Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Денеска е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус ...
Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе и третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето во Букурешт од Динамо со 25-34 во рамки на третото коло во групата А. Македонскиот шампион во текот на целиот натпревар беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (13-19), а во 38 минута и двоцифрени 16-26. Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски, а голманот ...
Германската влада се соочува со нов предизвик бидејќи Агенцијата за мрежи објави план да им дозволи на поштенските услуги да ги зголемат цените на писмата за околу 10,5 отсто. Одлуката се очекува да има значително влијание врз германските жители, бидејќи трошоците за испраќање стандардно писмо, кое во моментов чини 85 центи за писмо со тежина од 20 грама и 1 евро за компактно писмо до 50 грама, може да има значителен зголемување. Претстојното ...
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми. Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка. Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и ...
Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка. Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, ...
Синергијата помеѓу образованието и бизнисот е една од клучните работи за да се намали миграцијата на младите. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на конференција во Скопје насловена „Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во Северна Македонија“ во организација на Амбасадата на Република Словенија со Друштвото на словенечки и македонски стопанственици ...
Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока. Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји ...
Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари. Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ...
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави синоќа дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа. Бајден и Камала нè воведоа во војната во Украина и сега не можат да нè извлечат. Не можат да нè извлечат, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија. САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на ...
Навивачите на Партизан вчера го повредија тренерот Александар Станојевиќ по натпреварот. Гробарите го удираа црно-белиот тренер Александар Станојевиќ со топовски удари додека го напушташе теренот по завршувањето на 174. вечно дерби. Навивачите на Партизан го скршија стаклото во црно-белата соблекувална и го повреди лицето на тренерот на Партизан. Тој на прес-конференцијата се појави со фластер на челото и повреда на носот. Навивачите претходно ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека градоначалничката функција во главниот град е убав предизвик и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначачлниката позиција во Скопје. Дополнително, вели дека градоначалничкото столче е посакувана опција, но не е ...
Црвена Звезда го демолираше Партизан (0-4) во вечното дерби.Потполна доминација на гостите кои покажаа зошто се дел од Лигата на шампионите. Партизан е во најголема криза од постоењето. Можеби работите на овој меч ќе беа подруги доколку не беше досуден пенал за Звезда при резултат 0-0. Првично судијата досуди корнер но по интервенција на вар собата ја промени одлуката. Мечот се играше на лош терен откако синоќа навивачи на Партизан го ископаа. ...
Високиот претставник во Босна и Херцеговина нема никаков легитимитет и многу привилегии, обвини Милорад Додик. Актуелниот Кристијан Шмит не е избран согласно Дејтонскиот договор туку им „натурен“. Toj не е избран како што е предвидено и не смеам да се согласам на тоа.Шмит е за мене германски турист.Во анексот 10 на Дејтонскиот договор стои како се бира Висок претставник, односно дека го бираат Србија, Република Српска, Федерацијата БИХ и ...
ВМРО-ДПМНЕ инсистира да продолжи заглавената процедура за измени на Законот за бранителите. Пратеничката Марија Митева денеска на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на собраниската Комисија за труд и социјала да се потпишат на барањето до комисиската претседателка Илире Даути од Европскиот фронт да го стави законот на дневен ред. – Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија кои се членови ...
Оставка во Македонија од мене може да побара премиерот или може да побараат тие што ме избрале, а тоа е народот. Недозволиво е да странска држава бара оставка да си поднесе подпретседател на влада и министер. Тоа никаде го нема, тоа е директно мешање во внатрешните односи на една држава, тоа е директен упад во внатрешни односи на една држава, рече потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во ...
Потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител каде што зборуваше и актуелната политичка ситуација во Бугарија која што веќе трета година по ред им се случуваат седми неуспешни парламентарни избори, при што политичките актери за да ги покријат своите неуспеси ја мешаат Македонија. Николоски посочи дека во Бугарија апсолутно имаат со кого да ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во петокот, на 20 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место. Во рамките на концертот беше ...
Во Битола попладнево беше промовирана „Патеката на славните“. Ѕвездите со впишаните имиња на браќата Манаки се поставени пред киното „Манаки“ и заедно со останатите ѕвезди, вкупно 18, долж Широк сокак до Офицерскиот дом. На промоцијата присутни беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамески и Милтон Манаки, внук на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки. Дамески ...
Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна за човековиот опстанок, но е тешко да се постигне во атмосфера на ...
Првите индикатори во економијата со промената на власта се навистина изненадувачки позитивни во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата… наплатата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП и тоа охрабрува, вели премиерот Христијан Мицковски и посочува дека очекува покачување на платите во реалниот сектор. Одлуката на Централната банка за намалување на ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула. Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде. Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. Состојбата со ФЗО беше долг од пет милијарди денари. Видовте дека за помалку од 100 дена, за ...
Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер, тврди поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, по низата обвинувања од пратеникот Бране Петрушевски дека за време на министерскиот мандат честопати знаел да се луксузира со изборот на ...
Монаси од Света Гора, поточно oд српскиот манастир Хиландер дојдоа во Скопје да ја донесат иконата на Пресвета Богородица -„Троеручица“ .Оваа реликвија има непроценлива вредност па затоа кај нас дојде копија од иконата која ќе остане во нашиот храм во центарот на градот. Неколкумина српски монаси пристигнаа пред храмот со полициска придружба со џип „Волво“ со специјални регистарски ознаки од Света Гора. Присутните им бакнуваа рака и се ...
Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот српски манастир Хиландар пристигна во Скопје.Стотици верница дојдоа во црквата посветена на Мајката Божја да ја пречекаат иконата и да допрат и бакнат.Ја донесоа неколкумина српски монаси кои беа поздравени од народот. Иконата беше внесена во црквата на осветување по што следеше литија низ центарот на Скопје. Се работи за копија од оригиналната икона и трајно ќе остане во нашиот храм. ...
Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,… За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле ...
Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба. Палевски пред Судот истакна дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да си гледаме нашиот државен интерес и да не влегуваме во замката на предизборната кампања во Бугарија. Жали што во отсуство на сериозна визија, проекти и стратегија, главна тема во Бугарија е Македонија и македонското прашање. Им посакувам успешна кампања и по седми пат да изберат стабилна и политичка влада со која ние како македонска ќе можеме да градиме добрососедски и вистински односи. Тоа и се ...