Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата ...
Во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“-Скопјe денеска ќе се одржи Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз. Како што информираат организаторите, конференцијата има за цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители кои работат кон создавање на поквалитетен и поодржлив транспорт за сите граѓани. Учесниците на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 ...
Поради промена на противпожарен хидрант со пречник од 80 милиметри (ППХ Ф-80 мм) на улицата „Киро Крстевски Платник“ бр. 2 во општина Центар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на делот од улица „Коле Неделковски“ на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до улицата „Киро Крстевски Платник“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот. ...
Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето. Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција. Со ...
Во воведниот натпревар на 23. Светското фудбалско првенство, домаќинот Мексико ја совлада вечерва Јужна Африка со 2-0 (1-0) пред 85.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити во рамки на групата А. Мексиканската репрезентација тргна офанзивно од самиот почеток и веќе во 9. минута дојде во водство со голот на Кињонес, кој искористи грешка во одбраната на Јужна Африка. По неколку пропуштени идеални шанси за гол, Мексико ја одвои ...
По енергичниот настап на Џеј Балвин, Шакира ја презеде сцената на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал во 2026 година, која ја воодушеви публиката со премиерната изведба на песната Даи Даи. Колумбиската музичка ѕвезда го отпеа почетниот стих и танцуваше во нејзиниот препознатлив стил пред да и се придружи на сцената Бурна Бој. Нивниот заеднички настап предизвика бурни реакции кај публиката, која со голема возбуда го дочека еден ...
Бугарската шефица на државата денеска излезе со свое видување за вчерашните разговори со македонската претседателка и тврдеше дека Бугарија не поставува нови услови за Македонија освен веќе преземените обврски кон Европската унија. Надвор од овие официјални соопштенија Гордана Сиљановска-Давкова по средбата таа рече дека „уставните измени не биле единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата, информираат од локалната самоуправа. -Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на платформата Truth Social дека ги откажал воздушните напади и бомбардирањата врз Иран планирани за четврток вечерта, тврдејќи дека највисокото ниво на иранското раководство ги одобрило и прифатило клучните точки од билатералните разговори. Трамп изјави дека деталите од договорот се целосно договорени, но нагласи дека поморската блокада на Иран останува на сила до конечното реализирање на ...
Собранието вечерва со 59 гласа „За“ и 9 гласа „против“ ги усвои измените во Законот за игри на среќа, со кои казината повеќе не смеат да се лоцирани поблиску од 500 метри од училиштата. Со новите прописи се забрануваа рекламирањето на излозите на коцкарниците, како и рекламите со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или за брза заработка. Со законските измени секој апарат ќе мора да има задолжителен систем за ...
Временскиот феномен Ел Нињо повторно е присутен, соопшти денеска американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА), предупредувајќи дека се очекува негово дополнително засилување во текот на зимата 2026-2027 на северната хемисфера. „Условите за Ел Нињо се присутни и се очекува да се зајакнат во текот на зимата на северната хемисфера 2026-27“, се наведува во соопштението на НОАА. По неколкумесечни најави и невообичаено високи ...
Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за да ги оперираат пациентите. – За листа на чекање – сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, ...
Пентагон денес беше затворен, а дел од зградата беше евакуиран откако се активираше сензор за опасни материјали, но подоцна се покажа дека станува збор за лажна тревога, потврдија два извори запознаени со проблемот. Неколку ката и ходници беа затворени поради „инцидент со опасни материјали“, претходно објавија извори и локалната противпожарна служба, објави Си-Ен-Ен. Евакуацијата беше иницирана откако сензорскиот систем на Пентагон ...
Светската банка очекува глобалната економија годинава да го забележи најслабиот раст од почетокот на Ковид пандемијата, поради последиците од војната со Иран. Во извештајот објавен денеска, институцијата ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2026 година за 0,1 процентен поен, на 2,5 проценти. За споредба, глобалната економија минатата година порасна за 2,9 проценти. Причините за ревизијата се високата инфлација и растот на ...
Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано чад. Забележува дека денеска имале среќа што е спасен човечки живот. ...
Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. МВР ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои ...
Мексико Сити се подготвува за отворањето на Светското првенство во фудбал во 2026 година вечерва во 21 часот по македонско време, кога домаќините ќе се соочат со Јужна Африка на иконскиот стадион Естадио Ацтека. Местото на одржување ќе стане првиот стадион во историјата што ќе биде домаќин на три натпревари од отворањето на Светското првенство. Мексико Сити се подготвува повторно да ја заземе централната сцена. На 11 јуни, Мексико ќе се соочи ...
Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска ја префрли топката за преземање мерки против растот на инфлацијата врз Народната банка на Македонија и делумно на Министерството за економија, a ја стави на страна институцијата која што ја раководи, Министерството за финансии во битката против загрижувачкиот пораст на трошоците за живот годинава. Таа во интервју за емисијата „Топ тема“ на Телма синиќа изјави дека мерките за сузбивање на инфлацијата ...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите-натпревари. Машкиот тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде што со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во ...
Пред две години, на 30 мај 2024 година, Генералното собрание на ООН ја усвои резолуцијата 78/282 со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 „воздржани“ за одбележување на геноцидот во Сребреница во 1995 година. Резолуцијата, откако наведе дека геноцидот се случил во и околу Сребреница во првата половина на јули 1995 година, „го прогласува 11 јули за Меѓународен ден на размислување и одбележување на геноцидот во Сребреница, кој ќе се одбележува секоја ...
Со 56 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК беше по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, таа не пријавила дека една од фирмите учествувала во изборната ...
Четиринаесет-месечно дете од Куманово се затруло со средство за чистење, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечено дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење- соопшти СВР Куманово. Полицијата извршила службен разговор со мајката на детето, а увид извршила екипа од СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на ...
Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна ...
Американскиот атлетичар Џакоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки, истрчувајќи ја патеката за 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, во Јуџин. Резултатот на Тарп е за пет стотинки побрзо од претходниот рекорд, кој го држеше неговиот сонародник Ариес Мерит со 12,80 секунди од 2012 година. „Чувствував дека трчам брзо, но кога го видов времето, останав без зборови“, рече Тарп, кој настапува за ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја ...
Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, поднесе оставка поради плановите на владата за воени трошоци, обвинувајќи ги премиерот Кир Стармер и министерката за финансии Рејчел Ривс дека ја довеле во опасност безбедноста на земјата во време на растечки меѓународни закани. Во острата оставка, која дополнително го поткопува веќе кревкиот авторитет на премиерот, Хили рече дека долгоочекуваниот план за инвестиции во одбраната (Dip) не е во ...