Охрид, 27. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 30 степени. – Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ...

Охрид, 27. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 27. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот пророк Елисеј. Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна ...

Белчишта, 27. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Галеријата „Ѓорѓија Целески“ во селото Белчишта, именувана во чест на основоположникот на Колонијата, започнува годинешното издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца-2026“. Пред 41 година, во едно старо училиште, со скромни услови, но со голема визија, беше поставен темелот на оваа колонија. Темел кој не беше изграден само од камен и ѕидови, туку од ...

Скопје/Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата на Република Македонија Александар Николоски, преку социјалните мрежи информираше дека денеска остварил средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство. – Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој ...

Струга, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поетската книга „Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил-Скарабеус е добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата (СВП) и Агенцијата за иселеништво. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, по разгледување на пристигнатите седум поетски збирки од македонски иселеници. ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – По информации добиени од јавноста, Државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ), денеска излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид, информираат од Министерството за транспорт. – При инспекцискиот надзор утврдено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за ...

Струга, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова во издание на „Бегемот 2026“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 во состав: Наташа Аврамовска, претседател и членови Весна Ацевска, Весна ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Disco музиката изгледа е пожива од кога било, а новиот сингл „Dancing Without You“ доаѓа да го потврди тоа на најексплозивен можен начин. Италијанско-американскиот Dj и продуцент Giuseppe Savoni, познат низ целиот свет и како Disco Bambino, ги здружи силите со две легендарни фигури на pop и disco сцената, Nile Rodgers и Sophie Ellis-Bextor, во соработка од која се очекува да го привлече вниманието на ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Alok & Jennifer Lopez ја претставија „Everything’s Fine“, нов сингл во две различни верзии, соработка која веќе предизвика голем интерес кај љубителите на поп и електронска музика. Песната ги спојува двајцата уметници од сосема различни музички средини, создавајќи резултат што ја балансира динамичната dance продукција со карактеристичното интерпретативно присуство на Jennifer Lopez, како меѓународно ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните The Rolling Stones со објавувањето на новиот сингл „Jealous Lover“ го најавуваат новиот албум „Foreign Tongues“, кој излегува на 10 јули 2026 година. Синглот „Jealous Lover“ доаѓа заедно со уште една песна од претстојниот албум – „Divine Intervention“, една од двете песни на албумот на која се појавува фронтменот на The Cure, Robert Smith. Додека исчекувањето за албумот продолжува да расте, ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишниот З.Н. од селото Волино, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. – Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 25 јуни 2026 година, во 12:20 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 79-годишно лице од охридското село Коњско. – Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – И годнава Охрид ќе биде најдобрата коктел дестинација оваа сезона. На 3 и 4 јули по втор пат ќе се одржува Ohrid Cocktail Festival. Дел од учеснците кои ќе внесат несекојдневна енергија, врвни техники, иновативност, уникатни, автентични вкусови се веќе познати. – Охрид ќе пулсира во ритамот на коктел културата! Очекувајте коктели што раскажуваат приказни, музика што ги спојува луѓето и атмосфера што ќе ве ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од ООМУ „Методи Патче“ Охрид ја споделија успешно реализираната идеја за професионална видео-снимка на изведбата на младата пијанистка Ана Кузманоска, како посебен подарок и признание од композиторот и професорот Димитрије Бужаровски, по повод нејзината извонредна интерпретација на неговото дело. Потенцираат дека она што го прави овој момент уште поспецијален е фактот дека снимката е реализирана во домот на ...

Скопје/Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 1 јули до 31 август ќе важи забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони на државните патишта во Република Македонија за време на викендите и во периоди на екстремно високи температури. Се предвидува ограничување на сообраќајот во петок попладне, како и во сабота и недела, со цел намалување на метежот и зголемување на безбедноста на патиштата во летниот период. Дополнително, при топлотни ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, 30 јуни, охриѓани и посетителите на градот ќе имаат можност да уживаат во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС „Билјана“. Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ охридската чаршија, кое ќе внесе празнична атмосфера и ќе ги оживее старите градски улици со музика и песна. Програмата продолжува во 20:00 часот со концерт кај Чинарот, каде ВИС ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај „Билјанини извори“ и каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од стариот град и црквата Свети Јован Богослов Канео. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 11 Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...

Струга/Охрид, 26. jуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот денеска продолжува програмата на јубилејните 65. Струшки вечери на поезијата. На прес-конференција во 12:30 часот ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Аквилина. Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со услови за зголемена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени. – Следува период на променливо облачно и нестабилно време со услови за локални врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Блаце и Свети Наум, одговори заменик претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар. Според заменик претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со соседите е една на ...

Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Дарко Биберко“ е анимирана детска серија создадена со цел да го заштити македонскиот јазик и култура за идните генерации. Во Македонија не постои многу содржина за деца на YouTube и тоа беше причината зашто почнавме да креираме епизоди, велат во интервју за OhridPress и Супер радио сестрите Невена и Калина Нешкоски, кои стојат зад популарниот серијал „Дарко Биберко“. Преку разиграни, интересни и едукативни ...

Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 1 февруари 2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, Општина ...

Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Водата во Охридското Езеро и ова лето останува со добар квалитет, покажуваат последните анализи направени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ од Охрид. Порталот 4news.mk јави дека во текот на првата декада од месецот, стручните екипи извршиле физичко-хемиско испитување на водата на 11 мерни точки долж потегот од авто-кампот „Андон Дуков“ до хотелот „Ројал“. Резултатите покажале дека на осум мерни места водата е ...

Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на селото Елшани и годинава апелираат до надлежните да се скрати и уреди високата трева околу пристапниот пат до селото. Високата трева го прави патот непрегледен и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот. Жителите на селото бараат да се среди патпт, како што доликува во летен период, и во место каде постојано живеат над 1.500 луѓе. – Патот за Елшани е непокосен и непрегледен, ...

Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 24 јуни 2026 година, во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20-годишно лице од кривопаланечкото село Узем, кое претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. – Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32