Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор признала дека ВМРО со години ги лажела граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор. „Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. И што сега се случи? ...
Жителите на Аеродром, често знаат да засадат дрвца во околните паркови и тревници меѓу зградите, но службите на општината, задолжени за косење не ги гледаат малите дрвца, па ги поткаструваат при косење на високата трева. Последен што настрада е млад орев, кој жителите го засадиле во тревник зад клупа, а го оградиле и со колци. Но, веќе два пари општинските косачи на трева го зафаќаат со тримерите или косилките. – Биваше ли да го искосат ...
Иако новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески, дојде како некој што ќе го спасува владеењето на правото во државата и ќе донесе правда по „озлогласеното“ СЈО и Љупчо Коцевски, овие два дена се случува вистинска политичка хаварија околу неговиот статус и улога. Откако премиерот јавно се пофали дека му се јавил на телефон да го праша за случај што не го води тој, туку Ислам Абази од ОЈО ГОКК, и откако тој се правдаше дека не можел да не му ...
Душанбе, Таџикистан – Министри и високи претставници од Европа и Централна Азија, од 11 до 15 мај 2026 година, престојуваат во Душанбе, каде што дискутираат за зајакнување на ефикасноста, инклузивноста, отпорноста и одржливоста на агро-прехранбените системи во услови на сè поизразени климатски, економски и геополитички предизвици. 35-тата сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа (ERC35) се одржува во главниот град на Таџикистан ...
Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови ...
Климатскиот феномен што би можел да се врати оваа година во едно од најсилните изданија досега го поставува прашањето колку е подготвен светот за неговите последици. Научниците сè повеќе повлекуваат паралели со катастрофалните настани од 1877 година, кога силен Ел Нињо предизвика глобална хуманитарна катастрофа. Ел Нињо е климатски феномен што се јавува поради затоплување на површината на океанот во источниот и централниот тропски Пацифик. ...
Виена – Претставничката на Финска на Евровизискиот натпревар доби посебна дозвола да направи нешто на сцената што не е видено речиси три децении. Виолинистката Линда Лампениус доби ретка можност да свири на својот инструмент во живо на годинешното финале, кршејќи го строгото правило за претходно снимена инструментална придружба за прв пат по 28 години, објавува LADbible. Финалето на Евровизискиот натпревар се одржува оваа сабота, 16 мај, во ...
Висок е процентот на корупција во државата и приоритетот ни е сега таа работа. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конференцијата „Бизнис со интегритет“. Азески предупреди дека евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици поради на стопанството. Компаниите, додаде, ...
Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средни претпријатија на класично отворен, либерален систем се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија, ако на неа учествува кој било не светски, не европски, туку регионален учесник. Прашањето е што правиме ние за да ги заштитиме ...
Денеска во Битола e убиена 31-годишната битолчанка Ајнет Вејсел, мајка на четири деца. Ја уби нејзиниот сопруг со кого не живееле заедно. Убиство се случило утрово во 6 и 40 часот во населбата Баир на ул. „5-та“. Убиецот е лишен од слобода и се наоѓа во полициската станица во СВР Битола. Сопругот е на возраст од 33 години и е осомничен дека си ја убил сопругата, а како повод за фемицидот се наведува семејна расправија и недоразбирања кои ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства како резултат на заложбите на Министерството за образование и наука за дигитализација на образованието. Ова е значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата и е поддржан од Македонски Телеком. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните ...
Во однос на Реформската агенда веруваме дека сепак има стапка на исполнетост и позитивен тренд од почетокот на овој извештаен период и се надеваме дека ќе има и поголема исполнетост до крајот на реформските чекори, рече денеска Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, во изјава за медиуми пред Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда во организација на ...
Кан – Ново издание на познатиот филмски фестивал во Кан беше официјално отворено во вторник вечерта. Бројни познати личности прошетаа по црвениот тепих на 79-от Кански филмски фестивал, вклучувајќи ја и актуелната Мис на Хрватска Ема Хелена Вичар. „Голема чест ми е да присуствувам на ваков настан и да бидам дел од атмосферата што ја обединува светската филмска, модна и креативна сцена. За мене, ова не е само црвен тепих, туку можност за нови ...
Синовите на американскиот претседател Доналд Трамп започнуваат нов развоен проект во Грузија: „Трамп тауер Тбилиси“, луксузен станбен комплекс со 70 ката, кој треба да стане највисоката зграда во земјата, според „Дејли бист“. Ерик Трамп го објави проектот претходно оваа недела, објавувајќи слика од идната кула на Фејсбук. Во соопштението за медиумите за проектот „Трамп тауер Тбилиси“, Ерик Трамп изјави: „Името Трамп е поврзано со некои од ...
Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите кои се исклучително ...
Изолиран случај бил нападот на ученик во Ченто, кој се бори за живот на скопските клиники, а генералната безбедносна состојба во училиштата на територијата на Општина Гази Баба, вклучително и во конкретното училиште, е на високо ниво, заклучил денеска Локалниот совет за превенција во проширен состав, кој одржа седница посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во ...
Општина Карпош преку програмата за култура го поддржа проектот – театарска претстава за деца „Лефти и Рајти во Карпош“. Утре, на 15. мај, децата од градинката „Орце Николов“ од Карпош ќе ги проследат новите авантури на Лефти и Рајти кои се на гости во оваа општина. После претставата, децата ќе учат како да диплат и како најдобро да се грижат за своите облеки. Односот кон облеката е важен од најмала возраст, а преку јунаците во претставата: ...
Во Сарај вчера се фатени двајцата млади крадци кои претходниот ден украдоа велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром, објави порталот „24 часа“. Од кражбата беше објавена снимка од безбедносна камера. Според информациите, крадци биле лоцирани набргу откако го украдоа велосипедот. Неофицијално, едниот од нив имал богато искуство со кражби на точаци, а со овој „занает“ се занимавал и во Швајцарија. Украдениот велосипед исто така е ...
Бордо – Здравствените власти потврдија појава на вирусен гастроентеритис на крузер закотвен во пристаништето Бордо, во Франција, со делумно укинување на претходно воведените мерки за карантин за некои патници. На бродот имало повеќе од 1.700 луѓе, вклучувајќи 1.233 патници и 514 членови на екипажот, откако околу 80 луѓе развиле акутни дигестивни нарушувања, објави порталот „Лемонд“. Префектурата и Регионалната здравствена агенција објавија ...
Времето утре (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. ...
Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – ...
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од Обвинителството и полицијата, ...
ВМРО-ДПМНЕ никако да се реши дали е добар или не е Преспанскиот договор што го потпиша Македонија и благодарејќи на кој стана земја членка на НАТО. Откако премиерот, шефот на дипломатијата и претседателката на државата со месеци зборуваа дека ни требаат гранции за јазикот и за македонскиот идентитет, вчера претседателката Гордана Сиљановска Давкова направи салто мортале и порача дека Преспанскиот договор – иако а бил спротивен на ...
Рига – Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот претседател Едгарс ...
Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се и потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...
И оваа година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени ...
Кан – Деми Мур привлече големо внимание на црвениот тепих во Кан, со издание кое веднаш се вклопи во дискусијата за новите правила на фестивалот. Откако Кан ги заостри правилата за голотија и долгите возови, актерката се појави на проекцијата на филмот „La vie d’une femme“ во полупроѕирен фустан, со кој елегантно ги тестираше границите на дозволеното. Холивудската актерка изгледаше впечатливо во креација која не можеше да помине незабележано, ...
Во рамките на третото издание на манифестацијата „Денови на поезијата“, во соорганизација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на 15 мај 2026 г. (петок), во 12 часот, во Библиотеката за македонска книжевност и култура ќе се одржи книжевна средба со естонската реномирана поетеса Дорис Карева. Дорис Карева (1958, Талин) е поетеса, преведувачка и уредничка. Авторка е на петнаесетина поетски книги, меѓу нив ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова сама ги пофали своите две години како шефица на државата, велејќи дека „нејзиниот мандат досега бил успешен“. Според неа тоа било особено во зајакнување на меѓународната видливост на државата, унапредување на интегритетот на претседателската функција и подобрување на директната комуникација со граѓаните. Во интервју за Македонското радио таа рече дека „многу работи се придвижиле“ откако таа стапи ...
Болоња – Принцезата од Велс беше целосно насмеана додека ги поздравуваше поддржувачите за време на првиот ден од нејзиното самостојно патување во Реџо Емилија, Италија. Големи толпи се собраа да се сретнат со кралското семејство, чија посета на земјата означува пресвртница во закрепнувањето на Кејт од рак како нејзин прв ангажман на кралското семејство во странство откако ја доби дијагнозата и се подложи на третман. Кралски помошник рече дека ...