Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Германската влада одобри нацрт-закон за поттикнување на работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработат до 2.000 евра месечно со ослободување од данок. На ваков начин најголемата економија во Европа се обидува да го намали недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на почетокот на 2026 година и се очекува да ја чини државата 890 милиони евра годишно во изгубени даночни приходи ...
Цените во земјоделството за една година се намалиле за 1,6% но нивните трошоците се зголемиле за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, Според нив, во делот на трошоците – инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на тековно потрошени средства во земјоделството за 3% и зголемување на цените кај средства наменети за инвестиции во земјоделството за 6,7 %. Најголем раст ...
Аматерските астрономи открија необична и мистериозна структура со двоен прстен што се покажува како исклучително ретка во универзумот. Аматерските астрономи, обединети во онлајн заедницата RAD@home Astronomy Collaboratory, додека ги проучуваа податоците од радиотелескопот LOFAR, кој се наоѓа во Холандија, пронајдоа „една од најретките и најмистериозните структури во универзумот“, објавува CNN. Станува збор за таканаречениот „чуден радио круг“ ...
За време на страсниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред израелскиот Кнесет, тој јасно стави до знаење дека недостижниот мир во Украина е негов следен приоритет, како и оној на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф. И дека тоа е цел за која Трамп се надеваше дека ќе се покаже полесна од она што тој го опиша како мир на Блискиот Исток. Како што пишува CNN во обемна анализа, мирот во Украина можеби не изгледал подалеку откако ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес се појави во Окружниот суд во Тел Авив за да сведочи во неговото судење за корупција по едномесечна пауза. Contents Судењето на Нетанјаху беше одложено поради еврејските празници и неговото патување во Њујорк за 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека министрите и членовите на Кнесетот од партијата Ликуд на Нетанјаху ...
Руската армија изврши комбиниран напад врз градот Суми во Украина, гаѓајќи нестанбени зони и предизвикувајќи сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Началникот на Регионалната воена администрација, Олег Григоров, изјави дека засега нема пријавени жртви, но штетата е значителна. – Непријателот изврши комбиниран напад врз Суми. Има удари кои не се во станбениот сектор. Засега нема жртви – изјави Григоров. Тој додаде дека ...
Едно од четирите тела што групата Хамас ги предаде во понеделникот, 13 октомври, не ѝ припаѓа на жртва што била држена како заложник од страна на палестинската група, потврдила израелската војска по обемна форензичка анализа, јави Би-Би-Си. Меѓутоа, ова не било првпат Хамас да ги измеша телата, пишува медиумот. Во февруари, организацијата ги предала останките за кои тврдела дека ѝ припаѓаат на израелската мајка Шири Бибас и нејзините две мали ...
Германија ќе распореди авиони „Еурофајтер“ во полската воена база во Малборк за подобро да ги заштити источните членки на НАТО, објави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објави ДПА. – Со патролните летови ќе придонесеме за заштита на источното крило. Тоа ќе нè направи уште поактивни, присутни и видливи на источната граница на Алијансата – рече Писториус на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. НАТО ...
Нема посветла инвестиција од онаа во умот и во срцето на едно дете – Скопје ќе добие две нови средни училишта, фотоволтаици на сите останати, реконструкција на Планетариумот и уште многу други проекти, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопке, Орце Ѓорѓиевски. Образованието е темелот на секој напреден град, основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината, порача тој. – Ако сакаме Скопје да биде ...
Денес со гордост зборуваме за проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град. Реконструкцијата и изградбата на центарот за спорт и рекреативни активности, познат како поранешната боксерска сала. Овој повик е поддржан во првиот повик на Владата на Република Македонија за капитални инвестиции минатата година. Денес, веќе се гради модерен објект, од над 1000 квадратни метри, вреден повеќе од 40 милиони денари, кој ќе стане вистински дом ...
Почна изградбата на ограда на скопската депонија „Дрисла“, најави денеска министерот за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој ја посети депонијата заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Поради лошо и хаотично упавување депонијата со години е извор на здравствени и еколошки проблеми. Таа остана неорганизирана, неоградена, со над 700 кучиња кои ги растураат отпадоците во најблиските ...
Од Венко Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, неговите советници не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го „излизгаат“ со неточни податоци за економијата, реагира владата откако лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес конференција изјави дека буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува ...
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски по завршување на 21.седницa денеска (15.10.2025) одржа прес-конференција. Koстадиновски ги образложи причините за неповедување на постапка во предметот У.бр.70/2025, по поднесена иницијатива од страна на политичката партија „Левица”. Ја пренесуваме целосната изјава на претседателот Костадиновски: „Судот одлучи да не поведе постапка, едногласна беше одлуката. ...
Пациент од тетовското село Челопек направил вистински хаос во Клиничката болница во Тетово, откако агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал, а потоа физички го нападнал лекарот кој се обидувал да му помогне. Инцидентот се случил вчера попладне, кога 28-годишниот М. М. бил примен во болницата, но наместо да соработува со докторите, почнал да вика и да создава вознемиреност во просториите на установата. Според информациите од полицијата, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изнесе сериозни предупредувања за економската состојба во државата, обвинувајќи ја владата на Христијан Мицкоски за рекордно ниска реализација на капиталните инвестиции, раст на долгот и создавање буџетска дупка од 1,4 милијарди евра до крајот на годината. Филипче истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции до крајот на септември изнесува само 43,78 проценти или околу ...
Со изградбата на автопатите и со реконструкцијата на железничката пруга од Скопје до Кичево, општина Гостивар ќе стане центар на Коридорот 8 во овој дел на Македонија, рече денеска министерот за транспорт Александар Николоски при посетата на Гостивар. – Имаме одлична динамика на изградба на двата автопати, од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Веќе заврши и јавниот повик за изградба на автопатот од Букојчани до Кичево и следи ...
Во недела, на 26 октомври 2025 година, завршува летното сметање на времето, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Точно во 03:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, односно времето во 03:00 ќе се смета како 02:00 часот. Со ова, Македонија се враќа на зимското сметање на времето, што значи дека граѓаните ќе добијат еден час повеќе сон во ноќта меѓу сабота и недела. Од ...
Жена од општина Илинден доживеала вознемирувачко искуство во такси возило, откако возачот ја допирал по телото, наместо да ја однесе директно до нејзиниот дом. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил на 15 септември по полноќ, кога 37-годишната жена, по патување со такси, забележала дека возачот ја избегнува нејзината дестинација. Откако му се спротивставила на неговите допири, возачот престанал и ја однел до домот. Жената веднаш го ...
Александар Николоски, министерот за транспорт и врски, денес најави радикална чистка во судството и обвинителството по изборите, со ветување дека ќе одговараат сите од СДСМ, ДУИ и Левица што ја злоупотребиле власта. Но прашањето што се наметнува е: како практично ќе се спроведе ова, и дали не станува збор за уште еден во низата предизборни наративи што завршуваат како празно ветување? Contents Проблемот со циклусот на ветувања Секоја политичка ...
Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, вечерва одржа трибина во Македонска Каменица, на која присуствуваа пратеникот во македонското собрание и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, како и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Гоце Стоиловски. Во обраќањето пред голем број присутни граѓани, Атанасовски се заблагодари за довербата и поддршката ...
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.” Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот ...
Силниот имунолошки систем е неопходен за да останете здрави во текот на целата година, особено за време на сезоната на настинки и грип. Голем број фактори влијаат на неговата сила, но исхраната игра една од најважните улоги. Изборот на храна богата со витамини, минерали и антиоксиданси може да му помогне на вашето тело поефикасно да се бори против инфекциите и побрзо да се опорави. Според различни експерти, ова се некои од намирниците што треба ...
Мотоцикл потпишан од папата Лав XIV ќе биде понуден на аукција во Минхен во сабота, објави аукциската куќа RM Sotheby’s. Папата Лав XIV потпиша бел мотор BMW во Ватикан во септември, а фотографиите објавени на веб-страницата на аукциската куќа на Светиот Отец го покажуваат како седи на него, држејќи кацига за мотор. Мотоциклот е донесен во Рим од група наречена „Исус мотоциклисти“. Нејзините членови возеле од германскиот град Шафхајм до ...
Маж од италијанскиот град Виченца, кој повеќе од 50 години примал инвалидска пензија и во тој период добил милион евра од државата, е обвинет за измама откако е откриено дека лажел дека е слеп, објавија италијанските медиуми. 70-годишниот маж примал инвалидска пензија од 1972 година, објави ТВ Раи. Финансиската полиција го следела повеќе од два месеци и го снимала како работи во градината, користејќи опасни алатки како што се градинарски ножици ...
Темата за намалувањето на штетните последици од користењето на тутунот на исто место ги собра претставниците од индустријата, здравствените работници, научниците, истражувачите и законодавците. На „Глобалниот форум за тутун и никотин“ (GTNF-Global Tobacco and Nicotine Forum), кој минатата недела се одржа во Брисел, беа разменети мислења околу тоа како да се постигнат целите за подобро јавно здравје на светско ниво, како да се намали бројот на ...
Минатата година трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештај на невладини и истражувачки организации, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума. И покрај заложбите на повеќе од ...
Првиот товарен брод со контејнери од Кина до Европа, кој пловеше по Северната морска рута, успешно пристигна во британското пристаниште Феликстоу, објави руската државна корпорација „Росатом“. Бродот отплови од кинеското пристаниште Нингбо на 23 септември, а пристигна во Велика Британија на 13 октомври, објави руски Интерфакс. Северната морска рута претставува најкратката навигациска рута помеѓу западниот дел на Евроазија и Азиско-пацифичкиот ...
Австралија е потресена од скандалот со Делоит откако ревизорската фирма достави извештај до федералната влада кој го состави АИ – и беше полн со грешки. Делоит изјави дека ќе врати дел од 440.000 австралиски долари што ги плати за ревизијата. Австралискиот оддел за вработување и односи на работното место (DEWR) потврди дека Делоит ќе ја врати последната рата од договорот. Одлуката доаѓа откако сенатор од Лабуристичката партија ја обвини ...
Четиринаесет лица загинаа во уривање на рудник во источниот венецуелски град Ел Калао по обилните дождови што го погодија регионот, соопштија властите. Рударите загинаа во три различни окна на рудникот Куатро Есквинас де Каратал, на околу 850 километри од главниот град Каракас, соопшти државната агенција за спасување Боливар на својот Инстаграм профил. Операциите за пребарување и спасување започнаа „со испумпување на сите окна во областа за да ...
Предлогот за регулатива за спречување на сексуална злоупотреба на деца останува приоритет за данското претседателство со Советот на ЕУ, изјави данскиот министер за правда Петер Хумелгард на маргините на денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ. Предлогот, кој беше повлечен од агендата на состанокот, не предвидува следење на онлајн разговорите, рече тој. „Приоритет на данското претседателство е да го продолжи ова прашање“, рече ...