Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр. 07-3394/6 од 28 октомври 2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распиша конкурс за доделување општинска награда и повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“. По повод 8-ми Декември, „Св. Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Куќата на Робевци, ќе биде отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид. – Ателјето и галерија „Упевче“, во чест на 7 Ноември, од истоимената улица, во текот на месецот ќе гостува во охридскиот музеј „Куќата на Робевци“. Ќе бидат изложени дела од колекцијата на уметниците Славко и Никола Упевче: „Охрид во ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Ненад Целески е Балкански шампион во категоријата јуниори +78 кг, на неодамнешното теквондо првенство во Бугарија освои злато во својата категорија. Теквондо тренира полни 10 години, од својата шеста година, следејќи ги стапките на својот татко. За успех во спортот вели неопходни се дисциплина, тренинзи, но и љубов и посветеност. Со Ненад поразговаравме за впечатоците од Балканското ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 8 ноември 2025 година ќе се одржи петтиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“. – После пет години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух сѐ уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година, порачуваат организаторите. ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва започнуваат свеченостите за одбележување на 81-годишнината од ослободувањето на Охрид. Од 18:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, а од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечената академија по повод Денот на ослободувањето на Охрид. Во културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес од областа на културата на Општина Охрид за 2026 година. Повеќе детали ОВДЕ. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на Општина Охрид („Сл. гласник на Општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесе решение за свикување на втората седница на Советот на Општина Охрид. Ќе се одржи во среда, на 12. ноември 2025 година во 09:00 часот во зградата на Општина ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, кај црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени. – Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денеска, во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа ...

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Свети маченик Арета. Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Спроведувањето на препораките на УНЕСКО за природното и културното наследство на охридскиот регион останува недоволно, а процесот на прогласување заштитени подрачја од големо значење, како што се Охридското Езеро, Студенчишко Блато, Кањонот Матка и повторното прогласување на Националниот парк Маврово, сè уште не е финализиран и може дополнително да ја влоши биолошката разновидност и природните вредности на ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Александар Бојчовски од Охрид е прогласен за студент со најдобар просечен успех на правни студии за академската 2024/2025 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Бојчовски е студент на втора година пост дипломски студии. Роден е на 30 март 2005 година, а своето средно образование го завршува во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Тој е претседател на Европското здружение на студенти по право на ...

Охрид/Струга, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Заводот и Музеј Охрид има рок од 30 дена да преземе итни мерки за заштита на локацијата каде е оштетената Спомен-куќа на Владо Малески во Струга, да даде насоки за идни чекори, но и да направи проценка на штетата на објектот кој има големо историско и културно значење. Ова се дел од заклучоците од инспекцискиот надзор од Управата за заштита на културното наследство чии инспектори вчера повторно беа ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 4 ноември 2025 година, околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на селото Оровник, општина Дебрца, патничко возило марка „Смарт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од селото Горенци, Општина Дебрца, излетало надвор од коловозот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија снимена од воздух од централното градско подрачје и пристаништето пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – По минатонеделната премиера, претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски вечерва е на репертоарот на Народен театар Охрид. Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре. „Парите се отепувачка“ е ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за доделување на еднократен ппаричен ...

Охрид, 5. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници во сабота ќе го одбележат Митровден, еден од петте најголеми верски празници, посветен на големиот христијански светец Димитриј. Поранешниот командант на Солун, кој го даде животот за својата вера, не го слават само Македонците, туку и Грците, Србите, Црногорците и Русите. Луѓето веруваат дека Митровден може да се искористи за да се предвиди каква зима ќе биде. Ако има мраз на 8 ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре започнуваат свеченостите за одбележување на 81-годишнината од ослободувањето на Охрид. Утревечер од 18:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, а од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечената академија по повод Денот на ослободувањето на Охрид. Во културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст продолжува со реализација на програмата за крводарителски акции за 2025 година. Денеска во просториите на Службата за трансфузија Охрид се реализира крводарителска акција наменета за вработените на СВР Охрид. – Ги покануваме сите вработени во СВР Охрид да ја искажат својата хуманост и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвениот крст. Крводарителската акција трае до 12:00 часот. ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид, утревечер во Куќата на Робевци, ќе биде отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“. – Ателјето и галерија „Упевче“, во чест на 7 Ноември, од истоимената улица, во текот на месецот ќе гостува во охридскиот музеј „Куќата на Робевци“. Ќе бидат изложени дела од колекцијата на уметниците Славко и Никола Упевче: „Охрид во ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, на потегот од Долна до Горна порта. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Скопје/Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Аустријан ерлајнс“ идното лето ќе лета од Виена за Охрид. Првиот лет е закажан за 17 мај 2026 година и картите се веќе достапни во резервациониот систем. За почеток, австриската компанија која е дел од „Групацијата Луфтханза“ ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата два пати неделно со авион од типот „Ербас- А320“, јави порталот сдк.мк. Последниот лет за идната ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени. – Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се’ до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Свети апостол Јаков. Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е 5-ти ноември, Светски ден на ромскиот јазик, чин со кој се одбележува културата на Ромите како богатство на целото човештво. Во 2015 година, УНЕСКО за првпат го прогласи 5-ти Ноември како Светски ден на ромскиот јазик, чин со кој се препознава важноста и еднаквоста на сите јазици. Во светот денеска ромскиот јазик го зборуваат најмалку 12 милиони говорници. Ромскиот јазик е значаен дел од ...

Охрид, 4. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Дамјан Николоски со својата иновативна идеја FixIt MK е избран меѓу Топ 53 најдобри во Македонија, од вкупно 438 поднесени бизнис идеи од целата земја, кои учествуваат на натпреварот „Средношколец милионер“, во организација на Brainster Next Collegeи NU академиите за талентирани средношколци. Нашиот Дамјан успеа да се издвои со својата оригиналност, практичност и претприемачки дух. ...

Струга, 4. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува јубилејот 60 години од почетокот на производството на електрична енергија во Хидроелектричната централа „Глобочица“. – Овој јубилеј не е само бројка, туку трајно сведоштво за визија посветеност, стручност и инженерски подвиг кои се вградени во хидроенергетскиот систем на реката Црн Дрим. ХЕ „Глобочица“, заедно со ХЕ „Шпилје“, претставува нераскинлив и исклучително важен столб на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04