Управата за хидрометеоролошки работи на својата официјална страна, издаде метео предупредување за денеска, 26.08.2026 година. -Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, соопштија од УХМР. Во метео предупредивањето стои и дека во Скопје, денес во ...

Во Скопје денеска ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето „Disrupting Harm“, кое за првпат нуди сеопфатен увид во природата и обемот на сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца овозможена преку технологијата во Северна Македонија. Истражувањето е дел од меѓународната програма „Disrupting Harm“, финансирана од Safe Online, а реализирана од ECPAT International, INTERPOL и Истражувачката и предвидувачка канцеларија на УНИЦЕФ – ...

Големиот пожар кој вчера повеќе од 13 часа беснееше во реонот на Клепа, кај селата Долно и Горно Чичево во Општина Градско, доцна синоќа е целосно изгаснат. Пожарот бил ставен под целосна контрола околу 22:20 часот од страна на екипите на Територијалната противпожарна единица Велес, со помош од нивните колеги од ТППЕ Кавадарци и Неготино. Во гаснењето учествувале и пет доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Неготино, ангажирани ...

УХМР ги објави температурите во осум часот низ Македонија, според што уште сега се навестува многу топол ден пред нас. Со 18 степени, Попова Шапка е местото со најниска утринска температура во Македонија, по што следи Берово со 20 степени. Демир Капија и Кавадарци со измерени 26 степени се најтоплите градови утринава. На Зајчев Рид се измерени 25 степени. Во Скопје ова утро во осум часот УХМР измери 24 степени. Денеска времето ќе биде сончево ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј. (18) и Н.П. (18), двајцата од село Брвеница, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според пријавата, на 12 април 2026 година во Тетово, пријавените физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од село Туденце, општина Јегуновце, при што ѝ нанеле повреди. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј. (18) и Н.П. (18), двајцата од село Брвеница, тетовско, ...

Владина делегација, предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала родната куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје, по повод нејзиниот роденден. По оддавањето почит, првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централната манифестација по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...

Денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места и делови од Скопје и скопскиот регион. Според информациите од ЕВН Македонија АД, дел од корисниците ќе останат без струја во различни временски интервали. Од 08:00 до 10:30 часот прекин ќе имаат корисниците во селата Летевци и Брезница, како и кај Тунел Катланово. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на ...

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 31 пожар на отворен простор, од кои три сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со ширење кон Палиград и Вражале, каде гори мешана шума. Пожар е активен и на подрачјето меѓу општините Гостивар и ...

Со свечено отворање кај Порта Македонија, денеска во Скопје започнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, која ќе трае до 5 септември. Настанот е посветен на одбележувањето на 10 години од канонизацијата на Мајка Тереза, родена во Скопје. Манифестацијата ја организираат Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и Заедницата на Хрватите во Република Македонија – Огранок Скопје. Програмата опфаќа духовни, ...

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци продолжува и денеска. Екипите ќе останат на терен сè додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови пожарот целосно да биде ставен под контрола, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Според Јанчев, досегашните сознанија и начинот на кој избувнал пожарот укажуваат на сериозни индиции дека тој можеби бил подметнат. Тој побара надлежните ...

Скопје денеска ќе функционира под посебен сообраќаен режим поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведе посебни мерки кои вклучуваат привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот на дел од скопските улици и булевари. Полицијата апелира до сите возачи и учесници во сообраќајот на трпение и ...

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа се очекува нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, постои услов за појава на пороен дожд и ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и за европски прашања, како и Буџетскиот совет. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледува годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и повеќе посебни извештаи на Антикорупциската комисија поврзани со финансирањето на ...

Сите мини во меѓународните води на Ормуска Теснина се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормуска Теснина. „Ќе има политика на нулта толеранција кон ...

Украина постепено ја губи војната со Русија и има уште неколку месеци за да донесе клучни одлуки што би можеле да го променат текот на конфликтот, оцени поранешниот украински министер за одбрана Михаило Федоров во интервју за Ројтерс. „Се наоѓаме на пресвртница што ќе ја одреди нашата иднина, но изгледа дека постепено, полека губиме“, изјави Федоров. Тој сепак смета дека Украина сè уште има шанса за победа, но мора итно да изработи сеопфатна ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да укине деловни и туристички визи за потенцијално до 200.000 странци кои поднеле барање за азил во САД или во моментов се во постапка за добивање азил. Доколку мерката биде спроведена во овој обем, тоа би било најголемото масовно укинување визи во еден потег во американската историја. Според документи на Стејт департментот до кои дошла „Асошиејтед прес“, мерката би се ...

Поранешниот украински министер за одбрана Михаил Федоров денеска оцени дека Украина се чини оти постепено ја губи војната против Русија и предупреди дека Киев има само неколку месеци за да донесе клучни одлуки со кои би можел да го промени текот на конфликтот. Федоров, чие разрешување по падот на владата на Јулија Свириденко предизвика повеќенеделни протести во повеќе украински градови, во интервју за „Ројтерс“ рече дека на Киев му ...

Бројот на првачиња во Македонија континуирано се намалува, но падот не може да се објасни само со нискиот наталитет. Споредбата меѓу бројот на живородени деца и бројот на ученици кои шест години подоцна се запишуваат во прво одделение покажува дека од секоја генерација недостигаат стотици, а во поновите години и илјадници деца. Во учебната 2017/18 година во прво одделение биле запишани 21.656 ученици. Во 2025/26 бројката паднала на 17.921, ...

Подготовката за новата учебна година и годинава носи значителен трошок за семејниот буџет. За основен училишен прибор со ранец потребни се најмалку околу 2.500 до 3.000 денари, додека за прваче, кое најчесто се опремува речиси од нула, сметката може да достигне од 5.000 до 10.000 денари. Најголем дел од трошокот отпаѓа на ранецот, чија цена годинава се движи од околу 1.000 денари за поедноставни модели, до 4.000 или 5.000 денари за поскапите. ...

Дата-центрите стануваат една од највредните инфраструктури на новата дигитална економија. Вештачката интелигенција, cloud услугите, банкарството, е-трговијата, државните електронски услуги и практично секој посериозен дигитален систем зависат од нив. Но паралелно со милијардите што се инвестираат во нови центри, во светот расте и отпорот поради огромната потрошувачка на струја и вода, влијанието врз локалната инфраструктура и релативно малиот ...

Во првите шест месеци од 2026 година од патарините во Македонија се собрани 1,92 милијарди денари, односно околу 31,2 милиони евра. Приходите се за речиси 22 милиони денари повисоки во споредба со истиот период минатата година. Просечно, во првото полугодие од патарините се собирале околу 320 милиони денари месечно, односно нешто повеќе од 5,2 милиони евра. Најфреквентна наплатна станица е патарината кај Тетово, додека најголем приход ...

Пожарникарите од Кавадарци, поддржани од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), продолжуваат со интензивните активности за целосно локализирање на пожарот кој изби кај кавадаречката депонија. Огнот во еден момент излезе надвор од границите на депонијата, но со брза и ефикасна реакција на противпожарните тимови беше брзо совладан, со што беа успешно заштитени околните лозови насади. „Пожарникарите цело попладне истураат тони вода ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја започнал воената офанзива врз Иран и покрај предупредувањата од разузнавачките служби, потпретседателот Џеј-Ди Венс и дел од високите воени советници дека конфликтот може да предизвика сериозни последици, објави „Волстрит џурнал“. Според весникот, тогашната директорка на Националното разузнавање Тулси Габард предупредила дека евентуалното убиство на иранскиот врховен лидер може да доведе до уште ...

Топлотниот бран што ја зафати Грција продолжува да носи екстремно високи температури, а особено тешки се условите во Атика, поширокиот регион на Атина, каде што и во доцните вечерни часови температурите достигнаа 32-33 степени Целзиусови. Според податоците на метеоролошката служба „Метео“ при Националната опсерваторија во Атина, високите температури во комбинација со високата влажност на воздухот создадоа услови на спарина и изразена жештина ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите мини поставени во меѓународните води на Ормутскиот Теснец се детонирани или отстранети, додавајќи дека Иран е предупреден дека секој брод што ќе постави нови мини ќе биде уништен. Трамп рече дека САД го следат „секој квадратен сантиметар“ од стратешки важниот теснец преку своите Вселенски сили. Ормутскиот Теснец е еден од клучните морски патишта за глобалниот транспорт на енергенси. ...

Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на седницата се разговараше за изработка на нова програма на Унијата на жени која ќе се базира на пет стратешки ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли тврдењата на опозицијата дека би можел да ја напушти Србија доколку ги загуби изборите, порачувајќи дека нема причина да бега од земјата и дека ќе остане во Србија без оглед на исходот. Реакцијата следуваше по изјавите на претседателот на Демократската партија Срѓан Миливојевиќ, кој тврдеше дека Вучиќ ќе се обиде да ја напушти земјата по евентуален изборен пораз. „Зошто да бегам?“, праша Вучиќ, ...

Нови детали се објавени за убиството на 45-годишната Лулјета Обзова во атинската населба Неа Смирни. Според грчките медиуми, жената била застрелана од 48-годишниот Алтин Алмуча, кој веднаш потоа се самоубил. Полицијата ја истражува нивната врска и околностите што му претходеле на злосторството. Снимките од безбедносните камери покажуваат дека мажот ја чекал пред зградата во која живеела. Кога излегла, ѝ пришол и пукал во неа, по што се ...

Во Општина Ѓорче Петров оваа година за првпат во училишните клупи ќе седнат 410 првачиња. -Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување, објави градоначалникот Александар Стојкоски. Додава дека обезбеди се 410 бесплатни анатомски ранчиња, училишен прибор за секое прваче, бесплатна ужинка и 3.000 ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон Ретклиф, денеска пристигнал во Москва на ненајавена посета и треба да одржи повеќе состаноци, објавија американски медиуми повикувајќи се на извори запознаени со посетата. Засега ниту Вашингтон ниту Москва официјално не ја соопштија причината за неговото патување. Посетата беше откриена откако американски воен транспортен авион „Ц-17 Глоубмастер“ слетал на московскиот аеродром ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32