
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Карима Ашаду, Машински момчиња, 2024, видеокадар. Со учтивост на уметникот, Фондација Меѓу уметничкиот филм Расправајќи за капитализмот, модернизмот и постмодернизмот, за револуционерниот карактер на уметноста, британскиот филозоф и критичар – Тери Иглтон [Terry Eagleton], посочува дека противречностите на модернизмот би можеле да добијат „поексплицитно политичко светло“ само доколку пристапат од поученоста дека политичкото делување значи ...
Нема ништо полошо од оставинска расправа меѓу раскарани роднини кои наследуваат голем покојник. Некако успеваат да го поделат материјалното богатство, но затоа околу духовните добра се караат на нож и крв. Така стојат работите меѓу народи во кои духовните луѓе секогаш се на цена, народи кои толку се грижат за интелектуалните достигнувања што за нив се спремни и да се заколат. Поминаа три децении од убиството на СФРЈ, а Србите и Хрватите уште не ...
Станува збор за истражување на невролозите од Универзитетот во Британска Колумбија кои ја мереле електричната активност во мозокот на пациентите во хоспис додека биле свесни и во моментот на смртта. Докторката Џил Болт Тејлор, американскa научничка која се занимава со истражување на мозокот, го опишува своето искуство на одење по работ на животот и моментот на смртта во книгата насловена My Stroke Of Insight. Доживеала страшен мозочен удар и тоа ...
Ширум Европа правото на мирен собир е под сериозен напад зашто државите сè повеќе ги стигматизираат, криминализираат и насилно ги сузбиваат протестите, наметнуваат неоправдани и казнени рестрикции и посегнуваат кон сè порепресивни средства за да ги загушат дисидентските ставови. На целиот континент е видлива матрицата на репресивните закони, користењето непотребна или претерана сила, арбитрарни апсења и прогони, неоправдани или дискриминаторни ...
По долго боледување, на 93 годишна возраст почина ирската писателка Една О’Брајан (1930–2024), авторка која во своето богато дело ги истражуваше убавините и тешкотиите, противречностите на животот на жените, нивното место во светот на мажите, нивните надежи и разочарувања, преку проза во чија атмосфера може да се препознае наследството на Џојсовите „Даблинци”. Една О’Брајан се сметаше за ирски Солженицин, бидејќи имаше храброст да пишува за сите ...
Арпилеристас, Без наслов, 1980 година, извезена и аплицирана ткаенина, памук и мешани материјали, 96,5 x 81,3. Фото Метју Шерман. Колекција Ее Мусео дел Барио, Њујорк, Подарок на Артур и Дороти Хамер. Со учтивост Ее Мусео дел Барио, Њујорк Странци насекаде на 60. Венециско биенале на уметноста; 20 април – 24 ноември, 2024 г., Џардини, Арсенале, и на различни локации во градот Венеција. Уметноста на таписериите се чини дека во голема мера се ...
Преносите на уводните олимписки ритуали ги гледам само кога се изведува „Олимписката химна“. Ја напишал Костис Паламас, еден од најголемите грчки поети на модерната доба. Цел ми е здраво да се исплачам над она во што се претворија современите олимпијади, над неразбирањето на „бесмртниот дух“ од неговото перо и над незаслужената ароганција на власта во светот. А таму, на сцената, уште пред работите да се затркалаат, првата тема гласи: „Ќе биде ...
Кога Израел зборува за масакрот, тоа значи 7 октомври и само 7 октомври. Терминот „масакр“ владее со нашиот дискурс и е синоним за октомврискиот напад. Очигледно, тоа беше масакр. Но само еден. Друг немало, а нема ни сега. Наспроти тоа, Шоа (холокаустот) бил еден и единствен, а „авторските права“ на терминот се исклучиво резервирани за еврејскиот народ и државата Израел. Засекогаш. Ниту Ерменија, ниту Руанда, или не дај Боже да му се случи на ...
Читање за пациент во болницата Whiteabbey во Белфаст. Фото: Еленор Бентал Во болниците низ Велика Британија, добротворната организација InterAct обезбедува нарачани читања прилагодени на вкусот на пациентите. Актерите велат дека и тие имаат корист од оваа практика. Во 2000 година, театарската режисерка Керолин Смит го негувала својот брат кој имал смртна болест. Во текот на тој процес открила дека читањето за него претставува одличен извор на ...
Откако побегуљата од Будимпешта најави негово враќање во Македонија качен на бел коњ, нели како што бара народот според анкетата на ИРИ, од ВМРО-ДПМНЕ спровеле интензивна потрага по бел коњ кој ќе има доволно голем гепек за да го собере во него Груевски и да си се врати човекот кај својот народ, дознава АХА. Мора да има таков коњ, за да биде автентичноста потврдена и нашиот лидер да си се врати во татковината онака како што побегна, нели според ...
Летото 1962 година започна со големи горештини. Од топлината сѐ се спепелуваше, добиваше сива боја, овде‒онде прошарана со бојата на исушено тревје. Па сепак, вели Мартин – за мене и мојата жена почна едно убаво време. Вака‒така, по неколку години, во заедница со некои пријатели, изградивме куќички во подножјето на Гази Баба, така ги заменивме изнајмените влажни собички со удобни живеалишта. По толку години! Та одвај, сепак, беа минале неколку ...
Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето”, на 27 јули (сабота), во Сули ан, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи мултимедијален перформанс насловен „Во моите чевли”, чија авторка и изведувачка е Јована Зајкова, додека костимографијата е на Соња Геговска - Зајкова. „Сигурно сте слушнале за чудовиштата што живеат под креветот. Излегуваат навечер - спремни да нападнат ако се осмелиш да ги вознемириш. Некои деца се ...
Клер Фонтејн, Странци насекаде (Тибетански), 2010, монтиран неон на ѕид или на прозорец, цевка Технолукс бр. 44s 8/10 mm, рамка, електронски трансформатор и кабли - поглед на инсталација, 48 x 32,5 x 45cm. Фото Флоријан Клајнфен. Со учтивост Клер Фонтен и Менур, Париз Веројатно на почетокот би требало да биде предочено дека ова не е изложба на првенствено современи уметнички дела, туку на современо курирање на уметноста чие датирање се протега ...
Кога Раја Мана открила подрум полн со фотографии на нејзиниот татко, таа се зафатила со тешката задача да ги архивира материјалите. Раја Мана е палестинска фотографка која живее помеѓу Истанбул и Палестина. Пораснала во палестинското село во Горна Галилеја наречено Мајд Ал-Курум. Токму во тоа село расте едно од најстарите маслинови дрвја во Палестина. Дрвото е старо околу 4.000-5.000 години. „Мајд Ал-Курум” се преведува како „Слава на шумата”. ...
Крајна десница? Тврда десница? Радикална десница? Или само десница?! Крајна десница? Тврда десница? Радикална десница? Или само десница? Успехот на партиите како Национален собор на Марин Ле Пен (поранешниот Национален фронт) и Алтернатива за Германија (AfD) на неодамнешните избори за Европскиот парламент ја отвори дебатата за тоа дали терминот „крајна десница“ треба да се пензионира оти, како што тврди Фрејзер Нелсон, уредник на Обсервер, многу ...
Недела, 21 јули, беше најтоплиот ден забележан досега откако се мери температурата. Прелиминарните податоци на Европската климатска агенција Коперникус покажуваат дека просечната глобална температура во неделата била 17,09 степени целзиусови (62,76 степени фаренхајтови), соборувајќи го рекордот поставен минатата година на 6 јули 2023 година за 0,01 Целзиусови степени (0,02 степени фаренхајтови). Овој, како и минатогодишниот рекорд, значително го ...
Изложбата насловена „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ е подготвена по повод одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје на 26-ти јули 1963 година. Организатор е Музејот на град Скопје. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот. Во оваа изложба станува збор за земјотресот кој се случи во Скопје на 26 јули 1963 година, и за состојбата на културните ...
Извор: Дојче Веле Упатен е повик до Генералното собрание на ОН да преземе што поскоро мерки за да се стави крај на оваа ситуација. „Постојаното присуство на Израел на окупираните палестински територии е нелегално“, заклучи во петокот Меѓународниот суд на правдата во Хаг. На оваа ситуација мора што поскоро да се стави крај, потенцира судот во своето мислење. Во декември 2022 година, Генералното собрание на ОН го задолжи судот со ова прашање – ...
(Кон 59- то издание на Борштниковите средби, 3-18 јуни, 2024 година, Марибор, Словенија) Скоро шеесет години „Борштниковите средби“ на својот репертоар го носат она најинтересното и најинспиративното од Словенечкиот театар. Овие театарски средби се еден вид пресек на театарските збиднувања во Словенија, како и на режисерските видувања на Словенечките режисерски имиња. Дванаесетте претстави во официјалната компетиција на овогодинешниот фестивал ...
За прв пат е забележана активност на човечкиот мозок во последните моменти пред смртта, откривајќи ритмичка активност споредлива со онаа видена за време на сонот. Набљудувањето би можело да ги поддржи извештаите за искуства блиску до смртта за животот кој минува пред вашите очи во фазата позната како „потсетување на животот”. Откритието е направено за време на лекување на епилепсија на 87-годишен маж под надзор на д-р Раул Висенте на ...
Новата мантра на кандидатите на претседателските избори во САД, актуелниот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп е „единството“. Именката стана жешка стока по обидот за атентат врз кандидатот на Републиканската партија на предизборниот митинг во Батлер минатиот викенд. Приказната за атентатот е позната и веројатно нема да се промени во главните црти, можеби во некој детаљ: Томас Метју Крукс, 20-годишен регистриран ...
Последниве десетина години миграциите веројатно се најважната политичка тема во евроатлантскиот свет и придружните сателити. А дискусиите кои ја следат, кажано со жаргонот на современиот политички Пи Ар, ги поларизираат општествата. Приоритетниот статус на миграциите како тема не е предизвикан од некаков значаен раст во квантитетот во однос на претходните периоди на глобално ниво. Причините попрво треба да се бараат во неодамнешното економско ...
Го запознав Борис Буден, публицист, универзитетски професор, преведувач, активист и другар, на крајот на 1992 година во канцеларијата на Антивоената кампања на Ткалчиќева 38 во Загреб. Тогаш се подготвувавме да го рестартираме објавувањето на списанието ARKzin во поамбициозен формат, а Весна Кесиќ го покани да ни се придружи. Борис многу брзо доби постојана колумна „Blut und Buden“ во која безмилосно го деконструираше воено-националистичкиот ...
Во сабота, на 20 јули, со почеток во 19 часот, во рамки на манифестацијата Смилевски конгрес, во село Смилево ќе се одржат серија интересни културни настани: - Изложба на алтернативни фотографии „Вратнички на Улишта“ на Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија - Изложба на алтернативни фотографии на фото клубот Ирис, Темишвар, Романија - Проекција на отворено на филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, дел од програмата на патувачкото ...
Кон средината на јуни, египетската војска и полиција уапси повеќе од 250 навивачи на каироскиот фудбалски клуб Ал Ахли во Александрија поради подигање на палестинското знаме на стадионот и скандирања во знак на солидарност со Газа. Меѓу приведените има и неколку тинејџери на возраст од 13 до 15 години. Дел од навивачите беа ослободени еден ден подоцна, некои останаа во затвор. Активистите сега ја повикуваат Африканската фудбалска конфедерација ...
Мултимилијардерот Илон Маск вложува многу повеќе од објавените 45 милиони долари месечно во предизборниот фонд на републиканците, очекувајќи дека евентуалниот втор мандат на Доналд Трамп би ги олеснил условите за развој на технолошката империја, од електричните автомобили, преку социјалната платформа, па сѐ до вселенските истражувања. Маск како „лажни гнуа“ (игра на зборови за лажна вест) ги опиша извештаите во весникот „Вол стрит џрнал“ дека ...
Наша соговорничка е познатата американска, меѓународно призната марксистка и политиколог Џоди Дин (Jodi Dean). Таа е уредничка и авторка на голем број публикации и книги. Честа гостинка е во Загреб, а разговорот го имавме по нејзиниот настап на овогодинешниот Subversive фестивал, каде што во рамките на Субверзивниот форум одржа предавање насловено „Полошо од Трамп“. Разговорот со Џоди Дин го води Среќко Пулиг. Рековте дека нема да зборувате за ...
Еколошката организација Гринпис на 7 јули објави графикон кој покажува дека неколку дена претходно температурата на површината на Атлантскиот океан во Мексиканскиот залив надминала 28 степени, а на некои места достигнала и 30 степени целзиусови. Графиконот беше проследен со реченицата „Факт: Потопли мориња = поразорни урагани“, реферирајќи на ураганот Берил за кој научниците констатираа дека се карактеризира со „интензификација без преседан“ со ...
Финска, според повеќе меѓународни истражувања, се смета за најмалку корумпирана земја во светот. Но во последните години во Финска се води дебата околу реформи, кои, меѓу другото, би го опфатиле и назначувањето на генерални директори на јавни институции, а со што оваа скандинавска земја уште повеќе би ја зацврстила својата водечка позиција во глобални рамки, како држава со најниско ниво на корупција. Политичките и партиските назначувања, како ...
Преземено од Дојче веле Температурите на северната хемисфера соборуваат рекорди секоја година. Во многу земји се забележуваат екстремни, смртоносни горештини. Според студијата објавена во мај 2023 година во списанието Nature Sustainability, доколку климата драстично се загрее, можно е сценарио според кое околу 3,3 милијарди луѓе би можеле да се соочат со екстремни температури до крајот на векот. Студијата, предводена од научниците од ...