
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, со години важеше за еден од најконтроверзните естрадни новинари. Иако се повлече од телевизија, тој и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи, но и со јавните препукувања со луѓето од естрадата. Неодамна откри дека се оперираше од рак и ова речиси скроз му го смени животот. „Кога ми кажаа дека имам тумор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија канцер од 750 грама. На почетокот не ...
Конечно добивме одговор на најголемата мистерија во последните 6 месеци во Македонија, „Дали е можно во нашата држава за прв пат во историјата да дојде актуелна светска мегазвезда – одговорот е Да”. На огромна радост на армијата фанови од цел Балкан, Fusion Festival го оствари невозможното и на стадионот на АРМ бевме сведоци на „светско чудо” со фантастичен перформанс на пионерот на современата хип хоп сцена – Tyga. TYGA во оваа прилика изјави: ...
Во Старата чаршија во Скопје, вчеравечер се одржа Гала промоција на првата епизода од турската серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), серија којашто започна да се снима во Скопје од страна на Националната телевизија на Република Турција, ТРТ1. Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, пред почетокот на галата истакна дека првата епизода од серијата ќе ја гледаат истовремено со публиката во Турција потенцирајќи дека овој пат со ...
Бијонсе се враќа со нејзиниот нов албум „Renaissance“, кој треба да излезе на 29 јули, а е нејзин прв албум по 2016 година, објавено е на веб-страницата на пејачката. Аренби дивата (40) го промени описот кој стои на нејзините профили на Инстаграм и на Твитер, и сега гласи: Act i RENAISSANCE 7.29. Бијонсе досега не откриваше многу за новите албуми, па во 2013 година наеднаш објави албум кој го носи нејзиното име, а во 2016 година само една недела ...
На изненадување на обожавателите, продукциската куќа „Warner Bros“ ја објави првата слика од Кен од престојниот филм за најпопуларната кукла во светот – „Barbie“. Имено, компанијата „Warner Bros“ на Твитер потврди дека реализацијата ќе ја види светлината на денот на 21 јули 2023 година, а објавија и како ќе изгледа славниот Кен. 41-годишниот холивудски заводник Рајан Гослинг ќе го игра Кен, момчето на познатата кукла Барби, во истоимениот игран ...
Нетфликс ќе ја оживее мегапопуларната корејска серија која стана глобален феномен со најголемото реално шоу до сега, „Squid Game: Challenge“. Како и во оригиналното сценарио на серијата, 456 натпреварувачи ќе се натпреваруваат за најголемата парична награда во едно реално шоу – неверојатни 4,56 милиони долари. Шоуто ќе има десет епизоди, во текот на кои најмногу натпреварувачи во историјата на реалити шоута ќе се борат за големата награда, но ...
Познатиот тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциско Перељо го чекаат своето прво дете, објави магазинот Hola! со папарацо фотографии на кои може да се забележи трудничкиот стомак на Марија. Двојката до сега вешто ја криеше бременоста, но првите сомнежи за бременоста се појавија на турнирот Ролан Гарос пред неколку недели кога Надал ја освои својата 14. титула на Отвореното првенство на Франција и 22. Грен Слем и со тоа стана ...
Јубилејниот концерт на рнб дуото ДНК (Панчо и Андреј) насловен „20 години ДНК“, а закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“. Концертот ќе значи заокружување на едно убаво и големо поглавје во кариерата на дуото, но и одбележување на постоењето на домашната музичка сцена на Панчо и Андреј. Билетите за претстојната музичка дружба во продажба ќе бидат пуштени веќе од понеделник 13 јуни, точно напладне и тоа преку продажната мрежа на ...
Вчеравечер во хотелот „Мериот“ во Скопје, момците од „Некст Тајм“, близнаците Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“. На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус, но таа привилегија да ги слушнат и тие песни ќе имаат само тие што ќе го купат албумот. Во преполната сала на ...
Андријана Јаневска повеќе од 20 години е на музичката сцена. Кога првпат настапи на Скопскиот фестивал во ’98 не ни мислела дека толку долго ќе се занимава со пеење. Денес зад неа се настапи, песни, манифестации. Таа е професорка по виолина, ама ретко кој знае дека последнава години е и моторџика. Вози Хонда Сузуки. Иако на сопругот Гино, а и на татко ѝ не им се допаднала идеја, Јаневска денес вози мотор. „Не знам ни јас како се решив. Кумот наш ...
Заради најавата за невреме и исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни 2022 година, закажаниот концерт под отворено небо на групата „МЕМОРИЈА“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“. Купените ПАРТЕР влезници важат, ФАН ПИТ влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за СЕДЕЊЕ на ТРИБИНАТА на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во ...
Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје. Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева. Патувајќи низ ...
Пејачката Шакира и фудбалерот Жерард Пике се фотографирани во Хлубока, Чешка каде престојувале за да му дадат поддршка на синот Милан, кој викендов се натпреварувал на меѓународен бејзбол турнир. Нејзиниот пријателски однос со него моментално е во најдобро издание, но сепак го одржуваат поради нивните деца, ексклузивно пишува шпанскиот магазин „El Peridico“. Шакира на фотографиите од турнирот во Чешка делува смирено. Таа се обидува да се насмее ...
Ќерката на Меган Маркл (40) и принцот Хари (37) минатата сабота го прослави својот прв роденден на јубилејот на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора. Војводата и војвотката од Сасекс објавија фотографија од нивната ќерка Лилибет откако го прославија нејзиниот прв роденден. Ова е втора фотографија од малата Лилибет која е објавена. Првиот роденден на малото девојче беше прославен со членови на семејството и блиски пријатели во „Фрогмор ...
Американската актерка и водителка на ток-шоу Џејда Пинкет Смит за прв пат отворено проговори во своето шоу „Red Table Talk“ за моментот кој го одбележа овогодинешното доделување на Оскарите, кога нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок. Џејда реши да се позабави со моментот од овогодинешното доделување на Оскарите за кој веројатно најмногу се зборуваше, како дел од епизодата која се занимава со алопеција. Ако некој некако ...
На познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез (52) ѝ беше врачена наградата „Generation Award“ на овогодинешните филмски и телевизиски награди на МTV (MTV Movie & TV Awards). На свеченоста што се одржа во Санта Моника ѕвездата се појави во црн фустан со длабоко деколте, креација на брендот Mônot. Лопез одржа малку необичен говор за време на прифаќањето на наградата при што не успеа да ги задржи солзите. -Сакам да им се заблагодарам на луѓето ...
Четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора заврши вчера. Десетици илјади луѓе присуствуваа на свеченостите и парадите одржани во центарот на Лондон, а на крајот на сите им се обрати и самата кралица. -Кога станува збор за тоа како да се одбележат 70 години на владеење на вашата кралица, не постои водич што треба да се следи. Ова е навистина првпат. Но, јас сум почестена и длабоко трогната што толку многу луѓе ...
Една од нашите најголеми млади музички ѕвезди – Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава. Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи. -Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат ...
Поради огромен интерес за концертот закажан за на 11.06 (сабота) на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ истиот ќе биде преместен на градскиот стадион во Пробиштип, наместо „Аква паркот“. Организаторите велат дека морале да се одлучат на овој чекор, бидејќи аква паркот би бил претесен да ги собере сите обожаватели на Цеца и Анастасија. -Моравме да го преместиме концертот, бидејќи ...
Холивуд во Македонија? Колку и да звучи невозможно, екипата која стои позади реализацијата на новиот видео спот за песната „Ремек дело“ на Лара Иванова, со сцени како од холивудски филм, потврди дека се уште постои македонска модерна музика. Младата и талентирана Лара, и нејзината нова песна „Ремек дело“ проект на Лара, Дарко Димитров и Робин Зимбаков доби видео-спот за кој со сигурност ќе потврдите дека може да се мери со светските музички ...
Алка Вуица, една од најплодните хрватски авторки, има нов сингл со наслов „Не мислим више на тебе“. Музиката е со потписот на Марија Мирковиќ, некогашната членка на Фрајле која и сама успешно гради соло кариера. Аранжманот, миксот и мастерингот, пак, се дело на Тоше Поп Симонов. „Песната е направена одамна, уште во осумдесеттите, а ја најдов средувајќи ја својата архива. И’ ја испратив на Марија, која токму тогаш беше во Скопје. Веднаш влегла во ...
Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, последниве неколку месеци беше еден од спортистите за кои најмногу се пишува во шпанските медиумите. Муабетите почнаа уште есента. Димитриевски одбрани пенал на Барселона, па каталонскиот клуб почна преговори за да го ангажира, но трансферот не успеа. „Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор ...
По повод лансирањето на новата козметичка линија, Ким Кардашијан откри што се би направила за младешки изглед, а корисниците на социјалните мрежи не се воодушевени од нејзината изјава. Знаеме дека жените се подготвени на се и сешто заради убавината и младешкиот изглед, но се чини дека Ким Кардашијан ја „преминала границата“. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Сепак, Ким Кардашијан со својата нова изјава ...
Актерката Амбер Херд во последните месеци е во центарот на вниманието поради неодамна завршеното судење со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, па затоа и нејзиниот приватен живот беше под лупа. Амбер додека била во брак со Џони била во контакт со своите деца Лили-Роуз и Џек, а во 2015 година за магазинот Мери Клер зборувала за нејзината улога на маќеа, велејќи дека “тоа за неа била чест и најголем подарок кој некогаш го добила во својот живот“. ...
Иако сите се надеваа дека станува збор за гласини, сепак на љубовната врска меѓу Шакира (45) и Жерард Пике (35) и дојде крајот. Колумбиската пејачка и шпанскиот фудбалер ја споделија веста со официјално соопштение објавено од нејзината агенција. -Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се нашиот најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето – стои во ...
Четиридневното одбележување на платинестиот јубилеј на кралицата започна во четвртокот, а денеска по тој повод се одржа миса во катедралата Св. Павле. Британската кралица Елизабета не се појави на мисата по повод нејзиниот јубилеј. Според Би-Би-Си, ова било решено откако кралицата се чувствувала „непријатно“ додека ја гледала парадата во Бакингемската палата одржана во четвртокот. Се очекуваше кралицата да се појави на мисата, но конечната ...
По две години, фестивалот „Сигет“ е повторно тука. Никогаш не сме го очекувале вака порано – и сигурно, не смее да се пропушти. Големото враќање ќе се случува 10-15 август 2022 година. -Од 1993 година требаше да се земе предвид дека секоја година ќе се собираме на островот Хајоѓари (Hajógyári) – никој не би помислил дека е можно да поминат две години без Сигет, во две последователни години –рече Тамаш Кадар, главен организатор на Сигет. -Оваа ...
Откако повеќе не постојат или стануваат се понедостижни да се видат собрани заедно во нивните оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон: Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd, ZZ Top… или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра, Забрањено пушење… И уште дузина други легендарни ...
Со проширена програма, бесплатни проекции, меѓународни гости и работилници од 9-12 јуни ќе се одржи “Златна рамка” во организација на ДФРМ. Четвртото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ веќе четири години претставува можност за публиката ...
Неодамна, Игор Џамбазов го искористи своето интернет ќоше за да изрази незадоволство за третманот кон македонските музичари. Преку својот инстаграм – профил Џамбазов им се обрати на сите сопственици на дискотеки и локали кои како што вели тој „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“: -Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со ...