Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во Македонија започнува нов национален културно-образовен музички проект за деца – „Музичка фабрика“, иницијатива создадена со цел да ја поттикне, развие и афирмира детската музичка креативност преку професионална работа и оригинална продукција. Проектот е наменет за деца на возраст од 6 до 13 години, а учеството е бесплатно. „Музичка фабрика“ претставува платформа на која талентот се препознава и се негува од самиот почеток. Од првите ...
Следниот месец, Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција „Artist Republic 2026“, која ќе се одржи на 14 и 15 март во хотел „Александар Палас“. Претходните две години се одржуваа настани со сличен концепт, но годинава настанот го надминува локалниот формат и ќе ги обедини најталентираните уметници од целиот свет, промовирајќи ја тату културата како вистинска уметност и начин на индивидуално изразување. На конвенцијата ќе ...
Маските за лице повторно стануваат тема во разговорите за убавина, но не како мал домашен спа-ритуал, туку како вистински функционален чекор во модерната нега на кожата. Во време кога кожата е под постојан стрес од екрани, загадување, хормонални промени и недостиг од сон, маските стануваат таргетиран третман, а не само дополнителен чекор. Клучното прашање денес не е која маска е највирална, туку: која маска навистина одговара на мојата кожа? ...
Дисциплината, трпението и чувството за детали што ги бара професионалниот спорт, кај Стефан Мицов добиле неочекувано продолжение – во парфемеријата. Активен тениски репрезентативец кој и денес ги брани боите на нашата земја, паралелно со спортската кариера, Мицов е и креатор на персонализирани парфеми и основач на брендот Sc3ntov. Тој зборува за својот пат кон создавање парфеми, за интуицијата и знаењето зад секоја мирисна композиција и за ...
Опасно е уметноста да граничи со цензура. А потоа вистинска трагедија кога е длабоко во нејзините канџи. Низ историјата има доста примери за тоа како таа ја замолчува индивидуалноста, вистината и способноста да се биде слободен, наспроти толку многу потчинетост. Изворот за нејзиното постоење е големиот страв од еманципација, што е токму причината зошто е длабоко вкоренета во моќта. Во филмот, цензурата не е воопшто нова појава. Можеби никој ...
Инспириран од Баухаус филозофијата, брендот БАУ создава современ накит што балансира помеѓу форма и функција, минимализам и силно визуелно присуство. Во интервјуто со дизајнерката Ана Стојановска, зад брендот БАУ, разговараме за геометриската прецизност како визуелен јазик, за накитот како wearable art и за интуитивниот креативен процес во кој материјалите, телото и движењето стануваат дел од истата приказна. Вашиот бренд црпи инспирација од ...
Има еден посебен момент дома. Го отвораш фрижидерот, го здогледуваш тоа познато портокалово шише Fanta и веднаш си помислуваш на газираноста и на тој единствен и неодолив вкус на портокал. На масата има грицки, пица, натпреварот само што не започнал – забавата веќе e дома. Тоа е тој едноставен, но веднаш препознатлив момент во новата кампања „Fanta е дома“. Со кампањата се одбележуваат малите, секојдневни моменти во кои Fanta е неизоставен ...
На 30 јануари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија, Националниот џез оркестар ќе ја отвори концертната сезона со концерт насловен National Jazz Orchestra with String Ensemble. На концертот, Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со гудачки ансамбл составен од музичари на Националната опера и балет. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова ...
Naj Oleari со децении е симбол на италијанска разиграност, боја и женственост. Бренд кој секогаш знае како да внесе доза радост и фантазија во секојдневната рутина, овојпат ја претставува својата нова колекција на beauty сетови инспирирани од најслатките моменти. Овие сетови не се само шминка – тие се мало задоволство, визуелна и текстурална игра која го претвора шминкањето во личен ритуал. Од кремасти текстури и богати пигменти, до неодоливи ...
Со големо задоволство го најавуваме новиот материјал на најуспешниот македонски електронски изведувач, Кирил Џајковски. Неговиот нов албум Memory Paradoxe ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со своите соработници во изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл ...
Луксузниот моден бренд Balenciaga и најсилната кошаркарска лига во светот, NBA, официјално ја претставија својата заедничка колекција, со што уште еднаш ја потврдија доминацијата на спортската естетика во современата висока мода. Соработката претставува спој на урбаниот дух на кошарката со препознатливиот авангарден и минималистички израз на Balenciaga. Колекцијата вклучува готова облека, кожни јакни, дуксери, маици, капи и модни додатоци, ...
Македонскиот народен театар, 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена. Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно ...
Bridal колекцијата ESSENCE 2026 е инспирирана од жената – од суштината на нејзиното битие, од нејзината внатрешна, раскошна убавина и од љубовта како вечен двигател на животот. Таа ја слави автентичната женственост, слободата да се биде своја и убавината што произлегува од самодовербата и радоста. Како централен мотив на колекцијата се појавува пеперутката – еден од најмоќните и најубави симболи во светот. Таа ја претставува трансформацијата, ...
Во новата колекција „The Tenth Wagon“, модната дизајнерка Стефанија Капсарова не нуди само облека, туку целосна нарација за жената како жив, подвижен систем – дом што патува, се распаѓа и повторно се составува. Преку архитектонски кроеви, внимателно избрани материјали и длабоко промислен визуелен јазик, Refined Rebel отвора разговор за трансформацијата како лична, естетска и општествена состојба. Ова интервју не се обидува да ја „објасни“ ...
Леана Таќи, позната под уметничкото име Леа, го објави својот втор сингл откако во октомври го најави својот прв самостоен албум. Новата песна со наслов „Мрак“ е реализирана со истата креативна екипа која стои зад претходниот сингл „Чекање“, продолжувајќи ја нејзината интимна и емоционално зрела музичка линија. Леа се потпишува како автор и текстописец на песната, додека на аранжманот учествуваат Виктор Николовски на бас-гитара, Никола ...
Во пријатна и опуштена атмосфера, љубителите на парфеми, инфлуенсери и медиумски претставници имаа можност да присуствуваат на специјален бранч посветен на парфемската линија на Pepe Jeans London. Настанот беше посветен на запознавање со парфемскиот идентитет на брендот, кој веќе со децении ја негува урбаната естетика инспирирана од Лондон. Основан во 1973 година во областа Portobello Road, Pepe Jeans London е бренд кој својата автентична ...
По пет години постоење, Studio1 наместо класична ретроспектива избира свесен творечки ризик – монографијата „Thirty Days / One Studio“. Наместо да се навраќа наназад, Антонио Станков се одлучува за интензивен процес на создавање, архивирање и целосно присуство во сегашниот момент. Триесет дена, едно студио, нови едиторијали и луѓе со кои низ годините изградил заедничка креативна историја. Во овој разговор, Станков зборува за сопствената ...
Овој јануари на Netflix носи внимателно курирана програма што се движи меѓу класичната детективска традиција, современите психолошки драми, вознемирувачки документарци и приказни за љубовта во сите нејзини сложени облици. Понудата е богата, жанровски разновидна и тематски зрела – доволна причина јануарските вечери да поминат пред екран. Agatha Christie’s Seven Dials Премиера: 15 јануари Една раскошна забава во англиска селска вила завршува со ...
Почетокот на годината секогаш носи одредено смирување во модата. По сезоните на нагласени трендови и визуелна врева, вниманието повторно се враќа кон формата, материјалот и начинот на кој едно парче се вклопува во секојдневието. Кај торбите, тоа значи помалку експерименти заради ефект и повеќе промислен дизајн што трае подолго од една сезона. Овие пет модели се издвојуваат токму поради таа рамнотежа – современи се, но не се наметливи. Loewe ...
Младите уметници и креативци до 29 години имаат можност преку својата уметност да проговорат за корупцијата, политичката одговорност и потребата од транспарентност, преку јавен повик „Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиот интегритет низ очите на младите“. Повикот е наменет за визуелни уметници, дизајнери и креативци кои работат со илустрација, постер, графички дизајн, дигитален колаж или други форми на дигитален визуелен израз. ...
Во време кога младите сè почесто се третираат како пасивни набљудувачи, Кики Мукаетова упорно го гради спротивниот наратив – младите како активни учесници, мислители и креатори на промени. Со новата сезона на „Низ град со Кики“, таа отвора простор каде средношколците зборуваат отворено за притисоците, дилемите, надежите и стравовите со кои живеат секојдневно, и тоа во медиум со национална тежина каков што е МРТ. Од менталното здравје и ...
Во празнична и опуштена атмосфера, тимот на Artdeco Macedonia организираше beauty настан и панел-дискусија посветена на празничниот make-up и трансформацијата од дневен во вечерен изглед. Настанот помина во знак на инспиративен разговор, практични совети и непосредно искуство со производите на Artdeco – бренд кој со години е препознатлив по своите квалитетни формули, иновативен пристап и доследна естетика што успешно ги следи светските ...
Прелетајте покрај ѕвездите и откријте го новиот мирис Emanuel Ungaro Moon. Доловувајќи ја магијата на месечева ноќ под космичко небо исполнето со ѕвезди, овој Eau de Parfum ве носи на патување кон светот на соништата. Emanuel Ungaro Moon започнува пат каде што соништата и судбината се испреплетуваат. Нејзините моќни манифестации ја надминуваат границата на реалноста, водени од мистичен сјај. Во сонот, таа отклучува волшебен универзум во кој ...
На 16 декември, во легендарниот „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5. јубилејно издание на гала-манифестацијата „Златна Олимпија 2025“. На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, претставници на дипломатскиот кор ...
Во светот на Зарина Првасевда, музиката не е жанр, ниту форма што се учи и совладува – таа е состојба на постоење. Нејзиниот вокален израз се движи меѓу традициите, културите и внатрешните пејзажи на човековата емоција, каде што дисциплината на занаетот се среќава со целосна интуитивна препуштеност. Во пресрет на концертот „Кадифено“, интимна музичка средба што ќе се случи со специјалните гости Џенк Ердоган и Ахмет Алан, Зарина зборува за ...
Соопштение за медиуми: Отворање на ретроспективната мултимедијална изложба посветена на Ратка и Димче Протугер „Рефлексии“ во Чифте Амам Атриум го најавува отворањето на ретроспективната мултимедијална изложба насловена „Рефлексии“ во Националната Галерија Чифте Амам на 20 декември со почеток од 19 часот, што ќе приближи поглед кон животот и творештвото на непокорните брачни другари, партизанката и авторка Ратка Ковачева Протугер и ликовниот ...
Armani Privé ја претставува префинетата и интимна страна на парфемскиот универзум на Џорџо Армани, каде што тивкиот луксуз, прецизноста и вниманието кон деталите се во центарот на секоја мирисна приказна. Секој парфем од линијата Armani Privé е создаден како индивидуално искуство – внимателно композиран, со јасен карактер и емоција, наменет за оние што ја ценат суптилноста и автентичноста. На нас, како Портрет продукција, ни беше особена чест ...
Во време кога науката и убавината се неразделно поврзани, на македонскиот пазар пристигнуваат два глобално признати дермокозметички бренда кои веќе со години ги поместуваат границите на неинвазивната нега: Fillerina и Crescina, дел од портфолиото на реномираната швајцарска компанија Labo Suisse. Основана во Базел во 1986 година, Labo Suisse својата репутација ја гради врз научна извонредност, швајцарска прецизност и континуирана инвестиција ...
Од фудбалските терени во Македонија и регионот, до индивидуалната борба на атлетските патеки, спортскиот пат на Теа Божиновска е приказна за истрајност, дисциплина и тивка ментална сила. Во средина што ретко нуди идеални услови за младите спортистки, таа рано учи дека успехот не се гради само на талент, туку на секојдневна работа, фокус и лична одговорност. Во ова интервју, Божиновска зборува за првите чекори во фудбалот, преминот кон ...
Тамара Котевска беше поканета на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот ONE BATTLE AFTER ANOTHER со целиот каст: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Теклор, Чејс Инфинити, Регина Хал. Како член на Академијата и гласач, Тамара Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу 30тината избрани и поканети холивудски гласачи на ВИП ручекот и дискусија со холивудските актери од ONE BATTLE AFTER ANOTHER на Пол Томас ...