Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди, како што рече, „нехуманиот“ напад со руски беспилотни летала на Божиќ. Секој масовен руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука, рече тој. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија лансирала 78 проектили и 106 беспилотни летала, од кои 113 биле соборени. Сепак, Зеленски изјави дека „прекини во снабдувањето со електрична енергија се забележани во ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите. Претседателката повика на обединување во однос на евроинтеграциите ...

Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници. -Исплатата на стипендиите отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати. Министерството останува посветено на ...

Изграден е новиот ски центар во кавадаречко Михајлово, пуштањето е на први јануари, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Оттаму нагласија дека земјава добива нов скијачки центар во срцето на Кожуф планина. – Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите, соопштија од Кабинетот на Јанчев. Оттаму информираа исто така дека зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е ...

Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата. Казахстанското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси. Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, од местото на несреќата досега се ...

Има преживеани во авионската несреќа која се случи утрово, кога патнички авион кој летал од главниот град на Азербејџан, Баку, кон Русија, се урна во близина на градот Актау, западен Казахстан. Во авионот имало 67 патници. Има спротивставени извештаи за бројот на преживеани, но здравствените власти на Казахстан информираа дека 14 лица биле примени во болница. „Во моментот, 14 преживеани се пренесени во регионалната болница, од кои пет се во ...

Министерот за енергетика на Украина Герман Галушченко денеска преку Фејсбук објава информираше дека Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата. Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите. Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на речиси половина од ...

Плинска боца предизвикала пожар во семејна куќа во Куманово, опожарен бојлер зафатил и кровна конструкција на куќа во Черкези, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. – Пожарникарите интервенирале на опожарена плинска боца во семејна куќа на улица „Народна Револуција”. Интервенирано во 10: 20 часот со едно возило и петмина пожарникари. Зафатена била една соба од објектот при што е направена материјална штета ...

Бугарското општество сè уште молчи за многу чувствителни прашања, се жали директорката на „Софиска платформа“. Затоа, таа се надева на дополнителни стимулации од науката и културата за соочување со комунистичкото минато. Марсел Фирстенау Веројатно ниту една друга поранешна комунистичка земја нема толку тешкотии да се соочи со своето минато како Бугарија. Надежите почиваат на граѓанското општество. Михаил Маринов, директор на фондацијата „Остров ...

Соларната сонда „Паркер“ се обидува да се приближи до Сонцето на растојание од нешто повеќе од шест милиони километри, што, доколку успее, би било рекордна близина досега забележана, објави денеска „Гардијан“. Тимот изгубил контакт со сондата и не се очекува дека ќе ги добие податоците за мисијата до петок, но податоците кои ги прими НАСА комплексот во Канбера пред четири дена укажуваат дека се функционира како што се очекувало. „Ниту еден ...

о 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје доцна вечерва ја изгласаа Одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на почетокот ја истакна целата хронологија на случувањата по ова прашање и за одржаната 16-та вонредна седница на Советот каде се расправаше. -По ...

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски. Како што информираше Костадиновски на последната прес-конференција, за листата на учесници на ...

Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година. За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. Предложениот Буџет на ...

Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието. Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата. Драган Мишев Денеска се навршуваат 12 години од „црниот понеделник“ кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Собранието на Република Македонија насилно ги избркаа ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот. На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот ...

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење до Основниот кривичен суд Скопје за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“. Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Како што соопштуваат од Обвинителството, мислењето е донесено врз ...

Повеќе од 200.000 домаќинства во Босна и Херцеговина се без електрична енергија поради дефекти на далноводите предизвикани од обилниот снег. Во Федерацијата БиХ без електрична енергија останаа околу 140.000 домаќинства, додека над 50.000 домаќинства се без струја во западниот дел на Република Српска. Електростопанство на БиХ соопшти дека ситуацијата е најтешка во Унско-санскиот кантон, Тузланскиот кантон и Зеничко-добојскиот кантон. Во Дрвар ...

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива, соопшти Министерството за здравство. Пациентката, како што се наведува во соопштението, е со уреден постоперативен тек, а трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог ...

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски. Како што информираат од Кривичен суд за , Судот мислењето го доставил до странките во постапката и рочиштето се одложило за 23 јануари до кога треба да ...

Дестан Јонузи Од новогодишен партиски коктел лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети бара Охридскиот договор да биде заштитен не само од ДУИ, туку и од ВРЕДИ (Влен), ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Тој ги повика и гласачит на владеачката коалиција на Албанците да им помогнат на претставниците и лидерите на коалицијата ВРЕДИ да се вратат, како што на нагласи, „на патот на достоинството и гордостa“. – Нашиот народ, нашите браќа ...

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и натаму е значителен во корист на мажите, како во однос на висината на платите, така и при нееднаквост во пристапот до работа, напредувањето и наградувањето. Според податоците на Евростат, мажите во ЕУ во просек заработуваат за 12,7 отсто повеќе од жените, при што Луксембург е единствената земја меѓу членките на Европската Унија каде просечните плати на жените се повисоки од оние на мажите и тоа за 0,7 ...

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На денешната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите. Според пријавите, постојат ...

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење. На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на ...

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно ...

Опозициските лидери ја обвинуваат Русија дека му помага на „Грузискиот сон“ да донесе кошмар во демократските процеси во Грузија. Сања Костовска „Одете, тепајте ги вашите деца, не нашите“, му викна една постара жена на специјалецот со црна маска, кој стоеше неподвижен, со рацете во џебови. Неговите очи, единственото видливо на лицето, не покажаа никаква реакција. „Тие се наши деца!“, додаде жената наведнувајќи се над барикадите. Оваа сцена од ...

Една од причините што економскиот раст во Македонија во последните две години е меѓу најслабите во регионот е токму рецесијата во Германија. Македонија е најмногу изложена кон германската економија од сите земји од Источна Европа – дури 40 проценти од македонскиот извоз завршува таму. Затоа и извозот паѓа веќе две години по ред, поради слабата побарувачка од Германија. Билјана Анстасова-Костиќ / Викторија Јованова Германија е наш најголем ...

Едно лице загина, а друго се води како исчезнато во силната бура, придружена со поплави и големи бранови, што во понеделникот го погоди централниот брег на Калифорнија, соопштија властите. Градоначалникот на Санта Круз изјави дека пристаништето во тој град се урнало поради невремето, а три лица кои паднале во Тихиот Океан се спасени, јавуиваат светските агенции. Метеоролозите прогнозираат ветрови со ураганска сила и бранови високи до 18 метри од ...

Дождот и ветерот не ја спречија албанската опозиција да го одржи најавениот протест на “граѓанска непослушност”, со марширање и блокирање на пет главни улици во Тирана, на кои два и пол часа беше парализиран сообраќајот. На протестот што почна по 17 часот учеството беше помало споредено со претходните протести, но за првпат по една година присуствуваше и демократскиот лидер Сали Бериша. Оваа зима ќе биде тешка како за аргатот во Тирана(премиерот ...

Илјадници жени се собраа денеска во североисточниот сириски град Камишли за да побараат новите исламистички владетели во Дамаск да ги почитуваат правата на жените и да ги осудат воените дејствија поддржани од Турција во северните региони на земјата, кои се под контрола на Курдите. Многу од демонстрантите го вееја зеленото знаме на Единиците за заштита на жените, милиција на курдските Единици за заштита на народот што Турција ја смета за закана ...

Тргнете ги рацете од Уставниот суд. Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава за европски вредности! Секој што мисли дека владеењето на правото и правната држава ќе биде попречена со политички манипулации, притисоци и влијанија, да не се трудат! Никој не е над Уставот. Секој е должен да го почитува Уставот. Никој неможе да има повеќе власт и права од оние што му ги доделил Уставот! Ова им го ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
32%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
43%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
60%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
46%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
7.09
37%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
0.51
84%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.66
26%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
57%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
9.26
50%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
43%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
61%
1016
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315