Летниот фудбалски трансфер пазар продолжува со големи зделки низ Европа. Меѓу најзвучните официјално потврдени трансфери во последните денови се преселбата на Бруно Гимараеш во Арсенал, ангажманот на Јан Диоманде од Реал Мадрид и доаѓањето на Магнес Аклиуш во Пари Сен Жермен. Бруно Гимараеш е нов играч на Арсенал. Бразилскиот репрезентативец и досегашен капитен на Њукасл потпиша долгорочен договор со лондонскиот клуб. Арсенал не ја објави ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство ЕХФ ЕУРО 2026, во кој против Израел ќе се бори за освојување на деветтото место. Македонските кадети во завршницата на шампионатот влегуваат по победата над Фарските Острови со 34:32, со која обезбедија и пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година. Последен предизвик за избраниците на македонскиот стручен штаб е ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне 32 степени, а утре се очекуваат 34 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. ...

Во очи празникот посветен на Светите Климент и Пантелејмон охриѓани масовно го посетуваат храмот на светителите на Плаошник каде се изложени моштите на заштитникот на Охрид. По повод празникот во храмот на Плаошник се одржа богослужба, а чествувањата продолжуваат и денеска со пригодни настани со кои се одбележува 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски. OhridNews Во очи празникот посветен на Светите Климент и Пантелејмон ...

Денеска не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне на места ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура во Охрид ќе достигне 32 степени. Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Утре ...

Екипата на Златара Бени Ерол триумфираше на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Во финалето што се одигра вечерва пред полни трибини Златара Бени Ерол ги совлада Бразилиан со 3:0. Финалето донесе неизвесност и голема борба. Тешко се доаѓаше до добра прилика, но затоа имаше удари од далечина кои голманите успеваа да ги скротат. Првото полувреме не донесе промена во резултатот. Златара Бени Ерол во финишот влезе во бонус со прекршоците (5), ...

Екипата на АСП ПАК го освои третото место на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ откако во малото финале по изведувањето пенали беше пуспешна од Сатеска. Во регуларниот дел мечот заврши 0:0, а по изведувањето пенали АСП ПАК славеше со 3:1. Во големото финале, исто така вечерва, се среќаваат Златара Бени Ерол и Бразилиан. Г.М. Екипата на АСП ПАК го освои третото место на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ откако во малото финале по ...

Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино го продолжија рокот за пријавување на екипите до 10 август, а поради тоа е поместен и почетокот на турнирот, кој наместо на 8 август ќе започне на 11 август. Одлуката е донесена со цел да им се овозможи на што поголем број заинтересирани екипи да го потврдат своето учество на 28. издание на еден од најпрепознатливите турнири во мал фудбал во регионот. ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со одличните настапи на Европското првенство (ЕХФ ЕУРО 2026), откако вчера во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место ја совлада селекцијата на Фарските Острови со 34:32. Со новата победа кадетите обезбедија пласман на Светското кадетско првенство кое ќе се одржи во 2027 година што претставува голем успех за оваа генерација македонски ракометари и дополнителна потврда ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со одличните настапи на Европското првенство (ЕХФ ЕУРО 2026), откако вчера во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место ја совлада селекцијата на Фарските Острови со 34:32. Со новата победа кадетите обезбедија пласман на Светското кадетско првенство кое ќе се одржи во 2027 година што претставува голем успех за оваа генерација македонски ракометари и дополнителна потврда ...

По повеќе од три недели исполнети со неизвесни натпревари, атрактивни потези и возбудувања, традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“ вечерва ќе го добие новиот шампион. Во големото финале, кое започнува во 22:00 часот, силите ќе ги одмерат Златара Бени Ерол и Бразилиан, екипи кои со одлични игри стигнаа до борбата за трофејот. Пред финалната пресметка, од 21:00 часот, ќе се одигра натпреварот за третото место, во кој ќе се ...

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во Охрид ќе достигне 33 степени. Во деновите од викендот ќе продолжи топлотниот бран. Ќе имаме многу топло време со дневна температура која во некои места ќе ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во Охрид денеска не очекува сончево и многу топло време. Максималната температура ќе достигне 34 степени. Топлотниот беан се очекува да трае до крајот на оваа седмица. На ...

Екипите на Златара Бени Ерол и Бразилиан ќе се борат за шампионскиот пехар на годинашното издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, откако вечерва триумфираа во полуфиналните натпревари. Во првиот полуфинален дуел, Златара Бени Ерол и Сатеска одиграа неизвесен натпревар кој во регуларниот тек заврши 2:2. Финалистот беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе присебност покажа Златара Бени Ерол, која славеше со ...

Старо исушено дрво попладнево падна на улицата „Димче Маленко“ која води од Чинарот кон црвата Св. Богородица Каменско. Повредени за среќа нема, бидејќи дрвото паднало секунди откако млад минувач минал покрај него, сведочат очевидци. За случајот известени се надлежните служби кои излегле на местото на настанот и почнале со отстранување на паднатото дрво. На овој потег има уште едно старо исушено дрво кое претставува опасност по минувачите, ...

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Г.М. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои ...

Турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ влегува во завршна фаза. Вечерва на програмата се полуфиналните натпревари, по кои ќе бидат познати двата финалисти што ќе се борат за шампионскиот пехар. Полуфинале – среда (05.08.) 21:00 Златара Бени Ерол – Сатеска 22:00 Асп Пак – Бразилиан Љубителите на малиот фудбал вечерва ги очекуваат два неизвесни дуели, во кои нема простор за грешки – победниците ќе обезбедат пласман во големото финале на ...

Во интервју за OhridNews, по повод 15 години стендап кариера, охридскиот актер и комичар зборува за јубилејот, слободата на говорот, шундот, семејството и големото финале на Summer Comedy Marathon. Петнаесет години по првиот настап пред публика, охридскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски на 13 август на стадионот „Билјанини Извори“ ќе го одбележи својот професионален јубилеј со спектаклот „Опстанок“, кој воедно ќе биде и големото ...

Со два интересни четвртфинални натпревари заврши борбата за место меѓу четирите најдобри екипи на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, по што е комплетирана полуфиналната програма. Најнеизвесно беше во дуелот меѓу Сатеска и Екстра Скопско, кој по регуларниот тек заврши без победник 2:2. Патникот во полуфиналето беше решен по изведувањето пенали, каде Сатеска беше поуспешна со 4:2. Во второто четвртфинале, актуелниот ...

Утрово во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36) поради пребрзо возење. При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час, соопшти МВР. Против ...

Организациониот одбор на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ донесе одлука за исклучување на екипите Инекс Олгица Хотел и Спа и Др. Баткоски од понатамошното натпреварување, по инцидентот на нивниот четвртфинален натпревар, кој беше прекинат. Како што соопшти Организациониот одбор, одлуката е донесена едногласно, согласно член 7 од Правилникот на турнирот. Во образложението се наведува дека на турнирот нема место за неспортско ...

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки. На програмата се преостанатите два четвртфинални натпревари, кои се очекува да донесат нова доза неизвесност и атрактивен фудбал во борбата за место меѓу четирите најдобри екипи. Програмата започнува во 21:00 часот со дуелот меѓу Сатеска и Екстра Скопско, а од 22:00 часот силите ќе ги одмерат Асп Пак и БЗ Груп. Претходно ласман во полуфиналето ...

Во водите на Охридското Езеро денеска се одржа 47. издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, на кој настапија 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории, од 8 до 15 години и 16 години и постари. Во конкуренција на пливачи од 16 години и постари, во машка конкуренција најбрз беше Никола Велковски (16) од ПК „Вардар 2018“, кој патеката ја исплива за 27:56.53 минути. Второто место му припадна на ...

Со драматична пенал-завршница и еден прекинат натпревар продолжи четвртфиналната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“. Во првиот четвртфинален дуел, Бразилиан и Златара Бени Ерол одиграа неизвесен натпревар кој во регуларниот тек заврши 2:2. Патникот во полуфиналето беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе присебност покажа Златара Бени Ерол, која славеше со 3:2. Вториот натпревар меѓу Инекс Олгица Хотел и ...

Летниот преоден рок во европскиот фудбал влегува во најинтензивната фаза, а неколку звучни трансфери веќе се официјализирани, додека други се на чекор до реализација. Најголемо внимание привлекува интересот на Интер за аргентинскиот репрезентативец и капитен на Тотенхем, Кристијан „Кути“ Ромеро. Спортскиот директор на италијанскиот шампион, Пјеро Аузилио, официјално потврди дека клубот води преговори со Тотенхем и со претставниците на ...

Тече пријавувањето за 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“, кој и ова лето ќе се одржи во Волино, Општина Дебрца. Турнирот со години е еден од најпрепознатливите спортски настани во регионот, привлекувајќи голем број екипи и љубители на малиот фудбал. Пријавувањето на екипите трае до 6 август, додека извлекувањето на групите е закажано за 7 авгус. Натпреварите ќе започнат на 8 август. Котизацијата за ...

Фудбалскиот свет се простува од легендарниот италијански дефанзивец Франко Барези, кој почина на 66-годишна возраст. Веста ја потврдија неговиот матичен клуб Милан, како и ФИФА, по што следуваа бројни пораки на сочувство од фудбалските великани и институции ширум светот. Барези целата своја професионална кариера ја мина во дресот на Милан, за кој настапи повеќе од 700 пати, освојувајќи шест титули во Серија А и три европски круни. Со ...

ФИФА се откажа од контроверзниот план за продажба на малцински удел во нова компанија што ќе управува со комерцијалните права на Светското првенство и другите нејзини натпреварувања, по силниот отпор од европските и другите континентални фудбалски конфедерации. Според релевантни меѓународни извори, предлогот предвидувал формирање на посебна комерцијална компанија во која приватни инвеститори би стекнале 20 проценти од сопственоста. Планот ...

Велгошти вечерва ќе биде во знакот на Илинден и спортот. Пред почетокот на четвртфиналните натпревари од традиционалниот турнир во мал фудбал, ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, посветена на одбележувањето на Денот на Републиката – 2 Август. Свеченоста ќе започне во 20:30 часот кај Споменикот на Илинденците** во Велгошти, каде ќе биде положено свежо цвеќе, а пред присутните ќе се обрати претседателот на Советот на ...

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Охрид времето сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура до 33 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35