѓа главниот нуклеарен објект на земјата. BREAKING: Iranian ballistic missile ...

Почина Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција тој ја извршуваше во два наврати – од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година. Гроздановски е и некогашен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието по осамостојувањето на Македонија. Тој е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет и бил претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
3.58
85%
1018
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1017
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.59
87%
1019
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
77%
1017
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
91%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
53%
1019
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
61%
1019
Currency

61.64

Currency

52.533

Currency

70.71

Currency

37.1243

Currency

37.9577

Currency

66.6814

Currency

7.69578

Currency

0.6815

Currency

0.32997

Currency

0.52523

Currency

1.17646

Currency

0.56447

Родиум

327937.62

Сребро

2440.29

Рутениум

56199.51

Платина

65716.13

Паладиум

48451.18

Алуминиум

3.51

Злато

152862.41

Цинк

0.00

Калај

48.20

Бакар

11.79

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39