Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во ...

Последните избори испратија порака и до коалицискиот партнер на СДСМ, Демократската унија за интеграција, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. – ДУИ доби порака од народот и од Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, ...

Постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани, рече денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани, Влатко Грозданов, кој ќе оди во вториот круг на локалните избори. Грозданов порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите. – Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, ...

Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд Скопје за 12 осомничени за Лихварство и за Перење пари. Како што информираа од Кривичниот суд, за 8 лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое сè уште се трага, исто така, е одредена мерка притвор. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека се лишени од слобода 11 лица кои се осомничени за лихварство и за перење пари, а по едно лице се трага. ...

Управата за хидрометеоролошки рабори издаде портокалов и жолт аларм за силен ветер утре во Македонија. „Во теков на ноќва ќе дува јужен ветер, кој утре преку денот ќе биде со засилен до силен интензитет и локално ќе надминува брзина од 70 километри на час“, се вели во предупредувањето од УХМР. Портокаловото предупредување е издадено за Западна Македонија, а жолто за источните и за северните региони. За Струмица, Гевгелија и за Валандово нема ...

Циклусот на политичката моќ во македонскиот блок.Кога историјата се повторува Македонската политичка сцена во изминативе две децении беше сведок на драматични промени на политичката моќ меѓу двете главни партии во македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Три изборни моменти – легендарниот 15-ти септември 2002 година, парламентарните избори во мај 2024 и локалните избори во октомври 2025 – претставуваат клучни точки на пресврт кои илустрираат колку ...

1314 БЕЛЧИШТА ДЕБРЦА ОПШТИНСКА ЗГРАДА С. БЕЛЧИШТА 1315 НОВО СЕЛО ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1316 БОТУН ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. БОТУН 1317 ПЕСОЧАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ПЕСОЧАНИ 1318 ЦРВЕНА ВОДА ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1319 ЗЛЕСТИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ЗЛЕСТИ 1320 ВЕЛМЕЈ ДЕБРЦА ЗАДРУЖЕН ДОМ С. ВЕЛМЕЈ 1321 БРЕЖАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. БРЕЖАНИ 1322 ЛЕШАНИ ДЕБРЦА ДОМ НА ...

Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше одбележан 23 октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба. Пред бројните граѓани и гости свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг и славен процес, исполнет со храброст, жртва и огромна љубов кон ...

Инстант нудлите станаа универзален симбол на брз живот – за неколку минути „ручекот е готов“. Го отворате капакот, додавате топла вода, зачини и добивате „егзотичен“ оброк што мириса на нешто помеѓу Азија и студентски дом. Но, дали некогаш сте погледнале што всушност се крие во тие практични пакувања? Како се прават инстант нудли Повеќето нудли што ги наоѓаме во супермаркетите веќе се зготвени еднаш, а потоа сушени, обично од пченично брашно, ...

Променете ја вашата исхрана и намалете го холестеролот, кој може да биде опасен ризик за здравјето на крвните садови. Вклучете храна во вашето мени што може да помогне во спречувањето на атеросклероза. Различни состојки во храната можат да ви помогнат во диетата против висок холестерол. Некои намирници содржат растворливи влакна што го врзуваат холестеролот и неговите прекурсори во дигестивниот систем. Овие влакна можат да го врзат пред да влезе ...

Ако го почувствувате мирисот на печена свежа риба и на печени пиперки, веројатно се подготвува најздравата и највкусната комбинација која слободно може да ја консумирате секогаш кога имате можност. Уште ако ви се на располагање свежи морски риби од типот на орада, па уште и ако ги испечете на скара, премачкани со ладно цедено маслиново масло со 5 ѕвездички и свеж рузмарин, тогаш навистина ве очекува кралски оброк. Најдобрата здрава храна на ...

Мандарините се вкусно овошје на кое малкумина можат да одолеат. Сепак, често наидуваме на суви, кисели и воопшто не ни го разубавуваат денот. За среќа, ваквите грешки при купувањето може да се избегнат – доволно е да знаете неколку едноставни трикови. Предолго складирање и незрело овошје Горчлив или кисел вкус се јавува кога овошјето не е доволно зрело, додека недостатокот на сочност најчесто е резултат на предолго складирање – тогаш овошјето ...

Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар е 189.231 денари (3.076 евра), односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 квадратен метар кој се наоѓа на територијата на општина Центар, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, ...

Декември е време за бајка! Ние те носиме право во срцето на Прага и Виена, каде што Божиќната магија мириса на чоколадо, греано вино, цимет и радост! Термин: 04.12 – 08.12.2025 ПРОМО цена: 159 € (FIRST MINUTE до 01.11.2025) Редовна цена: 189 € Побрзај, местата се ограничени! ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз (високоподен, со аудио-видео опрема) на горенаведената релација 2 НП во Прага, во хотел со 3* Посета на Виена со стручен водич ...

Цената на златото денеска забележа мало закрепнување откако вчера нагло падна. На пазарот денес, унца злато се тргуваше по цена од 4.149,16 долари, што е зголемување од помалку од 0,4%. Вчера, спот цената на златото падна за дури 6,3% на 4.082,03 долари за унца, откако достигна рекордно високо ниво од 4.381,21 долари во понеделник. Фјучерсите за злато во САД го завршија денот со пад од 5,7% на 4.087,70 долари, што е најголем процентен пад од ...

45-годишната Тами Карви од Вајандот, во близина на Детроит, освои 100.000 долари на извлекувањето на „Powerball“ на 6 септември, користејќи го „ChatGPT“ за да ги генерира добитните броеви, објавува Дејли Маил. – Го прашав „ChatGPT“ за сет „Powerball“ броеви и ова се броевите што ги играв – рече Тами во изјава од Лотаријата на Мичиген. Таа рече дека обично игра само кога џекпотот достигнува астрономски височини, а бидејќи наградниот фонд на ...

По конфликт со контролниот акционер околу идниот состав и насока на компанијата неколку членови на одборот на данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, вклучувајќи го претседателот и потпретседателот, ќе се повлечат од своите позиции. Компанијата, позната по своите исклучително успешни лекови за дијабетес и слабеење Оземпик и Вегови, вчера објави дека директорите и Фондацијата Ново Нордиск, која е контролниот акционер, не успеале да постигнат ...

Најскапото возење со такси за стандардно возење од пет километри меѓу градовите во светот е во Цирих, Швајцарија и во европските градови воопшто, додека овие цени се пониски во Северна Америка, Азија и Африка, а најевтиното возење со такси е во Каиро, Египет, објавува глобалното туристичко списание Conde Nast Traveller. Списанието цитира податоци од извештајот на Дојче Банк „Мапирање на светските цени 2025“, кој детално анализира различни цени, ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека се надминати вчерашните проблеми со пристапот до електронските системи. Управата соопшти дека технички се надградени електронските системи со цел нивното користење да биде уште полесно и поедноставно. – Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот ...

Перу прогласи 30-дневна вонредна состојба во Лима и Каљао поради бранот насилство од страна на организираниот криминал. Привремениот претседател Хозе Хери може да ја испрати војската на улиците и да ја ограничи слободата на собирање. Земјата е потресена и од недели насилни протести против корупцијата, во кои се повредени повеќе од 200 лица. Перуанската влада денес прогласи вонредна состојба како одговор на бранот насилство од страна на ...

Руските сили утрово нападнаа градинка во Харков користејќи дронови, соопштија високи украински функционери. „Имаше директен удар врз приватна градинка во областа Холоднојарки во Харков, каде што избувна пожар“, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов. Според првичните информации, едно возрасно машко лице е убиено, додека сите 48 деца се евакуирани од местото на нападот. Децата не претрпеле никакви физички повреди, но, според украинските ...

Турција е во шок поради невиденото крваво дивеење на избеганиот затвореник Мустафа Емлик, кој уби три лица, од кои двајца беа полицајци, и рани седум други, откако избега од затвор во населбата Ердемит во градот Баликесир. Најновото злосторство е снимено на улични надзорни камери – според НТВ, на 18 октомври, околу 23:00 часот во Ердемит, било пријавено дека е украдено возило во населбата Алтинкум и дека е употребен пиштол. Кога полициските ...

Унгарија нема да постапи по налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во случај на евентуално апсење на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Будимпешта, соопшти министерот за надворешни работи Петер Сијарто Изјавата на шефот на унгарската дипломатија следува откако полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски порача дека Варшава „не може да ја гарантира безбедноста“ на летот на рускиот претседател ...

Крик, удар и чад од пиштол го потресле мирното загрепско маало Средишќе околу 10.30 часот утрово. Хрватските медиуми пренесуваат дека маж бил застрелан во ногата пред зградата на улицата Еде Муртиќ. Полицијата веднаш го блокирала реонот. Еден маж е уапсен и еден застрелан. Contents Напаѓачот бил фатен од полицијата нешто пред пладне, потврди полицијата во Загреб. Сведок на настанот изјавил дека напаѓачот прво го удрил човекот, а потоа пукал во ...

Европа не може да биде силна на глобално ниво ако ги затвора очите дома и не може да проповеда демократија во Киев или Тбилиси, додека ја игнорира неправдата во Софија, изјави француската европратеничка Валери Ајер во воведното обраќање на дебатата во Европскиот парламент за „континуираниот напад врз демократските институции и владеењето на правото во Бугарија“. Ајер истакна дека директен повод за денешната дебата е апсењето на градоначалникот ...

Русија денеска одржа воена вежба на стратешките нуклеарни сили, при што го тестираше и лансирањето на нивната најмоќна балистичка ракета. Со вежбата раководеше рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ соопшти дека е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Јарс од полигонот Плесецк, северозападна Русија. Ракетата е упатена до Камчатка, рута долга 6.000 километри. Максималниот дострел на Јарс е 12.000 километри. За време ...

Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. – Од дното на моето срце, сакам да ви се заблагодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. – Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција. Николоски е убеден дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти ...

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци. Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ ...

Петнаесет дена пред изборите, локалната редакција ги предвиде резултатите во Општина Охрид со над 98% точност Contents На 5 октомври 2025 година, редакцијата на Охридскај објави анализа која предизвика внимание со своите смели проекции за локалните избори. Петнаесет дена подоцна, изборните резултати ја потврдија нивната прецизност на начин кој ретко се гледа во политичкото анализирање. Бројките не лажат Анализата на Охридскај, базирана на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
76%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225