Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 12.05.2025 година (понеделник) од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“. Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа ...

Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани. Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка ...

Јагодите се еден од омилените видови овошје што многумина со нетрпение го очекуваат доаѓањето на потоплите денови. Освен што се неодоливо вкусни и богати со витамини, важно е да се обрне внимание на нивната правилна подготовка пред консумирање. Бидејќи се многу чувствителни и често доаѓаат во контакт со разни нечистотии и пестициди, клучно е да знаете како темелно да ги миете, пренесува Danas.rs. Постојат четири докажани методи кои ќе ви ...

Популарна ужина која се подготвува за две минути, е евтина, а покрај тоа и вкусна, има многу растителни влакна, сложени јаглехидрати, па дури и повеќе полифеноли од многу зеленчуци. Американскиот експерт за долговечност, Ден Бутнер, откри која ужина може да ви помогне да живеете „до сто години“. „Пуканки направени со топол воздух“, рече тој во видео на Инстаграм. Тој објасни дека пуканките подготвени на овој начин имаат многу растителни влакна, ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните апарати во овластен сервисен центар. „Адресните податоци внесени во фискалниот систем треба да бидат ...

Околу 89.000 работници надвор од Европската Унија добиле „сина карта“, односно дозвола за работа и престој за висококвалификувани експерти надвор од ЕУ во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат. Поголемиот дел од овие дозволи ги издала Германија – дури 69.000, што е 78% од вкупниот број. По неа следува Полска со 7.000 или 8%, и Франција со 4.000 или 4%. Индиските граѓани добиле најмногу сини карти – 21.000 или речиси една четвртина од ...

„Али Баба“, една од најголемите компании за онлајн трговија гради логистички центар во Ниш, пренесуваат српсите медиуми. Претставникот на кинеската делегација, Ванг Жанџијао, изјави дека ова е уште една потврда за железното пријателство меѓу двата народа и продолжувањето на процесот „Еден појас, еден пат“, во кој Србија е важен фактор. Градот Ниш потпиша Меморандум за разбирање за пријателска размена и соработка со кинескиот град Хангжу. Според ...

Нулта толеранција на корупцијата, 5% економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација, е визијата на Македонија 2025 за домашната економија. Извршната директорка Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање посочи дека корупцијата е најголем проблем во државата, но земјава нема консензус каква економија сака. Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места. -Има прогрес во ...

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, во видео објавено на социјалните мрежи синоќа, остро го осуди мешањето на странските сили во унгарската внатрешна политика. Тој привлече внимание на фактот дека Брисел има намера да продолжи да се меша во внатрешните работи на земјите-членки и се обидува да влијае на судбината на Унгарија преку донесување одлуки под контрола на унгарската влада. „Брисел сака да се меша и во ...

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама убедливо води на парламентарните избори, по отворањето на првите гласачки кутии, објави утрово „Албански пост“, повикувајќи се на податоци објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), кои се однесуваат на првите 1.038 гласачки кутии отворени низ цела Албанија, од вкупно 5.225. Според податоците објавени од ЦИК, Социјалистичката партија успеа да добие 53,26 проценти од гласовите на ...

Федералниот министер за енергетика, рударство и индустрија, Ведран Лакиќ, изјави дека целата рударска индустрија, која со децении е столб на економскиот развој на Босна и Херцеговина, ќе мора да помине низ транзиција и дека посебно внимание се посветува на мерките за социјална заштита и програмите за преквалификација на поранешните рудари, со цел да им се овозможи да се префрлат во други сектори на пазарот на трудот. – Нашата цел е да го ...

САД и Кина се согласија значително да ги намалат царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите одржани минатиот викенд. Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115 проценти откако ќе се согласат на 90-дневно примирје, објави Си-Ен-Ен. Тоа е значително ублажување на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ...

Командантите на воените операции на Индија и на Пакистан денеска ќе разговараат за следните чекори откако беше постигнато примирје на границата на двете нуклеарни сили. По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти. Примирјето во Кашмир пред 2 дена беше најавено од претседателот на САД, Доналд Трамп, по четиридневните меѓусебни напади, дипломатија и притисок од Вашингтон. ...

Русија ја нападнала територијата на Украина со 108 дронови во текот на изминатата ноќ, при што 55 од нив биле уништени од противвоздушната одбрана, соопшти Укринформ, повикувајќи се на изјава на украинските воздухопловни сили. Претходно денеска, украинските државни железници информираа дека бил погоден товарен цивилен воз, при што машиновозачот е ранет. Погодениот товарен воз се наоѓал во источниот регион Доњецк. Машиновозачот на погодениот воз ...

Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во Турција, ЕУ и во САД, објави дека се распушта, со што се става крај на вооружената борба против турските власти, објави Би-Би-Си. Според официјалното соопштение на ПКК, на 12-от конгрес на организацијата, одржан од 5 до 7 мај, е донесена конечна одлука за распуштање. „Вооружената борба заврши, оружјето е оставено“, се наведува во одлуката на конгресот. ПКК е ...

Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ? потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти ...

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на Самитот Македонија 2025. За нас, напомена, тие критериуми се од сосема поинаква природа. – Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се ...

Политичката коментаторка и поранешна службеничка во администрацијата на Доналд Трамп, Камрин Кинси, се онесвести за време на директно гостување во емисијата „Fox News @ Night“. Инцидентот се случи додека таа коментираше изјави на поранешниот претседател Џо Бајден во врска со поразот на Камала Харис на претседателските избори во 2024 година. На видеото од емисијата се гледа како Кинси започнува да зборува, но потоа го губи текот на мислата, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе го добие еден од највредните подароци некогаш дадени на американската држава – луксузен авион „Боинг 747-8“, познат како „летечка палата“, кој ќе стане негов нов „Ер Форс Уан“. Според Еј-Би-Си Њуз, авионот е подарок од кралското семејство на Катар, а неговата испорака се очекува за време на претстојната посета на Трамп на Блискиот Исток. Авионот се одликува со раскошна внатрешност, вклучувајќи златни ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Турција в четврток за директни преговори за ставање крај на војната на Русија против Украина. „Очекуваме целосен и траен прекин на огнот, почнувајќи од утре, за да се создаде основа за дипломатија. Нема смисла да се продолжува со убиствата“, напиша Зеленски на платформата „Икс“. „И јас лично ќе го чекам Путин во Турција во ...

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни” по чл. 233 од КЗ, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било ...

Според податоците за 2024 година од бугарскиот Институт за пазарна економија, сиромаштијата во Бугарија се зголемила на 21,7 отсто од населението. Главни фактори за сиромаштијата се невработеноста, ниското образование, поголемиот број деца во домаќинството, повозрасната возраст и етничката припадност, пренесува денеска Медиапул. Околу 46 отсто од домаќинствата, или речиси три милиони луѓе, не можат да покријат неочекувани трошоци, како поправка ...

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МКД осврувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за правда вели дека во целост се исполнети сите рокови, а за некои дури и е завршено порано. – Нашата работа не се мери со декларативни заложби, туку со конкретни резултати. А фактите говорат дека сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување. Еден од клучните ...

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски за да му ја објасни, како што рече, вистинската слика околу последните случувања во Владата и околу одлуката на неговото крило на партијата. – Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. ...

Под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, и понатаму во нашата Македонија ќе имаме многу променливо и нестабилно време. Денес во вечерните часови и околу полноќ, а особено утре (понеделник 12 мај) и тоа од пладневните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК. ...

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116, од нив за првпат 114.642 лица. Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој соред пописните резултати изнесува 2.402.113. На овие избори за првпат право да гласа има и албанската дијаспора, која се чини ќе има големо влијание врз конечните ...

Властите во пет општини во Барселона и Тарагона синоќа ја укинаа наредбата за останување дома за 147.000 жители на кои им беше кажано да не излегуваат надвор и да не ги отвораат прозорците поради пожар што избувна рано утрово во фабрика за хемикалии за базени, откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола. Во фабриката беа складирани приближно 70 тони хлор, објави „Ел Паис“. Локалната Цивилна заштита соопшти дека сè уште ја ...

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера спроведе засилена сообраќајна контрола по оперативната акција „Безбеден сообраќај”. За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат од МВР, од нив, 14 санкции се за возење мотоцикл без возачка дозвола, а 14 за возење без заштитна ...

Неколку експлозии одекнаа во индискиот дел од Кашмир само неколку часа откако американскиот лидер Доналд Трамп објави дека е постигнат прекин на огнот со Пакистан. Жителите на тој дел од државата Кашмир велат дека гласните експлозии во Сринагар и Џаму биле проследени со прекини на електричната енергија во двата града. Омар Абдула, највисокиот избран функционер во регионот, го објави ова на социјалните мрежи. – Што по ѓаволите се случи со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори меѓу Москва и Киев, изјави дека тоа би бил „потенцијално голем ден за Русија и Украина“. „Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако се надеваме дека ова бесконечно крвопролевање ќе заврши. Тоа ќе биде сосема нов и многу подобар свет. Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам дека ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
44%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
46%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
35%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.46
60%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
53%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
4.02
46%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
39%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
51%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
6.17
33%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60