По големиот успех на претходните изданија, Халкбанк со гордост го претставува третото продолжение на кампањата Фустани со џебови — иницијатива која и оваа година го става женското претприемништво во прв план. Кампањата и понатаму го негува својот автентичен пристап и препознатлив глас, но овојпат со нов, значаен фокус: одржливоста. Во Фустани со џебови 3 се запознаваме со шест инспиративни приказни за сопственички на мали бизниси кои не само што ...

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, поставена според текстот на британската драматуршката ѕвезда Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматуршка обработка на Викторија Рангелова-Петровска. Оваа силно ангажирана и емоционално набиена претстава ни носи интензивен театарски јазик и провокативен пристап, кој преку 24 фрагментирани ...

Во светот на модата, каде што креативноста и иновацијата се клучни, соработката помеѓу LEGO и Nike претставува свеж и неочекуван пристап кој веднаш го привлече вниманието на јавноста. Двата гиганти од различни индустрии – едниот симбол на спортскиот стил и иновација, а другиот синоним за креативна игра и детска радост – се здружија за да создадат нешто навистина уникатно: новата Air Max DN LEGO Edition, која ќе биде достапна од август 2025 ...

Националната опера и балет со голема чест ја најавува изведбата на оперското ремек-дело „Турандот“ од Џакомо Пучини, што ќе се одржи на 27 мај 2025 година, со почеток во 20:00 часот. Настанот е дел од програмата на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Со оваа раскошна продукција ќе диригира италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, додека режијата, сценографијата и костимографијата се потпишани од еден од најзначајните имиња на ...

Овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал, кое се одржува од 13 до 24 мај, уште еднаш го потврдува статусот на Кан како глобална престолнина на филмската уметност. Оваа година, фестивалот нуди богата програма на долгометражни остварувања, кои истражуваат човечки емоции, општествени конфликти и физички трансформации. Од психолошки драми до телесен хорор и историски трилери – Кан 2025 го нуди сето тоа, а и повеќе. „Sentimental Value“ – ...

Со „џебови“ полни со идеи и соништа, дизајнерката Мирјана Јосифовска го гради првиот македонски бренд за шапки кој слави женска независност, феминизам и еко-свесност. Во рамки на третото издание на кампањата Фустани со џебови, Мирјана ја отвора својата приказна – за модата како алатка за промена, за шапките како симбол на самодоверба и за тоа како се гради одржлив бизнис од мали парчиња текстил и големи визии. Како се охрабривте да го направите ...

Во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе едно од ремек-делата на светската оперска уметност – „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е гостинот од Италија, Марко Боеми, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. ...

Машката мода во последните неколку години минува низ значајна трансформација, каде што класичниот костум, неутралните бои и „сигурните“ комбинации се заменети со личен израз, неконвенционални избори и визуелна храброст. Јавните фигури од новата генерација — особено актери и музичари — активно го користат модниот јазик за да комуницираат став, идентитет и однос кон машкоста. Тоа не е случаен избор, туку намерна дистанца од старите модни правила. ...

По повод 25-годишнината од лансирањето на култниот парфем Light Blue, Dolce&Gabbana ја претставува новата кампања, снимена на островот Капри. Овој пат, брендот ги ангажира италијанската топ-моделка Викторија Черети и британскиот актер Тео Џејмс, познат по улогата во серијата The White Lotus, како нови амбасадори на својот најпознат мирисен пар. Кампањата, режирана од Гордон фон Штајнер, претставува современа интерпретација на оригиналната ...

Адидас повторно поставува нови стандарди во светот на модата – овојпат со колекција која е наменета не за луѓе, туку за нивните најверни придружници: милениците. Под слоганот „Спортски дух, секогаш заедно“, германскиот спортски гигант ја лансира својата прва линија облека и додатоци за кучиња и мачки, инспирирана од иконските силуети и функционалниот дизајн по кои брендот е познат. Колекцијата вклучува стилски тренерки, лесни јакни отпорни на ...

Во свет каде дизајнот сè повеќе се вреднува не само по изглед, туку и по приказната што ја раскажува, едно македонско креативно студио направи пробив на светската сцена. Скопската маркетинг агенција Why Agency освои бронзена награда на престижниот A’ Design Award во Италија, во категоријата „Giftware Design“. Наградениот проект е адвент кутија со накит, дизајнирана специјално за македонскиот бренд Smaragd 1969, познат по својата елегантна и ...

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ ќе се одржи од 3 до 14 јуни во неколку културни институции во Скопје: МСУ Скопје, МКЦ, КСП Центар-Јадро и Театар Комедија. Овогодишното фестивалско издание, со темат ЈУГОКВИР цели да ги истражува контрахегемонистичките конфигурации на родово и сексуално отелотворување во квир (феминистички) изведувачки уметности и социо-културни практики за време на социјалистичка Југославија и по неа, како и ...

Постојат ли воопшто „старите добри времиња“? Ќе дојдат ли некои нови подобри, или веќе ги живееме? Носталгија или оптимизам за иднината – што е посилно? Ќе се разберат ли некогаш генерациите што ретко зборуваат заеднички јазик? Халкбанк заедно со популарните јутјубери Бајкерот и Кросфитерот се во потрага по одговорот на овие прашања, поставени во форма на дискусија во која сите страни се еднакво вклучени. На каналот на Јутјуб на Бајкерот и ...

Пролетта е совршено време за нови искуства и истражување на скриената убавина на нашата земја. Свежиот воздух, нежните сончеви зраци и бујната вегетација создаваат идилична атмосфера која ќе ги разбуди сите ваши сетила. Од високите планински врвови до мирните езерски брегови и жуборливите водопади, пролетта ги истакнува најубавите аспекти на македонската природа. Во овој период, пејзажите добиваат посебна магија, а секое патување станува ...

Светот на уметноста, музиката, пишувањето и дизајнот е во постојана еволуција, но неодамнешниот наплив на вештачка интелигенција која може да генерира креативна содржина отвора фундаментални прашања за природата на автентичноста и човечката креативност. Од слики создадени од алгоритми до музички композиции кои евоцираат специфични емоции, ВИ станува сè помоќен соработник, но и потенцијален предизвик за традиционалните форми на уметничко ...

Ден по хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска во МКЦ, емоциите кај сите „спласнуваат“, впечатоците се сумираат, но важно е она што ќе остане. Преку своја лична изјава, Тамара Тодевска се заблагодарува до сите присутни кои вчера беа дел од концертот во МКЦ и донираа за погодените од трагедијата во Кочани: Вчеравечер потврдивме дека само музиката и уметноста ја имаат моќта да обединат, да мобилизираат луѓе од сите генерации околу вистински ...

Скопје, 8. 05. 2025 г. – А1 Македонија со гордост го објавува официјалниот старт на иновативната платформа за едукација, А1 Школа за одговорни инфлуенсери, како дел од програмата #ПодобарОнлајн и дел од континуираната посветеност на промовирањето одговорно онлајн однесување. Ова уникатно онлајн училиште е креирано со цел да ги унапреди знаењата и вештините на инфлуенсерите, креаторите на содржини и сите активни учесници на социјалните мрежи во ...

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана беше претставена изложбата „ДУМА“ на дизајнерката Сташа Божиновска – колекција на уникатен накит инспириран од македонската азбука и лексичкото наследство. Изложбата беше дел од свечената програма по повод 5 Мај – денот кога во 1945 година е донесено решението за македонската азбука, ...

По предлогот на НУ РСМ Македонски народен театар, наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ за оваа 2025 година ѝ е доделена на Снежана Коневски-Руси (1952), актерка. Снежана Коневски-Руси, легенда на македонскиот театар, филм и култура, повеќе од пет децении е дел од театарскиот филмски репертоар во земјава. Нејзината актерска кариера низ децении тивко и непрекинато ниже широк дијапазон на ликови на сцената на МНТ и на други сцени. ...

Девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе се одржи од 6 до 13 јуни. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска денеска ја објави програмата за претстојниот фестивал. Собранието на фестивалот, ги избра и наградените за животно дело. Тоа се актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и ...

Шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал, што ќе се одржи од 13 до 19 мај, ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа. – Програмата не е составувана според трендови, туку вредности. Секој артист е избран врз основа на квалитет, оригиналност и ...

Денеска, 6 мај во ИТ хабот Нетавил во Скопје, со почеток од 18ч ќе се одржи промотивен настан за третото издание на фестивалот Стрип Трип. Како дел од промотивниот настан, илустраторите Симон Калајџиев и Белкис Аксу ќе ги престават своите дела и инспирациите што стојат зад нив. Дополнително, ќе се одржи и цртачка „џем“ сесија со дел од најактуелните автори во македонскиот стрип. Во текот на вечерта, ќе бидат споделени и дел од содржините што се ...

Во рамки на 21то издание на фестивалот Танц Фест, вечерва (5 мај 2025) со почеток во 20:00 часот, на сцената на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи уште една значајна вечер посветена на современата танцова уметност. Публиката ќе има можност да проследи четири моќни и концептуално различни изведби во продукција на Скопје танцовиот театар, во соработка со домашни и меѓународни уметници. Ќе се изведат кореографиите “Ехо на баронот“, во ...

Во ерата кога културата нема граници, доаѓа соработка што ги обединува трите највлијателни светови денес – музиката, модата и спортот. Американскиот рапер и моден визионер Travis Scott, преку својот култно препознатлив бренд Cactus Jack, се здружи со фудбалскиот гигант FC Barcelona и глобалната музичка платформа Spotify – за создавање на уникатни дресови што се повеќе од спортска опрема. Новите дресови, кои премиерно се појавија на теренот, се ...

На 7 мај (среда), со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата „Слика со песна“ – редок културен настан што ги обединува сликарството и поезијата во уникатна уметничка симбиоза. Оваа изложба претставува интермедијална и интертекстуална платформа на која се претставени оригинални ликовни дела инспирирани од поетски текстови на некои од најзначајните македонски поети. Преку внимателен ...

Кога еден технолошки бренд кој е посветен на иновации ќе излезе во природа и ќе ја покани јавноста на заедничка акција за чистење, зад тоа стои добра причина. VIVAX ова го прави по втор пат, бидејќи како што велат, грижата за животната средина е исто толку важна колку и иновативната и паметна технологија. По успешниот еко-настан во ноември минатата година, оваа сабота, на 3 мај, ќе се одржи второто издание на „VIVAX Чистка на Водно“, за кое ...

Кантавторката Дина Јашари го објави својот нов сингл „Градот“, заедно со видео спот, со кој официјално го најавува нејзиниот нов звучен израз. „Градот“ претставува нова етапа во музичкото патување на Јашари, откривајќи свеж звук кој ја зацврстува нејзината позиција на македонската, но и на пошироката балканска музичка сцена. Песната е интимна посвета на Скопје, што е вешто пренесено преку визуелниот приказ на автентични локации од градот во ...

На 8 мај во 18:00 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а режијата ја потпишува Билјана Јовановска. Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат ...

Некои песни се безвременски… Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење… „Време (е) за ...

Со новата колекција CosNY Arizona, германскиот гигант Birkenstock уште еднаш потврдува дека удобноста и стилот не се исклучуваат — туку се надополнуваат. Под знакот на премиум линијата 1774, овие сандали претставуваат современа интерпретација на култниот модел Arizona, преточен во нешто што изгледа како меѓу уметнички предмет и функционално секојдневие. Обложени со мек, обемен материјал што наликува на перничиња, CosNY Arizonas ги надминуваат ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
71%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
56%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
7.72
75%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
6.28
80%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
89%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
47%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
64%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
68%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.47
37%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
63%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
73%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71