Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба. Кога ...

Украина развива беспилотно летало способно да пресретнува ирански камикази беспилотни летала што ги користи Русија, дознава Дејли Телеграф. Британскиот весник наведува дека целта на новото оружје е бркање и пресретнување на борбените беспилотни летала Шахид-136 со кои Русите ги бомбардираат украинските градови наместо конвенционалните ракети за противвоздушна одбрана. Стинг има навидум класичен изглед на квадкоптер (дрон со четири пропелери), ...

Шпанската полиција објави видео од апсењето на Никола Вушовиќ, попознат како Џони од Врачар. Вушовиќ, водачот на „групата на групата од белградската населба Врачар и соработник бегалецот Радој Звицер, од 2022 година е на меѓународната листа на трагачи на Интерпол. – Во Барселона е уапсен еден од најопасните и најкрвожедните бегалци во светот, кого властите на Србија, Црна Гора и Германија го гонат за убиства. Тој имал и 2 европски налози за ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите соизвршителки присвоиле пари доверени во службата во износ од 23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист. Како што соопштуваат од обвинителството, трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла ...

Доколку Апелацискиот суд во Ниш ги прифати жалбите на двајцата адвокати кои ги бранат Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, обвинети за убиството на Данка Илиќ (2), двајцата ќе бидат ослободени по речиси седум месеци притвор. По добивањето на обвинителниот акт што Вишото јавно обвинителство Заечар го достави до адвокатите на обвинетите, адвокатите поднесоа жалба на притворот до Апелациониот суд со барање нивните обвинети да бидат ослободени ...

Рецептот за една од највкусните кремпити е создаден во Блед, а оваа торта ја сакал и Тито. Рецептот кремпита потекнува од унгарската и австриската кујна и се верува дека бил омилен меѓу достоинствениците, вклучително и австрискиот император Франц Јозеф и неговата сопруга Сиси. Ова вкусно уживање се состои од крцкаво лиснато тесто сместено помеѓу богат крем од ванила. Попознатата верзија на кремпита потекнува од Блед и датира од 1953 година, кога ...

Еден натпревар – 1.500.000 евра. За еден час на теренот двајцата тениски асови инкасираа по еден и пол милион евра. Зарем тоа не е премногу? . Дрската понуда, се чини, не можеа да ја одбијат шест тениски асови. Тие се договорија да дојдат во Ријад и да одиграат еден или два натпревари за сума од 1.500.000 евра. Па, така бевме сведоци дека Медведев и Руне ги заработија парите за нешто повеќе од еден час колку што беа на теренот на егзибициските ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје. – Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите на Европската Унија. Настанот во организација на Институтот на регионите на Европа (IRE), Европскиот конгрес, со околу 700 гости и над 60 говорници од цела Европа, годинава се одржува годинава по 20-ти пат под мотото „ЕУ: Нема иднина без реформи”. Мицкоски на фејсбук објави дека во излагањето посочил оти ...

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков. Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ...

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД. Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст. Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми. Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на ...

Членовите на балканскиот нарко-картел развија сопствена апликација за шифрирани пораки, која однадвор изгледа како „WhatsApp“ (FakeWhatsApp) и на своите „војници“ им обезбедувале телефони со таа апликација за тајно да организираат шверц на кокаин и други нелегални активности. Странските безбедносни служби дошле до оваа информација при операција спроведена во октомври 2023 година, кога бил уапсен дел од криминална група предводена од хрватскиот ...

Граѓаните на ЕУ генерално се задоволни од својот живот, бидејќи нивото на задоволство на лицата постари од 16 години е во просек 7,3 од 10, покажуваат податоците на Евростат. А кои земји се најсреќни во ЕУ? Финска е прва со 7,8, а потоа следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија, сите со 7,7. Што е со оние со најниски резултати? Бугарите се чини дека се најнесреќните граѓани на Европската унија. Со оценка од 5,9 тие се на дното на спектарот ...

Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во Скопје. Дури и не може да се нарече концерт туку вистинско шоу. „Малата од скандалите“ им одржа вистинска лекција на сите т.н ѕвезди како се настапува со сите нишани, кореографија, ЛЕД позадина, сценски ефекти, промена на неколку костими. На бината без музичари, само Јелена и танчерите ја држеа публиката во „Јане Сандански“ два часа на нозе. Кулминација на шоуто беше кога популарната ЈК нагрната ...

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија. Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат. Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите ...

„Никола Вушовиќ Џони беше уапсен во Барселона во координирана акција на УКП и шпанската полиција врз основа на српската потерница од Интерпол“, изјави министерот Ивица Дачиќ. Водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер и неговите најблиски соработници Никола Вушовиќ познат како Џони од Врачар и Д.Ј. го планирале убиството на Веселин Милиќ, началник на белградската полиција и советник на српскиот претседател Александар Вучиќ. Никола Вушовиќ, познат ...

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму ...

– Ученик од осмо одделение во Суботица за време на попладневна настава со нож повредил ученичка од истото одделение, јавија српските медиуми повикувајќи се на полицијата. Повредите на девојчето се санирани во болница и нејзиниот живот не е во животна опасност. Според првичните информации, ученик од основното училиште „Сечењи Иштван“ во Суботица со нож и нанел повреди на соученичката на рацете и нозете. Брзата помош ја пренела повредената ...

Полицискиот началник Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум Наумовски-Борче каде што живееше. Инспекторите што го воделе случајот биле убедени дека девојчето не заминала пешки бидејќи во кој правец и да тргнела кон училиштето ќе ја забележеле околните камери. Но, нешто друго им било сомнително на полицијата. Ниту една камера не ги фаќаше скалите од влезот на зградата ...

Списокот со фудбалерите номинирани за наградата „Златно момче“, која се доделува секоја година, беше објавен денеска. Голем фаворит за освојување на наградата е ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал. Во изминатите три години, наградата им припадна на талентите од Ла Лига – Педри и Гави од Барселона и Џуд Белингем од Реал Мадрид. На листата има 25 имиња, а победникот ќе стане познат на 4 декември. Во изминатите години, добитници на престижната ...

Во десет часот во Кривичниот суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. И денеска ќе се испитуваат сведоци на Обвинителството. На минатото рочиште инспекторите во СВР Скопје и Велес посочија дека двајца од осомничените ги довеле до телата на Вања и Панче. На началникот Калишиќќ цело време му било чудно однесувањето на таткото на Вања кој бил конфузен, додека мајката Зорица била смирена и прибрана. Грабнувачите не ...

Вчера во Белград беше уапсен платен убиец на Зоран Ускоковиќ кој во јануари 2021 година го уби Зоран Ускоковиќ. Малкумина знаат кој беше Зоран Ускоковиќ. Тој е син на Зоран Ускоковиќ-Сколе за кој се верува дека го организирал убиството на Жељко Ражнатовиќ-Аркан во 2000 година во хотелот Интерконтинентал во Белград. Таткото и синот Зоран животот го завршија на речиси идентичен начин. Зоран Ускоковиќ Сколе, со години имал добри и деловни односи ...

На што се должи високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекори во овие сто дена донесоа зголемена поддршка кај граѓаните.„Република“ ја анализира последната анкета на ИПИС во која спортски кажано ВМРО-ДПМНЕ му води на СДСМ 3-1 а Мицкоски на Филиче 5-1. Проектите кои беа реализирани во овие сто дена ја „забетонираа“ поддршката кај граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ. Зголемени пензии кои директно влијаат на 330000 граѓани и нивните семејства, капитални ...

Републичкото јавно обвинителство врши надзор во Вишото скопско обвинителство по, како што вели вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, тоа е предвидено во законот за јавно обвинителство и тука нема ништо спорно. Симптоматично е тоа што пет години по ред не е извршена контрола и одеднаш, после разговорот за предметот со бонусите на СЈО се закажа надзорот. Хајрулахи за Република вели дека надзор врз работата на обвинителството е законски и не е ...

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предметот и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај. Харулахи како што вели му одговорил на Коцевски дека тој ниту сака ниту има надлежност да се меша во работата на предметниот обвинител Јован Цветановски. Неколку дена ...

Од денешното рочиште за убиството на Вања произлегоа многу прашања за кои засега нема одговор. Нив ги загатна началникот на полицијата Музафер Каишиќ кој рече дека му било многу чудно како извесен Гоце Трајковски му дал снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски од бензиска станица кај Велес. Каишиќ напомена дека во моментот кога ја добил снимката полицијата немала никаква поврзаност помеѓу Панче Жежовски и киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Гоце и ...

Началникот Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на крајот на своето сведочење повторно се осврна на однесувањето на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тој повтори дека Ѓорчевски постојано давал конфузни одговори за тоа зошто мисли дека неговата ќерка е кидинапирана. Да видиме со мафијата, да не има нешто, велел Александар. Инспекторот посочи и дека дента кога Вања исчезнала, ...

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој го водеше случајот на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште детално објасни како дошле до местото каде што девојчето беше пронајдено мртво. Таму ги однел обвинетиот Влатко Кешишов, кој бил уапсен поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски. Па, тоа што следувало било шок. Тој барал да одат сами до „едно место“, бидејќи се плашел дека првообвинетиот Љупчо Палески – Палчо може да го убие ако дознае ...

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски. Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице. Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски. Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор ...

Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, коалицијата на ФУИ има поддршка од 8,5% а на Вреди 7,8%. Следи Левица со 4,8% и Движењето ЗНАМ со 4%. 15,5% од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, 11,6% одбиле да одговорат а 10,6% рекле дека не знаат. Премиерот Христијан Мицкоски е ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
66%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
92%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
89%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929