Владата бара начин да ги декласифицира информациите дека премиерот Христијан Мицкоски бил активно следен од службите додека беше лидер на опозицијата.Мицкоски бил следен од дрон во реонот на Пелагонија. Во Агенцијата за разузнавање за овој случај се уште трае истрагата, како и во АНБ. Мицкоски е присутен во повеќе белешки отколку еден од најголемите турски криминалци Седат Пекер кому власта на СДСМ му даде македонски пасош. АНБ повеќе се ...

Македонија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош. Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок. Судска завршница за овој скандал имаше, но обвинети беа обични службеници од МВР кои никако не би можеле да дадат пасоши на вакви ликови без ...

Поп дивата Јелена Карлеуша пред Душко Тошиќ имаше неколку фатални љубови, но нејзината голема љубов е со Зоран Давидовиќ Чанда. По 25 години, таа ги откри деталите за неговото убиство. Чанда беше ликвидиран на 23 март 2000 година, а Јелена отворено зборуваше за тоа што се случило пред и по неговото убиство. Ќе кажам нешто што никому не сум го кажал досега, и се надевам дека нема да ми пречи на човекот, а и да ми пречи, не е важно, бидејќи ...

По долга борба со ракот, утрово почина новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Василевски ќе биде погребан во недела во Катланово. -Погребот на Зоки Фаци ќе биде во недела во 12:00ч во црквата Св.Никола во Катланово, а во 13:00ч ќе биде погребан на гробиштата во Катланово, објави Стефан Лазаров на Фејсбук. Тој неколку години се бореше со туморот. Болеста му беше дијагностицирана во 2022 година, по што се оперираше, но за жал ...

Украински дрон погоди рафинерија за нафта во градот Уфа во руската република Башкортостан во подножјето на Урал, планински венец што ги дели Европа и Азија.Три украински беспилотни летала паднале во реонот на нафтена рафинерија, при што еден од нив паднал врз самата фабрика. Дронот направил минимална штета и нема жртви .Украинските беспилотни летала нападнаа објекти во Башкортостан, кој се наоѓа на околу 1.500 километри од границата со Украина. ...

Поранешниот фудбалер Марио Мештровиќ (54) е застрелан со неколку истрели во ногата. Нападот врз поранешниот хрватски фудбалер се случил во Винковци во моментот кога тој ја напуштал спортската сала околу 22 часот, а во него пукал непознат напаѓач со пиштол фантомка кој неколку пати го застрелал Мештровиќ во ногата, пренесуваат хрватските медиуми. . Едно лице е повредено од огнено оружје, пренесено е во болница за укажување лекарска помош“, ...

Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги заборави. Бидете сигурен дека нема да бидеме како вас, нема да влегуваме со специјалци во два часот наутро и да апсиме… Ќе влеземе и ќе им ставиме лисици на тие што седум години ја ограбуваа државата и ќе одговараат. Нема потреба од маски. Казната ќе биде жестока. Измените на Кривичниот законик нема да ви помогнат. Верувајте стотици се – му порача ...

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за ...

Познато е дека намалувањето масти од стомакот е „една од најтешките цели“ во секојдневието. Сепак, има едно „тајно оружје“ во таа битка – протеините. За разлика од јаглехидратите или мастите, протеинот го поттикнува човековото тело активно да работи на согорување на калориите, намалување на гладот и одржување на брзиот метаболизам. Имено, со додавање повеќе протеини во исхраната, го претвораме своето тело во „машина за согорување маснотии“, ...

Али Ахмети стана активен на Фејсбук. Тој почна да објавува статуси и видеа а на едно од нив му одговори на премиерот Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди да го коментира писмото што му го испратил. „Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети. Сево ова не би било ништо чудно ако не се знае дека неговиот најблизок ...

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на претседателските избори, Камала Харис, има мала предност пред републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во Мичиген и Висконсин, додека двајцата кандидати се изедначени во Пенсилванија, покажува новата анкета на Си-Ен-Ен, објавена синоќа. Помалку од една недела пред изборите на 5 ноември, демократката Харис води со 48 наспроти 43 проценти меѓу веројатните гласачи во Мичиген и со 51 наспроти ...

Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција. И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од Комисијата на Интернет. Одлуката треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ и да ...

Хашкиот суд се подготвува за судењето на Воислав Шешељ во Србија. Судијата Брен Хинкс е назначен да ја застапува институцијата на судењето. Шешељ вели дека ова ќе биде еден спектакл. Гледате какво понижување е за нашето судство. Сега Хинкс ќе биде контролор на тоа судење. Ова е големо понижување за нашето правосудство Тоа обвинение беше покренато пред неколку години и во меѓувреме сакаа да ми одземат 60 книги во кои објавив доверливи документи. ...

Севернокорејско засилување доаѓа во Русија Севернокорејските војници кои одат во Русија се од единаесеттата армија на Северна Кореја, елитна единица позната како „Олуен корпус“. Што е „олуен корпус“ Темелите на денешните севернокорејски специјални сили беа поставени во втората половина на 1960-тите, десет години по потпишувањето на примирјето меѓу Северна (КДПР) и Јужна Кореја (РОК), кое ги запре големите конфликти и се смета за неофицијален ...

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени. Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија, што официјално треба да ...

Во вчерашна емисија „Заспиј ако можеш“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али Ахмети, и албанските политички претставници во Македонија. Ковачки ја рефлектираше актуелната политичка динамика и рече дека ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како легитимна сила која ги застапува интерсите на сите грѓани на Македонија. Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на ...

Кошаркарот Никола Јокиќ се присети дека имал проблем со вишокот килограми, кој брзо го преболел. – Можеби не треба да кажам како се хранев порано. Пиев скоро четири литри газиран пијалок дневно! Го сакав. Но, не сум испил ни капка во последнава година ипол – изјави лани Јокиќ. Јокиќ за 42 дена успеа да ослабе 14 килограми, а клучна улога во тоа имаше фитнес тренерот Стив Хес. – Мислам дека слабеењето е една од најдобрите работи што сум ги ...

Либанското шиитско движење Хезболах го именуваше својот заменик-лидер Шеик Наим Касем за нов генерален секретар, наследувајќи го долгогодишниот лидер Сајед Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад врз Бејрут минатиот месец. Заменик-генералниот секретар на Хезболах, Шеик Наим Касем е висока личност во движењето, кое го поддржува Иран повеќе од 30 години. Говорејќи од непозната локација на 8 октомври, Касем рече дека конфликтот меѓу ...

Фудбалерот на Манчестер сити и шпански репрезентативец, Родри ги сподели своите емоции за добивањето на Златната топка. Играчот од средниот ред синоќа во Париз беше прогласен за најдобар фудбалер од сезоната 2023/24. – Еден ден му реков на татко ми: „Го напуштам фудбалот, мојот сон заврши“. Но, тој ми одговори: „Не, продолжи, да се обидеме до крај“. Денес сум тука и горд сум на овој момент. Морам да му кажам на татко ми: „Ти благодарам“. ...

За два месеци Македонија ќе добие нов автопат. Делницата Прилеп – Градско ќе биде завршена до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 – 130 километри на час. „Пресинг ТВ“ извозе долж делницата и е увери дека работите привршуваат. Се поставуваат патоказите за влезовите и излезите, таблите за ограничување на брзината и заштитната ограда. Со ова ќе се скрати патувањето кон ...

Младите во Северна Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Северна Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години. Во Јужна Европа и на ...

Автомобилските херои од 1970-тите стануваат се поскапи. Светот на автомобили беше многу „шарен“ и богат во 1970-тите. Многу класици од овој период сега заминаа во вечните ловишта, но останатите примери стануваат сè попопуларни. Секако, тоа се одразува и на развојот на цените. Експертите од германскиот Classic Data направија листа на автомобили од 1970-тите кои најмногу ја зголемиле вредноста во последните шест години. 1970-тите години се вратија ...

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин. На новинарско прашање Мицкоски денеска истакна дека со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните. Не, не сум го видел. Инаку, ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да формира нова влада по последните парламентарни избори. Сепак, не одговори на новинарско прашање дали му честитал на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов со оглед дека неговата партија освои најмногу гласови и би требало да ја формира новата влада. Ние сме од исто семејство – ЕНП. Таму гледам дека девет партии и коалиции ќе влезат во Парламентот. Интересен мозаик ќе има во бугарскиот Парламент. Очекувам ...

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој освои 26,42 отсто од гласовите.На второ место е „продолжуваме со промените“ на Кирил Петков со 14,31 процент. Изненадувачки трета сила е проруската „Възраждане“ на ултранационалистот Волен Сидеров кој има отворени проруски ставови. Што значат резултатите во Бугарија за односите со Македонија ...

Само 62 македонски граѓани кои се декларираат како Бугари го искористиле своето право на глас за парламентарните избори кај источниот сосед, пренесуваат медиумите во Софија.И досега интресот за гласање беше слаб, но ова е рекордно ниска излезност кај граѓаните на Македонија кои поседуваат бугарски пасош. Иако околу 100.000 Македонци поседуваат бугарски пасош само 3.500 на последниот попис се декларираа како Бугари. Но, тоа не ги спречува ...

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето. ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните ...

Хрватската дива Нина Бадриќ синоќа одржа концерт во Македонската филхармонија. Вечер исполнета со многу емоции, љубовни песни какви што само Нина знае да ги донесе. Публиката, претежно жени во еден глас ги пееја нејзините хитови од 30 годишната кариера. Нина испеа и по некоја песна во чест на нејзните пријатели Арсен Дедиќ и Масимо Савиќ, како и нашата „не кажувај либе добра ноќ“ со одличен македонски нагласок. За крај следуваше нејзиниот ...

Без победник заврши дерби натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграно попладнево во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум. Работнички и покрај нерешениот исход останува лидер на табелата, додека Силекс се искачи на третата позиција. Постигнати резултати: Гостивар – Брера 4:1 Шкендија – Струга Трим Лум 1:1 Шкупи – Тиквеш 3:1 Силекс – Беса 2:0 Вардар – Работнички 0:0 Воска Спорт – Пелистер 1:1. Табела: Работнички 23 бода, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
66%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
92%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
89%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929