Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преубавиот Охрид, денеска, на празникот Цветници, блеска во целата своја убавина на априлското сонце. Уште од раните утрински часови, бројни гости го користеа секој момент за уживање по кејот, прошетка со бродовите или кафе во некој од околните угостителски објекти. Охрид го живее последниот викенд пред најголемиот христијански празник Велигден, кога се очекува зголемена посетеност од гости од земјата, но и ...

Охрид, 8. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре од 12:00 часот во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди-Тајната на словото“ од Григор Костески. Промотор ќе биде м-р Димитар Смилески а свое обраќање ќе има и авторот Костески. Со оваа книга Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови светови во сферата на книжевноста, ...

Охрид, 8. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ премиерно го изведе концертното, вокално-инструментално дело „Вооружениот човек-Миса за мир“ од Карл Џенкинс, еден од најпопуларните, најизведуваните и најзначајните современи композитори. Во уникатниот амбиент на црквата „Св. Софија“, хористите од охридскиот хор, како и од хорот „Про Арс“ од Скопје, во придружба на охридскиот камерен оркестар и солистите Стефани ...

Охрид, 9. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес напладне во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески. Промотор ќе биде м-р Димитар Смилески а свое обраќање ќе има и авторот Костески. Со оваа книга Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови светови во сферата на книжевноста, ...

Охрид, 10. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Библиотеката „Григор Прличев“ ќе биде домаќин на традиционалниот регионален натпревар „Млади библиотекари“. Победникот од натпреварот во Охрид се стекнува со право на учество на републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во библиотеката „Кочо Рацин“ во Кичево на 7 мај, а е во организација на Библиотекарското здружение на Македонија. Натпреварот ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот. (Крај) извор: ...

Струга, 10. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Europe House и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, распиша конкурс за поетската награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор дебитант. Може да учествуваат автори на возраст од 18 до 30 години, државјани на Република Македонија. Еден автор може да учествува само со една ...

Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во охридската библиотека „Григор Прличев“ се одржува традиционалниот регионален натпревар „Млади библиотекари“. Победникот од натпреварот во Охрид се стекнува со право на учество на републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во библиотеката „Кочо Рацин“ во Кичево на 7 мај, а е во организација на Библиотекарското здружение на Македонија. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 35 ...

Скопје/Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ се годинешните добитници на наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Оваа традиционална награда за животен опус, најголемата што ја доделува Друштвото, се состои од статуетка и од плакета, а на поетот и на поетесата ќе им биде врачена на манифестацијата „Празник на липите“, која ќе се одржи на 13-ти ...

Скопје/Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, Небојша Јовановиќ, во интервју за МИА, говорејќи за претстојното десетто јубилејно издание на фестивалот, вели дека веќе имаат потврда за учество на голема светска филмска ѕвезда. Споделува дека годинава главните случувања на „Киненова“ ќе се одвиваат во Скопје и во Охрид, а голем број други градови ќе имаат можност директно да ја следат ...

Охрид, 9. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – „Клубот на Амбасадори” на „Македонија2025“ донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на ...

Охрид/Струга, 10. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, како најголем туристички центар во државата и понатаму е без сериозна понуда во делот на Трговските центри, кои влечат огромен број купувачи во текот на главната сезона, но и вон неа. Граѓаните ја имаат желбата, а сопствениците на капиталот се соочени со реалноста дека градот има се’ помалку жители и дека инвестицијата многу тешко и долго се враќа со активна работа од неколку „посилни“ месеци во ...

Охрид, 10. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – На брегот на Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО, се гради хотел кој, според граѓански организации, е пример за урбана корупција. Фирмата инвеститор тврди дека сè е законски и во интерес на Охрид и државата, а проблем не гледа ниту Општината. Засега нема реакција од Министерството за животна средина, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ). На самиот брег на Охридското Езеро, каде зеленилото од ...

Скопје/Охрид, 10. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривични пријави против 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“. За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено ...

Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 14-ти април 2025 година ќе започнат активности за реновирање на експозитурата Централа Охрид на Sparkasse банка на Булевар „Македонски Просветители“ или како што Охриѓани се’ уште ја викаат „Охридска банка“. Од банката информираат дека целта е подобрување на квалитетот на услугите и создавање на поудобно банкарско искуство за клиентите. Додаваат дека експозитурата ќе работи за целиот период ...

Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Велигденските празници секогаш се најава за летната туристичка сезона и ако земеме предвид почетокот на оваа година, очекувањата за летната сезона 2025 се прилично позитивни, потенцира директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска на гостувањето во „Македонија наутро” на МРТ 1. Додаде дека како и минатите години, Македонија има голем потенцијал да привлекува туристи од ...

Скопје/Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец февруари, Република Македонија ја посетиле вкупно 45.992 туристи, од кои 15.955 биле домашни, а 30.037 се странски туристи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 94.981. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците 6.485, следуваат гостите од Германија 3.971, Србија 2.875 и Грција 2.061. Во ...

Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Периодов наназад имавме повеќе објави со коментари од граѓаните за состојбата во која се наоѓа улицата „Македонски просветители“. Вечерва сепак само пофалби за работниците кои ги изведуваат работите, кои верувале или не, работат под рефлектори. Која и да е причината, добро е да се види вакво нешто, толку невообичаено за Балканските простори. – Да ви кажуваше некој дека во Македонија/Охрид ќе се работи под ...

Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени. – Од понеделник следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) ...

Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Отежнат сообраќај: Патниот правец Крушево-село Долно Дивјаци-село Кочиша е небезбеден за ...

Охрид/Струга, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Некогаш беа честа глетка во секој град и место каде најмладите, наутро купуваа весници за постарите, но и милион други ситници. Комплетното име од времето на некогашна Југославија им беше повеќенаменските модуларни киосци, а помеѓу народот беа познати едноставно како трафики. Зачетник на оригиналниот дизајн беше словенечкиот дизајнер Саша Ј. Махтиг, а во финалниот продукт многу придонесе и македонскиот ...

Струга, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Струшкото село Ложани оваа година спроведе несекојдневен Велигденски подвиг и го изработи најголемото Велигденско јајце во државата. Истото е украсено во традиционални бои и мотиви и е поставено на посебно постоље во комплексот на црквата „Св. Власиј“, која е главна селска црква и централен парохиски храм на Ложанската парохија. Локалните жители велат дека оваа иницијатива има за цел не само да го одбележи ...

Охрид, 5. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ја известуваат јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 година. – За ранливите категории на граѓани повикот продолжува се до исцрпување на предвидените средства, ...

Охрид, 7. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид денеска во село Ливоишта положи цвеќе пред вечното почивалиште на Благојче Крстаноски, а по повод одбележување на годишнина од неговата смрт. Професионалниот војник и граничар во АРМ, Благојче Крстаноски во 1999 година беше убиен кај Горно Блаце. Причините за неговата смрт до денес не се разјаснети. Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис ...

Охрид, 8. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Водовод“ од Охрид, како дел од тековните активности, започна со втората фаза, поставување и поврзување на новиот цевковод со новата препумпна станица „Шипокно“. – Претходно, во првата фаза во населбата Св. Стефан-Шипокно, поставен е нов цевковод со профил ф110 мм во должина од 621 метри. Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, поставени се и поврзани пумпи MZT 5, MSSI 40-4 и ...

Охирд, 8. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Добитниците на стипендии за лица со ретки болести и посебни потреби до петок 11-ти април треба да ги потпишат договорите. – Се известуваат добитниците на стипендии од Јавниот повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки и посебни ...

Охрид, 10. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре ќе започне културно-забавна програма што Општина Охрид ја организира за најмладите охриѓанчиња и гостите кои престојуваат во Охрид во рамки на проектот: Културата расте со децата „За сите деца“. Ќе биде изведена детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“, на професионалната актерска екипа на „Театар за тебе“. – Дали сте подготвени за една нова вселенска авантура? Дојдете заедно ...

Охрид, 11. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид, во соработка со локалната компанија „Бисер Импорт“ доделува 575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години. Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за малолетни лица апликацијата ја пополнува родител/старател. Апликациите се разгледуваат по принципот прв дојден-прв услужен, сѐ до доделување на сите 575 ...

Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре започнува најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна“. Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на ...

Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид бележи солидна исполнетост со гости на последниот викенд пред најголемиот христијански празник Велигден. Попладнево, но и во текот на целито ден, бројни гости од земјата, Балканот, но и целиот свет уживаа во пријатното топло време и прошетката по кејот, стариот дел и центарот на градот. Дел со кафе или вкусен ручек го надополнија впечатокот и заминуваат со убави спомени од градот под ...

Охрид, 13. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци, во атарот на селото Елшани создаваат мини депонии, информираат читатели на OhridPress, кои до редакцијата доставија и соодветни фотографии. – Она сто може да го забележам, конкретно во месноста викана „Чашка“ е дека е создадена депонија. Истурен е градежен шут и кабаст отпад, стои во дописот. Се додава дека локацијата била во реон кој е во Националниот парк „Галичица“ и се апелира ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
29%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
48%
1021
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.32
42%
1020
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
62%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
24%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
35%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62