
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Индиа Мулен, мултидисциплинарна уметница од Ирска која една деценија работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. На јавноста ѝ е особено позната по улогата во прочуената ТВ-серија „Нормални луѓе“. Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и визуелна уметност. Нејзините фотографии се објавувани во Wonderland, W Magazine, NME и други списанија, а во моментов е во ...
На 6 март 2025 година, во рамките на Париската модна недела, Off-White™ ја претстави својата есен/зима 2025/26 колекција под наслов „STATE OF RESISTANCE“. Креативниот директор Иб Кмара, познат по спојувањето на традицијата и иновацијата, ја претстави својата визија во Espace Niemeyer, додавајќи ново поглавје во историјата на брендот. Колекцијата се фокусираше на концептот на униформи како симбол на сила и отпор. Женските парчиња беа ...
На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 13:00ч. пред Универзална сала во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Нека јадат ружи!“. Маршот, организиран од Платформата за родова еднаквост и независни активист(к)и за женски права, мобилизираше стотици присутни кои протестираа против нееднаквостите и неправдите кон жените и девојките, потенцирајќи ...
Скопје, 05.03.2025 – Специјална Олимпијада на Северна Македонија со гордост го најавува своето учество на претстојните Специјални Олимписки Светски Зимски Игри – Торино 2025, кои ќе се одржат од 7 до 16 март 2025 година во регионот Пиемонт, Италија. Нашата делегација, составена од талентирани атлети, тренери и официјални лица, ќе ја претставува Северна Македонија на ова големо спортско натпреварување кое ќе собере над 1.500 атлети од 102 земји ...
Здружението за еднакви можности Мрежа Стела во рамките на регионалниот проект „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција во Северна Македонија има чест да Ве покани на студентска конференција на тема „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“ која ја организираме на 10.03.2025 година во амфитеатарот на Правниот факултет во Битола при ...
Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series: „Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на ...
На 7 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, адраматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј ...
Шон Бејкер, режисерот познат по своите реалистични и емоционално богати приказни за маргинализираните заедници, триумфираше на овогодинешните Оскари со својот филм Anora, освојувајќи дури четири златни статуетки. Овој успех го вброи Бејкер како втор човек во историјата, по Волт Дизни, кој освоил четири Оскари во една вечер. (најдобар филм, најдобар режисер, најдобра главна актерка и најдобро оргинално сценарио). Ова признание уште еднаш ја ...
Скопје, 27.02.2025- За прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, ...
„Мала Корија“ е ваша лична приказна и идеја, што има за цел да ги негува, промовира и поттикнува малите, македонски произведувачи. Што точно е концептот и како се роди идејата? Дека има некоја посебна лична приказна, па и не би рекол. Како сите кои сакаат јадачка и пијачка и практикуваат кафани за општа социјализација, така и јас. И преку тие јадачки и пијачки кои се најчесто во мали семејни кафанчиња полни со душа (по нашки, биртии) сме научиле ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 19.005.696.029 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...
Кинотеката на Македонија за месец март подготви богат и разновиден филмски репертоар исполнет со јубилејни проекции, премиери и посвети на значајни автори и филмски остварувања. Оваа програма ќе им овозможи на филмските љубители да уживаат во ремек-дела од светската и македонската кинематографија, низ искуство што комбинира историја, емоции и незаборавни кадри. Овој месец ја славиме моќта на филмот како средство за раскажување приказни, за ...
Колку млади ќе останат во земјата до следниот попис? Дали Македонија станува земја на празни клупи и напуштени домови? Колку млади ќе останат во земјата до следниот попис? Ова се прашањата што ги отвора најновото 56. издание на „Лице в лице“, кое го става фокусот на најгорливите проблеми со кои се соочува младата генерација. Соочени со економска несигурност, недостаток на можности и систем што не им дава глас, младите сѐ повеќе ја гледаат ...
На 25 февруари 2025 година, Dsquared2 го прослави својот 30-годишен јубилеј со спектакуларна ревија на Миланската модна недела. Настанот започна со енергичен настап на раперката Doechii, која излезе од оклопно возило опкружена со банкноти, носејќи кратки шорцеви и корсет-пуфер јакна со крзнена капуљача. Ревијата продолжи со впечатливи изведби на модели како Ирина Шајк и Наоми Кембел, која ја затвори ревијата во спектакуларни парчиња од овој ...
Шоурумот за македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ во сабота, 1 март, со почеток од 12 часот напладне го прославува својот прв роденден со настан во соработка со „BIG SEE Македонија“. Како дел од соработката меѓу македонскиот шоурум „Лаб дизајн маркет“ и платформата за архитектура и дизајн „BIG SEE“ со седиште во Љубљана, Словенија, македонскиот огранок од словенечката организација ќе одржи презентација на победниците од Македонија ...
Институтот за бои на Pantone, тим составен од предвидувачи на трендови, психолози за бои и експерти за брендирање, доби задача да ја избере боја што ќе ја опфати извонредната кариера и трајното влијание на Дру Баримор. Резултатот е мека сјајно-златна жолта, дизајнирана да ги прикаже нејзиниот оптимизам и креативен дух. Nијансата е топла и живописна колкуи самата Дру. „Дру Баримор жолтата” зрачи со радосен сјај и е симбол на желбата на Дру за ...
На 1 март со почеток во 20.00 ч. во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но ...
Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март. Oд 18 – 20 февруари, на ФЛУ се одржa значајна работилница под наслов ...
BSIDIAN SS25 е колекција која го истражува процесот на трансформација и промена. Иако првичната мисла за промени носи страв од новото и непознатото, како и ризикот и предизвиците кои доаѓаат со нив, отпорноста, упорноста и силата е тоа што нѐ води кон целта. Настанувањето на опсидијанот, преку вулканската ерупција и брзото ладење на лавата, е еден природен феномен кој метафорично ја отсликува приказната на оваа колекција. Како што опсидијанот ...
Креативноста не познава граници, особено кога станува збор за патики. Кога светот на високата мода и уличната култура ќе се спојат, се раѓаат незаборавни парчиња. Со сигурност нема да ги заборавиме најлудите соработки во светот на патиките, кои или со сигурност би ги носеле или со сигурност не би. Нема помеѓу. Од класични силуети до екстравагантни дизајни, овие соработки ги поместуваат границите на возможното. Дизајнери како Rick Owens, Jeremy ...
Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил ...
Во последно време, TikTok е преплавен со нов „магичен“ тренд – лепенки (patches) за сè и сешто: акни, подбрадок, брчки, усни, па дури и за детокс преку папокот! Инфлуенсерите ветуваат драматични резултати преку ноќ, додека брендовите профитираат од трендот што ги убедува корисниците дека не им требаат ни професионална нега, ни козметички третмани – само мала налепница и сите проблеми исчезнуваат. Но, дали овие лепенки навистина делуваат или се ...
Во 2025 година, Instagram воведува значајни промени и нови функции со цел подобрување на корисничкото искуство, зголемување на безбедноста и поттикнување на покреативна и автентична содржина. Новите ажурирања вклучуваат редизајн на профилите, напредни алатки за креатори, подобрувања во приватноста и безбедноста, како и воведување на опцијата „Dislike“ (Не ми се допаѓа), која ќе има важна улога во квалитетот на интеракцијата меѓу корисниците. ...
Евоцирајќи го сончевиот гламур и сјајот на одмор во луксузно одморалиште, H&M ја претставува новата колекција женска облека инспирирана од оригиналната серија на HBO® – „Белиот лотус“ во соработка со Алекс Боваирд, костимографот на „Белиот лотус“, заедно со Warner Bros. Discovery Global Consumer Products. Точно на време за најочекуваното издание на третата сезона, колекцијата пристигнува во избрани продавници на H&M ширум светот и ...
На 14 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога ќе настапи ...
На 9 февруари 2025 година, во преполнетиот „Caesars Superdome“ во Њу Орлеанс, Супер Болот LIX понуди не само возбудлив натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, туку и спектакуларен музички перформанс на полувремето. Главната ѕвезда на вечерта беше Кендрик Ламар, добитник на 17 Греми награди и првиот рапер со Пулицерова награда, кој приреди шоу што ќе се памети долго време. Настапот започна со изненадување за публиката, кога на ...
Мрежата за искуствено учење е проект што ги става учениците во центарот на процесот на учење преку холистичкиот пристап што комбинира теорија, практика и реално животно искуство. Преку интерактивни методи, мултидисциплинарни активности и соработка, проектот ги поттикнува учениците да истражуваат, критички да размислуваат и активно да учествуваат во своето образование. Поразговаравме со Светлана Пејовиќ, раководителка на проектот Мрежа за ...
Сѐ уште сте во потрага по нова маскара? Време е да престанете. Со гордост го лансираме нашиот нов иновативен производ – маскара за очи која ви овозможува да ја надополнувате, без потреба од купување на нова. Овој пат во нашиот фокус е револуцијата која од овој месец Max Factor ја носи во светот на убавината. Max Factor брендот е омилен меѓу љубителите на квалитетни производи за шминка и ги следи сите, од оние кои избираат да нанесат само маскара ...
Adidas повторно изненадува со освежување на своите класични модели, овојпат со иновативниот Samba Mary Jane. Оваа нова верзија ги задржува препознатливите карактеристики на иконскиот модел Samba – трите линии на страните, гумениот ѓон и нискиот профил – но ги комбинира со елегантниот и женствен стил на Mary Jane обувките, дополнет со велкро ремен. Дизајниран за модерните љубители на уличната мода, Samba Mary Jane е совршен избор за оние што ...
Бојан Ковски е дипломиран сликар, кој се изразува преку боди-пејнтинг, трансформирајќи човечки тела во живи уметнички платна. Преку оваа уметничка форма, тој истражува интеракција меѓу бојата, формата и телото, создавајќи визуелни приказни што инспирираат. Боди-пејнтингот како уметничка дисциплина има многу аспекти. Како ја дефинирате оваа форма на уметност во контекст на современата визуелна култура и што ја прави уникатна во однос на другите ...