Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
На 9 август 1883 година во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист и хуманист, кој останува запаметен и како најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров бил прв претседавач на заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, како и прв повереник во првата привремена влада на Македонија. Тој бил и меѓу иницијаторите за формирање на првата новинска агенција во Македонија, а во периодот на ...
Третото авионско прскање против комарци за оваа година во Општина Велес ќе се изврши на 10 август 2026 година, во раните утрински часови. Од Општина Велес информираат дека доколку временските услови не дозволат реализација на третманот, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден со поволни временски услови. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и течението на реката Вардар на предвидениот потег. ...
Дел од корисниците во Петровец и Ќојлија утре, 10 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН информираат дека прекинот на снабдувањето ќе трае од 09:00 до 12:00 часот, поради изработка на кабелска спојница и активности поврзани со трафостаницата „Макдизел“. Во наведениот период без електрично напојување ќе бидат и ДТУ „Еуросиг инвестмент“ ДООЕЛ, „Нанев Костадин“, „Брути“, ...
Најмалку седум лица загинаа во утрински воздушен напад врз пристаништето Ал-Маха во Јемен, соопшти јеменската војска. За нападот одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути. Хутите соопштија дека во нападот биле употребени повеќе балистички ракети и беспилотни летала. Според нивните тврдења, цел на нападот биле припадници на „непријателските саудиски сили“, како и складишта во кои било сместено оружје. Од Хутите наведуваат дека нападот ...
Петнаесет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Од МВР информираат дека осум од приведените лица управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив имало и четворица малолетници. Четири лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Во еден ...
Жителите на делови од општина Центар утре, 10 август, ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека дефектот е лоциран на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, на водоводна цевка со профил Ф-80 милиметри. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 8 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот. Без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, ...
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа ...
Македонија, Србија и Словенија подготвуваат регионална иницијатива за заедничка кандидатура за домаќини на машкото Европско првенство во ракомет кое треба да се одржи во 2034 година. Според досегашниот план, турнирот би се поделел така што секоја од трите земји би организирала по две квалификациски групи, додека завршниот финален викенд е предвидено да се одигра во Србија. Божидар Ѓурковиќ, првиот човек на српскиот ракомет, потврди дека по ...
Окружното обвинителство во Пловдив побара мерка притвор за пет малолетници – три момчиња и две девојчиња на возраст меѓу 14 и 17 години, кои под лажно претставување како „ловци на педофили“ брутално претепаа 37-годишен маж, кој подоцна им подлегна на повредите во болница. Злосторството било претходно смислено преку социјалните мрежи, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од страна на самите напаѓачи. Истражните органи открија дека ...
Динамична и променлива е состојбата со пожарите на отворен простор низ земјата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во својот попладневен пресек до 13 часот. Според новите податоци, регистрирани се вкупно девет пожари, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати. Оваа бројка не претставува директно намалување во однос на утринскиот извештај кога беа евидентирани 25 пожари, бидејќи голем дел од нив ...
Голема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница. Случајот бил пријавен во СВР Битола околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните сопатници останале на езерото под драматични околности. Според пријавата, околу 12:20 часот, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не ...
Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика бурни реакции во Приштина, медиумите и на социјалните мрежи. Најголемо внимание привлече повторната потврда од Зеленски дека Киев не ја признава независноста на Косово и дека ја третира оваа територија во рамките на Србија, при што Вучиќ беше наречен пријател. Ваквиот став наиде на остри коментари и разочарување во дел од албанската ...
Утринските часови на аеродромот во Сиднеј донесоа сериозни и тензични моменти откако патнички авион морал да изведе итно и нагло сопирање на самата писта. Оваа брза и одлучна реакција на пилотите во последен момент спречи директен судир меѓу летала на авиокомпаниите „Џетстар“ и „Катар ервејс“. Сè се случило околу 7 часот по локално време, кога „Ербас А320“ на „Џетстар“, кој се подготвувал за лет кон Голд Коуст, се движел кон полетување. Во ...
Денеска до 13 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет жаришта се сè уште активни, еден пожар е ставен под контрола, додека три се целосно изгаснати. Активните пожари во моментов се распоредени во пет општини. Во Општина Аеродром се гори ниска вегетација, дрва и пченка кај селото Горно Лисиче, додека во Општина Илинден активен е пожар ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение во скратена постапка против 46-годишен маж за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. Според обвинението, на 7 август околу пладне, осомничениот управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата „Радишанска“. На крстосницата со улица „18“, тој свртел во лево без да ги пропушти возилата од спротивната насока, со што му го пресекол патот на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека рускиот лидер Владимир Путин подготвува тајна мобилизација од големи размери за да го зголеми бројот на војници без формално да ја прогласи. Според него, Путин бара начини да ја измами јавноста преку тајни договори и затворање на границите бидејќи сè уште нема остварено победа во Украина која би можел да ја претстави пред рускиот народ. Зеленски истакна дека фокусот на Москва останува ...
Грчките власти објавија црвено предупредување во повеќе региони низ земјата поради исклучително висок ризик од појава на пожари, ставајќи го целиот државен апарат во состојба на зголемена оперативна готовност, пренесува ЕРТ њуз. Највисокото ниво на опасност е прогласено за следните подрачја: Атика (вклучително и островот Китира) Регионалните единици Коринт, Арголида, Аркадија и Лаконија Островот Крит Регионалните единици Беотија, Фтиотида и ...
Екстремните топлотни бранови и рекордно ниските водостои на реките во Европа започнаа сериозно да влијаат врз работата на нуклеарните централи, принудувајќи ги операторите на намалување на производството на електрична енергија, пишува Дојче Веле (DW). Така, во унгарската нуклеарна централа Пакш, која обезбедува околу 40 отсто од електричната енергија во земјата, поради ниското ниво на Дунав во моментов работи само една од четири турбини, а ...
При сообраќајна контрола на локалниот пат Илинден – Марино, реализирана на 9 август 2026 година во 00:01 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот го лишиле од слобода 41-годишниот Д.В. од Скопје. При проверката било утврдено дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, со измерени високи 2,13 промили во крвта, и воопшто не поседувал возачка ...
Одделението за семејно насилство поднесе кривична пријава против 57-годишниот С.Р. поради основано сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „телесна повреда“. Според полициските информации, осомничениот во повеќе наврати вршел физички напад врз своето семејство – својата 47-годишна сопруга, двете ќерки и синот. Последниот и најсериозен инцидент се случил на 7 август 2026 година во семејниот дом во скопско, кога со тврд ...
Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против 37-годишниот Д.В. поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Инцидентот се случил на 7 август 2026 година, околу 21:10 часот, кога по претходна расправија осомничениот со нож го нападнал А.К. (38) од Скопје, нанесувајќи му тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полицијата брзо реагирала и само 25 ...
Трагична несреќа се случила во Рио де Жанеиро, каде четири лица го загубија животот при пад на хеликоптер за време на 20-минутен панорамски лет над Националниот парк Тижука, пренесува порталот G1. Во падот загинале пилотот и тројца туристи од Колумбија. Хеликоптерот се урнал во тешко пристапно шумско подрачје, а по ударот избувнал и пожар што ја зафатил околната вегетација. Поради непристапноста на теренот, пожарникарите морале да користат ...
Десет лица се повредени во експлозија на гас што се случила во фестивалскиот камп на музичкиот фестивал „Таубертал“ во Франконија, во германската покраина Баварија. Според информациите од локалната полиција, осум од повредените лица, на возраст меѓу 21 и 26 години, биле итно пренесени во болница, но за среќа никој од нив не се наоѓа во животна опасност. До несреќата дошло кога 26-годишен маж ракувал со кампинг-шпорет во кампот, при што се ...
Канадскиот државјанин Конор Мука (26), познат под псевдонимите Waifu и Judische, пред американските власти ја призна вината за масовно хакирање на повеќе од 165 компании, кражба на милијарди записи и уцени насочени кон корпорации и поединци, соопшти Министерството за правда на САД. Според обвинението, Мука бил клучен играч во упад во системот на клауд-провајдерот Snowflake, што му овозможило нему и на соучесниците да пробијат системи на ...
Драматична несреќа се случила вчера вечерта во риечката населба Печине, во Хрватска, кога во близина на хотелот „Јадран“ се урнал балкон од напуштена куќа во која се наоѓале двајца млади. Полицијата ја примила дојавата во 20:45 часот, по што на терен веднаш се упатиле пожарникарски екипи и Брза помош. Пожарникарот Матија Распор изјавил за „Индекс“ дека спасувачката акција траела речиси час и половина поради тешко пристапниот терен, при што ...
Велес денеска со богата програма и длабока духовна почит го одбележува празникот на светиот великомаченик Пантелејмон, кој од 2009 година официјално се празнува и како Ден на градот. Велешани го доживуваат овој празник со посебен пиетет, сметајќи го светецот за свој верен заштитник, застапник и чувар на нивниот дом и град. Празнувањето започна уште синоќа со свечена вечерна богослужба во црквата посветена на „Свети Пантелејмон“, каде што се ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 22 степени, додека максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 32 до 39 степени. Многу топло ...
Дворица работници од фабриката „Ле Белиер“ во Кикинда, на возраст од 48 и 41 година, се повредени во инцидент што се случил во оваа компанија, по што биле итно згрижени во Општата болница. Според информациите, повредените не се во животна опасност. Еден од работниците се здобил со повреда на окото, па по првичниот преглед и укажаната помош е упатен на понатамошно лекување во Универзитетскиот клинички центар на Војводина во Нови Сад. Вториот ...
Мажот М.С. (49) исчезна во водите на Дунав кај локалитетот Мали Води, во близина на Бела Стена, откако влегол во реката за да се освежи. Тој се наоѓал на чамец заедно со 45-годишната ж.Ш., која веднаш ги известила надлежните служби откако мажот скокнал во водата и повеќе не испливал. Веднаш по пријавата, на терен се испратени патроли на Речната полиција и спасители, а се очекува и вклучување на ронители од Жандармеријата за пребарување на ...
Анализата на британскиот весник „The Times“, базирана на официјални податоци од Агенцијата за лекови и здравствени производи на Велика Британија (MHRA), покажува дека со популарните лекови за слабеење се поврзуваат околу 150.000 пријави за несакани реакции и повеќе од 100 смртни исходи. Најголем број пријави се регистрирани за лекот Mounjaro (тирзепатид) – вкупно 100.810 пријави, од кои 10.434 сериозни и 98 со смртен исход. За Wegovy ...