
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Во текот на вчерашниот ден (22.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено ...
Владата на Косово го одложи пописот на населението, семејните домаќинства и становите, што требаше да се одржи овој месец, за април следната година, јавува Анадолу. Според новата одлука на Владата на Косово, пописот ќе се одржи од 5 април до 17 мај 2024 година. На денешната седница на Владата, премиерот Албин Курти рече дека добил писмо од новото раководство на Агенцијата за статистика на Косово, која е задолжена за организирање на пописот, дека ...
Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца. На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. До денеска истрагата е ...
Ни остануваат уште два дена да уживаме во релативно пријатното и релативно суво време. Веќе за време на овој викенд спуштањето на поларниот воздух од Арктикот кон нашите краишта ќе придонесе за формирање на силен снежен циклон над Средоземјето, па така врнежите кои ќе ги имаме во сабота, попладнето и вечерта насекаде ќе преминуваат во врнежи од снег. За време на викендот во најголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка (во градовите ...
Две лица загинаа денеска во експлозија на автомобил на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади, јавија американските медиуми. Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи. Автомобилот доаѓал од канадската страна на границата и експлодирал по првиот контролен пункт на мостот „Реинбоу“, јави Си-Ен-Ен. BREAKING VIDEO: Vehicle explosion and fire at the Rainbow Bridge ...
Денеска во Битола е уапсена 44-годишната Розмарин Стојковска по која имало распишана потерница за издржување на затворска казна од 8 и пол години. Стојковска е поранешна вработена во УЈП во Скопје која ги злоупотребувала податоците на даночните обврзници со што успевала да ги измами за да им земе пари како противуслуга за добивање на државна помош или државни субвенции за кредит, oбјави „Телма“. Успевала да измами и луѓе на кои им земала пари ...
Пожарот го зафати научниот центар на Тесла во Воденклиф, единствената преостаната лабораторија на Тесла на Лонг Ајленд, Њујорк , соопшти американската полиција. Според полицијата на округот Сафолк, повикот дошол околу 17 часот по локално време во вторник за пожар во зграда на раскрсницата на улиците Робинсон и Тесла во Источен Шорехам. SHOREHAM TESLA FIRE: Suffolk officials say a fire broke out in East Shoreham at the Tesla Science Center on ...
Пожарот кој денеска избувна во магацин за бои и други хемикалии претставува ризик за здравјето на населението, во воздухот има опасни штетни материи, поради што се препорачува населението во радиус од два километра да не излегува надвор без потреба. Во гаснењето на пожарот во магацинот „Евроком“ во тетовско Ф.лише, на тетовските пожарникари им помагаа и противпожарните екипи од Скопје, Куманово и Велес. Директорот на Центарот за управување со ...
Еден загинат и најмалку шестмина повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Р.Косово и патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од ...
Претставници на владината коалиција остануваат на ставот за одржување редовни парламентарни избори, на ист ден со претседателските, а според неофицијалните сознанија на министерот за правда кој е од редовите на Алијанса за Албанците Кренар Лога, 8 мај ќе биде датум за одржување на двата изборни циклуса. -Неофицијално јас знам дека тој датум ќе биде и официјален датум. Како и да е, ќе треба деновиве мнозинството да заземе став, а после и со ...
Група ученици од основно училиште во Белград ги злоупотребиле фотографиите на нивната наставничка и нивните врсници, користејќи ги за монтирање на порнографски содржини, пишува Курир. Училиштето веднаш реагираше и спроведе дисциплинска постапка. Директорот Иван Ќириќ за Телеграф изјави дека учениците признале што направиле, дека се казнети за нивното недолично однесување, но и дека ќе се спроведат дополнителни мерки, како што е зголемена работа ...
Центарот за урпавување со кризи (ЦУК) издаде препорака до населението во линија на чадот од пожарот. Се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено, информираа од ЦУК. Инаку гори фабрика за бои и лакови во близина на Тетово. Поради неможноста со пламените јазици да се справат пожарникарите од Тетово на помош доаѓаат и пожарникари од Гостивар. На терен е и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Кога фабрика за бои ...
76-годишен маж од Крива Паланка завчера бил пронајден починат во својот дом, а обдукцијата покажала дека се работи за убиство. – На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека се работи за насилна смрт, односно убиство, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Оттаму додаваат ...
Трудот на македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ за нас Македонците е од непроценливо значење, бидејќи, меѓу другото се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна, оценува Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Според него, во овој труд, се опфатени неколку многу важни теми за Македонците во ...
До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат, соопшти ...
Јазикот си има своја логика и тој нема да отстапи и ќе си функционира како што му е најприродно. За да отстапи од тој пат, мора да се применат надворешнојазични средства, а досега не изгледа дека македонската држава и нашето МНР можат и имаат капацитети да го направат тоа, коментираат лингвисти со коишто разговараше Плусинфо. „Претседателката Фон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и со ...
Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше. На местото на настанот се пожарникари од Тетово, заедно со пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено. На местото на настанот е и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој го координира гаснењето на пожарот на пожарникарите од Скопје, ...
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (21.11.2023) околу 18.15 часот во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М.Р од ова село. Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит. Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а ...
Десет лица се повредени поради експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во градот Призрен на југот на Косово. „Петмина од повредените се префрлени во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина, додека другите се пуштени од болница“, изјави началникот на итната помош во Регионалната болница во Призрен, Хекуран Вечгишти. Тие се префрлени во болница поради повреди на градниот кош и вратот, како и поради тоа што во болницата во ...
Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник. Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора. Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на ...
Пожар го зафати научниот центар на Тесла во Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Тесла на Лонг Ајленд, Њујорк, соопшти американската полиција. Пожарот избувнал во Научниот центар Тесла на Рандал Роуд во Шорехам нешто пред 17 часот во вторникот, пренесува News12. Зградата датира од 1901 година и беше последната постојана лабораторија на Никола Тесла. Тесла живеел во Шорехам околу три години и направил револуционерни откритија во ...
Србија го прогласи за персона нон грата хрватскиот дипломат Хрвоје Снајдер, прв секретар во Амбасадата на Хрватска во Белград, пренесува Анадолу. Се вели дека одлуката е донесена според членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи. „За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Снајдер грубо отстапи од рамката на дипломатските норми и ја прекрши споменатата конвенција. Доставена е дипломатска нота до хрватскиот ...
Утрово почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг и додаде дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје, објави „Слободен печат“. Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ потврдија дека и покрај смртта на Веизовска процесот против аптекарот ќе продолжи, со оглед на ...
Во целост ги отфрлам сите невистинити и тенденциозни обвинувања од страна на Државната комисија за спречување на корупција, вели првиот човек на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Ваквата реакција на Лазаревски следи по одлуката на Антикорупциска да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм. Тој тврди дека откако е директор на ...
Екстремно отровна зелена мамба долга два метри побегна од заробеништво во Холандија, објави полицијата, предупредувајќи ги жителите да останат дома и под никакви околности да не се обидуваат да ја фатат змијата. Полицијата во јужниот град Тилбург соопшти дека сопственикот на мамбата синоќа ги предупредил дека една од змиите исчезнала. Змијата е многу опасна. Каснувањето на зелената мамба е исклучително отровно. Во случај на каснување важно е ...
На 21.11.2023 во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш- Отсек за економски криминал го лишија од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон. На 21.11.2023 ...
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир Свети Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрекинато трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, па беше во Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет ...
Новак Ѓоковиќ на негов својствен начин се огласи по повод една од најславените слави меѓу православните христијани, Свети Архангел Михаил. По тој повод најдобриот тенисер во светот на Инстаграм објави фотографија и истакна: „Среќна слава на светиот Архангел Михаил, нашиот анѓел заштитник. Се молиме сите луѓе да ги штити, да ги благослови и низ животот да ги води во спокојство, љубов и здравје“ – порача Новак со зборовите Слава му на Бога. ...
Погледнете во просечен дом за стари лица или во групата повозрасни познаници и ќе забележите голем дисбаланс во застапеноста на половите. Мажите се поретко меѓу 85-годишните и постарите од нив. Општоважечко правило е дека мажите умираат порано и бројките тоа и го покажуваат. Во Германија, во 2022 година, на пример, мажите имаа просечно животно очекување од нешто повеќе од 78 години, додека пак жените од 82,8 години. Во САД просечниот животен век ...
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, од собраниската говорница се потсети и на дел од своето детство кое го минал во Скопје, додека неговиот татко работел во норвешката амбасада. Скопје го потсетува на убав дел од животот, кога за првпат пробал сладолед и полнети пиперки. Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето, затоа што кога бев дете мојот татко работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години. ...