Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 01.07.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција. Селектирај ...

Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник за да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и ...

Изминатиот викенд се одржа Националното Првенство во Атлетика како дводневен натпревар. Блаже Љушев го зазеде третото место во скок далечина и Стефан Стефаноски освои сребро при израмнет резултат до првопласираниот во фрлање диск. Андреј Куковски го освои третото место на трката на 400м. Јован Стојоски уште еднаш доминантен во трката на 400м со пречки подобрувајќи го повторно државниот рекорд кој е во негова сопственост. Со овој натпревар се ...

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа ...

Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието. Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И имаше во тоа време голем успех. По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во ...

Дебарско-кичевската епархија со голема радост ве поканува на празнувањето на споменот на Охридскиот закрилник и Мизискиот чудотворец, свети Наум Охридски, кој е наш постојан молитвеник и кој повеќе од 1100 години непрестајно се застапува за нас пред Божјиот престол. По тој значаен повод, на 02.07.2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на свети Наум Охридски ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба, со ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното ...

Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...

Свети Вит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година започна голем подвиг. Ангели му се јавуваа, го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се исуши раката, а тој со молитва му ја исцели. Татко му ослепе кога во неговата соба виде дванаесет свети ...

Во Охрид денеска се одржа работна средба со постојаните делегати – амбасадори и претставници при УНЕСКО од државите-членки на Комитетот за светско наследство, во рамки на нивната тридневна посета на Македонија. Посетата претставува возвратна активност по неодамнешната средба во Париз, Франција, со што се потврдува континуираната соработка со УНЕСКО. Високата делегација ја сочинуваа постојаните претставници од Бангладеш, Либан, Кенија, ...

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, ...

Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна е силна меѓугранична соработка со Албанија во делот на заштита на Охридското Езеро и заштита на Охридскиот Регион, природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме. Посебен акцент ставивме на развојот охридскиот ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината на катастарска парцела во селото ...

Со одлична атмосфера, добро вино и многу позитивна енергија, вчеравечер започна петтото издание на Ohrid Wine Festival. ‎ ‎Бројните посетители уживаа во богатата понуда на врвни вина, а за добрата забава се погрижија Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. ‎ ‎Винската фестивалската приказна продолжува и вечерва, ве очекуваме! Со одлична атмосфера, добро вино и многу позитивна енергија, вчеравечер започна петтото издание на Ohrid Wine ...

На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е ...

Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот во петок (26 јуни) продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата. На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ...

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕвероподобен човек. ...

Поетски читања и портрети на дел од учесниците на Струшките вечери на поезијата го одбележуваат и вториот ден од манифестацијата. Поезија денеска читаа авторите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик. Поетски портрет имаа и минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска и лауреатот на наградата „Мостови на ...

СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува ...

На 24.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог ...

Во првата декада од овој месец, ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“, на 11 мерни места на потегот од авто – кампот „Андон Дуков“ до хотелот „Ројал“, изврши физичко – хемиска анализа на водата од езерото. Според добиените резултати на 8 мерни места водата е од прва класа, на две мерни места е од втора класа, а само на плажата „Грашница“ е од трета класа. Според законските норми, дозволено е капење во вода со квалитет од прва и втора класа. ...

Со поетски читањa на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година и портрет на минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска, денеска продолжува вториот ден од 65-тите Струшки вечери на поезијата. На програмата е и портрет на Даниел Хајндс, лауреат на наградата „Мостови на Струга“ за 2026 година, што заеднички ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО. Ќе бидат промовирани книгите ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“,„Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“ , дел од бул.„Туристичка“, „Климент Охридски“ , „Цар Самоил“ , „Самоилова“ , „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“, „Петар Чаулев“ , „11ти Октомври“ , и „Климентска“ . ...

Струга доби нов современ објект кој ветува да стане едно од најпосакуваните места за организирање свадби, семејни прослави и свечени настани. BALFIZ HOTEL & EVENTS ги отвори своите врати со амбиција да понуди врвна услуга, елегантен амбиент и незаборавно искуство за своите гости. Новата свечена сала се издвојува по својот модерен дизајн и вниманието посветено на секој детал. Посебна атракција претставува таванот декориран како ѕвездено ...

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...

Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел ...

Под покровителсто на Општина Охрид, а во организација на „Крафт продукција“ утревечер во градов започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival. Тридневниот настан кој нуди вина од земјава и Светот, вкусни јадења и богата културно уметничка програма ќе се одржува на платото на кеј Македонија пред хотелот Палас со почеток во 20:00 часот. На денешната средба со новинарите Претседателот на Советот на општина Охрид Перчо Божиноски зборуваше за ...

Холандската поетеса Анеке Брасинга, добитничка на највисокото признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска на прес-конференција изрази задоволство што се вброи во редот на најзначајните светски творци, добитници на наградата. „Бев многу трогната од тоа внимание. Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со тоа се оддава почит на холандската поезија. Холандскиот јазик се ...

ℹ️ Работен состанок за унапредување на јавната хигиена и заедничко решавање на проблемите со неправилно одлагање на отпадот ℹ️ 🌍 Во насока на унапредување на јавната хигиена и заедничко решавање на проблемите со неправилното одлагање на отпадот, денес се одржа работен состанок помеѓу претставници на претпријатието, комуналните инспектори и инспекторот за домување при Општина Охрид. На состанокот присуствуваа и управителите на станбените ...

‎Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. ‎ ‎Египќаните се важен дел од општествениот и културниот и живот на Охрид и Македонија. Со својата активност и ангажман во различни области, тие даваат значаен придонес во развојот на локалната заедница. ‎ ‎Меѓусебното разбирање и заедничката соработка остануваат клучни вредности за градење ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
40%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
56%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
43%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
47%
1013
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
1.34
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05