Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 23 мај 2026 година, во 01:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода две лица на возраст од 36 и 28 години од охридските села Велгошти и Косел. – Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 01:00 часот пред угостителски објект во Охрид физички нападнале три лица од Охрид и Лескоец на возраст од 23, 21 и 22 години, при што употребиле тврди и остри предмети. По целосно ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 22 мај 2026 година, во 15:00 часот, 38-годишна жена од Охрид пријавила во СВР Охрид, дека на 21 мај 2026 година, околу 12:00 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче од Ресен, со престој во Охрид. – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 22 мај 2026 година, околу 19:30 часот во Полициската станица Охрид е извршен службен разговор со 37-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека телефонски ја вознемирувал неговата поќерка и дека претходно, додека живеел заедно со неа и нејзината мајка, полово ја вознемирувал и допирал по телото во присуство на нејзината мајка. – По целосно документирање на случајот, против него ќе следува ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Jovanotti се враќа со нов музички проект кратко по објавувањето на „Niuiorcherubini“, инстант албумот што го создаде во Њујорк за само една недела и го издаде неочекувано пред Божиќ. Овој пат, италијанскиот уметник соработува со Alfa на новиот сингл „Buon Vento“, песна што го означува почетокот на летото. „Buon Vento“ е светла и ритмичка поп-креација, полна со енергија, движење и летно чувство на слобода. ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Охрид во 1974 година, во срцето на охридската чаршија. Нема некој што не поминал тука и не видел како низ рацете една обичната сребрена жица се претвора во чиста уметност и магија, напишаа во објавата на фотографијата администраторите на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, во петок, на 29 мај 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да ја погледнат театарската претстава „Марта“, која е силна приказна за тивката борба со анорексијата. Претставата „Марта” е работена според делото „Марта пред огледалото“ и претставува интимен театарски запис, односно покана за влез во дневникот на една млада ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Olivia Rodrigo сигурно чекори кон датумот кога ќе биде објавен новиот албум „You Seem Pretty Sad for a Girl So in Love“, претставувајќи ја новата песна „The Cure“, која доаѓа со кинематографски музички спот. Новиот сингл, продуциран од нејзиниот близок соработник Dan Nigro, се движи помеѓу емоционалниот интензитет и темната поп естетика што пејачката сега ја воспоставила. Во исто време, објавувањето е ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза носи мотиви од црквата „Света Софија“, во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од малото пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 14 Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Владината вила „Свети Стефан“ во Охрид го дочекува и ова лето во стариот „сјај“. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија Ивица Томовски минатата година во неколку наврати истакна дека владиниот имот кој е во сопственост на државата е во многу лоша состојба. Екипа на OhridPress деновиве повторно направи обиколка на објектот и сними соодветен фото материјал од ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – ЕУ со новата регулатива им стави крај на издавањето на „диви“ апартмани, што е широко распространето во нашиот Охрид, како најголем туристички центар во Република Македонија. Република Македонија губи и до 150 милиони долари поради нелегалните издавања на Booking и на Airbnb, a со новата регулатива, овие и останатите online платформи ќе мора да доставуваат извештаи за сите резервации што се направени преку ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Власите од целиот свет, денеска на 23-ти мај, Националниот ден на Власите, се навраќаат и се сеќааваат на своето славно минато ги слават своите славни историски имиња. Важат за еден од најстарите народи на Балканот со свој јазик, култура и традиција. На овие простори живеат повеќе од два милениуми, и тоа најмногу во околината на планината Пинд, областа Епир и Тесалија и во источните делови на Албанија. На ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид, денеска ќе се одржи првиот отворен турнир „Охрид опен 2026“ во гаѓање со огнено оружје на 25 и 80 метри со пиштол и карабин. Турнирот ќе започне во 09:30 часот и ќе се одржи на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид. Од клубот ги повикуваат сите членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат активно учество на турнирот. Тина Гоџо, од ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма Охрид и годинава го одбележува 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. – Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети апостол Симон Зилот. Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени. – Викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, од денеска, 22 мај 2026 година, се забранува за пиење водата од артерска чешма „Џамија“, на улицата „Даме Груев“. Претходно, преку ЈЗУ Центар за јавно здравје од Охрид, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено дека истата не е исправна за пиење. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 17 Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Рибнион во ’88… Mесто каде секоја маса имаше своја приказна, напишаа во објавата на фотографијата администраторите на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 мај 2026 година, во 12:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 19-годишно лице од селото Лешани, Општина Дебрца. – При претрес во домот, и помошни простории кои ги користел, извршен со наредба од Основен суд Охрид, било пронајдено и одземено стебло од растението канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – На 13 мај 2026 година, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, информираат од СВР Охрид. ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младата и надежна охриѓанка Стефанија Алачкоска црта од најрана возраст, сега е матурантка, а наскоро ќе ја одржи и својата прва самостојна изложба. Во своите дела црта на различни теми, а најголемиот дел се пејзажи. Вели дека инспирацијата црпи од секојдневниот живот и убавините што нè опкружуваат, најмногу ужива да работи со акрилна техника, а се восхитува на делата на Леонардо Да Винчи. Со Алачкоска ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена по Градската чаршија, во центарот на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...

Скопје, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Христијан Настески – Пајак има нов сингл, соработка со Јован Јованов и Елвир Мекиќ. Песната е насловена „Делириум“ и е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, што ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости. Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 24 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид, по 12 пат традиционално ќе се одржи свечена културна манифестација, посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патче“, под ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски за улогата на Козимо во претставата „Перфектни странци“ ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога на 63. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) што се одржа во Кочани. – Оваа награда е успех на целиот тим – на сите млади актери-ученици кои во претставата се внесоа со срце, душа и огромна љубов кон театарот. Токму таа искреност ја претвори сцената во емоција што се ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од црквата „Св. Никола Болнички“ кај „Долна порта“, во стариот дел на Охрид. Православните верници денеска го одбележуваат празникот Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски, познат и како ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Св. Никола е постариот источен храм од комплексот болнички цркви во Охрид. Натписот во самиот објект укажува дека црквата е изградена во 1313 година, а храмот за прв пат се споменува во пишани извори во 1342 и 1345 година. Станува збор за еднокорабна црква со полукружен свод, која е целосно изведена од кршен камен и варов малтер, а само декорациите околу кровната партија се изведени од тули. Во XV-от век е ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат празникот Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски, познат и како Св. Никола Летен. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител било пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случило пред налетот на исламот на Ликија. Светителот му се јавил во сон на некој чесен ...

Охрид, 22. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски боксер Наум Стојаноски освои златeн медал на меѓународниот боксерски турнир „Загреб Гран При“, кој се одржиа во главниот град на Хрватска. Стојаноски е член на охридскиот клуб „Алексо Огненоски“, а до златото стигна во борбата против Франческо Ди Спацио од Италија, во категоријата до 70 килограми. На 8 издание на турнирот „Загреб Гран При“, кое се одржа во Загребскиот боксерски центар во ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
35%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
1.16
65%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.12
60%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.88
42%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
58%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.37
73%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.34
41%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
32%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
57%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
88%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50