
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Питер Левин, адвокатот на Анџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло, проговори за нејзината одлука да го отфрли Пит од нејзиното презиме. Шајло поднесе барање за промена на името на 27 мај, нејзиниот 18-ти роденден, а наскоро беше објавено со правно известување во Лос Анџелес Тајмс. „Медиумите треба да бидат повнимателни во нивното известување, особено кога станува збор за млада возрасна личност која донела независна и значајна одлука по болни ...
Бразилската фудбалска суперѕвезда, Нејмар, на почетокот на јули стана татко по трети пат. Тој на Инстаграм сподели фотки од бебето и откри дека таа се вика Хелена и дека е родена на 3 јули. „Хелена“, напиша тој покрај фотографијата на која се гледа неговиот 12-годишен син Дави Лука, кој го добил кога имал 19 години со тогашната девојка Каролина Дантас. View this post on Instagram A post shared by Neymar Jr (@neymarjr) Нејмар и неговата сега ...
Утрово, на две недели пред неговиот концерт во Охрид на СРЦ Билјанини Извори, Лени Кравиц реши да ги изненади охриѓани. После сите светски метрополи, како Њујорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес.. Лени Кравиц реши својата гитара да ја постави и сред една наша природна убавина – Охридското Езеро! View this post on Instagram A post shared by Avalon International Booking (@avalonbooking) Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција ...
Адел најави дека ќе направи „голема пауза“ од музиката по нејзините претстојни концерти, велејќи: „Воопшто немам никакви планови за нова музика“. Британската пејачка, која последните две години ги помина настапувајќи во Лас Вегас, следниот месец ќе настапи во Европа за прв пат од 2016 година. Таа има закажано вкупно 10 концерти во Германија за август во изложбениот центар Месе во Минхен, кој може да се пофали со капацитет од 80.000. За време на ...
Во сабота, на 20 јули сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера. Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера. „Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата ...
Актерот Џо Манганиело (47) ја сподели својата страна од приказната за неговиот развод со актерката Софија Вергара (52). Актерот тврди дека причината за разводот што Софија и ја соопштила на јавноста „едноставно не е вистина“, пренесуваат американските медиуми. Имено, на почетокот на оваа година актерката во интервју за шпански „Ел Паис“ откри: „Бракот ми се распадна бидејќи Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам ...
Хрватската музичка ѕвезда Северина летува со синот Александар на малиот остров Врник кај Корчула. Таму ги сретнала хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Матео Ковачиќ. Фудбалерите позираа со пејачката и нејзиниот син, а Северина тие фотографии ги сподели на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) „Момци кои освен на теренот нè радуваат со својата појава и надвор од него… Ви благодариме Лука и Матео“, ...
„Ми кажаа дека ЕГЗИТ ги собира револуционерите во публиката и на бините”, изјави Том Морело, додавајќи дека 33 години го чекал овој момент, а него го чекавме и сите ние уште од првиот ден на Егзит, бидејќи токму „Рејџ Агенст Д Машин“ беше катализатор на настанувањето на најголемиот фестивал во регионов. Симболично, пред неговиот настап беше најавена големата прослава на 25 години на Егзит следната година, во која се враќаме во „State of EXIT“ – ...
Номинациите за 76. издание на Еми наградите беа објавени од страна на Тони Хејл, Шерил Ли Ралф и претседателот на Академијата за телевизија Крис Абрего од театарот „El Capitan“ на церемонија која се емитуваше во живо. „Shogun“ оваа година освои најмногу, вкупно 25 номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобра драмска серија. „The Bear“, пак, постави рекорд во областа на комедијата за најмногу номинации со 23, надминувајќи ги 22-те што ги освои ...
Бен Афлек и Џенифер Лопез официјално ја ставија својата куќа во Беверли Хилс на продажба. Нивната палата излезе на пазарот вчера, речиси еден месец откако извор изјави за магазинот „People“ дека Афлек и Џеј Ло сакаат да го продадат имотот. Парот, кој е во брак од 2022 година, го купи имотот во мај 2023 година за 60,8 милиони долари. Куќата со 12 спални соби и 24 бањи, според огласот, неодамна е реновирана според највисоките стандарди за ...
Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот ...
Дрејк повторно се обложи и повторно згреши. Канадскиот рапер на Инстаграм објави дека се обложил со 300.000 долари дека канадскиот тим ќе ја победи Аргентина во полуфиналето на Копа Америка. Ако погодеше, неговата добивка ќе беше 2,88 милиони долари. Сепак, Аргентина ја победи Канада со 2:0 и се пласираше во неделното финале на Копа Америка. Репрезентацијата на Аргентина по натпреварот објави фотографија на социјалните мрежи на која Лионел Меси ...
Глобалните музички ѕвезди Адел и Ед Ширан направија пауза од нивните напорни распореди за да се препуштат на нивната заедничка страст за фудбалот на УЕФА шампионатот во Германија. Двајцата беа видени како уживаат на натпреварот помеѓу Холандија и Англија на фудбалскиот стадион Дортмунд, секој во придружба на своите пријатели. Адел, позната по својот моќен вокал, беше облечена лежерно во бела маица и црно палто, додека Ширан, познат по неговите ...
Судењето за убиство од небрежност на актерот Алек Болдвин започна во средата, 10 јули, во Ново Мексико пред преполната судница во која беа братот на Алек, Стивен и сопругата Хилари. На првиот ден од судењето, и обвинителството и одбраната дадоа воведни изјави пред поротата од 12 лица, нудејќи многу различни објаснувања за настаните што доведоа до трагичната смрт на кинематограферката Халин Хачинс на сетот на „Rust“ во октомври 2021 година. ...
Синоќа со специјалниот нулти ден беше обележано официјалното отворање на водечкиот музички фестивал во нашиот регион и еден од најголемите светски фестивали ЕГЗИТ чие годинашно издание се одржува со спектакуларна програма на повеќе од 40 бини и зони, од 10 до 14 јули во Нови Сад, Србија. Новото, 24-то издание на ЕГЗИТ ќе ги собере дел од најголемите светски ѕвезди, како и музичарите во подем кои ја обликуваат сцената на денешницата во најширок ...
Овогодинешното издание на фестивалот Ohrid Calling ќе се одржува од 31 јули до 3 август во Касарна, Oхрид! Како што објави организаторот Авалон продукција од следната година ќе следува промена во локацијата на одржување на фестивалот. „Покрај досега најатрактивната хедлајнерска програма на Ohrid Calling откако фестивалот се одржува во Касарна, има уште нешто што го прави овогодинешното фестивалско издание историско и за вас, и за нас, и за ...
Кралското семејство деновиве е посветено на Европското фудбалско првенство. По победата на Англичаните над Холанѓаните и пласманот во финалето, на честитките се приклучи и кралот Чарлс кој испрати убава порака до националниот тим. Се е објавено на кралскиот официјален Инстаграм профил. „Мојата сопруга и јас се придружуваме на целото наше семејство за да ви ги испратиме нашите најсрдечни честитки за пласманот во финалето на Европското првенство и ...
Делириум во Сплит, Еуфорија во Шибеник, НЏО и Рамбо го разбудија Вис се само дел од насловите кои ги објавија хрватските медиуми за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и „најлудиот оркестар на Балканот“. Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи, бројни осврти и написи во хрватските медиуми ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со ...
Од денеска до 14 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се одржува 24-от EXIT, повеќенаграден меѓународен летен музички фестивал, каде се очекуваат над 1.000 изведувачи од регионот и целиот свет. Првиот ден од фестивалот е во знакот на роденденот на Никола Тесла, со слоганот „Заедно да ја разбудиме нашата супермоќ“, а музичката програма ќе ја предводат Бејби Лазања, и водечките уметници на новата генерација со американската поп ѕвезда ...
Шакира ќе настапи во финалето на Копа Америка во 2024 година, објави највисокото извршно тело во Јужна Америка задолжено за фудбалот (КОНМЕБОЛ). Добитничката на Греми и Латин Греми ќе настапи за прв пат на ваков настан. „Шакира е извонредна јужноамериканска ѕвезда која го заслепи целиот свет. Нејзините песни се пеат и танцуваат на секој агол на планетата, нејзината уметност се претвора во глобален феномен кој ги преминува границите и во кој ...
Компанијата „Paramount“ го објави трејлерот за вториот дел од легендарниот филм „Гладијатор“, на Ридли Скот. Според најавата, „Гладијатор 2“ ја продолжува сагата за моќ, интриги и одмазда во античката Римска империја. Години откако бил сведок на смртта на херојот Максим од рацете на неговиот вујко, Луциј е принуден самиот да влезе во Колосеумот кога неговиот дом е освоен од царевите тирани кои владеат со Рим со железна тупаница. Луциј мора да ...
Американската актерка и пејачка, 35-годишната Ванеса Хаџенс го роди своето прво дете. Американските медиуми информираа дека во средата со сопругот ја напуштила болницата во Санта Моника. Полот и името на детето се уште не и се познати на јавноста. Ванеса Хаџинс објави горчливо слатка порака во која го објави раѓањето на нејзиното новороденче. Актерката од „High School Musical“ ја објави среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг Кол Такер го ...
Марк Цукерберг на необичен начин го прослави Денот на американската независност. Сопственикот на Мета објави видео како сурфа облечен во смокинг со американско знаме во едната и пиво во другата рака. „Среќен роденден Америка“, рече тој додека во позадина свири „Born in the U.S.A.“. Во видеото тој носи и Meta Ray-Ban очила, гаџет дизајниран од Мета. Тој го објави видеото на Фејсбук и Инстаграм, најголемите социјални мрежи на Мета и предизвика ...
Холувудската ѕвезда Марго Роби го очекува своето прво дете! Актерката и продуцент на „Барби“ беше забележана на езерото Комо, Италија со нејзиниот сопруг Том Акерли на 7 јули. На фотографиите објавени во американските медиуми, популарната „Барби“ може да се види како гордо го покажува својот мал, но видлив труднички стомак. Актерката, која има три номинации за Оскар, изгледа расположено, со гол стомак, додека се качува на брод за време на одмор ...
Последниот ден од фестивалот Скопје Синема Сити е посветен на македонски музички документарни филмови. Во киното „Мирно лето“ вечерва со почеток од 20.15 часот ќе биде прикажан „Лука“ во режија на Ице Виранов а потоа „Тале Огненовски“ во режија Благојче Трајковски. Фестивалот Скопје Синема Сити секоја година во рамките на својата програма отстапува место за домашната продукција на овој документаристички жанр со што сака да даде поддршка на ...
Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ денеска го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата прес-конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје . Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за ...
Францускиот и светски кинематограф Бруно Делбонел е добитникот на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што ...
„У љубави смо краљеви и просјаци“ е насловот на новата песна на Владо Калембер, што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман). Најавено е песната да има и спот, како и набргу да може да се чуе и на македонски јазик. Како што се појаснува во соопштението, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и оттогаш трае нивното пријателство што резултира и во ...
Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе биде означен почетокот на филмската програма на јубилејносто 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“, претставува портрет на Сантана и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот. Карлос ...
Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворена филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката. „Жал ми е што не сум во ...