Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Цената на нафтата се стабилизира на светските берзи, по скокот од околу 7% минатата недела предизвикан од санкции на САД против најголемите руски производители на нафта поради војната во Украина. Цената на барелот нафта брент на Лондонската берза изнесува изнесува 65,02 долари. Минатата недела барел на Лондонскиот пазар скокна за 7,6% на 65,94 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 6,9 проценти, на 61,50 долари. Цените ...
Едно лице е убиено, а шест се ранети во оружен напад за време на прослава на отворено на Универзитетот Линколн во Пенсилванија. Лицето кое пукало и го поседувало оружјето е приведено, а властите ја истражуваат можноста дека имало повеќе од еден напаѓач, но не веруваат дека постои активна закана за кампусот, изјави обвинителот на округот Честер, Кристофер де Барена-Саробе. – Немаме многу одговори за тоа што точно се случило. Она што можам да го ...
Москва беше цел на десетици напади со беспилотни летала синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој известуваше за ситуацијата во текот на целата ноќ. Според него, руските сили собориле 34 украински беспилотни летала што летале кон главниот град, пишува The Kiev Independent. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 беспилотни летала биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. ...
Американскиот сенатор Линдзи Греам синоќа изјави дека копненен напад на САД врз Венецуела е „реална можност“. – Мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, е шверцер на дрога и дека е време да си оди. Претседателот Трамп рече дека Венецуела и Колумбија предолго се безбедни засолништа за наркотерористи – рече Греам вчера за Си-Би-Ес. Тој посочи дека американскиот ...
Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан, рече вчера американскиот претседател, Доналд Трамп, и тоа во време кога во Истанбул се оддржуваше вториот ден од мировните преговори. – Слушнав дека Пакистан и Авганистан започнаа разговори. Но, ќе го решам тоа многу брзо. Лидерите на Пакистан се одлични луѓе – рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Малезија. Трамп ја даде изјавата за време на потпишувањето на мировниот договор ...
Американски борбен авион и воен хеликоптер се урнаа во Јужнокинеското Море кратко време еден по друг по полетувањето од носач на авиони, соопшти вчера американската Пацифичка флота. Сите членови на екипажот се спасени и се во стабилна состојба, соопшти флотата во објавата на „X“, додавајќи дека причината за двата инцидента е под истрага. -Хеликоптерот MH-60R Sea Hawk се урна околу 14:45 часот по локално време вчера за време на рутинска операција ...
Денес преку денот, во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер ќе има во западните и во северозападните делови. Најмногу дожд наврна на Попова Шапка и тоа 55 литри на метар квадратен. Утре (понеделник) попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во Скопје, ...
Територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова и истиот условува во оие утрински часови да имаме обилни врнежи насекаде во нашата Македонија, Сепак најобилни врнежите се во западните предели од нашата Македонија. Повремено дува засилен до силен ветер од западен и од југозападен правец кој е најизразен во западните предели од нашата Македонија каде има и локална појава на грмежи. ...
Додека владината пропаганда се обидуваше да создаде илузија за дипломатски триумф, вистината од Палатата „Сент Џејмс” открива сосема поинаква приказна – еден во кој главните улоги им припаднаа на културните работници, а не на политичарите. Contents Кралот Чарлс III беше домаќин на прием на 21 октомври 2025 година во Палатата „Сент Џејмс” во Лондон, ден пред Самитот на лидерите на Западен Балкан. Но за разлика од она што пиар-машинеријата на ...
Денес, „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетскиот професор, истражувач и писател Стефан Влахов-Мицов, „Земјата – база за космички експерименти“. Целта на оваа книга е да ги покаже специфичните космички експерименти врз земниот свет, нивното влијание врз „сапиенсот“ и неговите реакции, кои обезбедуваат целост и успех на тие експерименти. Промоцијата ќе се одржи со почеток во 12 часот, во мултимедијалниот центар „Матица ...
На големата сцена на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 часот. Диригент на оперетата е Бисера Чадловска, режијата на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е ...
Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори, изјави министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината. – Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од ...
Според официјалните податоци, од земјите од поранешна Југославија, Србија чува најмногу, дури 41 тони злато, по што следуваат Северна Македонија со седум тони, Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, објави хрватскиот RTL. Ако чувате злато во кутија за темните денови, можеби сега е време да го продадете, бидејќи златото никогаш не вредело повеќе. Можеби вреди да се почека малку подолго, бидејќи ...
Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре – изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски. – Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел – исклучително важна дестинација, бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од ...
Двајца мажи беа приведени синоќа како дел од истрагата за грабежот на накит од музејот Лувр во Париз, објавија денеска два извори блиски до истрагата на случајот, потврдувајќи ја информацијата за француските медиуми. Еден од осомничените беше уапсен на аеродромот Шарл де Гол во близина на Париз, додека се подготвувал да замине во странство, објави „Паризиен“ и неделникот „Пари-Мач“. Вториот беше уапсен кратко потоа во предградие на Париз, ...
Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне каков било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин. Американците ја нарекуваат ракетата „летечки Чернобил“. Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рече на Путин дека ...
Словенечката министерка за правда Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар му понудија оставки на премиерот Роберт Голоб, кој веднаш ги прифати. Голоб свика вонредна седница по трагедијата во Ново Место. – Вакво нешто не смее да ни се случува. Надлежните министри ја прифатија својата одговорност. Ги прифатив двете оставки – потврди Голоб по состанокот со министрите. Истрагата за кривичното дело, според началникот на ...
На социјалната мрежа Икс се појави видео од монструозната тепачка што се случила ноќта помеѓу четвртокот и петокот во Ново Место, Словенија, кога еден маж бил брутално нападнат, по што претрпел сериозни повреди на главата и подоцна починал. Инцидентот се случил кратко по 2:30 часот наутро на улицата Розманова. Ова е видео-снимката од претепувањето на Словенецот: Како што веќе објавивме, до овој кобен момент дошло откако жртвата, Алеш Шутар, бил ...
Кукла со лик на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обесена на градежен кран во североисточна Турција предизвика гнев во Израел, пренесува ДПА. Фотографиите објавени од турскиот провладини весник „Јени Сафак“ покажуваат кукла како виси од кран во градот Трабзон на Црното Море. Над неа, на постер пишува „Смртна казна за Нетанјаху“. Нема информации кој стои зад ова, но случајот веднаш предизвика остри реакции во Израел. Израелското Министерство ...
Шест и пол тони кокаин се запленети на трговски брод кај Канарските Острови, а деветчлениот екипаж е уапсен, соопшти денеска шпанската полиција. Операцијата ја спровеле специјални единици на шпанската полиција, кои пресретнале брод под знамето на Танзанија кај Канарските Острови, архипелаг покрај брегот на северозападна Африка, пренесува Бета. Кокаинот бил пронајден во багажниот простор на бродот, кој испловил од Панама и бил на пат кон ...
Во Шангај се случи нешто што го „запали“интернетот. Робот наречен Ербаи, за време на саем за роботика, наводно успеал да убеди уште 12 други роботи да ги напуштат своите позиции и да тргнат со него. Барем така изгледа според видеото кое се прошири со неверојатна брзина низ социјалните мрежи. Сцената почнува речиси поетично: Ербаи им се обраќа на своите колеги со неколку прашања што звучат многу човечки — дали се уморни, дали работат прекувремено ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Според прогнозата на Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР) минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави политички и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на изборниот процес. – Овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Затоа што очигледно е дека е потребно, особено во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат – да продолжиме со интензивна работа. Дозволете да најавам политички и кадровски промени во ...
Возач неуспешно се обидел да помине со својот автомобил преку подвозник каде имало насобрана вода поради интензивните врнежи од дожд во Тетово, информираат од Центарот за управување со кризи. Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во населбата Дарданија (Општина Тетово), во близина на подвозникот кај полигонот, се насобрала поголема количина вода. Едно патничко возило се обидело да помине низ водата, при што останало заглавено. ...
Здружението на ловци „Стогово“ од Дебар предупредува на загрижувачка појава на диви животни како што се мечки, диви свињи, волци и лисици во градот и во населените места. Дивите животни се приближуваат до населените места и влегуваат во нив. Оваа појава претставува зголемена опасност за жителите во руралните подрачја, но и во градот. „Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни, особено мечките бараат повеќе храна ...
Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон за употреба на јазиците на етничките заедници, вели Горан Минчев, министер за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Минчев вечерва во гостување во „Тема на денот“ се осврна на очекувањата за вториот изборен круг на локалните избори истакнувајќи оти не верува дека има атмосфера на неподдршка во рамки на коалицијата, по укинувањето на алатката ...
Белгискиот премиер Барт де Вевер го запрел планот на Европската унија за користење на замрзнатиот руски имот во Европската Унија при што со парите би бил одобрен заем од 140 милијарди евра за Украина. Причината, според дипломатски извори, е стравот дека рускиот претседател Владимир Путин би возвратил со воен напад директно на белгиска територија, каде што се чува дел од имотот, јави Јутарњи лист. – Ако Русија навистина ги побара парите (од ...
Европската комисија утврдила дека Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со тоа што не ја исполниле својата обврска да им овозможат на истражните органи соодветен пристап до јавни податоци. Истрагата покажала дека социјалните мрежи воспоставиле сложени процедури и алатки за истражните органи при барањето пристап до јавни податоци. Ова често ги остава со делумни или несигурни податоци, што влијае на ...
Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат распоредени во Појасот Газа според условите на договорот за прекин на огнот ќе мора да бидат составени од земји на кои Израел нема да има забелешки, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел. Тој додаде дека идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, но нагласи дека тоа не може да го вклучува Хамас. Рубио ...
Шест лица загинаа во ноќниот напад на американската војска врз брод за кој се тврди дека управувала венецуелска банда за трговија со дрога во Карипското Море, објави денес американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Овој напад беше објавен на социјалната мрежа X и беше прикачено видео од бродот што беше уништен од експлозијата. Според министерот Пит Хегсет, САД извршија смртоносен напад по наредба на претседателот Доналд Трамп врз брод ...