На имотот на комесарот за борба против антисемитизмот во сојузната покраина Бранденбург подметнат е пожар и е исцртан црвен триаголник, симболот на палестинското милитантно движење Хамас, објавија германските медиуми во неделата. „Секаков облик на екстремизам нема место во Бранденбург. Насилството врз луѓето и имотот е целосно неприфатливо“, рече премиерот на покраината Дитмар Војдке. Додаде дека полицијата спроведува интензивна истрага за да ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје изнесе вечерва повеќе детали за вчерашната трагедија во скопско Волково, кога животот го загуби пешак (60), жител на селото. Поведена е постапка против возачката на „мерцедесот“, што го усмрти Горан Иваноски. „Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се ...

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел остро ги осуди Соединетите Американски Држави за нападот врз Венецуела и заробувањето на нејзиниот претседател вчера ноќта. Тој ја изрази својата осуда на протестен митинг на кој се собраа илјадници жители на Хавана пред американската амбасада во кубанската престолнина, пишува Ројтерс. „Куба ги осудува и отфрла овие дејства како чин на државен тероризам“, порача Дијаз-Канел. Мигел Дијаз-Канел претходно ...

Северна Кореја лансираше балистички ракети денеска, на денот кога лидерот на ривалската Јужна Кореја ја започнува државната посета на Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, и само неколку часа откако САД ја нападнаа Венецуела. Истрелувањето на најмалку две ракети, првпат во последниве два месеца, ги зголеми глобалните тензии откако американскиот претседател Доналд Трамп изврши воен упад во Венецуела во кој беше заробен претседателот Николас ...

Дмитриј Медведев, поранешен претседател и премиер а сега заменик-претседател на рускиот Совет за национална безбедност, во неделата изјави дека постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела се нелегални, но исто така доследни бидејќи тој ги брани американските интереси, објави руската новинска агенција ТАСС. „Мора да се признае дека, покрај очигледната нелегалност на однесувањето на Трамп, не можеме да негираме одредена ...

Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, се убиени за време на воена операција на САД вчера ноќта насочена кон венецуелскиот претседател Николас Мадуро, според извештајот на „Њујорк тајмс“. Цитирајќи висок венецуелски функционер кој зборуваше под услов да остане анонимен, во извештајот се вели: „Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, беа убиени во нападот“. Претставници на властите во САД изјавија за „Њујорк тајмс“ дека ...

Глобалните валутни пазари тргуваа мирно минатата седмица, бидејќи немаше многу вести поради новогодишните празници, при што вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми по остриот пад минатата година. Индексот на доларот, кој ги искажува изведбите на американската во однос на шесте главни светски валути, порасна за 0,4 отсто минатата седмица, на 98,43 поени. Истовремено, доларот зајакна во однос на европската ...

Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства, затоа што бил на македонски јазик. Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“. „Ниту една ...

На најголемата светска берза цените на акциите паднаа во последните четири работни дена од минатата година, додека европските инвеститори беа во добро расположение на крајот од минатата година, како и на почетокот на новата. На њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones се лизна за 0,7 отсто минатата седмица, на 48.382 поени, додека S&P 500 падна за 1 отсто, на 6.858 поени, а индексот Nasdaq потона за 1,5 отсто, на 23.235 поени. Во последните ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, како и познатиот готвач Марк де Јонг и средношколци, во пресрет на Божик упатија силна порака за хуманост и солидарност. За нив денешниот ден беше посветен на човечноста, при што со заеднички ангажман, љубов и посветеност беа приготвени повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“ истакна дека преку кампањата „Македонско најдобро“ се потенцира важноста на македонските производители на храна и се допринесува кон зголемување на производството на квалитетни земјоделски производи. Со кампањата ќе се поддржи домашната економија, ќе се зачуваат работните места, но истовремено ќе се зајакне и идентитетот. „Клучот го ...

Последната и претпоследната откупна сезона можам да ги оценам како едни од најуспешните досега, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“. „Сликата во минатото беше трактори на улиците, негодувања и откупни цени кои беа далеку под денешното ниво. Денес имаме откуп на тутун каде што согласно квалитетот се оди на прва класа без одбитоци. Просечната цена на досега ...

По неколкучасовен прекин во воздушниот сообраќај, постепено започнаа полетувања, но и слетувања од аеродромите, пред сè од атинскиот, што е и најголем во земјата, каде што имаше доцнења на 75 летови. Со цел да се гарантира безбедноста на летовите, во моментов се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања од грчките аеродроми и делумно транзитниот сообраќај во три сектори. Техничкото прашање, со размер со кој сме соочени за прв пат, продолжува ...

Претпладнето вчера Џ.Л.(32) од Скопје пријавил в полиција дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му оштетило прозорци и ѕид од неговата куќа. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот. Претпладнето вчера Џ.Л.(32) од Скопје пријавил в полиција дека за време на новогодишната прослава на подрачјето ...

Би сакал што повеќе вакви објекти наскоро да бидат готови, работиме во таа насока. Очекувам оваа година уште неколку вакви објекти да отвориме во Скопје – детски градинки, рече премиерот на отворањето на детската градинка во скопско Сопиште. „Ние како Влада – ќе повторам уште еднаш – сите овие проекти ќе ги подржуваме и во иднина, сето она што претставува интерес на граѓаните, а посебно на најмилите на најмладите на дечињата ќе биде наш и е ...

Во селото Фурка, Дојранско, вчера околу пладне тешко се повредил малолетник (15) од селото, кога со мотоцикл „хамачи“ удрил директно во предниот дел на автомобил „мерцедес“ со гевгелиски таблички, управуван од Љ.И.(25) од Фурка. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија. Во селото Фурка, Дојранско, вчера околу пладне тешко се ...

Операцијата на американската влада во која беа заробени венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга во саботата навечер беше осудена и од Камала Харис, поранешна демократска противничка на американскиот претседател Доналд Трамп. „Дејствата на Доналд Трамп во Венецуела не ја прават Америка побезбедна, посилна или поприфатлива“, го започнува својот пост демократката на платформата X. Харис пишува дека „бруталноста“ и ...

Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите аеродроми во земјата, поради технички проблем со радиофреквенциите, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за транспорт на Грција брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на земјата) се соочуваат со проблем, кој се истражува во соработка со надлежни ...

Стоиме зад потезите и аргументите на нашиот стратешки партнер, САД, а меѓународното право се кршеше и на грбот на македонските граѓани, одговори премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинар за коментар за случувањата во Венецуела – дали заробувањето на претседателот Николас Мадуро е во согласност со меѓународното право и со повелбата на Обединетите нации – откако претходно министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо ...

Скапоцените камења Пиправа, свето парче накит поврзано со Буда, беа изложени првпат во Њу Делхи во саботата по нивното откривање, соопшти индиското Министерство за култура. „Овој историски настан го означува повторното обединување на моштите на Буда и скапоцените камења Пиправа на Буда, кои се вратени (во земјата) по 127 години“, се вели во соопштението. Се верува дека повеќе од 300 парчиња скапоцени камења и други орнаменти, кои датираат од ...

Од викендичка во Велес украл портофел во кој имало пари и лични документи. Полицијата набргу го идентификувала и вчера претпладне го уапсила крадецот З.Т.(51) од Велес. Притоа бил пронајден портофелот на З.К.(52) од Велес, во кој имало пари и лични документи, и му бил вратен. СВР Велес најавува кривична пријава против З.Т. Од викендичка во Велес украл портофел во кој имало пари и лични документи. Полицијата набргу го идентификувала и вчера ...

На македонските патишта ќе се користат иновативни решенија за да се подобрат условите за безбедност и да се дигитализира управувањето со сообраќајот. Ќе се поставуваат Интелигентни транспортни системи (ИТС) а со првичните активности е опфатен Коридорот 10 и веќе се евалуираат понудите од шест странски компании кои конкурираа на тендерот за избор на изведувач, известува МИА. ИТС системите треба да бидат поставени на 200 километри патишта до ...

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го осуди „едностраниот напад“ на Соединетите Американски Држави врз Венецуела, велејќи дека тоа е чин на војна и кршење на сојузното, како и на меѓународното право. Воени сили на САД вчера ноќта изврши воен упад во Каракас, во која беше уапсен претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој потоа беше однесен во САД и ставен во притвор во Бруклин, Њујорк. „Утрово бев информиран за военото апсење на ...

Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на следнава седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 л/м2, гласи временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. В четврток и петок ветрот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата, ...

Во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба синоќа бил уапсен скопјанецот И.С.(65). Полицијата реагирала по пријава дека околу 15 часот вчера во семејниот дом физички го нападнал неговиот малолетен внук, при што употребил и остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок, објаснува СВР Скопје. Во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба синоќа бил уапсен скопјанецот ...

Шпанскиот фудбалски тим од првата лига Осасуна на секое новороденче во регионот Навара ќе му подри клупски дрес, шорцеви, кадифена играчка, сликовница и 50 евра. Во Навара, која има население од 685.000 жители, секое бебе родено по Нова година има право на пакетот. „Осасуна е суштински дел од идентитетот на Навара. Со оваа иницијатива, сакаме девојчињата и момчињата родени тука да се чувствуваат поврзани со Осасуна од првиот ден, со она што ...

Слонот за кој се верува дека бил еден од најголемите мажјаци со бивни (издадени заби секачи) во Африка, починал од старост во Кенија, објави BBC. Слонот Крег починал од природна смрт во сабота наутро во Националниот парк Амбосели во јужна Кенија, потврдија чуварите на паркот. „Крег штотуку наполни 54 години. Живееше долг живот и несомнено имал многу младенчиња“, соопшти Фондот за слонови Амбосели во својата проштална порака. Познат по своите ...

Додека бил со мајка му на гости во куќа на подрачјето на општина Илинден, вчеравечер тинејџер (19) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, паднал од третиот кат на куќата. Случајот е пријавен вчера некоја минута по 20 часот. Тинејџерот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Скопје. Додека бил со мајка му на гости во куќа на подрачјето на ...

Копајќи со багер, вчеравечер вработени во градежна фирма на патот помеѓу селата Митрој Крсти и Симница, Гостиварско, пронашле две пластични буриња полни со експлозив, нагазни мини и куршуми. Како што соопшти СВР Тетово, двете пластични буриња биле полни со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Копајќи со багер, вчеравечер ...

По само една минута од НБА натпреварот Далас-Хјустон, лидерот на Хјустон, турскиот играч Алперен Сенгун, мораше да го напушти теренот поради повреда на десниот глужд. На самиот почеток од натпреварот, 23-годишниот Сенгун доскокна на ногата на противничкиот играч Даниел Гафорд и го повреди глуждот. Иако без помош но со видлива поткривнување, успеа сам да го напушти паркетот, но до крајот на дуелот Сенгун не се врати во игра. Деталните прегледи ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
988
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
74%
988
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
991
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
990
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.11
97%
991
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.16
98%
992
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
91%
987
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
987
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
988
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
991
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
83%
989
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
83%
991
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Калај

50.54

Платина

65523.22

Сребро

2475.93

Злато

159145.23

Бакар

11.98

Иридиум

213919.04

Цинк

3.44

Алуминиум

3.13

Кобалт

64.04

Паладиум

52309.26