Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното ...
Од Водовод и Канализација Скопје известуваат кои улици денеска ќе бидат без вода. Прекинот започнува во осум часот до завршување со активностите. -Ве известуваме дека на ден 07.08.2026 год. поради уличен дефект ф-80мм на ул.Рајко Жинзифов бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Рајко Жинзифов, дел од ул.Владимир Полежиновски, дел од ул.Стефан Јакимов-Дедов и дел од ул.Борка Талевски, стои во соопштението на Водовод. ...
До 7:30 часот утрово, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал 23 пожари на отворен простор на територијата на државата. Од нив, еден пожар и натаму е активен, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во месноста Стојанова Населба, во атарот на селото Грешница, Општина Македонски Брод. Таму гори ниска вегетација, грмушки и деградирана шума. Под контрола се пожарот на депонијата ...
Топло од рано наутро низ Македонија. Гевгелија со 26 степени ова утро во 8 часот е натоплото место, додека берово со 16 степени е најсвежото место утрово низ Македонија. Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието на места повремено ќе се засилува. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследен со ...
Православните верници денеска, 7 август, го одбележуваат празникот посветен на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Во нејзина чест денеска се одржува празнична богослужба и во црквата во селото Маловишта, во близина на Битола. Овој храм со години го посетуваат верници кои се молат за здравје, семејна среќа и потомство. Според народното предание, местото има посебно значење за брачни двојки кои имаат тешкотии да добијат деца. Сè ...
На 5 август 2026 година, на подрачјето на општина Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 25-годишната М.Ј.Г. и 35-годишниот В.Г., двајцата од Велес. При преземените мерки, кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. На 5 август 2026 година, на подрачјето на општина Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР ...
На 5 август 2026 година во 08:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.М. од Тетово. Тој бил пријавен дека во текот на минатата недела, во семејниот дом, им се заканувал на неговите родители со остар предмет. На 3 август, откако родителите не му дале пари, тој оштетил дел од покуќнината, а потоа со остар предмет се обидел да го нападне својот 61-годишен татко. По целосното документирање на случајот, ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми пречки и по суви коловози. Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната ...
Планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска, 7 август, ќе предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Скопје. Во периодот од 6 до 10 часот прекин на електричната енергија е предвиден за корисниците во Колонија Идризово и дел од Јурумлери, во општина Гази Баба. Без напојување од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат и корисниците во селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и во дел од Булачани, на ...
Во рамки на одбележувањето на 75 години од почетоците на музејската дејност во Охрид, денеска ќе биде претставено едно од значајните дела што се чуваат во охридското културно наследство. Во 12 часот, во Галеријата на икони, посетителите ќе имаат можност да ја видат мозаичната икона „Исус Христос на престол“, изработена во XIV век. Иконата е пронајдена во 1960 година во црквата „Света Богородица Перивлептос“ во Охрид. Станува збор за редок ...
Општина Гази Баба денеска со комеморативен настан ќе одбележи една деценија од разорното невреме и поплавите што на 6 август 2016 година го погодија скопскиот регион и однесоа 22 човечки животи. Комеморацијата е посветена на жртвите од трагедијата, а од Општината посочуваат дека сеќавањето на настанот треба да биде потсетник за значењето на солидарноста, превенцијата и институционалната одговорност. На 6 август 2016 година, по силни врнежи и ...
Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието на места повремено ќе се засилува. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени. Во Скопје ќе преовладува ...
Досега немаме добиено извештаи за нелегални преминувања на мигрантите, кои масовно влегоа во Сеута, кон континентална Шпанија, изјави портпаролот на Европската Унија. Разбравме од шпанските власти дека досега нелегалните преминувања кон континентална Шпанија и Европа се успешно спречени, изјави портпаролот на прес-конференција. На крајот на јули, околу 72.000 мигранти влегоа во шпанската енклава Сеута од Мароко по копно и море, во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во сабота, 8 август 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Република Србија, пренесоа медиумите во Србија. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, лично ќе го пречека украинскиот претседател, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија. Двајцата лидерa претходно остварија средба во Киев, кога српскиот претседател ја посети украинската престолнина кон ...
Парламентот на Унгарија во вторник, на 11 август, ќе гласа за новиот претседател на Републиката, иако сè уште нема номинирани кандидати. Промената на шефот на државата беше едно од ветувањата дадени од премиерот Петер Маѓар откако неговата партија Тиса победи на априлските избори по 16 години владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан, пишува денес бриселскиот „Евроњуз“. Унгарската влада во јули искористи уставен амандман за да го отстрани ...
Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарци, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски. Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите. - Најголем ризик за тешка форма на западнонилска треска имаат постарите лица, хронично ...
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот за плановите за затворање на пет помали американски амбасади, конзулати и дипломатски мисии во Африка, Азија и Западната полутопка. Овој чекор е дел од пошироките заложби на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за редуцирање на федералната бирократија и намалување на трошоците. Според документите испратени до законодавците, планирано е затворање на амбасадата во Сент ...
Електричните тротинети станаа популарен начин за транспорт низ градовите, но новите научни истражувања покажуваат дека тие носат многу поголем ризик отколку што мислат повеќето корисници. Според резултатите од студијата, електричните тротинети се покажале како значително поопасни во сообраќајот во споредба со традиционалните велосипеди, па дури и од мотоциклите. Истражувачите предупредуваат на зголемениот број сообраќајни незгоди и сериозни ...
Иран и Оман се согласија за рамката за повторно отворање на Ормуската Теснина, која би траела 60 дена, а би имала за цел да го врати поморскиот сообраќај, како и да започне технички разговори за трајно решение во тој период. Како што изјави висок функционер запознаен со ова прашање, постигнатиот договор би можел да биде објавен во рок од неколку дена. Сепак, договорот постигнат меѓу Техеран и Мускат сè уште треба да биде одобрен од иранскиот ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Како што се додава во соопштението, по целосно документирање на случаите, ...
Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил. Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и ...
Во текот на вчерашниот ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на целата територија на нашата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија. Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се шпекулации, туку се темелат на ...
Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода, изјави Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, народот на Ново Село беше на настанот со премиерот, каде што во огромен ...
купно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати. – Активни се пожарите во општина Македонски Брод – село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица – помеѓу селата Ново и ...
Германската полиција денеска соопшти дека го лишила од слобода 33-годишниот државјанин на Украина, кој е осомничен дека ги снимал погоните на производител на оружје во Баварија со цел подготовка на можни саботажи по налог на странска разузнавачка служба. Како што соопшти полицијата на сојузната покраина Баварија, осомничениот, чиј идентитет засега не се објавува во јавноста, бил уапсен на 2 август во сојузната покраина Тирингија. ...
Американските здравствени власти предупредуваат на голема епидемија на паразитската инфекција циклоспоријаза, која досега зафатила повеќе од 25.000 лица. Според досегашните информации, главен извор на заразата е контаминирана ледена (ајсберг) салата. Епидемијата е потврдена во најмалку 15 сојузни држави, додека случаи на инфекција се регистрирани во вкупно 47 држави, покажуваат податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на ...
На денешниот состанок на локалниот штаб за вонредни состојби е донесена одлука за прогласување вонредна состојба во општина Бачка Паланка, откако пожарот на локалната депонија повторно се разгоре. Причината за избувнувањето на огнот засега останува непозната, а противпожарните екипи и понатаму интензивно работат на негово гаснење. Огнот првично избувнал во ноќта меѓу вторникот и средата. Според информациите објавени на официјалната ...
3,66 – ова е просечната оцена на државната матура за оваа година. Резултатите се скоро идентични со ланската, која се заокружи со просек од 3,69. Надлежните сметаат дека тоа што за првпат се полагаа три вида матура, државна, државна стручна и државна уметничка вродило со плод – бидејќи секој бил тестиран за она што го учел во изминатите години. 02.34 „Задоволна сум што две години по ред се одржува овој просек за разлика од 2024-та кога ...
Поради дефект, без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе остане село Морани, општина Студеничани, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето во Морани ќе биде прекинато од осум часот до отстранување на дефектот. Поради дефект, без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе остане село Морани, општина Студеничани, ...