Селена Гомез сега може да го додаде и станувањето милијардер на нејзината долга листа на достигнувања. 32-годишната актерка, пејачка, инвеститор и претприемач штотуку ја постигна финансиската пресвртница и на тој начин стана една од најмладите милијардери во САД кои сами го стекнале своето богаство. Според извештајот на Блумберг, нејзината нето вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Дел од богатството на ѕвездата од „Only Murders in the ...

„Balkan Media Production” за успешен крај на годината, го најавуваат концертот на најголемата музичка регионална ѕвезда, Саша Матиќ. Имено, тој ќе го одржи својот прв голем солистички концерт во Скопје и тоа на 21 декември во „Арена Борис Трајковски“. Зад себе има повеќедецениска кариера, неколку арени и нашите срца во неговите стихови. Додека низ смеа ги прифаќа шегите на своја сметка за оштетениот вид, Саша Матиќ вели дека е среќен и исполнет ...

Американската мегаѕвезда Тејлор Свифт ја поддржа демократската потпретседателка Камала Харис по телевизиската претседателска дебата меѓу Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп. Во објава на Инстаграм, Свифт рече дека ќе гласа за Камала Харис на изборите во САД на 5 ноември, за кои анкетите покажуваат дека ќе бидат многу неизвесни. Објавата на Тејлор Свифт вклучуваше слика на пејачката со мачка, а нејзината изјава беше ...

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот „Miss Universe“, со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник за глобалното натпреварување. Настанот ќе се одржи на 8 октомври во салата на Македонската опера и балет, а победничката ќе ја претставува нашата земја на глобалното дефиле кое ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, Мексико. Право на учество на изборот за Miss Universe имаат сите ...

Пејачката Мараја Кери откри дека нејзината мајка и сестра починале во ист ден. Пејачката потврди дека нејзината мајка Патриша (87) и сестрата Алисон (63) починале во текот на викендот, во ист ден. „Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери за магазинот People. „Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната ...

Oasis се враќа на музичката сцена. Познатиот британски бенд потврди дека повторно ќе се обединат и ќе започнат турнеја, која вклучува 14 концерти во Велика Британија и Ирска во текот на следната година. Иако претходно се шпекулираше дека тие ќе го предводат фестивалот Гластонбери и ќе одржат 10 концерти на стадионите Вембли и Етихад, тоа нема да се случи, пишува Гардијан. Наместо тоа, настапите на браќата Галагер ќе бидат организирани во јули и ...

Португалскиот фудбалер го собори светскиот рекорд за најбрз канал на YouTube кој достигна еден милион претплатници. Фудбалерот Кристијано Роналдо го отвори својот канал на платформата YouTube, а повеќе од милион претплатници се регистрираа во првите 90 минути. 39-годишниот, петкратен добитник на „Златната топка“ игра за клубот од Саудиска Арабија „Ал Наср“ и ја претставува Португалија на меѓународни турнири повеќе од две децении. View this post ...

Деновиве цел свет зборува за Блејк Лајвли и филмот „It Ends with Us“ кој моментално е најпопуларниот филм во САД. Покрај Блејк Лајвли, во филмот глуми и Џастин Балдони, а вниманието од филмот се префрли на наводните тензии и несогласувања меѓу главните актери. Шпекулациите за лошиот однос меѓу нив почнаа да се шират откако многумина забележаа дека не го промовираат филмот заедно. Актерот Брендон Скленар, кој во филмот го игра пријателот од ...

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт сподели изјава на социјалните мрежи во која го коментираше спречениот терористички напад што доведе до откажување на три концерти oд нејзината турнеја во Виена, Австрија претходно овој месец. „Официјално го завршивме европскиот дел од концертната турнеја „Ерас“. На овие концерти присуствуваа најстрастните посетители, внесовме нови традиции во настапот и вметнавме една сосема нова ера. Ова беше побурно темпо ...

Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по две години брак. Лопез поднесе барање за развод во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи што ги добиле американските медиуми. Официјалниот датум на разделба е наведен како 26 април. Двојката – наречена „Бенифер“ од таблоидите – формално се венчаше во Лас Вегас во јули 2022 година, а потоа одржаа и голема церемонија на 20 август 2022 година – ...

Тејлор Свифт ја заврши европската етапа на нејзината турнеја „The Eras Tour“ со објавување на нов спот. Иако многу фанови се надеваа дека Свифт ќе објави реиздание (т.е. ТВ, верзија на Тејлор) на еден од нејзините најпопуларни албуми, „Reputation“, тоа не се случи, туку тоа беше само музичко видео за песната „I Can Do It With a Broken Heart“ од последниот албум „The Tortured Poets Department“. Видеото се состои од клипови од турнејата, како и ...

Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат ексклузивен концерт во големата сала на Македонската филхармонија. Со почеток во 20:00 часот, ова музичко доживување ветува вечер исполнета со врвна уметност и незаборавни емоции, донесени од еден од најистакнатите виолинисти на нашето време. Виртуозниот Стефан Миленковиќ е еден од најпочитуваните виолинисти на својата ...

Првите монети од една фунта со ликот на британскиот крал Чарлс III. влегоа во оптек како дел од колекцијата инспирирана од животни и растенија. Најновиот дизајн, на кој се претставени две пчели, е издаден во пошти и банки, а речиси три милиони монети оваа недела ќе пристигнат во касите и џебовите на луѓето ширум земјата. Сите видови вклучени во дизајните, надгледувани од кралот, се во активни програми за зачувување и прикажуваат флора и фауна ...

Две мегаѕвезди на поп сцената, Лејди Гага и Бруно Марс, ги здружија силите за новата песна наречена „Die With A Smile“, која беше објавена денеска. Оваа неочекувана соработка, се разбира, веќе предизвика голем интерес кај обожавателите и критичарите ширум светот. „Die With A Smile“ е спој на уникатните стилови на двајцата изведувачи, што на слушателите им носи нешто сосема ново и свежо на музичката сцена. Дуетот е опишан како соул балада со ...

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит oфицијално се откажа од презимето на нејзиниот татко. Шајло е нивната втора најстара ќерка и на 18-годишната сега ѝ беше одобрено барањето за промена на името од страна на судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, според налогот кој успеале да го добијат американските таблоидни медиуми. Шајло Џоли е родена со името Шајло Нувел Џоли-Пит, но на 27 мај оваа година, кога беше нејзиниот 18-ти роденден, таа поднесе ...

Мрежа од луѓе мотивирани од алчност – двајца лекари, личен асистент, познаник и дилер на дрога позната како „Кралица на кетаминот“ – се заговориле да му дадат на Метју Пери кетамин што ја предизвикал неговата смрт од случајно предозирање минатата година, објавија федералните власти. Според федералното обвинение, двајцата лекари првично го снабдувале актерот со неговите залихи со кетамин, а кога лековите станале прескапи, тој ги набавувал од ...

Светската поп сензација Тејлор Свифт (34) го одржа првиот од петте закажани концерти на стадионот Вембли во Лондон, една недела по откажувањето на нејзините концерти во австриската престолнина Виена. За потсетување, организаторите поради терористичката закана решија да ги откажат сите три концерти планирани во Виена на 8, 9 и 10 август, а нејзините обожаватели се собраа на улиците на Виена и ги пееја хитовите на Тејлор Свифт. Како гостин на ...

Британската музичка ѕвезда Ед Ширан (33) купи малцински удел во клубот од англиската Премиер лига Ипсвич Таун. Ширан купи 1,4 отсто од акциите на клубот кој по 22 години се врати во елитната класа на англискиот фудбал. Англиските медиуми објавија дека претходно оваа година приватна компанија со седиште во САД купила 44% од акциите во клубот за пријавени 105 милиони фунти, што може да сугерира дека уделот на музичарот би можел да вреди повеќе од ...

Музичката ѕвезда Тејлор Свифт беше принудена да откаже три концерти во Виена поради терористички закани. Оттогаш, таа не објави ништо на социјалните мрежи, ниту се појави во јавноста, се до понеделникот вечерта кога беше фотографирана пред еден клуб во Лондон каде организирала приватна забава за својот тим. Додека многу фанови беа воодушевени што повторно ја видоа својата омилена пејачка, илјадници други изразија разочарување што Тејлор сè уште ...

Американскиот актер Метју Пери почина во октомври минатата година на 54-годишна возраст. Полицијата потоа започна истрага за да открие кој му дал на покојниот актер кетамин од кој починал. Денеска полицијата извести дека е уапсено „најмалку едно“ лице поврзано со неговата смрт, пренесуваат американските медиуми. Портпаролот на судскиот совет од Лос Анџелес претходно изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење. Полицијата во Лос ...

Кети Пери е под истрага поради снимањето на спот на Балеарските Острови, пишува Дејли Мејл. Одделот за животна средина на Балеарската регионална влада истражува дали пејачката и нејзиниот тим можеби ги оштетиле заштитените дини на островот С’Еспалмадор. На видеото се гледа како пејачката танцува на различни локации, вклучително и системот на дини на островот каде што важи забранет или ограничен престој. View this post on Instagram A post shared ...

Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 – поврзани, стилски и подготвени за авантури! Знаеш ли што е ново во светот на технологијата? Летово дефинитивно поминува во знакот на најновите Samsung телефони на преклоп – Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6! Овие уреди не се само стилски и моќни, туку и отвораат врата кон целосно нова димензија на конекција со Galaxy екосистемот. Спреми се за забава, креативност и бескрајни можности со новите Galaxy Watch7, ...

Тимот на Велика Британија освои вкупно 65 медали на овогодинешните Олимписки игри, од кои 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени. За големиот успех им честитаа бројни ѕвезди, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, која веќе извесно време се бори со ракот. „Од сите што гледаме од дома – честитки до тимовите на Велика Британија“, рече принцезата во видеото објавено на нивниот официјален Инстаграм, а принцот додаде: „Браво за сè што ...

Канадската пејачка Селин Дион го критикуваше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за користење на песна што ја напишала и пеела за филмот „Титаник“ на предизборен митинг. Менаџерскиот тим на Селин Дион на социјалните мрежи се осврна на употребата на песната „My Heart Will Go On“ од страна на Трамп. Тие наведуваат дека Доналд Трамп повеќе нема да може да ја користи таа песна и дека воопшто не дале дозвола. Тие велат дека ја ...

Адел конечно ја потврди свршувачката со спортскиот агент Рич Пол. 36-годишната пејачка во 2021 година откри дека е во врска со основачот на менаџерската компанија „Klutch Sports Group“, која ги претставува кошаркарските ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Џон Вол. Пејачката во петокот на концерт во Минхен покажа прстен на раката и рече дека се мажи. Имено, еден обожавател во публиката држел транспарент на кој пишувало „дали ќе се омажиш ...

Вчера, во 20 часот во Дојран со доделување на наградите свечено беше затворено третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку Езерото“. Меѓународното жири составено од: Електра Венаки од Грција, Предраг Пеџа Милојевиќ од Србија и лауреатот на овогодинешниот фестивал на „Наградата Мето Јовановски“, актерот Владо Јовановски, решија Гран Прито за надобар медитерански и балкански филм да ја добие грчката дистописка драма ...

Селена Гомез ги подгреа гласините дека таа и нејзиното момче Бени Бланко се вериле. Пејачката објави фотографија на која таа и Бени позираат пред огледало во бањата. „Ноќно излегување“, напишала во описот на објавата, а го покрила прстот на левата рака со емотикон со срце. Обожавателите се убедени дека под емотиконот се крие прстен. „Дали го крие свршеничкиот прстен?“, „Сигурно се свршила“, „Го сокри прстот. Дали се вериле?“, се коментарите на ...

Претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенција за пошти д-р Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка, преку кој двете страни заеднички ќе се залагаат и ќе придонесуваат кон намалување на сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи во Македонија. Сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи (кои најчесто ги ...

Се почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градските улици кој освен што е извор на непријатна миризба, на овие температури може да биде извор и на зарази. Покрај контејнерите за комунален отпад, неретко такви места каде се натрупува отпад се и контејнерите за селекција на отпадот од пакување на Пакомак. Во врска со ова прашање, од Пакомак не информираа дека тие соработуваат повеќе од 14 години со Градот Скопје и ...

Во рамки на платформата “Наша Гордост. Наша одговорност.”, култниот македонски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО, ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад. Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
39%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
44%
1022
weather icon

Софија

36ᴼ / 32ᴼ
2.57
28%
1017
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.65
14%
1015
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
53%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
10.8
24%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.03
15%
1012
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
22%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
39%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.26
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326