
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Ријана официјално се врати на музичката сцена со нова песна, дел од саундтракот за претстојниот анимиран филм „Smurfs“. Нејзиниот сингл „Friend of Mine“ е објавен на 13 јуни и ја најавува новата соработка на поп-ѕвездата со филмската и анимирана индустрија. Покрај тоа што ја изведува водечката песна, Ријана го позајмува својот глас за главниот лик во филмот и е вклучена и како креативна продуцентка. Премиерата на филмот се одржа на 28 јуни во ...
Во понеделник, од Расадник во скопската општина Кисела Вода, ќе започне Баскерфест 2025, обележувајќи го почетокот на јубилејното 15. издание на еден од највозбудливите и најпрепознатливи улични фестивали во Македонија. Под мотото „Побарај ја забавата“, после неколкугодишна пауза, фестивалот повторно ќе ја оживее уличната сцена, носејќи ја уметноста меѓу луѓето, на плоштадите, улиците и јавните простори. „Ме радува што по неколкугодишна пауза, ...
Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе? „Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти опфатени под само едно дрво во текот на само еден сончев ден, ја доловува магијата на ...
Додека светот на модата постојано се менува, со дизајнери кои се натпреваруваат кој ќе го воведе следниот голем тренд, една моќна промена се случува незабележливо: враќањето на second-hand и винтиџ облеката. Ова не е само алтернатива на брзата мода, туку вистинско движење што ја редефинира нашата перцепција за стилот, вредноста и одговорноста. Причината за овој бум е повеќеслојна. Од една страна, брзата мода, со своите евтини материјали и ...
Во летните месеци, шетајќи низ грчките аптеки, неминовно ви паднале в очи полиците преполни со производи што мирисаат на море, билки и сонце. Грчката природна козметика веќе со години ужива респект и на домашниот и на светскиот пазар – создадена од филозофија што спојува древно знаење со современа наука. Денес, во време кога сè повеќе луѓе бараат автентична и етичка нега, природната козметика не е само тренд, туку и избор за поздрав животен ...
ИКЕА конечно пристигна во Брајтон, а со тоа и една од најкреативните и најзабавните маркетинг кампањи што сме ги виделе. Наместо да ги величаат живописните плажи и историските шеталишта на вода, тие ѝ оддадоа почит на еден од најстарите и најважни жители на градот – галебот. Новата кампања е едноставна, но генијална. Со помош на неколку од нивните најпознати производи како што се фотелјата POÄNG, детското столче MAMMUT и фиокарот HELMER, IKEA ...
Овој викенд имав незаборавно искуство-работна посета на Битола која истовремено беше незаборавно доживување. Бев поканета од македонскиот златарски бренд „Филигран 1934“ на настан за промоција на нивната нова колекција и воедно мое прво запознавање со рачната техника на изработка на сребрен и златен накит. Битола одамна ја сметав за град кој не треба само да се посети, туку и да се доживее, а овој викенд ми го потврди тоа. Со својата ...
Во светот на TikTok, Reels и Shorts, нашето внимание е најважната валута, а брзината е единствениот закон. Секојдневно, на социјалните мрежи, нè бомбардираат со содржини кои се дизајнирани да нè „зграпчат“ во првите 3 до 5 секунди. Ако не се случи тоа, ние скроламе понатаму, незаинтересирани. Оваа „брза култура“ не само што нè навикнува на инстант задоволство, туку и длабоко ја преобликува нашата трпеливост за подолги форми на уметност, ...
Pantone, светски познатиот авторитет за бои, направи изненадувачка објава на својот Инстаграм профил: Taylor Swift’s new era is glowing orange🧡. Ова е директно поврзано со новиот албум на пејачката, „The Life of a Showgirl“. Иако официјалната вест за албумот беше објавена во подкастот на Тревис Келси, вистинските фанови ја насетија портокаловата нијанса уште на почетокот. Свифт, која веќе носеше портокалови креации од дизајнери како Roberto ...
Атриум ја претставува новата продукција, театарската претстава „Душан“, според драмата „Мистерија Душан Васиљев“ од авторката Дуња Матиќ, во режија на Ана Пинтер, чии премиерни изведби ќе се одржат на 13 и 14 август со почеток од 21 часот. Овој проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија. Претставата ...
Copenhagen Fashion Week (CPHFW) заврши, а градските улици, како и секоја година, беа подеднакво инспиративни како и модните писти. Оваа сезона беше посебно значајна, со 44 брендови на официјалниот распоред и враќањето на дизајнерката Сесилие Бансен (Cecilie Bahnsen), која како гостин дизајнер ја прослави 10-годишнината од постоењето на нејзиниот бренд. Иако колекциите беа главната атракција, вистинското срце на CPHFW се крие во уличниот стил. ...
Во соработка со швајцарскиот бренд „On“, Зендаја ја претстави својата прва заедничка колекција патики, направена да ги спои модата и удобноста. Оваа повеќегодишна соработка започна со лансирањето на моделот Cloudzone Moon, патиките која ветуваат многу повеќе од само стил. Моделот Cloudzone Moon е смела и стилска верзија на постоечкиот модел на „On“, дизајнирана во соработка со долгогодишниот стилист на Зендаја, Ло Роуч. Патиката има горен дел од ...
На 9.8.2025 година, во 19 часот по њујоршко време, пред бројна публика во Македонскиот културен центар во Њујорк (545 W 52nd St), беше отворена архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година. Резултат на повеќегодишно истражување, изложбата пред американската и меѓународната јавност го претставува ...
Не мораш да одиш далеку за да доживееш нешто волшебно. Доволно е да излезеш на улица, бидејќи Баскерфест 2025 наскоро повторно ќе ги претвори градовите во сцени, а секој случаен минувач во дел од приказната. По неколкугодишна пауза, петнаесеттото издание на овој уличен уметнички фестивал ќе се одржи од 25 август до 6 септември, патувајќи низ 9 градови низ Македонија и застанувајќи на вкупно 13 локации. Од првото шоу во скопската општина Кисела ...
Во свет преплавен со паметни телефони и вештачка интелигенција, Polaroid се осмелува да понуди нешто сосема спротивно: враќање кон аналогниот живот. Нивната најнова кампања, „The Camera for an Analog Life“ („Камера за аналоген живот“), е директен одговор на дигиталната исцрпеност што нè опкружува. Кампањата го промовира нивниот најнов фотоапарат, Polaroid Flip, и нè повикува да ги оставиме телефоните настрана и да почнеме вистински да живееме. ...
Прес соопштение_Дрим Шорт [отворање].docx вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“ се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Фестивалот ќе се одржи од седми до десетти Август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е ...
Во светот на брзата мода, каде трендовите се менуваат за миг, полека, но сигурно се случува вистинска револуција. Дизајнерите и иноваторите откриваат нови начини како да создадат облека што е стилска, но истовремено и пријателска за планетата. Заборавете на штетниот полиестер и памукот со огромна потрошувачка на вода; иднината е во иновативни материјали што никогаш не би ги очекувале. Од ананас до печурки: Материјали што нè изненадуваат Еден од ...
Август е тука, а со него доаѓа и новата листа на содржини на Netflix што ќе нè држат пред екраните. Од долгоочекувани продолженија на популарни серии, па сè до интригантни филмови и документарци, еве што не смеете да пропуштите овој месец. Се враќа Wednesday со нови, мрачни тајни Една од најголемите вести овој август е сигурно премиерата на првиот дел од втората сезона, на хит-серијата Wednesday. Венсдеј Адамс се враќа во Академијата Nevermore, ...
Во динамичниот свет на модата, одредени соработки не се само тренд, туку вистински редефиниции на стилот. Токму таков е случајот со најновата колекција New Balance X Miu Miu, каде што безвременската патика New Balance 530 од спортски класик се издигнува во вистинска модна икона, освојувајќи ги најпрестижните модни писти. New Balance 530, првично лансирана во 90-тите години како патики за трчање, веќе имашаа култен статус меѓу љубителите на ...
Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации. На 26 јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот театарски фестивал и привлече големо ...
„Намакани во езерото“ – инспирирана од спокојот и длабочината на Охрид. Покрај езерото во најтоплите летни денови, оваа колекција го впива амбиентот, боите и тишината што само ова место знае да ги понуди. Колекцијата содржи повеќе парчиња облека – внимателно дизајнирани со фокус на графичката приказна ДРЕД“: естетика, чувство што се носи. Секое парче го раскажува ова лето – форма, боја и текстура. Само природна светлина, топлина од каменот и ...
Катерина Трпковска е основач, дизајнер и мајстор зад брендот „Rinocca“ – единствен македонски производител на дизајнерски мебел што успешно пласира производи надвор од границите. Низ разговорот со неа, го истражуваме балансот помеѓу функцијата и емоцијата во дизајнот, вредноста на занаетчиството во ера на масовно производство и визијата за мебел како медијатор помеѓу човекот и просторот. Како ја разбирате тензијата помеѓу функцијата и емоцијата ...
Од 23 до 27 јули 2025, Охрид повторно ќе стане живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на Beach Film Festival ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови. Сите продадени карти и ...
Д-р Владимир Чадиковски не е само еден од водечките детски кардиохирурзи кај нас — тој е човек што секојдневно се соочува со најделикатните форми на човечка ранливост. Но сега, тој реши да ја отвори другата страна на медицината — онаа тивка, човечка, помеѓу зборовите и дијагнозите — преку својот нов подкаст „The Care Code“. Во него, д-р Чадиковски разговара со свои колеги доктори, не само како лекар со лекар, туку како човек со човек. Тоа не се ...
Француската модна куќа Chanel ја претстави својата нова кампања за сезоната есен-зима 2025/26, во која главната улога ја има Jennie, членка на јужнокорејската група BLACKPINK и долгогодишна амбасадорка на брендот. Кампањата е фотографирана во Париз од реномираниот фотограф Craig McDean и визуелно се потпира на естетиката на 90-тите години. Колекцијата ја продолжува насоката на креативната директорка Virginie Viard, која во последните сезони ...
Во нејзините песни тивко ѕвони времето на старите шлагери, на уличките полни сенки и љубов што трае подолго од една сезона. Елена Васова пее за носталгијата што не ја доживеала, но ја носи во срцето. Во неа среќаваме уметница што не брза да стигне, туку избира внимателно да биде. Зборувавме за „Љубов“, старо Скопје, искреноста како отпор и патот кон себеси преку музика. „Љубов“, твојата песна со Ненад Стефановски – Брус, звучи како музичко писмо ...
iВо рамките на драмската програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 17 јули со почеток во 21:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „12“, по мотиви од драмата „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов. „12“ е моќна приказна за група луѓе – дванаесет поротници – кои носат одлука за судбината на еден млад човек обвинет за убиство. Делото го истражува судирот меѓу ...
Модата обожава да игра со времето. Секоја сезона носи нови трендовиЧ некои живеат кратко, некои се задржуваат подолго, но постојат и такви парчиња што немаат рок на траење. Без разлика дали ги гледаме на плажа, на улица или во галерии на модните блогови, овие класици остануваат секогаш тренди, свежи и полни со стил. Ова се неколку од тие парчиња кои не се враќаат, бидејќи никогаш и не изглегле од мода. Бел лен Без конкуренција – ленот е ...
Во ера кога технологијата ја менува секоја сфера од нашиот живот, A1 Македонија со гордост ја презема улогата на генерален спонзор на Охридско лето, фестивал кој претставува „свеж бран култура“ и ја носи традицијата на македонската уметност во современ контекст. За да ги откриеме врските меѓу уметноста и технологијата како двигатели на поврзаноста меѓу луѓето, разговараме со Бранкица Толевска, раководител на оддел за корпоративна стратегија, ...
Во светот кој постојано брза и се менува, постои посебна фасцинација со животите кои се одвивале поинаку – далеку од урбаната врева, посветени на тишината, природата и длабоките размислувања. Токму таков редок поглед ни нуди книгата „Монахот Калист“, во превод на маестралниот Тихомир Јанчовски. Ова дело не е типична хагиографска литература како што на прв поглед може да наликува; ова е вонвременско сведоштво за човечката потрага по смисла преку ...