Утре (16.10.2025) започнува 44. Скопски џез фестивал кој ќе трае до 19 октомври. Организаторите најавуваат исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. На Програма плус денеска (15 октомври) во МКЦ Кино Фросина ...
Отворањето со првата фестивалска вечер е со еден од најдобрите полски пијанисти, Анджеј Јагоѓински. Јагоѓински првпат доаѓа во Скопје и во оваа прилика ќе настапи во формација трио, а ќе ги свири Бах и Шопен. По Јагоѓински ќе настапи и Националниот џез оркестар од Македонија, со двајцата гости: австрискиот диригент и аранжер Зиги Фајгл и американскиот тромбонист Луис Бониља. На втората вечер, в петок, на 17 октомври, настапуваат американскиот ...