Европската Унија подготвува промени што би можеле значително да го измени идното напредување на земјите кандидатки кон членство. Европската комесарка за проширување Марта Кос ги презентираше клучните елементи од предлогот на Европската комисија, кои предвидуваат постепена интеграција, построги проверки и измени во процесот на донесување одлуки во ЕУ. Зборувајќи на Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб, Кос истакна дека ...

Во Владата утре официјално започнува реализацијата на проектот за изградба на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. На официјалното отпочнување ќе присуствува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата со почеток во 12:30 часот. Притоа, предвидено е и свечено потпишување на Договорот за реализација на гасоводната интерконекција. Во Владата утре официјално започнува ...

Вкупниот број на заболени од западнонилска треска во земјава достигна 50, откако за само еден ден беа регистрирани шест нови случаи на инфекцијата. Меѓу новите пациенти е и првиот потврден случај во Куманово — 65-годишен маж со хронични заболувања кој не патувал во странство. Тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје во сериозна здравствена состојба. „Здравствената состојба на пациентот е сериозна поради присуство на хронични ...

Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија по 6 и 4 години затвор за грабнување на жител на Неготино, пресуди вчера Основниот суд Кавадарци. По психијатриско вештачење, обвинението против првообвинетиот Б.М. претрпело мали измени бидејќи обвинетиот бил во состојба на битна намалена пресметливост поради трајна душевна болест – хронична психоза, параноја и патолошка љубомора. По пресудата на Б.М и на Ќ.С. им е продолжен притворот ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, соопштија од МВР. Еден возач возел под дејство на алкохол и еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од ...

Стапката на невработеност во второто тримесечје од 2026 година изнесува 11,3 проценти, додека стапката на вработеност достигна 46,6 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според статистичкиот извештај, бројот на активното население во земјава изнесува 798.718 лица, што претставува зголемување од 0,8 проценти во споредба со истиот период минатата година. Од нив, 708.698 лица се возат како вработени, додека ...

Македонија мора да гради сопствена сериозна дата-инфраструктура за да стане дигитален хаб во регионот и да не биде само зависен корисник на туѓи услуги, порачува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Преку соопштение на партискиот Центар за комуникации, а пренесувајќи ја својата Фејсбук-објава, Петрушевски истакнува дека европскиот пазар на дата-центри расте со брз темпо поради развојот на облак-технологиите, вештачката ...

Македонскиот пејач Дарио Панковски преку социјалните мрежи упати предупредување до јавноста за кражба на неговиот идентитет и обид за финансиска измама. Како што појаснува тој во својата објава, непознати лица се претставуваат во негово име преку социјалните мрежи и апликацијата Вибер и бараат пари за наводен концерт. Измамата се врши од телефонски број со позитив за Нигерија (+234 8256881004). „Почитувани, во тек е финансиска измама каде ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на ...

Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С.(49) од Скопје, пријавил дека, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, на автобуска станица на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Според пријавеното, претходно лицето се обидело да влезе небезбедно во автобусот, односно додека бил во движење на булевар, но тој не застанал со автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 20:20 часот ...

Државата ќе ги плати судските трошоци и адвокатите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за седумгодишното судење во предметот „Талир 2“, откако Апелациониот суд денеска ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер. Со одлуката завршува уште еден од големите предмети што произлегоа од истрагите на поранешното Специјално јавно обвинителство. Но, каков е вкупниот судски биланс на Груевски – за што е правосилно осуден, од што е ослободен, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека постои договор меѓу ВМРО и ДУИ за блокирање на работата на Собранието, со цел создавање алиби за распишување предвремени парламентарни избори. „Како алиби за распишување на избори, постои договор помеѓу Oрганизираната криминална група ВМРО и ДУИ, а тоа е да со процедурални интервенции од страна на пратеничката група на ДУИ се блокира работата на Собранието и тоа води кон предвремени избори“, ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните измерени температури низ Македонија во 14:00 часот (12:00 UTC). Највисока температура од 37,9 степени е измерена во Демир Капија и Гевгелија, а веднаш зад нив е Велес со 37,8 степени. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид се измерени 37,2 степени, додека во Петровец температурата достигна 36,8 степени. Високи температури се регистрирани и во останатите градови во државата: ...

Вчера во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е ...

42- годишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател. -Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни основи да врши ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не гледа раскол во партијата по различните ставови со поранешниот премиер Димитар Ковачевски околу изградбата на дата-центри. Откако Ковачевски саркастично ја коментираше одлуката на Советот на Пехчево да не даде зелено светло за иницијативата за дата-центар, иако Филипче претходно повика на пошироко обединување против вакви проекти, лидерот на СДСМ вели дека различното мислење не значи поделба. „Раскол на тоа ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени ...

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. ” Автопатска делница е во должина од 10 и пол километри, исклучително комплициран терен, исклучително тежок терен. Ќе имаме 5 тунели, 4 ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека постои договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со кој преку блокада на работата на Собранието би се создале услови за распишување предвремени парламентарни избори. Филипче рече дека информациите ги добиле во изминатите денови и оцени дека евентуалната институционална блокада би се користела како алиби за избори. „Постои договор помеѓу организираната криминална група на ВМРО и ДУИ, а тоа е со процедурални ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното ...

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ, Димитар Ковачевски, со саркастична порака реагираше на одлуката на Советот на Општина Пехчево да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар, со што практично испрати поинаков сигнал од актуелното раководство на неговата партија. „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај… што би правеле денес со вишокот вода“, напиша Ковачевски ...

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот, од кои пет се активни, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците од ЦУК, активни пожари има на повеќе локации низ државата: Во општините Студеничани и Зелениково (селата Моране, Вртекица, Рамни Габер со крак кон Палиград, како и над селото Вражале), каде гори мешана шума. На потегот меѓу ...

Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја одби жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за предметот „Талир“ и целосно ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски. Одлуката е донесена по одржана нејавна седница на 26.08.2026 година, по разгледување на сите списи во предметот и земајќи го предвид предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје. При одлучувањето, ...

На Инфективната клиника во Скопје во моментов се хоспитализирани 21 пациент кои се лекуваат од нервноинвазивна форма на заболувањето, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Кај 18 од хоспитализираните лица заболувањето е веќе лабораториски потврдено, додека за тројца пациенти сè уште се очекуваат резултатите од тестирањата. „Од овие во Клиниката за инфективни болести, 25 се излекувани и отпуштени дома, пет се смртни случаи, за ...

Бројот на заболени од западнонилска треска годинава е драстично зголемен. Во истиот период лани биле регистрирани само два случаи, додека годинава се евидентирани 53 пациенти. Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени. Во сите претходни ...

Во лекувањето на одделни пациенти учествувале од три до осум медицински лица и не може да се бара индивидуална одговорност само кај обвинетите, изјави техничкиот советник на одбраната, доктор Владимир Даниловски, на денешното судење за случајот „Онкологија“. Пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде им се суди на поранешниот директор Нино Васев и уште двајца онколози за несовесно лекување, Даниловски посочи дека вештото лице на ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за утрешниот ден (27.08.2026), со кој ја предупредува јавноста за високи температури кои ќе ја зафатат целата територија на државата. Според официјалното соопштение од УХМР, топлотниот бран ќе биде изразен во сите региони, поради што се препорачува дополнителна внимателност. „МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 27.08.2026: Високи температури на територијата на целата држава“, стои во ...

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре (27.08.2026) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Кисела Вода / Драчево. Утрото, во периодот од 05:00 до 07:00 часот, без струја ќе бидат жителите на улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и непосредната околина во општина Ѓорче Петров. Во општина Зелениково, прекин во снабдувањето со струја ќе има за дел од корисниците ...

Денеска започнуваме проект преку кој ја реализираме јасната визија на Владата, Македонија да ја направиме раскрсница на Балканот и своевидно „срце на Балканот“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на почетокот на изградба на автопатот Скопје – Блаце. „Кога оваа Влада беше формирана во 2024-та година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане ...

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, која ќе важи до 30 септември годинава, со цел да се олесни семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година. На денешната прес-конференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, информираше дека со оваа мерка трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти, додека трговците на мало ќе мора да ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76