Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт ...
Во интерес на вистината и објективното информирање, чувствуваме потреба да реагираме на објава на социјалните мрежи на советник од политичка партија. Од страна на директорот на Ј.П.,,Охридски Комуналец” на денешната седницата јасно беше кажано дека Јавното претпријатие работи согласно однапред утврден план и програма. Централното градско подрачје е косено 4–5 пати, а активностите кај касарната започнаа уште минатата недела, при што просторот ...
Советниците во Советот на Општина Охрид денес ја одржаа десеттата Седница на Совет. Беше усвоен Дневниот ред од претходната седница со 52 точки. Советниците ја изгласаа и дополнителната точка односно Предлог програмата за измени и дополнување на програмата , „Други комунални услуги“ за 2026 година што ја предложи Секретарот Александар Китески. Изгласани беа Предлог-одлуките за усвојување на извештајот за работењето на Јавните претпријатија ...
Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, во Охрид се одржа традиционалниот мал турнир во фудбал, настан кој уште еднаш докажа дека спортот е најмоќната алатка за зближување, дружење и градење мостови на соживот. Турнирот беше организиран на највисоко ниво од страна на „ГФК Пирамида “, а целиот настан беше финансиски поддржан од Општина Охрид, со што локалната самоуправа уште еднаш ја покажа својата посветеност кон поддршката ...
На 25.05.2026 полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со лице на (40) од Охрид, по претходна пријава дека истиот ден околу 10:05 часот, поради нерешени имотно-правни односи, отишол во куќата на 64-годишната жена од Охрид и физички ја нападнал, а притоа оштетил и дел од покуќнината. Исто така, лицето во 13:15 часот во СВР Охрид пријавил дека на 25.05.2026 околу 10:15 часот, по претходно недоразбирање поради имотно -правни ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со хрватскиот вицепремиер и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, кој е дел од делегацијата на хрватската влада, која од денеска е во посета на државава. На билатералната средба во Охрид се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, ...
На 30.05.2026 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, во манастирот „Света Недела“ Оровник ќе се одржи промоција и проекција на филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и промоција на проектот „Светлина на верата“. .Проектот „Светлина на верата“ претставува изработка на веб страна за црквите и манастирите во Охрид и Дебрца, преку која посетителите ќе можат со скенирање на QR код и со помош на интерактивна мапа поставена на веб ...
Од 2 до 4 јуни 2026 година во хотел „Дрим“ во Струга ќе се одржи 10-тата Дримска конференција, посветена на заедничкото управување со Дримскиот Басен и спроведувањето на приоритетните мерки од Стратешкиот акционен план за регионот. Конференцијата се организира во рамки на Меморандумот за разбирање за заедничко управување со Дримскиот Басен од 2011 година, како и Вториот ГЕФ Дримски проект, кој има за цел имплементација на приоритетните ...
Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во рацете), Гликерија го покажа крстот на челото и рече: „Ова е мојата лампада“. На нејзината молитва гром удри во идолот и го ...
Македонското знаме гордо се вееше во Barletta, Италија, каде натпреварувачите на Македонска Традиционална Таеквон-До Федерација приредија вистинска спортска експлозија и испратија моќна порака до европската конкуренција — МАКЕДОНИЈА СОЗДАВА ШАМПИОНИ! На престижниот меѓународен турнир “Barletta Challenge 2026”, каде учествуваа над 300 натпреварувачи од 9 земји од Европа, Македонија, Србија, БиХ, Грција, Италија, Шпанија, Норвешка, Молдавија ...
Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му, Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши во манастирот на Свети Иларион. Подоцна основа засебен манастир, од каде што се прочу по сета Палестина и по сиот Египет заради своето подвижништво, духовна мудрост и чудотворство. Бегајќи од човечка слава се оддалечи во Египет. На патот се сретна со великиот Пафнутиј, којшто му прорече дека ...
Заврши регуларниот дел од сезоната во Општинската фудбалска лига во Охрид, а првото место на табелата го освои екипата на ГФК Пирамида, која со најмногу освоени бодови ја потврди одличната форма во текот на целото првенство. Конечниот пласман во врвот изгледа вака: 1. ГФК Пирамида 2. ФК Чардак 3. ФК Академија Охрид 4. ФК Воска 5. ФК Спорт Брадрс 6. ФК Велмеј 7. ФК Симба Со тоа, ГФК Пирамида е победник на регуларниот дел од сезоната и со ...
Карактер на шампиони и борба до последната секунда! Нашите момци покажаа како се гине за дресот на ГРК Охрид и се враќаат со триумф од гостувањето кај МОЛ Татабања со 28:29! Честитки до стручниот штаб и сите ракометари кои оставија срце на теренот. Голема благодарност и до сите навивачи кои беа силна поддршка во салата во Татабања. Охрид се гордее со вас! Се гледаме во Охрид на реваншот за уште еден ракометен спектакл! Карактер на ...
Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Охрид и Македонија по повод Меѓународниот ден на Власите. -Почитувани припадници на влашката заедница, Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Власите. Овој ден е потсетник на богатата традиција, култура и духовно наследство што Власите со векови го вградуваат во мозаикот на македонското општество. Во Охрид, град кој отсекогаш бил раскрсница на култури и ...
Во Регионалниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески“ во Охрид денеска беше одбележан Денот на мултикултурата, настан посветен на промоција на соживотот, толеранцијата и културната разноликост. Настанот е поддржан од Општина Охрид во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од областа на културата за 2026 година, а во име на Општината присуствуваше претседателот на Советот, Перчо Божиновски. Ученици од различни ...
По одигрувањето на возбудливите натпревари во групната фаза, турнирот во мал фудбал во Враништа продолжува со елиминациските дуели, каде секој натпревар ќе носи нова неизвесност, силни емоции и вистинска спортска атмосфера. Организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот, фудбалот и добрата забава да присуствуваат и да им дадат поддршка на екипите кои ќе се борат за пласман во следната фаза. Како и досега, се очекуваат интересни и ...
Се известуваат сите граѓани на Охрид дека на 26.05.2026 (вторник), поради престојот на Премиерот на Република Хрватска во Охрид, ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Охрид, односно на бул.„Туристичка“, бул.„Св.Наум Охридски“ и Стар град. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај. Се известуваат сите граѓани на Охрид дека на ...
Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“. Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска. – Возвишено е чувството во древниот Охрид, колевката на писменоста и духовноста да се одржуваат вакви научни собири во моменти кога градот го дочекува сиот описменет ...
Со длабока почит и благодарност денес положивме свежо цвеќе во чест на Светите браќа Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, духовност и траен симбол на македонскиот културен идентитет. Тие зад себе не оставија само букви, туку непроценливо духовно и цивилизациско наследство кое и денес претставува темел на нашата култура, образование и национална самобитност. Нивното дело не обврзува да го чуваме знаењето, да ...
По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, доделивме признанија на најуспешните основци и средношколци од Охрид, кои постигнаа врвни резултати на државни и регионални натпревари. Драги ученици, Вашите успеси се гордост за Охрид, за вашите семејства и за целата наша заедница. Вие сте доказ дека Охрид продолжува да живее како град на писменоста, културата и знаењето. Продолжете да верувате во себе, да ги ...
Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме на нивното дело кое не обврзува да го чуваме македонскиот јазик, култура и идентитет, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. „Св. Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во ...
Младиот охридски боксер Наум Стојаноски продолжува да ниже успеси на меѓународната сцена, а неговите последни настапи донесоа нови победи и златен медал за Охрид и македонскиот бокс. Стојаноски најпрво забележа победа на престижниот турнир „Белградски победник“, а потоа настапи и на „Grand Prix“ турнирот во Загреб, каде оствари две победи и го освои златниот медал. По враќањето од Хрватска, синоќа во Охрид му беше приреден свечен пречек од ...
Споменот на Првиот Вселенски Собор се празнува во Православната Црква од древните времиња. Исус Христос остави големо ветување за Црквата: „Ниту вратата на адот нема да ја надвладее“. Во тоа радосно верување се наоѓа пророчко укажување дека иако Црквата Христово на земјата ќе поминува низ тешка борба со непријателот на спасението, победата е на нејзина страна. Светите маченици ја посведочија вистинитоста на зборовите на Спасителот, ...
Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу ...
Џудо клуб ДРИМ Струга блесна на меѓународната сцена со извонреден настап на престижниот турнир „Kup Slavonca“ 2026 во Хрватска, освојувајќи дури пет медали од пет натпреварувачи, потврдувајќи дека струшкото џудо продолжува да создава шампиони. Во силна конкуренција со натпреварувачи од повеќе држави, младите џудисти на ДРИМ Струга демонстрираа врвна подготвеност, борбеност и шампионски дух, освојувајќи: Елеонора Јосифоска – златен медал во ...
На спортското игралиште при ОСУ „Св. Климент Охридски“ вчера се одржа баскет турнирот 3Х3 „Гимназија куп 2026“, организиран по повод празникот Св. Кирил и Методиј. Турнирот беше во организација на училишниот спортски клуб Гимназија Охрид, во соработка со ГКК Охрид и Општина Охрид. На натпреварувањето учествуваа вкупно девет екипи, од кои седум во машка и две во женска конкуренција, со повеќе од 50 учесници. Во машка конкуренција настапија ...
Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го ...
Во недела со почеток во 17,30 на главниот стадион на СРЦ„Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра големото финале на Општинската фудбалска лига на ФС Охрид во кое силите ќе ги одмерат „Воска“ и „Чардак“ Победникот на овој финален натпревар ќе обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига -Југозапад за следната сезона, па затоа се очекува голема борба и независен дуел на охридскиот стадион. Инаку, во регуларниот дел на шампионатот ...
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се враќа од „Superschools Conference 2026“ со големо признание – наградата 🏆 „Best Practice“ за проект реализиран во рамки на програмата Superschools, претставен на завршниот настан што од 14 до 19 мај се одржа во Златибор, Република Србија 🇷🇸 Наградениот проект беше реализиран преку соработка на вкупно 30 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Гимназија Обала, под координаторство на професорите Јорданка Недеска ...
На 21.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (19) од с.Лешани, општина Дебрца. При претрес во домот, и помошни простории кои ги користел, извршен со наредба од Основен суд Охрид, било пронајдено и одземено стебло од растението канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 21.05.2026 во 12:30 часот, ...