
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Во новата колекција марами, Gucci повторно се навраќа кон легендарниот Flora мотив — симбол на женственост, елеганција и непрекината врска со природата. Но, ова не е само враќање — туку преродба. Со свежа креативна интерпретација, класичниот цветен дизајн сега пулсира со современа енергија и боја, поставувајќи го традиционалното во контекст на модерниот стил. Flora за првпат беше илустрирана во 1966 година од италијанскиот уметник Виторио ...
Со доаѓањето на пролетта, нашата кожа како и природата – се буди. По студените зимски месеци, кога кожата често е дехидрирана, сува и без сјај, пролетта е идеален момент да ѝ овозможиме нов почеток. Еден од најефективните и наједноставни чекори за обновување и освежување е редовната употреба на маски за лице. Без разлика дали се за хидратација, детоксикација, смирување или осветлување, маските се брз и концентриран начин да ѝ дадеме на кожата ...
Волшебниот свет на Хари Потер се враќа на нашите екрани преку долгоочекуваната HBO серија. Серијата ќе се емитува во текот на 10 години, а секоја сезона ќе биде автентична адаптација на оригиналните романи на J.K. Rowling. Оваа амбициозна серија ќе има седум сезони, а креаторите ветуваат дека ќе биде „верна адаптација на иконските книги“, при што секоја сезона ќе нурне длабоко во наративот на една од книгите. Премиерата е планирана за крајот на ...
Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје ќе бидат изложени во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија на 24 април 2025 година. Конципирана од 87 дела од колекцијата на МСУ, во најголем дел од македонски автори, изложбата е насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“ и ќе биде отворена десет месеци. Проектот е во рамките на програмата од национален интерес на ...
Coachella 2025 ја потврди својата репутација како глобална сцена не само за музика, туку и за иновативен брендинг и искуствен маркетинг. Оваа година, фестивалот стана лабораторија за брендовите кои сакаат да ги трансформираат своите пораки во незаборавни искуства. Клучни маркетинг трендови на Coachella 2025 Искуствени зони што ги надминуваат очекувањата Брендовите како Aperol, American Express и Pinterest создадоа уникатни простори што ги ...
Уметноста, како една специфично човечка активност, низ историјата континуирано се трансформирала. Служи и како огледало и како водич, рефлектирајќи ги не само сложеноста на човечкото искуство, туку и нашето постојано преиспитување за тоа како се справуваме со светот. Уметноста ги доловува моментите на трансформација и суптилните промени на свеста што го придружуваат човештвото на неговото патување низ времето. Често, токму преку уметноста, ...
Серијата „Adolescence“ го освои светот кога се појави на Нетфликс минатиот месец, достигнувајќи неверојатни 66.6 милиони гледачи во првите две недели. Драмата за 13-годишно момче уапсено за убиство првично беше замислена како мини-серија, но нејзиниот огромен успех ги поттикна разговорите за втора сезона. Продуцентската куќа на Бред Пит, „План Б“, сега е во преговори за продолжување на серијата. Ко-претседателите на компанијата, Деде Гарднер и ...
Здружението за еднакви можности Мрежа Стела во рамките на регионалниот проект „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција во Северна Македонија го изработи Прирачникот за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор. Авторка на прирачникот е нашата менторка, професорката Ангелина Станојоска од Правниот Факултет при Битолскиот универзитет „Св. ...
Фино мелениот зелен чај во прав, со живописна смарагдно зелена боја и карактеристичен, богат вкус, доживува невидена глобална популарност. Привлечноста на мачата не лежи само во естетски пријатниот изглед на мача лате, вирално на социјалните мрежи, туку и во бројните здравствени бенефити кои се поврзуваат со нејзината консумација. Богата со антиоксиданси, Л-теанин кој помага за опуштање и подобрување на фокусот, како и други корисни нутриенти, ...
Во светот на модата, каде што гламурот често ја засенува економијата зад сцената, се случи потег што не ја потресе само индустријата, туку го сврте вниманието на целиот свет: францускиот луксузен гигант LVMH (Moët Hennessy Louis Vuitton) ја купи познатата италијанска модна куќа Versace. За многумина ова можеби звучи како уште една деловна вест, но всушност се работи за историски момент што го менува начинот на кој ќе се обликува иднината на ...
Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата. Во ...
Веста за соработката помеѓу култните Мелем и Краш , предизвика вистинска еуфорија кај сите оние кои пораснаа со нивните производи. Нивната заедничка колекција на козметика, која ги комбинира добро познатите квалитети на Мелем со носталгичните мириси на Кики бонбоните, многу брзо ги освои срцата на потрошувачите и веќе се вистински хит. Засега, овие слатки носталгични производи се достапни само на хрватскиот пазар. Сепак, големиот интерес и ...
Во последните години, сè повеќе луксузни модни куќи влегуваат во светот на гастрономијата. Но, ова не е само уште една бизнис експанзија – тоа е внимателно кроена стратегија. Со отворање на свои ресторани, кафулиња и барови, модните брендови ја продолжуваат својата естетика во просторот каде што луѓето јадат, уживаат и се сликаат – правејќи ја модата дел од нивната секојдневна култура, а не само од гардеробата. Овие објекти не се само места за ...
Во светот на CHANEL, секоја торба е повеќе од моден додаток – таа е изјава, момент, икона. А новиот модел CHANEL 25 е токму тоа: храбар чекор напред со длабоки корени во богатото наследство на куќата. По патеката на безвременските модели како 2.55, Boy, 19 и Classic Flap – сите редом бестселери и симболи на стилот – CHANEL 25 пристигнува како нова визија на елеганција, прилагодена на денешниот дух. Со силуета што нежно потсетува на bucket bag, ...
Во светот на дизајнот, дури и најобичните предмети може да бидат платно за креативност. Пасошите, документи што ги носиме низ границите и државите, долго време биле сфатени само како административна нужност. Но последниве години, сè повеќе држави почнуваат да им посветуваат внимание не само на безбедносните елементи, туку и на естетиката на пасошот како визуелна визит-карта на една нација. Од минимализам до традиционални мотиви, дизајнот на ...
Сараевското народно позориште ќе биде наш драг гостин на 21 и 22 мај 2025 година, со две претстави. На 21 мај во 20:00 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан Рибиќ, Сара Сексан, Белма Салкуниќ-Бектешевиќ, ...
Италијанскиот луксузен бренд Ferragamo е основан во 1927 година од Салваторе Ферагамо – човек со уникатен креативен дух кој стана симбол на луксуз, елеганција и модна иновација. Неговата визија го постави брендот како лидер во модната индустрија, познат по беспрекорната изработка, врвниот квалитет и вниманието на деталите. Во 1998 година, Ferragamo го проширува својот свет со лансирање на првиот парфем, отворајќи нова страница во историјата на ...
На 13 ноември во 20:00 часот премиерно ќе се одржи голем сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски. Во оваа претстава ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината. Претставата ќе претставува аудиовизуелно ...
Скопје Marriott хотел отсекогаш бил синоним за врвна угостителска услуга и кулинарска извонредност, а со доаѓањето на Дејан Глигоров како нов Executive Chef, гастрономската сцена добива свежа доза на иновација, страст и одржливост. Со искуство стекнато во светски познати кујни, особено во Лондон, Дејан се враќа во својот роден град со амбиција да воведе нови гастрономски трендови и да го подигне нивото на кулинарското искуство во Marriott на ...
PUMA и светот на Хари Потер се спојуваат во нова модна соработка која веќе го привлекува вниманието на фановите на поп-културата и уличната мода. Колекцијата, инспирирана од атмосферата на Хогвортс, куидичот и фудбалските класики, претставува спој на магијата и спортскиот дух, создавајќи уникатни парчиња кои ја одразуваат естетиката на волшебниот свет, но во јазикот на современата улична култура. Преку внимателно дизајнирани патики и облека, ...
Сигурно деновиве на социјалните мрежи видовте барем една АИ-генерирана илустрација или видео во стилот на Студио Гиблин: лични фотографии, филмски сцени, спортски моменти, политички фигури и слично. АИ-генерираните слики не се ништо ново, но овој АИ-стил на Гибли се издвојува по својата посветеност на деталите и емотивната длабочина. За разлика од стандардните АИ-алатки кои создаваат генерички хиперреалистични ликови, оваа ја доловува суштината ...
Во светот на убавината и нега на кожата, корејската козметика стана глобален феномен кој ги освојува срцата на милиони. Препознатлива по своите иновативни формули, внимателно одбрани природни состојки и беспрекорни резултати, таа станува сѐ поприсутна и на македонскиот пазар. Денес разговараме со Стефанија Златку, сопственичка на онлајн продавницата Yeppeuda, која со голема страст и визија ја донесува магијата на корејската козметика поблиску до ...
Македонскиот моден бренд “Be.” постигна значаен успех на меѓународната сцена – фотографија од нивната најнова, сè уште необјавена колекција Be. WANTED е објавена на престижната платформа Photo Vogue. Ова признание ја позиционира “Be.” како дел од глобалниот креативен дијалог во современата мода и уметност. Фотографијата, дело на креативниот фотограф Дарко Митев, е снимена во рамките на фотосесијата за Be. WANTED, колекција што официјално ќе биде ...
Во светот каде гастрономијата се претвора во уметност, а храната е израз на статус, чоколадото одамна го надмина своето скромно потекло. Од древните ритуали на Маите и Ацтеките, до луксузните бутици во Париз, Токио и Дубаи, какаото денес е симбол на префинетост, страст и ексклузивност. Луксузните чоколади не се само за јадење – тие се доживување. Со злато, тартуфи, ретки сорти какао и необични вкусови, овие чоколади се создадени за да го ...
Факултетот за ликовни уметности – Скопје оваа година одбележува значаен јубилеј – 45 години од своето постоење. Во текот на четири и пол децении, ФЛУ се изгради како реномирана високообразовна институција, центар на креативност, уметничко истражување и развој, а клучната улога во оваа приказна ја имаат токму студентите – младите уметници кои со своите идеи, труд и талент ја дефинираат иднината на уметноста во Македонија. Нивните приказни и ...
Скопје, 27 март, 2025г. – Националната иницијатива за развој на вештини во вештачка интелигенција, со гордост го најавува почетокот на AI Fest 2025, најголемиот настан посветен на вештачката интелигенција во регионот. Фестивалот ќе се одржува од 8 април до 5 јуни 2025 година, во новите простории на Семос Едукација, лоцирани на Кејот на реката Вардар. Фестивалот ќе трае 50 дена обележувајќи го 50тиот роденден на Microsoft, и ќе вклучи низа ...
Премиера на театарската претстава „Олд Сејбрук“ и прикажување на групната меѓународна изложба ПЕРИФЕРИИ На 26.03.2025 во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ. Претставата „Олд Сејбрук“, која е дел од меѓународниот проект ПРОСПЕР и е инспирирана од уметничката резиденција одржана во Охрид, го отвора прашањето за односот на поединецот кон природата. Двата пара елегантни ...
Вечерва, 24 март со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најпопуларните и најгледани балетски претстави за деца, „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет. Претставата е од хуманитарен карактер, a собранитe средства од претставата ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани. Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија ...
На 20 февруари 2025 година, Veja го претстави својот најнов модел на патики наречен Panenka. Моделот Panenka од Veja е инспириран од фудбалската естетика и носи ретро-спортски дух во модерна, еколошка изведба. Дизајнот се одликува со чисти линии, минималистички изглед и комбинација на висококвалитетни одржливи материјали. Горниот дел е изработен од веганска кожа и рециклиран текстил, додека ѓонот е направен од природна гума добиена од Амазонија. ...
Драги Зборци, Со огромно задоволство го отвораме повикот за испраќање на нови зборови. Со испраќањето на зборот, земате учество во изборот и добивате можност токму вашиот збор да биде избран за Збор на годината. Најдобрите зборови ќе добијат шанса да станат Збор на годината на големиот настан што го подготвуваме во јуни, каде што нашето жири, составено од зборољубители на македонскиот јазикот, ќе го избере победникот. Ова ќе биде првата ваква ...