
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 31ви Март до 6ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „АРМ“ – „Ирина Мирка Гинова“ – „Абас Емин“ – „15ти Корпус“ – „Васил Стефоски“ – „Марко Цепенков“ – Нас.Рача (2 дефекти) – С.Лескоец (3 дефекти) – Долно Лакочереј ...
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак ...
На 05.04.2025 година во 18.30 часот во СВР Охрид (48) годишно лице од Охрид пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот додека бил во градски пазар во Охрид по претходна вербална расправија бил физички нападнат од страна на (33) годишно лице од Охрид кој што во еден момент се обидел да го удри пријавителот со секира, но не успеал во намерата. По превземени мерки лицето е лоцирао и лишан од слобода од страна на полициски службеници при СВР Охрид. ...
Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание. Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се ...
Слава на Отецот, Синот и Светиот Дух, Амин! Слава на Пресвета Мајка Божја Богородица и Светиот Архангел Гаврил✨ Повелете сите заедно да го Пречекаме Светото Благовештение – Благовец на 7 Април 2025 година (Понеделник), со Света Литургија со почеток во 11:00 часот во Црква Свето Благовештение – Благовец МПЦ Охрид, Коњско, наспроти Хотел “Метропол”, веднаш над главниот пат, како и многу години досега. Благи вести да ве пратат сите насекаде и во ...
Роден е во Неапол од татко незнабожец и мајка христијанка. Беше римски офицер во Неапол. Не беше крстен, иако мајка му тајно од таткото го поучуваше на Христовата вера. Еднаш кога тргна со својата чета во бој, мајка му го посоветува ако западне во неволја да се прекрсти и да Го повика Христа на помош. И навистина, кога во битката Никоновата чета беше опколена и сосем близу до конечна погибел, Никон се прекрсти и во срцето повика кон Господ ...
Младата стружанка Катерина Малеска под менторство на својата професорка по филозофија Дијана Милеска Чуркоска, од 15 до 18 мај ќе ја претставува Македонија на светската филозофска олимпијада во Бари, Италија. Таа е ученичка во четврта година каде за прв пат се среќава со предметот филозофија . На филозофската олимпијада, одлучив да пишувам на темата етика бидејќи цврсто верувам дека таа претставува суштински столб на човековото дејствување и ...
Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од партијата која за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцаше урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко планирање значи сосема спротивното од она што вие го работевте, односно престанок со штанцање на урбанистички планови со кои го девастиравте Охрид. За сликата да биде појасна и целосна, треба да сте доблесни, како што не сте, да излезете ...
На 03.04.2025 СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против (49) годишниот Охриѓанец поради сомнение дека сторил кривични дела – „противправно лишување од слобода“ по чл.140 ст.1, и „изнуда“ по чл.258 ст.1 од КЗ на РСМ. Пријавениот на 31.03.2025 година околу 21,00 часот отишол во домот на оштетениот во Охрид, влегол во станот, извадил пиштол и почнал да му упатува закани и го држел се до 06 часот на 01.04.2025. Потоа побарал од ...
Презвитер во Анкира, денешна Анкара, Турција. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа ...
На 02.04.2025 во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во Охрид имало паднато лице од висина. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирано е дека лице на (77) од Охрид, лице со здравствени проблеми, паднал од тераса на вториот кат на куќа на првиот кат. За настанот е запознaен јавен обвинител од страна на Итна медицинска помош веднаш бил пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, каде што му се констатирани тешки ...
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и јавниот повик бр 09-1144/2 од 30.01.2025 год., Одлуката за спроведување на мерки за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија а се однесуваат на лица со ...
Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид. Најновиот туд на Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“. Книгата е објавена во тираж од 150 примероци. ...
Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 , 99/18,89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид О Р Г А Н И З И Р А ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА ...
Семејството на охриѓанката Наташа Совраноски, 25-годишната жена и мајка на едногодишно девојче, која 25 дена откако исчезна беше пронајдена убиена во шума во Германија, се’ уште ја чека правдата, за настанот кој се случи во септември, минатата година. Во времето додека се трагаше по младата жена, со македонски корени, чиј татко Милчо живее во Охрид, апелот за нејзиното исчезнување се споделуваше и во Македонија, во надеж дека евентуално, можеби ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори “ по член 215 став 1 од КЗ. Во временскиот период кога полицискиот ...
На 1. април 2025 година полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ). – Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31-ви март 2025 година, околу 21:00 часот, пријавениот дошол во домот на пријавителот и со ...
На 1. април 2025 година, во 14:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во струшкото село Делогожда, при извршување на работни задачи се здобил со повреди 63-годишен работник од Охрид, вработен во фирма од Скопје. – Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што ...
Студентот по историја при Филозофскиот Факултет во Скопје и член на новоформираниот “Клуб на Студенти по Историја – КСИ Илинден ” – Петар Симоноски во саботата на 29 март имаше своја презентација за мисионерската дејност на Климент Охридски во Задар, Хрватска на студентски семинар во организација на студентскиот клуб ISHA Zadar – “XVIII Денови на Историја при Универзитетот во Задар”. Симоноски во своето обраќање ја истакна важноста на дејноста ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 24ти до 30ти Март, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Богомилска“ (3 дефекти) – „Кочо Рацин“ – „Мирче Ацев“ – „Егејска“ – „Гоце Делчев“ – „Париска Комуна“ – девијација – Нас.Рача (3 дефекти) – С.Лескоец Приклучени се објекти ...
Тие се од обителта на свети Сава Осветен кај Јерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина, Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, туку откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме ...
Со измените се овозможува : – Приклучување на придружни и услужни објекти кои се наоѓаат на самата делница – Делови на трасата да бидат пуштени во употреба до почеток на летото. нашето ветување за пуштање на автопатот во употреба од Охрид до Врбјани станува реалност. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, ...
Во изминативе две недели сведоци сме дека Буково интензивно чади и отпадот е запален на неколку локации. И покрај бројните реакции, се прашуваме дали дневно се покрива со земјен материјал како што налагаат законските прописи или станува збор за нешто друго? Чадот се шири не само на охридска туку и на ресенска страна, а жителите на Крушје речиси секојдневно праќаат застрашувачки снимки од зачадениот локалитет. Добиваме и бројни реакции од ...
Во тек се градежни активности за асфалтирање на локалниот пат до село Куратица, со вкупна површина од 6200 м2, должина од 1200 метри и ширина од 5 метри. Овој инфраструктурен проект се реализира со средства обезбедени преку Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа. Општина Охрид останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени ...
Во чест на Втори април – Светскиот ден на литературата за деца НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе организира интересен интерактивен настан во кој се споени литературата и цртањето. Гостинка во Библиотеката ќе биде поетесата Светлана Каланоска- Котевска од Охрид. Ќе бидат промовирани двете нејзини стихозбирки за деца: „Убава е природата со жуборот на водата“ и „ Да растеме заедно“ во издание на Библиотека во 2024 година. Промотор ќе биде м-р ...
Охриѓанецот Ненад Целески од Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ стигна до првиот медал за него на „Скопје Опен 2025“ Г1, најголемиот настан за оваа година кога станува збор за индивидуални спортски настани во Република Македонија. – 40 држави од целиот свет дојдоа во Скопје по бодови за олимписка норма на „Скопје Опен 2025“, Г1 турнир кој се наоѓа на официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација. Ова е прв медал за Ненад Целески и ...
Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник, поставена во манастирската камбанарија со благослов на нашиот возљубен Старец и Игумен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. Осветувањето на новото ѕвоно го изврши Владиката, придружен од браќата свештенослужители, од сестрите од Рајчица и Причеста и од многубројни ...
Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата ...
Роден е во Јерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315–386). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 година го наследи на престолот блажениот јерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господа. Тој имаше две тешки борби: од една ...
На булеварот Св наум Охридски кај населбата Рача во Охрид, продолжува серијата несреќи од кои некои се и со трагични епилози. Граѓаните не сфаќаат дека возат по булевар и многу често го нарекуваат автопат кај Рача. Ограничената брзина на булевар е 50 километри на час. Овој потег е и населено место, па жителите години бараат од надлежните да се постават успорувачи на брзина „легнати полицајци“, а законската регуслатива тоа не го овозможува ...