
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



После Гардијан, Ла Вангвардија и германската еснафска организација, и Европската федерација на новинари реши дека не е етички да се остане на Твитер, по ново Икс. „Не можеме да продолжиме да учествуваме во хранењето на социјалната мрежа на човек кој прогласи смрт на медиумите, а со тоа и на новинарите... Социјалната медиумска страница X стана префериран вектор за теории на заговор, расизам, екстремно десничарски идеи и мизогинска реторика. X е ...
Мартина Навратилова го критикуваше Њујорк Тајмс за опишување на биолошките жени како „нетрансродови жени“. Терминот беше користен во приказна за превирањата во женската одбојкарска колеџ лига во која масовно се губи од екипата на Државниот универзитет во Сан Хозе во кој игра Блер Флеминг, биолошки маж кој се идентификува како жена. За да ја долови ситуацијата во својот наратив, медиумот во статијата ги нарекуваше обичните, стандардни, биолошки ...
Оправданието на Бајден е дека целиот случај против Хантер е политички, претеран и направен да го „скрши“ него и Хантер. Последен пат пред 20 дена портпаролката на Белата куќа изјави дека Бајден нема да го помилува својот син. Хантер годинава беше прогласен за виновен за поседување оружје без дозвола, со што стана прво дете на актуелен американски претседател обвинето за кривично дело. Казната за ова обвинение требаше да биде донесена на 12 ...
Човекот стана „интернет сензација“ откако го сподели своето мазно Марс чоколатце и подоцна доби 2 фунти како компензација. Се вика Хари Сигер (34 години) и доби огромно внимание од „Досадниот машки клуб“, Фејсбук страница со 1,4 милиони следачи. Си купил Марс во Бирмигем, му бил нешто чуден и сфатил дека е мазен и ги нема препознатливите „бранови“ на горната страна на чоколатцето. Им пишал на Марс, Вригли, од Англија за да ги праша дали е тоа ...
Доналд Трамп им се закани на деветте членки на БРИКС дека ќе им наметне тарифи од 100% за нивниот извоз во САД доколку решат да го бајпасираат доларот и почнат финансиски и трговски меѓусебе да „комуницираат“ со друга валута. „Заборавете дека ќе продавате нешто на прекрасниот американски пазар ако решите да го заборавите доларот,“ им порача Трамп на земјите од сè посилниот глобален блок. Трамп рече дека поминало времето кога САД само ќе стојат ...
Со модeрните автомобили, животот на возачите им е толку олеснет што дури и не мора да вадат клуч од џеб за да ја стартуваат колата. Но, животот им е олеснет и на крадците, предупредуваат од германската Федерална канцеларија за криминал. Бројот на украдени автомобили, но и камиони, кампери, како и земјоделски и градежни машини, минатата година експлодираше. Секој ден во Германија исчезнуваат повеќе од 40 возила - вкупно 15.924 кражби, 9% повеќе ...
Украинската одбрана изгледа како брод кој испушта вода на сите страни. За жал, од септември, дупките на тој брод стануваат сè поголеми и поголеми. Во последните три месеци руските сили успеаја да окупираат повеќе територии отколку во претходните девет месеци од офанзивата. За разлика од претходните месеци, кога рускиот напредок се мереше во стотици метри, најновите руски пробивања се прават од пет до десет километри на ден. Досега незамисливото ...
Со не баш големо мнозинство (330 гласа „за“ и 275 „против“) парламентарците го поддржаа предлог-законот со кој на некои неизлечиво болни луѓе ќе им се даде право да го прекинат својот живот. Се проценува дека законот ќе стапи на сила дури после околу три години, додека ги мине сите потребни правни процедури, меѓу кои и благослов од домот на лордовите а следната процедурална рунда не може да се случи пред април следната година. Гласањето дојде по ...
Дел од пепелта на Леми Килминстер, лидерот на групата Моторхед, последниве години беше изложувана во неколку, нему драги места - Реинбоу барот, неговата омилена биртија за запивање во Лос Анџелес, во британската концертна хала Рок Сити и на Хелфест во Франција. По негова желба, дел од пепелта заврши во куршуми поделени како подароци на драги лица (види: Има правда: Леми заврши како куршум). Куршум имаат добиено Даф МекКеган од GNR, Рики Рахтман, ...
Над еден век траат надежите дека електричните возила еден ден ќе ги заменат моторите со внатрешно согорување и ќе пратат во музеи. Бидејќи слободниот пазар не успеа да испорача ваков епилог, последниве децении запнуваат државите со субвенции и - засега - правно обврзувачко постепено укинување на традиционалните мотори. И ова не го даде ефект: глобалната продажба на електрични продолжува да расте, но темпото забавува. Проценките велат дека за да ...
Откако 17-годишното момче запишано на готварско училиште почнува да добива слаби оценки и тоа по главните предмети, мајката веднаш интервенира кај него. Во расправијата момчето и кажува дека веќе не сака да оди на училиште бидејќи учењето е бесмислено. Повратното од мајката е дека ако не му се оди на училиште тогаш да фати и тој да продава пржено пилешко како нејзе и да види како е во реалниот живот. Тоа и се случува. Малиот прави сопствена ...
Спорна не е наведената цел - да се држат децата подалеку од социјалните страници, за нивно добро. Спорно е што притоа ќе се собираат биометриски податоци а корисниците ќе треба да достават доказ за лична карта издадена од владата. Сопственикот на Икс, овој амандман го гледа како желба на мала врата да се воведе контрола и на полнолетните Австралијанци. Наместо да најде начин да ги идентификува малолетниците, решението се потпира на тоа дека ...
Компанијата веќе бара и преговара со долгорочен, стабилен акционер како банка или осигурителна компанија, која треба да го замени капиталот на Рено, во време кога Нисан го привршува потпишувањето на договорот за партнерство со Хонда за нови електрични возила. Излегувањето на Рено се случува во време кога Нисан има послаба продажба и во Кина и во САД. Француската компанија објави дека е отворена кон продажба на дел од своите акции во Нисан како ...
Се работи за „суперџиновски“ депозит на високо квалитетна златна руда, откриен во близина на постоечки рудник на злато во земјата. Локацијата е полето Вангу во североисточниот дел од провинцијата Хунан, каде работниците откриле над 40 вени со злато, кои содржат околу 300 тони злато. Резервите се на длабочина од 2.000 метри. Со дополнително скенирање и 3Д компјутерски модели, рударските експерти проценуваат дека до длабочина од 3.000 метри ги ...
Според студија објавена во магазинот Environmental Science & Technology, со едноставно провривање на водата од чешма и нејзино филтрирање низ обичен филтер за кафе, може да се отстранат речиси 90% од присутните честички микропластика. Досегашните сознанија за влијанието на микропластиката врз човечкото тело покажуваат дека тоа може негативно да влијае на микробиомот на цревата, а со тоа и на имунитетот и здравјето воопшто. Постојат ефикасни ...
Американски функционер објаснил дека Украина ниту мобилизира, ниту обучува доволно нови војници за да ги замени оние што ги губи на фронтот, притоа отворено потврдувајќи дека Русите имаат постојан напредок на истокот на земјата, и постепено почнуваат да ги гонат Украинците од Курск. Во април годинава, по долга дебата и нечкање, Зеленски за прв пат ја симна границата за мобилизација од 27 на 25 години, за да може подобро да ги пополни редовите на ...
Освен сесиите до вработените во министерството бил испратен и меил за „вебинар во кој подлабоко ќе навлеземе во ефикасните техники за стрес менаџмент за да ви помогнат да навигирате низ овие проблематични времиња.“ Информацијата за овие терапии ја објавува Вашингтон фри бикон, по што републиканските конгресмени го нападнаа Ентони Блинкен дека веста е „вознемирувачка“ и дека: „Непартиски владини функционери не би требало да претрпуваат лични ...
Вишиот советник во кампањата на Камала Харис, Дејвид Плуф, откри дека внатрешните истражувања спроведени од нивниот штаб никогаш не покажувале дека таа е во предност пред Доналд Трамп. „Мислам дека ова ќе ги изненади луѓето затоа што имаше јавни анкети што беа објавувани кон крајот на септември, почетокот на октомври... кои покажуваа водство кое никогаш не го видовме. Ние каскавме“, го пренесува Њујорк пост. Во еден подкаст со неколкумина ...
Од Мета изјавуваат дека Закерберг се сретнал со Трамп и неговиот тим, и дека средбата се случува во клучно време за американската иновативност. Не кажуваат за што зборувале, ама кажуваат дека Закерберг нема да остане таму за Денот на благодарноста. Закерберг, заедно со останатите основачи и ЦЕО-а на глобалните технолошки компании редовно се критикувани од републиканците, по основа дека нивните платформи постојано ги цензурираат конзервативните ...
Предлогот е од виетнамското обвинителство кое и ја дало оваа можност на Лан, откако во април беше осудена на смрт за проневера на пари, поткуп на владини функционери и прекршување на банкарски правила. Адвокатите на Лан тврдат дека успеале да најдат инвеститори од странство кои се подготвени да и позајмат 400 милиони долари. Наводно тимот работи на уште вакви зделки. Виетнамските закони предвидуваат можност за враќање на три-четвртини од ...
Транссексуалците ќе бидат отпуштени по медицинска основа, во која ќе се утврди дека тие не се способни за служење војска. Освен отпуштањето ќе се забрани секое идно приклучување кон армијата за транссексуалци. Во првиот мандат Трамп забрани транссексуалци да стануваат дел од вооружените сили на САД, меѓутоа им дозволи на оние кои веќе служеа да ја задржат својата позиција. Бајден ја поништи оваа одлука. САД имаат околу 1,3 милиони активни ...
Во групата мигранти, најголем дел отпаѓа на турската заедница која претставува 13% од сите жители на градот. Инаку 61% од сите мигранти во Франкфурт се од земји на ЕУ. Една друга поделба во градот покажува дека 49% од не-Германците живеат под линијата за сиромаштија, споредено со само 23% од домородното население. Од Германците 83% од мажите се вработени, како и 78% од жените. Минатата година беше објавено дека се очекува Франкфурт да го изгуби ...
Реизборот на Доналд Трамп доведе до очекувани јавни хистерии на низа разгалени селебритија, активисти и медиумски работници. Некои од нив уште не можат да се соземат. Погледнете го нервниот слом кој пред камери го доживеа Рејчел Медоу од MSNBC. Но, едно се тие, Сајентифик американ би требало да е сосема друга лига. Mагазинот се печати од 1845 година, во него свои текстови имале Ајнштајн и Тесла, како и над 150 Нобеловци од разни области. Па ...
Петицијата која беше започната на 20 ноември без никаков проблем стигна до границата од 100.000 гласови, со што ги исполнува условите Парламентот да ја разгледа можноста за дебата на темата на која се однесува петицијата. Милионите потписи се собрани под пораката: „Би сакал да има уште едни општи избори. Верувам дека сегашната влада не ги исполни ветувањата што ги даде пред последните избори.“ Официјалната верзија е дека петицијата ја започнал ...
Како што е наведено во трудот објавен во списанието Frontiers, тимот предводен од истражувачот од Лабораторијата за однесување и перформанси на НАСА, Шина Дев, открил дека когнитивните способности на астронаутите не биле значително нарушени по враќањето на Земјата. Меѓутоа, низа тестови покажале дека нивните когнитивни способности биле видливо забавени за време на нивниот престој во вселената. Брзината на обработката на информациите, визуелната ...
„Русија постави нови неделни и месечни рекорди во големината на окупираната територија во Украина“, објави независната руска новинска агенција Агентство. За само една седмица, руската војска зазела 235 квадратни километри во Украина, што е неделен рекорд за цела 2024 година, а во ноември освоила вкупно 600 квадратни километри. Русија започна побрзо напредување во источна Украина во јули, токму кога украинските сили зазедоа дел од нејзиниот ...
Тами Џонас, долгогодишна вегетаријанка, направила пресврт од 180 степени за време на нејзината трета бременост. Нејзината одлука за вегетаријанска исхрана била донесена под влијание на книгата Animal Liberation на Питер Сингер, која ѝ ги отворила очите за малтретирањето на животните кои се одгледуваат во фарми. За време на последната бременост станала ризично анемична, почнала да копнее по месо, еден ден решила да изеде хамбургер и сфатила дека ...
За пораката веднаш е информирана и претседателската гарда иако не е јасно што точно таа ќе преземе против потпретседателката, освен тоа што веднаш е подигнато нивото на заштита. Сара, ќерката на Родриго Дутерте, подоцна се обиде да ја повлече својата изјава, објаснувајќи дека тоа не било закана туку само била загрижена за својот живот. Фердинанд Маркос јуниор и Дутерте заедно се кандидираа во мај 2022, како претседател и потпретседателка, со ...
52-годишната Жонг Јанг, претходно служи како гувернер и заменик секретар на Кинеската комунистичка партија во префектурата Кијанан. Таа влегува во партијата на 22 години, а со тек на време заради нејзиниот изглед често пати е ословувана како „убавата гувернерка“. Жонг никогаш не се мажи и нема деца. Нејзин прв посериозен успех е основањето на земјоделска асоцијација, а е позната и по помагање на постарите лица од сопствени пари. Во јануари ...
Во понеделникот, прво специјалниот советник Џек Смит поднесе барање за повлекување на сите федерални обвиненија против Трамп по овие основи, а потоа и судијката во случајот го одобри барањето. Со ова и формално се става крај на целиот случај кој го обвинуваше Трамп за обид за поништување на неговиот пораз во 2020. Трамп за ова прв пат беше обвинет во јуни 2023 во федералниот суд во Мајами по 37 основи. Два месеца подоцна тој беше обвинет и за 4 ...