Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри. Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се ...

Пејачката Теа Таировиќ денеска се мажи за својот вереник Иван, а прославата ја одржуваат на фарма во близина на Нови Сад. Со оглед на тоа што Теа сакала интимна церемонија на која ќе бидат присутни само семејството и пријателите, таа го сведе бројот на гости на минимум, а од колегите ги покани само Барбара Бобак и Сања Вучиќ, објави Телеграф. Според медиумите, пејачката потрошила 30.000 евра само за украсување за да се погрижи сѐ да биде како ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од Помошникот на министерот Ивица Станковски – раководител на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, учествуваше на регионалната конференција што се одржа на 23 и 24 април во Тирана, Албанија. Конференцијата беше посветена на јакнење на интегритетот и транспарентноста во безбедносните институции. Освен размената на искуства со делегати од ...

На 23.04.2025 Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО за ГОКК спроведе полициска акција, при што беа извршени претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар и од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогон. При извршените претреси пронајдени и одземени се 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, повеќе мобилни телефонски апарати, нотеси со ...

Вчера (23.04.) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози. Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев. На средбата се разговараше за можностите за ...

Денеска (24.04.2025), државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој. На средбата двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу земјите и се заложија за уште посилна соработка во иднина и постојана координација на теми од заедничко значење. Државниот секретар Петрушевски изрази благодарност за континуираната и сеопфатната ...

Размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, се главните теми на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“, што започна денеска во Охрид. На свеченото отворање на конференцијата, пред присутните свое обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Ми претставува особена чест и задоволство што сум дел од овој убав настан и што имам ...

Камион „застава” без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило ...

Во атарот на село Обршани, општина Кривогаштани во средата вечер огравен е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Информацијата ја споделија со јавноста преку видео од безбедностите камери на манастирот. Настанот се случил ден по Велигденските празници. -Во текот (23.04.2025 година) на ноќта манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август. Тој додаде дека е побарана јавна расправа во Парламентот за измените на Законот за локална самоуправа, кои Министерството за локална самоуправа ги најавува подолг период. Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена ...

За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори и граѓаните ќе кажат чија кариера завршува, а чија почнува. Тоа што играте на картата на кратко помнење, ве советувам дека нема да добиете политички поени, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања. Ваквиот одговор следува по прашањето на пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ за одговорноста на дел од министрите и Владата околу за трагедијата во ...

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кој е и министер за здравство, денеска од Куманово рече дека доколку премиерот Мицкоски смета дека се непотребни, ќе ја напуштат Владата. Таравари кажа дека веќе разговарал со Мицкоски околу ситуацијата во колациијата ВЛЕН. Како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи, исто како што одлучи и ЗНАМ, но во една меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го ...

Под влијание на распространета плитка фронтална долина над југоисточна Европа и во нашата Република Македонија, и понатами кај нас ќе имаме честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. На повеќе места ќе има поројни врнежи, проследени со електрични празнења и со засилен ветер. Ваквата временска состојба ќе се задржи се до самиот крај од оваа седмица, а гледано одсега и за првомајските празници ќе имаме врнежи и ...

Македонскиот парламент ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми, со што интернет порталите станаа дел од овој закон, рамноправни со сите други медиуми. Овие измени се донесени на иницијатива на здружението Онлајнмедиа.мк, чии членови повеќе од две години лобираа за донесувањето на овие измени во Законот за медиумите. Еве што за тоа вчера објави во својот коментар колегата Бранко Героски, главен уредник на порталот Плусинфо.мк. ...

Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство. Обединетото Кралство е стратешки партнер и силен ...

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с.Мажучиште, Општина Прилеп. За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка. Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Русија е подготвена да постигне мировен договор, но убедувањето на Украина да го потпише договорот е „потешко“ од очекуваното, јавува Анадолу. „Мислам дека имаме договор со Русија. Мора да постигнеме договор со Зеленски и се надевам дека Зеленски, мислев дека е полесно да се справиме со Зеленски. Досега беше потешко. Но в ред е“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше извршните ...

Ќе се воведе услов за регистарски таблички за електрични скутери, специјални мопеди и разни други лесни електрични возила без педали. Министерот за инфраструктура Мадленер (ПВВ) го објави ова преку Де Телеграф. Министерот е загрижен за безбедноста на патиштата и барањата за квалитет наметнати на возилата. Регистерската табличка ѝ олеснува на полицијата да проверува дали возилото е дозволено на пат или е нелегално. Новите специјални мопеди мора ...

Во Тирана вечерва почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, а по тој повод главниот булевар „Народни херои“ блесна со стотици македонски знамиња. Булеварот блесна во црвено жолта боја. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање на манифестацијата, која по првпат се одржува во албанскиот главен град, што навистина не прави горди. Не го криеме задоволството што заедно со Културно информативниот центар, успеавме во нашите напори, со ...

Доналд Трамп повторно го зголеми притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да се согласи на мировен договор. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп тврдеше дека договорот е „многу близок“, но го критикуваше Зеленски и го повика да ја „заврши работата“. „Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пофали на насловната страница на Wall Street Journal со изјавата: „Украина нема законски да ја признае ...

Струмичката Православна Епархија Ве поканува на свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка в сабота на 26 април 2025 година од храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. По завршувањето на Светата Божествена Литургија, свештената поворка со иконата на Брзопослушница ќе тргне во 10 часот од храмот движејќи се по улиците: Тука ќе биде отслужен Молебен на Пресветата Богородица, по што ...

Со години, Германија се сметаше за водечка светлина во Европа – и политички и економски моќна, со фигура како Ангела Меркел која беше во секој момент препознатлива на континентот и меѓународно. Нејзиното повлекување, релативно нестабилната наследничка коалициска влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц и тешкото справување со економските турбуленции поради пандемијата на Ковид-19 ја затемнија ѕвездата на Германија во Европа. Преку ...

Дали и колку е загаден воздухот во Битола, од облак од пепел којшто надвиснува над градот, како резултат на работењето на РЕК Битола? На ова прашање одговор треба да даде битолското обвинителство и контролите на инспекторите за животна средина, откако Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет во врска со прашањето за правилното одложување на пепелта во РЕК Битола. Државниот инспекторат за животна средина минатиот месец при контрола ...

Ѕвездениот готвач Џони Бур почина на 60-годишна возраст. Неговите деца ова го објавија на Инстаграм. Портпаролот на семејството изјави за De Telegraaf дека врвниот готвач починал на Бонер како резултат на белодробна емболија. Бур беше сопственик на ресторанот Де Либрије во Цволе, единствениот ресторан со три Мишелин ѕвезди во Холандија. Бур ја започна својата кариера на 17-годишна возраст како готвач во Амстердам. Готви во Де Либрије од 1987 ...

Гертруид Пене – уредник онлајн Минатиот месец Азербејџан и Ерменија објавија начелен договор што ќе стави крај на нивниот повеќедецениски конфликт. Недостигаа само потписите. Шест недели подоцна, судирите ескалираат со земјите кои меѓусебно се обвинуваат дека се подготвуваат за воена ескалација. Ага Бајрамов, универзитетски предавач по меѓународни односи на Универзитетот во Гронинген, забележа постепен напредок во преговорите во последниве ...

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква Неговото Блаженство г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, на 7 април годинава, на празникот Свети Георгиј Победоносец, му додели чин ставрофор на отец Илија Мазнику од Голо Брдо. Отец Илија Мазнику е Македонец по потекло од село Врница, областа Голо Брдо. Чинот ставрофор го доделува надлежниот архиереј на оние свештеници кои имаат над дваесет години свештеничка служба, кои ...

Убава и долгоочекувана вест пристигна денес од Белград. По речиси 40 дена лекување во српската главна болница, петтемина млади повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се враќаат дома. Мирче, Ефимија, Александра, Ангела и Надица, кои беа тешко повредени и итно префрлени на лекување во Србија, успешно ја завршија хоспитализацијата и денес ја напуштија болницата. Според лекарските тимови кои се грижеа за нив, пациентите се ...

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди Туркије, при што се повредени 151 лице во инциденти предизвикани од паника, од кои никој не претрпел повреди опасни по живот, соопштија официјални претставници, јавува Анадолу. Земјотресот беше со епицентар во подрачјето на Силиври кај Истанбул, соопшти Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби, АФАД Земјотресот се случи во 12:49 часот по локално време и силно се почувствува во ...

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице кое е поранешен вработен во Општина Карпош. Двајцата обвинети ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и ги осуди на начин што: С.Ј. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години 6 месеци, додека Т.Ѓ. му изрече алтернативна мерка – Условна осуда во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
29%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 19ᴼ
2.24
52%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
60%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
52%
1020
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.63
38%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
84%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
59%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
69%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
43%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
44%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
61%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052