Во американското хумористично шоу „Saturday Night Live“, комичарот Пит Дејвидсон (28), сега попознат како новото момче Ким Кардашијан (41), се пошегува со ситуацијата во која се најде тенисерот Новак Ѓоковиќ (34). Во последната епизода ја исмејуваа водителката Лора Инграхам и нејзината емисија на „Fox News“, а го спомнаа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп додека на Новак му дадоа хумористична титула. ...

Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор почина денеска во Скопје, на 85-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, актерот Игор Џамбазов. -Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој… – се вели во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов. View this ...

Георгина Родригез (27), девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (36), наскоро ќе има свое ТВ шоу наречено „Soy Georgina“, во кое гледачите ќе видат како изгледа нејзиниот живот, но се повеќе детали се откриваат пред почетокот на емитување на Нетфликс. Пред Георгина да биде во врска со Роналдо, таа работеше во Гучи во Мадрид, а нејзиното семејство не било во добра финансиска состојба. – Од продажбата на луксузна облека, ...

Неговата ненадејна смрт длабоко ја потресе јавностa во регионот. Официјалната Фејсбук страница на бендот „Парни ваљак“ го откри точниот датум на погребот на фронтменот, познатиот Аки Рахимовски, кој ненадејно почина оваа сабота на 67-годишна возраст. Како што беше претходно најавено, Аки ќе биде погребан во Загреб, а деталите од последното збогување се напишани во објавата. – Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи ...

Во петокот официјално започна јавното гласање за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – „Ecommerce Awards“, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Првите награди за е-трговија во нашата држава ќе ја препознаат, наградат и промовираат извонредноста на е-трговците во повеќе секции – од „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање“ и ...

Не секој е фан на ниските зимски температури во првиот месец од годината. Но затоа јануарската зимска бајка во Ист Гејт Мол, исполнета со уникатна забава, уживање и шопинг, се покажа како и повеќе од омилена за сите генерации. Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската ...

Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук. „На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, ...

Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ nа 17 и 18 јануари 2022 ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот кој МРТ го објави на 10.12.2021 година со траење до 16.01.2022 година. Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра максимални 6 композиции кои ќе земат учество во ...

Легендарниот пејач и добитник на „Греми“ Мит Лоф, роден како Марвин Ли Адеј, почина во четвртокот вечерта на 74-годишна возраст. – Срцата ни се скршени затоа што мораме да објавиме дека неспоредливиот Мес Леф вечерва почина окружен со сопругата Дебора, ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели – стои во соопштението на неговата официјална Фејсбук страница. – Знаеме колку многу ви значеше и ја цениме сета ваша љубов ...

Британската пејачка и текстописец Адел (33) ја одложи серијата настапи во Лас Вегас поради инфекција со коронавирус само 24 часа пред нејзиниот прв настап. Адел сподели емотивно видео на Инстаграм, во кое со солзи во очите ги информираше своите обожаватели дека ги одложува концертите во Лас Вегас. – Жал ми е, но концертите едноставно не се целосно подготвени. Се обидовме апсолутно сè што можеме за да ги подготвиме на време и да биде ...

Конечно излезе трејлерот за ТВ серијата „Господар на прстените“, која ќе се емитува на Amazon Prime. Амазон го објави првиот трејлер и полниот назив на ТВ-серијата „Господар на прстените“, со поднаслов „Прстени на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power). Првата сезона пристигнува на 2 септември оваа година, а новите епизоди ќе излегуваат секој петок. Серијата се одвива во второто доба на Средната ...

Поради неодамнешниот скандал во семејството на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша српските медиуми будно го следат секој чекор на парот. Медиумите забележале дека контроверзната пејачка Јелена (43) отпатувала во Дубаи на денот на прославата на роденденот на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (37). И додека фудбалерот на социјалните мрежи споделуваше разни честитки кои му ги испраќаа пријателите и колегите, Јелена споделуваше фотографии и видеа од ...

Според Машин Ган Кели, „Љубовта е болка!“ Тоа го изјави раперот и актер за Vogue во заедничкото интервју со неговата нова вереница, актерката Меган Фокс. -Тоа е чистокрвен колумбиски смарагд, необработен. Само беше издлабен во солза, директно од рудникот. А дијамантот беше директно од Стивен Вебстер. Концептот е дека прстенот може да се расклопи за да направи два прстени. Кога е заедно, се држи на место со магнет. Значи, гледате како ...

Оваа пролет ќе се означи почетокот на најголемата модна манифестација во македонската метропола. Наспроти класичните недели и викенди, фестивалските активности ќе се одвиваат во текот на еден цел месец, паралелно со случувањата во познатите светски центри. Скопски моден фестивал е нова забавна манифестација за сите љубители на дизајнот, културата и уметноста, која на едно место ќе ги обедини сите еминентни дејци од креативната индустрија, а ...

Академијата за снимање објави дека наградите „Греми“ се презакажани за 3 април во Лас Вегас. Академијата го објави ова во порака до своите членови, а подоцна ја сподели веста со пошироката јавност на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by CBS (@cbstv) Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена пред две недели поради зголемениот број случаи на КОВИД-19 предизвикани од многу заразната ...

Во богатата кариера од речиси 60 години, тој работеше за Women’s Wear Daily, W, New York Times, но најдолго време како уредник на вести и креативен директор во американскиот Vogue. -Збогум, драг Андре. Никој не го видел светот на погламурозен начин од тебе. Никој не беше повеличествен и имаше повеќе дух од тебе. Светот ќе биде помалку радосен. Те сакам и се смеам со тебе веќе 45 години. Ми недостасуваат твоите гласни крици. Те сакам многу ...

Со заработка од неверојатни 590 милиони долари, музичарот Брус Спрингстин е прогласен за најплатен музичар во 2021 година. Оваа информација ја објави магазинот „Rolling Stone, нагласувајќи дека текстописецот, гитаристот и пејачот најголем дел заработил со продажбата на издавачките права на крајот на годината, додека дел заработил со настапите на Бродвеј. Договорот за рекорд на Спрингстин со Sony Music, проценет на 550 милиони долари, ја ...

Да, никогаш не го кажав ова, но над мојата глава имаше платен убиец. Ова се работи за кои не се зборува кога ќе станеш славен, изјави во интервју за „Мирор“ британскиот пејач Роби Вилијамс (47). Со таа изјава изненади многумина, а додаде дека тешко се справувал со славата. -Во еден миг од мојот живот бев неверојатно познат. Познат, во стилот на Мајкл Џексон. Станав популарен кога имав 17 години. На 16 бев во „бој бенд“, а ...

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи ЕлишијаСилверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) и Оркестарската свита од операта балет „Галантна ...

Гордана Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ во 2019 година го започнаа проектот „Ги запознаваме ретките болести“. Од тогаш, секоја година ја запознаваат јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози сите заедно ќе успееме да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и ...

Сообраќајот е континуирана интеракција помеѓу три главни фактори: однесувањето на учесниците во сообраќајот; безбедноста на сообраќајната инфаструктура, условите на патот и неговите карактеристики; и возилото. Според тоа, патот е значаен фактор и една од алките на синџирот за безбедност во сообраќајот. Кога се зборува за патот како фактор за безбедност во сообраќајот, се мисли и на улиците, мостовите, тунелите, надвозниците, подвозниците и др. ...

Новогодишните празници се омилен дел од секое дете, па во пресрет на празниците Битолска млекара традиционално и оваа година ги израдува децата од семејства во социјален ризик со донација на млечни пакетчиња. Донацијата се состои во пакетчиња со млечни производи и сокови од портфолиото на компанијата, а се опфатени над 780 деца од целата држава. Распределбата и доставата на пакетчињата се одвива преку организациите Црвен крст на Република ...

Раперот Канје Вест (44) е под истрага за физички напад врз обожавател кој му побарал автограм. Раперот седел во својот автомобил, а по молбата на упорниот обожавател излегол од автомобилот и го нападнал. Го удрил и „исчезнал“ пред да пристигне полицијата. Инцидентот се случил во три часот по полноќ во Лос Анџелес, пред ексклузивниот клуб „Сохо“. ТМЗ дошло до снимка на која може да се види како човек лежи на улица, додека ...

На британскиот принц Ендру му се одземени воените титули и е тргнат од чело на сите организации со кои управувал, објави Бакингемската палата, еден ден откако судијата одлучи дека може да продолжи граѓанската тужба против синот на кралицата за сексуална злоупотреба . Ендрју, исто така, повеќе нема да го користи називот „Неговото кралско височество“ во кое било официјално својство, изјавил кралски извор за Си-Ен-Ен. -Со одобрение и ...

Сопругот на контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша (43), Душко Тошиќ (36) е позитивен на коронавирусот, пренесуваат бројни српски медиуми. Тошиќ денеска добил позитивен тест за коронавирусот, а како што дознаваат медиумите боледува од потешка форма со пневмонија. Се уште не е познато каде се заразил фудбалерот и дали се лекува во болница. За потсетување, Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство на православен ...

Актерката Меган Фокс (35) и музичарот Машин Ган Кели (31) се свршија во романтичен амбиент по година и половина поминати во врска. Атрактивната бринета на социјалните мрежи објави интимно видео на кое се гледа како музичарот ја запросува, а таа се согласува. Актерката под објавата напиша опширен опис во кој истакна дека свршувачката ја прославиле со „пиење крв еден од друг“. View this post on Instagram A post shared by Megan Fox ...

Пит Дејвидсон е во преговори да стане водител на 94-тото годишно доделување на наградите „Оскар“. 28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live се очекува да биде домаќин на „Оскарите“ според Page Six. Извор, за комичарот кој моментално е во врска со Ким Кардашијан рекол: „Неговите луѓе разговараат со продуцентите“. Веста доаѓа во интересно време, бидејќи претходниот ден беше објавено дека овогодинешната ...

Џејсон Момоа (42), познат по улогите во „Aquaman“ и „Game of Thrones“ и неговата сопруга, актерката Лиза Бонет (54) од „The Cosby Show“, се разведуваат. Во подолга објава на Инстаграм профилот на актерот, поранешните сопружници им објаснија на следбениците зошто се решиле на тој чекор. – Сите го почувствувавме промените во ова трансформациско време. Револуцијата се случува и нашето семејство не е ...

Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) очекуваат дете, веста ја потврди Мартина Подгорски, ПР на популарниот пејач. – Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се исклучително среќни. Како што знаете Хана и Петар отсекогаш се труделе, а и ќе продолжат да се трудат максимално да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Се уште немаат планови за свадба – изјави Мартина Подгорски. Веста ...

По турбулентното раскинување со манекенката Џиџи Хадид, се чини дека пејачот Зејн Малик се обидува да најде нова љубов преку апликација. Неговиот профил се појави на апликацијата за запознавање WooPlus, која овозможува состаноци со плус сајз девојки, пишува Mirror. Апликацијата користи технологија за препознавање лице за да го потврди идентитетот на корисникот, а во јавноста протече видео на Зејн со изрази на лицето на емотиконите прикажани над ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.08
46%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.92
42%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
7.6
75%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
39%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58