Министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска очекува дека РКЕ ќе ги прифати новите цени на горивата, по владината одлука за намалување на ДДВ-то за дериватите. Божиновска вели дека на 13 март разговарала со нафтената компанија ОКТА кои излегле во пресрет кога дале попуст од 2 денари за финалната цена. Тоа се ефектирало во цената на трговците после неколку дена. Според неа, ДПИ направиле над 300 инспекции и сега министерката се ...

Техеран започна нови напади врз земјите од Персискиот Залив, повеќе од три недели откако САД и Израел влегоа во војна со Иран. „Системите за воздушна одбрана моментално реагираат на ракетна закана“, соопшти цивилната одбрана во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Стотици ракети и илјадници беспилотни летала Министерството за одбрана на Емиратот соопшти дека досега одговорило на нападите на Иран со 345 ракети, 15 ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто со години ѝ откривал доверливи информации на Москва од клучните состаноци на Европската унија, се тврди во истрагата на „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на европски функционер, пишува „Еуроњуз“. Според весникот, Сијарто наводно за време на паузите на состаноците на Советот на ЕУ телефонски го контактирал својот руски колега Сергеј Лавров за да го информира за текот на ...

МВР денеска соопшти дека три лица се лишени од слобода за семејно насилство, а во изминатото деноноќие се поднесени вкупно седум пријави. На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во овој момент не постои можност за покачување на платите во судството и во обвинителството. Оваа изјава следува откако новиот државен јавен обвинител Ненад Савески побара поголем буџет за обвинителството. – Во делот на платите не гледам простор за зголемување, но во делот на ресурсите и на алатките секако дека може да разговараме, не само со обвинителството туку и со судовите – изјави Мицкоски на ...

Владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода освои најмногу гласови на 10-тите парламентарни избори од независноста на Словенија, според првата излезна анкета објавена вечерва. Сите гласачки места, околу 3.000, беа затворени во 19:00 часот, а излезноста до 16:00 часот беше 50,37 проценти, околу еден процент повеќе од истиот период за време на последните парламентарни избори во 2022 година. Првата излезна анкета објавена на ...

На вонредна владина седница, беше донесена одлука да се намали Данокот на додадена вредност за бензините и дизелот. Намалувањето од 18 на 10 отсто ќе стартува на полноќ меѓу понеделник и вторник и ова би требало да придонесе да нема зголемување на цената на бензините, а да има до три денари на цената на дизелот. Мерката е донесена бидејќи според пресметките, од утре ќе требаше бензинот да се зголеми за 6,5, а дизелот за 10,5 денари. ...

– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Како што соопшти МВР, од овие 14 возачи осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената. Две ...

По пронаоѓањето на женскиот труп во фаза на распаѓање во близина на кочанското село Зрновци полициските билтени во Скопје и Куманово бележат црна сабота со три смртни случаи кај кои била потребна интервенција на обвинителство и обдукција. Во текот на вчерашниот ден, екипите на Итната медицинска помош пронашле починати лица во нивните домови и дворови. Во Скопје, првиот случај бил пријавен во Центар, каде во семеен дом бил пронајден ...

Американскиот актер и мајстор на боречки вештини Чак Норис почина на Хаваи на 87-годишна возраст. Неговото семејство објави: „Со тешко срце ја споделуваме веста за ненадејната смрт на нашиот сакан Чак Норис вчера наутро. Иако сакаме да ја почитуваме неговата приватност, важно е да знаеме дека беше опкружен со семејството и во мир.“ Веста за неговата смрт се прошири низ целиот свет со молскавична брзина, а многу обожаватели беа изненадени, ...

Фабрика за десалинизација во Бахреин беше оштетена во ирански напад со беспилотни летала на 8 март, соопштија властите, еден ден откако Техеран го обвини островот Кешм за сличен напад, кој го прекина снабдувањето со вода во 30 села. Тензиите ескалираа по ултиматумот од Доналд Трамп, кој се закани дека ќе ги уништи иранските електрани ако Ормутскиот теснец не се отвори во рок од 48 часа. Иран, пак, го насочи своето внимание кон објектите за ...

Секој татко има уникатен пристап кон родителството, но според астрологијата, вашиот хороскопски знак може да открие некои заеднички особини на стилот на татковство. Додека некои покажуваат љубов преку дела, други се издвојуваат со тоа што се гласно поддржувачки или поставуваат солидна основа за иднината. Подолу, ги претставуваме карактеристиките на татковците родени под четири хороскопски знаци. Бик За разлика од оние кои ги изразуваат ...

МИГРЕНИТЕ се многу повеќе од само главоболки; тие се комплексна невролошка состојба која ги погодува милиони луѓе. Според Центрите за контрола и превенција на болести, околу 15% од возрасните во Соединетите Американски Држави пријавиле дека имале мигрена или силна главоболка во последните три месеци. И покрај фактот дека повеќе од 36 милиони Американци страдаат од мигрена, само еден од тројца заболени разговараат за тоа со својот лекар. ...

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на американската војска, но инсистира дека нејзината влада не сака да ги влоши односите со САД и претседателот Доналд Трамп, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Куба во интервју емитувано во неделата. „Нашата војска е секогаш подготвена“, изјави Карлос Фернандез де Косио за NBC. „Всушност, овие денови се подготвува за можност од воена агресија. Гледајќи што се случува во светот, ...

Свадбите сè повеќе личат на строго организирани настани – од пликови наместо подароци, до дресинг кодови и забрана за деца, до посебни барања за музичарите кои мора да исполнат сè што ќе побараат младенците. Музичарот Бранислав Бане Мартиќ неодамна сподели преписка со организаторите на свадбата на Фејсбук , откривајќи ги строгите барања што младенците ги поставиле од нив. Тој беше шокиран. – Свадбата е на 26 септември 2027 година. Недела е. ...

Иранскиот претседател – Масуд Пезешкијан изјави дека заканите и „теророт“ против Иран само дополнително ја обединуваат земјата, откако Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските енергетски постројки ако Ормутскиот теснец не биде целосно отворен. Во објава на социјалната мрежа X, Пезешкијан рече дека Иран „решително ќе се соочи со лудите закани на бојното поле“. Тој додаде дека Ормутскиот теснец е „отворен за сите, освен за оние што ја ...

Операциите значително се подобрија и честопати се помалку болни отколку што беа порано, но сепак можат да предизвикаат многу непријатност, особено за време на закрепнувањето. Лекарот од матичната здравствена заштита, д-р Дин Егит, за „Дејли меил“ ги наведе некои од најтешките процедури во однос на болката. „Иако секој ја доживува болката различно, дефинитивно постојат некои процедури кои се поболни од другите, како што се фузија на ‘рбет, ...

Денес ви претставуваме еден таков, кој е едноставен за подготовка, има божествена арома и е многу вкусен… Велигденскиот пост се смета за најстрог во христијанството, а правилата на водениот пост значат дека е забрането да се јаде масло, кое често е задолжителна состојка во слатките, но не е потребно. Само погледнете ја оваа брза, „шарена“ Јафа торта! Оваа посна торта се подготвува без масло и млечни производи, но благодарение на сокот од ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е подготвена да воведе ограничувања при точење гориво доколку се зголеми притисокот врз домашниот пазар, особено поради зголемената потрошувачка од странски државјани. Иако во моментов нема рестрикции, Мицкоски јасно порача дека оваа опција е на маса и ќе се активира ако се појави ризик од нарушување на снабдувањето. – Во овој момент не гледаме причина да го ограничиме точењето гориво, но ...

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ во последните недели игра веројатно најдобрата кошарка во својот живот, а сето тоа додека во исто време минува низ најтешкиот период во однос на неговиот личен живот. Сите веќе знаат дека Дончиќ раскинал со Анамарија Голтес, неговата сега веќе поранешна свршеница со која има две деца, и нивната правна битка започнала. Американскиот TMZ објави дека Дончиќ одбива да плаќа издршка за своите две ...

Владата го намалува ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти. По две недели силен раст, во кои дизелот поскапе за околу 30, а бензините за 17 проценти, од Илинденска конечно излегоа со мерка. Според најавите, од вторник бензините најверојатно ќе останат на сегашното ниво, а дизелот сепак ќе поскапи за околу три до три и пол денари по литар. Мерката ќе важи две недели, а Мицкоски порача дека и покрај поскапувањата, земјава и натаму има едно ...

Иранската армија објави дека покрај енергетскиот сектор, иранските сили ќе нападнат и постројки за десалинизација на вода и ИТ инфраструктура во регионот што е поврзан со САД и Израел. „Доколку непријателот ја нападне иранската инфраструктура за гориво и енергија, целата енергетска инфраструктура, системи за информатичка технологија и постројки за десалинизација што им припаѓаат на Соединетите Американски Држави и режимот (Израел) во ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го посети местото на израелскиот ракетен напад во јужниот град Арад и ги повика светските лидери да се обврзат на заедничка израелско-американска воена кампања против Иран. Тој го спомена лансирањето ракета од страна на Техеран врз британско-американската воена база Диего Гарсија во Индискиот Океан за време на викендот. Тој рече дека нападот покажал дека Иран поседува ракети кои можат да достигнат ...

Популарниот јутјубер Богдан Илиќ , попознат како Бака Прасе , и неговата девојка Милена Стаменковиќ наводно раскинале, а Бака Прасе отворено проговори за причините за нивното раскинување. Тој објасни дека Милена повеќе не живее со него, бидејќи едноставно не можела да се справи со притисокот на јавноста. Набрзо на мрежите се појавија видеа во кои јутјуберот подетално ја објаснува ситуацијата. – Како што можете да видите неодамна, Милена ја ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше најавената мерка на Владата за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи ја како задоцнета и недоволна за да има реален ефект врз цените. Тој посочи дека граѓаните веќе подолго време се соочуваат со значителни поскапувања, а владината реакција доаѓа предоцна. „Оваа мерка е многу задоцнета и далеку од доволна. Цените на горивата веќе три недели растат, дизелот ...

Володимир Зеленски кажа дека се плаши од тоа какви последици врз Украина ќе има американско-израелската војна против Иран. „Имам многу лошо чувство околу влијанието на оваа војна врз ситуацијата во Украина. Фокусот на Америка сега е повеќе на Иран отколку на Украина. Нашите дипломатски состаноци, трилатералните состаноци, постојано се одложуваат. Постои една причина, војната во Иран“, рече Зеленски. И Кремљ претходно кажа дека мировните ...

Министерството за финансии на САД објави дека привремено ги укинува санкциите за иранските танкери за нафта кои се заглавени поради војната. Санкциите врз извозот на иранска нафта за прв пат беа воведени од Соединетите Американски Држави во 2019 година, за време на првиот претседателски мандат на Трамп. Иран е една од земјите во светот со најстроги санкции, но ограничувањата врз нафтената индустрија нанесоа најголем удар врз економијата на ...

Задоцнета мерка која нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата. Вака опозициската СДСМ ја оценува мерката за намалување на ДДВ-то за горива од 18 на 10 проценти што ја донесе Владата. Лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција рече дека мерката нема да даде ефект којшто ќе го почувствуваат граѓаните. – Цените на горивата веќе три недели се покачени. Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата на телевизијата Канал 5 зборуваше за неговата посета на Вашингтон и средбите во Светската банка и американскиот Стејт департмент. Николовски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде што одржал говор заедно со европскиот комесар за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите земји во светот, каде што ...

Владата засега нема да воведува ограничувања за граѓаните од соседните држави кои ги полнат резервоарите на македонските бензински пумпи. Според премиерот Мицкоски, секојдневно во пограничните места се точат до 150.000 литри гориво, што е десет проценти од вкупниот конзум. Причина се драстично пониските цени во Македонија споредено со регионот. Од разговорите со сите поголеми снабдувачи, Мицкоски соопшти дека апсолутно нема проблеми со ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
3.58
85%
1018
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1017
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.59
87%
1019
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
77%
1017
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
91%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
53%
1019
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
61%
1019
Currency

61.64

Currency

52.533

Currency

70.71

Currency

37.1243

Currency

37.9577

Currency

66.6814

Currency

7.69578

Currency

0.6815

Currency

0.32997

Currency

0.52523

Currency

1.17646

Currency

0.56447

Рутениум

56199.51

Паладиум

48451.18

Алуминиум

3.51

Калај

48.20

Сребро

2440.29

Иридиум

253540.09

Злато

152862.41

Платина

65716.13

Родиум

327937.62

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

11.79