
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Кралицата Елизабета, најдолготрајниот член на кралското семејство кој владеел со Велика Британија, годинава ќе прослави долги 70 години на тронот, а денеска го слави својот 96-ти роденден. Во чест на нејзиниот роденден, на социјалните мрежи на кралското семејство е објавена фотографија на која кралицата позира помеѓу своите два коња во замокот Виндзор. Интересна информација откри оваа фотографија – кралицата Елизабета не пропуштила ниту ...
Ник Џонас (29) и Пријанка Чопра (39) го прославија првиот Велигден како родители, а сега го открија и името на нивната ќерка. Името на малото девојче кое е родено во јануари е Малти Мари. Познатата двојка продолжува да ги почитува двете свои традиции и со името на нивната ќерка, па оттука избраа санскритско име, како и средното име Мари кое е христијанско. Малти на санскрит значи „миризлив цвет“ или „месечева светлина“. ...
Асап Роки (33), момчето на Ријана (34), со кое таа чека дете, беше уапсен во средата во Лос Анџелес, а подоцна истиот ден тој ја напушти полициската станица. Тој бил во полициските простории бидејќи го поврзуваат со пукање што се случило во ноември 2021 година. Раперот е уапсен при самото пристигнување на аеродромот во Лос Анџелес, каде што долетал со приватен авион од Барбадос. Познатиот пар замина во родното место на пејачката кога се појавија ...
Познатата раперка Карди Би (29) на Твитер доби непријатно прашање за бојата на кожата, а таа секако не остана должна. Нејзиниот одговор на социјалните мрежи особено го привлече вниманието на твитерџиите од овие простори. – Девојко, дали си црнкинка? – ја прашал еден корисник на оваа социјална мрежа, а раперката му дала ироничен одговор. -Не. Јас сум Иркинка и Југословенка – напишала таа, а секако не требало долго за екипата на ...
Ријана (34) и раперот Асап Роки (33) наскоро ќе го добијат своето прво дете, а нивниот мирен свет го потресе веста за неверството која еден инфлуенсер ја пренесе на Твитер. На крајот од приказната беше утврдено дека веста не е вистинита, а Луис Рома им се извини на сите што предизвикал „непотребна драма“. Дизајнерката Амина Муади (34) е обвинета за афера со Асап, но таа демантираше се. – Отсекогаш верував дека неоснованата лага ...
Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез споделија тажна вест на своите Инстаграм профили. Имено, нивниот новороден син починал. -Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа- пишува на почетокот на објавата. View this post ...
Принцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл (40) првпат по повеќе од две години тајно ја посетија кралицата Елизабета Втора (95), а сега се познати некои детали од средбата. Имено, принцот Хари го нарушил молкот за тајна средба со кралицата, а странски извори пишуваат дека принцот и Меган сега се поканети да се појават на балконот на Бакингемската палата на платинестиот јубилеј на кралицата. View this post on Instagram A post shared by ...
Принцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл (40) тајно ја посетија кралицата Елизабета Втора (95) за прв пат по повеќе од две години откако си заминаа од Велика Британија, пишуваат британските медиуми. Принцот и неговата сопруга се сретнале со кралицата само неколку дена пред нејзиниот 96-ти роденден. Сепак, нивната вистинска дестинација е всушност Холандија, додека имотот на Елизабета Втора била само минлива локација. Имено, парот од 16 до ...
Откако странски новинар објави на Твитер дека бремената Ријана и таткото на нејзиното неродено дете, раперот Асап Роки, наводно раскинале по модната недела во Париз, социјалните мрежи се преплавија со коментари. Раперот наводно ја изневерил пејачката со нејзината дизајнерка на чевли Амина Муади која е воедно и негова поранешна девојка. -Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли ...
Новосадската група „Фрајле“ по една и пол година дојдоа во Скопје за да го најават големиот концерт на 18 јуни пред платото на МОБ. Тие првпат дојдоа како тројка, оти пред неколку месеци од групата си замина Марија, пејачката поради која пред 13 години настанаа „Фрајле“. Велат, тој период сега е зад нив, па расположени ни открија дека се радуваат на секое ново дружење со публиката. „Знаете што е ново? Конечно ги ...
На крајот на април и почетокот на мај, улиците и плоштадите во и околу стариот град Будва традиционално зујат со весела бучава. Време е за карневал! По две години тишина, се враќаме со карневалскиот живот во полн сјај. Туристичката организација на општината Будва, во соработка со основачите на карневалот – НВО „Фештазабаваџуни“, ви го најавува Меѓународниот туристички карневал, кој ќе се одржи од 29 април до 2 мај, под слоганот ...
Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид. Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори ...
Кино „Миленум“ вчеравечер беше претесно да ги собере фановите и пријателите на музичката група „Некст Тајм“, која го промовираше најновиот проект на кој се работеше буквално две години. „Кога падна на Пирина“ е песната од која Стефан, Мартин и нивната екипа направија ремек-дело за слушање и гледање. Тоа најдобро го покажа и неколкуминутниот аплауз во салата и солзите кај повеќето од публиката по промоцијата на ...
Пет години по големиот повратнички концерт во сега веќе непостоечката „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ најавува нов концертен спектакл. По овој повод членовите на „Меморија“, денес, среда, 13 април 2022 година во градската кафеана „Пелистер“ на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, со почеток во 12 часот напладне ја одржаа својата прва прес ...
Популарната музичка ѕвезда Ријана позираше за насловната страница на американскиот „Вог“. Во преден план е нејзиниот труднички стомак, а на фотографиите речиси и да нема облека. Ријана е новата ѕвезда на американското издание на магазинот „Вог“. На насловната страница, која фановите веднаш ја нарекоа иконична, пејачката е прикажана во црвена, речиси проѕирна комбинација со потпетици во иста боја. View this post on ...
Светската поп ѕвезда Бритни Спирс е бремена и чека дете со својот вереник Сем Ашгари. -Загубив толку многу килограми за да одам на одмор на Мауи, за пак да се здебелам… Си мислев ‘Господе… Што му се случува на мојот стомак???’ Сопругот ми рече дека сум „бремена со храна“. Сепак, земав тест за бременост, па по 4 дена уште повеќе се здебелив. Бебето расте! Ако има две бебиња не знам што ќе правам – ...
Оваа година ќе се одржи 11. издание на Startup Weekend Skopje! По 2 години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо од 6ти до 8ми мај во Инофеит! Startup Weekend Skopje e 54 часовен настан каде младите претприемачи имаат можност да ја презентират и разработат својата иновативна стартап идеја! Многу повеќе од настан – Startup Weekend Skopje преку претприемништвото и тимска работа, инспирира и ги мотивира младите да ...
Новиот пијалак од линијата миксери на Schweppes – Schweppes Pink Mixer Style и официјално е лансиран на пазарот. Нуди една нова димензија во светот на миксологијата. Овој миксер се одликува со карактеристична бледо розова боја, суптилен вкус на шумско овошје и кинин и секако, препознатливите освежителни меурчиња на Schweppes. Миксологијата покажува дека внесувањето поинакви вкусови и експериментирањето носат нов квалитет и возбуда и при ...
Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту Северна Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци. Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и ...
Музичкиот спектакл во нашата земја за 2022 година дефинитивно е на почетокот од месецот јуни, односно 11-ти (сабота) и тоа во источниот дел од Македонија, поточно градот Пробиштип. Голем и неколкучасовен музички хепенинг со балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ. Ова е нивни прв заеднички концерт сега и кој знае кога пак…Концертот ќе се одржи во „AQUA PARK“ во ...
Хрватскиот пејач и композитор Петар Грашо беше два дена во Скопје. Кога е тука вели дека едвај чека да седне во кафеана. „Ма тоа го нема нигде ко тука. Седнуваш на маса, те чека ајвар, леб, сирење, маслинки, па уште некое добро вино. Оливер Драгојевиќ на времето ми викаше: ‘Кога ќе доаѓаш во Скопје на концерт, дојди два три-дена порано, тука има и вино и музика’,“ искрен е Грашо. Во Скопје беше и сопругата Хана, со која ...
Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат Билјана Камчева-флејта, Лазар Соколов- кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска – пијано и Горан Начевски – баритон. На програмата се Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, Концертот за пијано и ...
Конечно, по подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна. „После полноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката. Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук. ...
Ќе се венчаат Џенифер Лопез и Бен Афлек! Лопез ја сподели веста со светот со ексклузивен видео клип објавен во на нејзината веб страна. На видеото се гледа како Лопез со солзи во очите го покажува својот нов веренички прстен – бледо зелен дијамант со смарагд. Суперѕвездата сподели тизер од клипот на нејзините страници на социјалните мрежи каде напиша: „Голема објава!!!! Фановите набрзо почнаа да испраќаат пораки со честитки до парот ...
Јелена Карлеуша (43) вчера имаше рочиште во Првото основно обвинителство во Белград поради нејзината пријава за сопругот Душко Тошиќ (37), кого на 7 јануари го пријавила за семејно насилство. Пејачката која носеше тиркизен комплет, на суд дојде во друштво на нејзиниот менашер и пријател Зоран Бирташевиќ. Таа не сакала да дава изјави за насобраните новинари, а пред Првото основно обвинителство изјави дека не сака да го гони сопругот Душко, како ...
11 дена по Оскарите и инцидентот со шамарот на Крис Рок, академијата донесе одлука за казната за Вил Смит. Сите американски медиуми пренесоа дека актерот добил 10-годишна забрана за пристап до Оскарите како и сите други настани организирани од Академијата. -Одборот одлучи дека од 8 април 2022 година, на г-дин Смит нема да му биде дозволено да присуствува на какви било академски настани или програми цела деценија, во живо или виртуелно, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати моќна однапред снимена порака на доделувањето на Греми наградите. „Нашите музичари носат панцири наместо смокинг“, им рече тој на ѕвездите меѓу кои Лејди Гага и Џастин Бибер, мислејќи на тековната војна со Русија. „Тие им пеат на ранетите во болниците, дури и на оние кои не можат да ги слушнат. Но, музиката ќе се пробие.“ Тој ги повика музичарите да ја „пополнат ...
По тримесечно одложување поради пандемијата, 64-тото доделување на Греми наградите конечно се одржа. Шоуто се пресели од својот вообичаен дом во Лос Анџелес во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас. Тревор Ноа, кој беше водител на церемонијата во 2021 година, се врати како домаќин повторно оваа година. Џон Батист пристигна во Лас Вегас со 11 номинации, најмногу од кој било изведувач оваа година, освојувајќи четири Греми награди пред да започне ...
Над 70 проценти од е-продавниците не продаваат на други пазари, покажува анализата изработена од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), во соработка со Српската асоцијација за е-трговија. Според анализата, најчести предизвици со кои се соочуваат е-трговците кои продаваат на други пазари се царинските давачки и процедури, административните потешкоти, проблемите со достава и различните регулативи и процедури на секој пазар. ...
Побарувачката и цените на билетите за турнеја за комичарот Крис Рок (57) драстично се зголемија откако актерот Вил Смит (53) и му удри шлаканица на сцената на Оскарите. Комичарот заработи неочекувана популарност на Оскарите затоа што се пошегува на сметка на Џејда Пинкет Смит (50). Иако Смит ја освои Златната статуетка по шокантната сцена, некои гледачи побрзаа да купат билети за претстојната турнеја на комичарот. Oрганизаторите најавија дека за ...