Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, денес и утре (четврток и петок 5 и 6 јуни) особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места кај нас ќе се формираат фронтални влажни бранови кои значително ќе ја дестабилизираат атмосферата. Во ваква ситуација, на повеќе места кај нас ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од ...

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци. – Да, секако ќе се организираме утре за надзор, вака попладнево одговорија од Државен санитарен и здравствен инспекторат за МИА, во врска со ...

Повеќе од деведесет лица беа уапсени во Ротердам синоќа за време на демонстрациите против улогата на пристаништето во војната во Газа. Уапсените демонстранти одбија да ја напуштат областа околу градското собрание по договореното време на завршување, напиша полицијата во соопштение. Градоначалникот Шутен потоа одлучи да ги прекине демонстрациите, а полицијата интервенираше. Намерата беше демонстрантите да демонстрираат само пред градското ...

Покрај цигарите, пурите и поновите е-цигари и вејпови, никотинските стапчиња се достапни и веќе некое време. Тие не содржат тутун, имаат многу различни вкусови и корисниците внесуваат штетна количина на никотин, вели Националниот институт за јавно здравје и животна средина (RIVM) во нов извештај. Со никотинско стапче, ставате стапче слично на цигара во уред кој го загрева стапчето, ослободувајќи никотин и ароми. За разлика од вејпот или ...

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски. Тој појаснува дека од ...

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува сите љубители на македонскиот јазик, културата и историјата да присуствуваат на престојниот настан по повод одбележувањето на 80 години од законското официјализирање на македонскиот правопис. Свеченоста ќе се одржи на 5 јуни 2025 година (четврток), во хотел „Аполонија“ – Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и публицистот Мишо Китаноски, кои ќе дадат ...

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не се најде на листата на 2.000 најдобро рангирани универзитети во светот за 2025 година, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). На врвот на листата се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од САД, како и Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија. Од регионот, Универзитетот во Белград е на 387. место и се смета за дел од најдобрите 1,9 отсто од светските ...

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, ...

Европската комисија даде зелено светло за воведување на еврото во Бугарија. Земјата ги исполни неопходните критериуми за воведување на заедничката валута следната година, објави Комисијата во средата. Економијата на Бугарија е доволно подготвена за тоа, соопшти и Европската централна банка (ЕЦБ). „Бугарија денеска е чекор поблиску до воведувањето на еврото“, честиташе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. ...

На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е ...

Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила. Така, заради возење со брзина поголема од дозволената изречени се 521 санкција, за неправилно паркирање ...

Над 200 затвореници избегаа од затвор во јужниот пристаништен град Карачи откако земјотрес ги оштети затворските ѕидови, објави денес локален официјален претставник, јавува Анадолу. Инцидентот се случил доцна синоќа кога затворениците избегале низ ѕидовите на затворот „Малир“, кој бил оштетен од повеќекратни потреси со низок интензитет во областа во неделата, изјави генералниот инспектор на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон, за локалниот ...

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот брег на Турција рано утрово, одземајќи најмалку еден живот. Според сеизмолозите во ЕМЦС, институтот задолжен за Средоземно Море, епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос. Според Турската агенција за цивилна заштита, потресот се случил во 2:17 часот наутро и бил почувствуван и во ...

Околу 09:00 часот ќе започне кризната средба со ПВВ, ВВД, НСЦ и БББ на која ќе се одлучи за продолжување на коалицијата. Исходот е неизвесен, сега кога лидерот на ПВВ, Вилдерс, синоќа го зголеми притисокот да ја напушти коалицијата, а со тоа предизвика пад на кабинетот на Шуф. „Не изгледа добро“ и „имаме сериозен проблем“, рече Вилдерс по итниот состанок за азил во неговата канцеларија во Претставничкиот дом. Лидерот на ПВВ не сакаше да го ...

Единаесетгодишно момче загина во Брисел по судар со полициски автомобил. Момчето возело скутер. Кога полицијата сакала да го провери, побегнал, а полицајците ја започнале потерата, извести полицијата за белгиските медиуми. Полицискиот автомобил и момчето се судриле во парк во Ганшорен, по што тој паднал од својот скутер. Службите за брза помош биле брзо на лице место, а по реанимација момчето било пренесено во болница. Според градоначалникот на ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека секој ден 1,6 милиони луѓе низ светот се разболуваат поради небезбедна храна, повикувајќи на посилни глобални напори за да се обезбеди безбедна храна преку политики и практики засновани на научни докази, јавува Анадолу. „Безбедноста на храната е глобална одговорност“, изјави Симоне Моараес Расл, научничка од Одделението за исхрана и безбедност на храната при СЗО, на прес-конференција на ...

Туристите бегаат во паника откако југоисточниот кратер на вулканот Етна делумно се урна вчера, предизвикувајќи пирокластичен тек – опасна, брза и исклучително жешка мешавина од вулкански гасови, пепел и камења, јавува Анадолу. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV), чие соопштение го пренесе државната новинска агенција АНСА, токму колапсот на кратерот ја активирал оваа силна еруптивна фаза. Иако засега не се ...

Холандската Влада предводена од премиерот Дик Схоф се распадна денес откако крајно десничарската Партија на слобода (ПВВ) се повлече од владината коалиција поради нерешени несогласувања околу политиката за азил и имиграција, јавува Анадолу. Партијата Коалициски партнери, конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), десничарскиот Нов социјален договор (НСЦ) и десно популистичкото земјоделско Движење ...

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, како и поранешен пратеник. Веста за неговата смрт ја објави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на неговиот Инстаграм профил. „Со него заминува дел од времето и доаѓа обврската на помладите генерации да го зачуваат сеќавањето и сеќавањето на него! Искрено ...

Николај Денков, поранешен премиер и копретседавач на парламентарната група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, изјави дека опозицијата ќе поднесе предлог за изгласување недоверба на владата откако ќе биде утврден датумот за прием на Бугарија во еврозоната. Според него, овој датум се очекува да биде објавен кон крајот на јуни или почетокот на јули 2025 година, при што тој се надева дека Бугарија ќе стане дел од еврозоната од 1 ...

Денеска (03.06.2025), во рамки на вториот работен ден од 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL што се одржува во Атина, а посветена на „Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на Интерпол за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал“ директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР , Александар Јанев којшто ја предводи делегацијата на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерот Тошковски истакна дека половина век постоење на една академска институција значи многу повеќе од бројка – тоа е сведоштво за посветеност, упорност, научна страст и континуирана мисија во ...

СВР Скопје изврши увид на бул.„Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај. Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се преземени соодветни мерки и поднесена е ...

На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со ...

„Бугарија и Северна Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за билатералното прашање и јас стојам на располагање како олеснувач ако е потребно. Ако можам да помогнам, тогаш сум подготвена да седам 24 часа, колку и да е потребно, за да се дојде до решение“, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ...

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во нашата Република Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата. Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера исполнета со ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Имено, првопријавениот, во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Р.С. Македонија, усвоил ...

На 02.06.2025 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и ...

Во Стар град се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“. Понатака на теренот со вештачка трева кој е во склоп на СРЦ „Билјанини извори“ се изврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева. Поставени се нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност. Во претходниот период беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи ...

На 02.06.2025 во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип. Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
80%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1017
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.31
84%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
67%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
84%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
70%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056