На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе ...

На релацијата Барселона Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота. Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи. -По тригодишна пауза пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна ...

Во главниот град на Белгија, Брисел, свечено е отворен 22. Меѓународен фестивал на цвеќето, јавува Анадолу. Изложбата, која ќе биде отворена до 2 мај, е поставена во замокот Гранд Бигар во близина на Брисел и привлекува голем број домашни и странски посетители. Во паркот „Флоралија Брисел“, кој се простира на површина од 14 хектари, се изложени различни видови цвеќиња меѓу кои и лалиња, зумбули и нарциси, нудејќи незаборавно искуство за ...

Северна Кореја за првпат потврди дека испраќа војници во Русија. Ова го објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, која се повика на шефот на државата Ким Јонг Ун. Како што се вели, Ким одлучил да испрати војници во Русија како дел од договорот за заемна одбрана. Севернокорејските војници треба да ја поддржат Русија во нејзината војна против Украина, се вели во информацијата на КЦНА. Војниците, наводно, ѝ помогнале на Русија да ги ...

Кардиналите на Католичката црква, кои пристигнаа во Рим од целиот свет, денеска ја одржуваат петтата Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск, јави ДПА. Состанокот ќе започне во 9:00 часот по локално време и се очекува на него да биде утврден датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избира новиот папа. Според проценките на експертите, конклавата би можела да започне на 5 или 6 мај, веднаш по завршувањето на деветте дена ...

Полицијата во Ванкувер соопшти дека 11 лица загинале, а повеќе од 20 се повредени кога возило влетало во толпа луѓе на уличен фестивал во овој канадски град, пренесува Ројтерс. Полицијата соопшти дека возачот е во притвор по инцидентот што се случил во саботата, 26 април. Градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим, изјави дека е шокиран и тажен од ужасниот инцидент на фестивалот „Денот на Лапу Лапу“ на Филипините. Канадската полиција соопшти дека ...

Вечерва уште еден силен земјотрес е регистриран во Турција по серијата земјотреси кои следеа по земјотресот со јачина од 6,2 степени во средата во Истанбул, два посилни земјотреси во Кутахја, а потоа и во Коња. Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21 часот и 9 минути по локално време во Елазиг, Анадолија, во источниот дел на Турција, објави Хаберлер. Тресењето на земјата се почувствува и во околните ...

Уште денес (понеделник 28 април) во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со појава на локален дожд. Од утре (вторник 29 април), па се до четврток (1 мај) времето кај нас ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност, а и температурите ќе бидат во пораст преку ден. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион денес (понеделник 28 април) ...

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани, кои беа на лекување во Бугарија, се враќаат дома, потврдуваат за 4NEWS.mk од бугарското министерство за здравство. Со нив во болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив се сретна бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов. Двајцата мажи се во болница месец и половина. Имале многу операции. Им била укажана и психолошка помош. По пожарот 14 лица се пренесени на лекување во Бугарија. Петмина од нив остануваат ...

Писмо напишано на 10 април 1912 година од патникот од прва класа Арчибалд Грејси е продадено на приватен колекционер во Соединетите држави, соопшти аукциската куќа Хенри Олдриџ и Синот од Вилтшир, Англија. Сумата далеку ја надмина првичната проценета вредност од 60.000 фунти. Во 1912 година, Титаник удри во санта мраз и потона, при што само околу 700 од околу 2.200 патници и членови на екипажот преживеаја. Потонатиот брод се наоѓа на околу 3,8 ...

Припадници на интервенциската полиција синоќа упаднале на свадба во Вранјицу, населба северно од Сплит. Тие упаднале бидејќи било активирано пиротехничко средство, при што настала материјална штета. Групата Еуфорија објавила снимка на која се гледаат припадниците на интервенциската полиција во салата каде се одржувала свадбата. „На крајот се се реши, но младенците и гостите поради необмислениот и опасен потег на својот гостин го изгубија делот ...

Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, заедно со претставници од Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, денеска ја посети болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се згрижени двајца млади повредени во трагичниот настан во Кочани. Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената состојба. Двајцата ...

По повод “Недела на македонската култура” денес, со голема возбуда и радост го одржавме настанот посветен на промоцијата на македонското вино и винскиот туризам во Тирана. Во преубава атмосфера, присутните имаа можност да уживаат во богатството на врвни македонски вина, да се запознаат со традиционалните вредности, но и со современите достигнувања во винската индустрија. Настанот помина во одлично расположение, исполнет со дегустации, интересни ...

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје. При контролата санкционирани се вкупно 96 учесници во сообраќајот, од кои изречена е 41 мерка за возење со брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возачи на мотоцикл кои управувале без заштитна кацига, четири мерки ...

Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура” во Македонскиот Културно-информативниот центар се отвори изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет. Присутни беа Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана, Емилија Попивода директорка на македонскиот ...

На 26.04.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис. При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта. Претходно, во ...

На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно ...

Денес во Варна се одигра еден посебен хуманитарен меч, кој обедини не само две земји, туку и легендарни фудбалски имиња кои оставија неизбришлив траг во светскиот фудбал. Македонската и бугарската фудбалска јавност имаа чест да видат некои од најголемите ѕвезди на сите времиња, како што се Горан Пандев и Христо Стоичков, кои излезеа на терен за да ја поддржат хуманитарната акција за помош на семејствата на настраданите во трагичната катастрофа ...

Со порака дека ќе се борат за своите права за да бидат она што се – Македонци, припадниците на Македонската заедница во Бугарија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери. На собирот во градот Мелник, пред споменикот на Сандански се одржа народен собир на кој учествуваа Македонците од Бугарија, припадниците на ОМО „Илинден” – Пирин“, како и бројни гости од Македонија и од други земји во кои ...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена, соопштија од партискиот Центар за комуникации, од каде додаваат дека општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл, која ноќеска се случила во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената. На критичната локација ...

На погребната миса посветена на папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Таа објави фотографии на кои се ракува со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп. Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии. Голема чест ...

Бројот на загинати од разорната експлозија што се случи во пристаниште Шахид Раџаи во јужен Иран во саботата се зголеми на 25, објавија денес локални ирански медиуми, известува Анадолу. Иранската државна телевизија информираше дека најмалку 1.139 други се повредени во експлозијата. Пожарот избувнал околу 12 часот по локално време во саботата во пристаништето Шахид Раџаи, поточно во областа на пристаништето за контејнери, објавија локалните ...

Ефикасно беше справувањето на надлежните институции во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани. Особено е висок процентот на граѓани кои сметаат дека здравствените власти успешно реагирале на големиот број повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Ова се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење во Македонија на МКД.мк, кое го спроведе агенцијата Маркет вижн. Две третини од испитаниците сметаат ...

Денес се навршуваат 8 години од насилствата во Собранието на Македонија, кои останаа запаметени како „Крвавиот четврток“. Првата година по случувањата, Собранието го очекуваше судскиот епилог за повеќе од 33 лица – амнестија и десетици злоупотребувачи на Собранието завршија во затвор. На втората годишнина, дел од учесниците беа осудени за настаните, додека јавноста сè уште го очекуваше откривањето на организаторите, објави 4news.mk. Во ...

Неколку лица беа убиени и повредени во канадскиот град Ванкувер кога автомобил се заби во посетители на уличен фестивал на Филипините. Ова се случи кратко по 20:00 часот по локално време. Сè уште не е познато точно колку жртви има. Има повеќе смртни случаи и неколку повредени, но полицискиот командант кој разговараше со печатот не сака да „шпекулира“ со бројки, особено не додека не бидат информирани семејствата на жртвите. Полицијата ќе даде ...

И во Ротердам и во Дордрехт, едно лице беше повредено во пукотници синоќа. Во двата случаи, истрагата е сè уште во тек за да се утврди што точно се случило. Сè уште никој не е уапсен. Во Ротердам, маж (43) беше повреден во пукотница во куќа на улицата Кабелјаувсестраат во саботата навечер околу 23:35 часот. Таа улица се наоѓа во Стариот Север во Ротердам. Тој реагирал добро и бил однесен во болница, соопшти полицијата. Во друга пукотница во ...

Во следните 12 часа од исток и од југоисток во Македонија ќе помине уште една доста влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места кај нас ќе услови појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и со локална појава на град. Токму поради ваквата состојба, ...

ПО средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина е подготвена за безусловно примирје. Макрон истакна дека имал „многу позитивна размена на мислења“ со Зеленски во Рим. „Крајот на војната во Украина, тоа е цел што ја споделуваме со претседателот Трамп. Украина е подготвена за безусловно примирје. Претседателот Зеленски ми го потврди ова денес. Тој сака да соработува со ...

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии. Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
34%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1017
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
6.69
38%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.84
34%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
89%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
58%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
69%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
39%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.6
36%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
1.03
43%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
61%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052