Во СВР Куманово вчера претпладнето З.С.(54) од Штип, затвореник во казнено – поправната установа Затвор К’шање во Куманово, пријавил дека на 11 декември лани околу 14 часот во просторија во затворот, во која бил со уште четири лица, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што паднал и изгубил свест. Според пријавеното, нападите од Д.А. биле константни сѐ додека пријавувачот не бил спроведен во болницата во Куманово каде му биле констатирани ...

Во селото Лажани, општина Долнени, вчера биле уасени М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од Лажани. М.С. со возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес“ со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. При апсењето, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар од 9 мм, додека од Б.С. се одземени гасен ...

Демонстрациите во западен и североисточен Иран ескалираа во безредија во саботата, пренесуваат новинските агенции. Во петокот вечерта, во градот Борџнурд се одржа протест (…) поради флуктуациите на курсот на ријалот (иранската национална валута). Во неколку области, демонстрантите ги отфрлија економските барања и започнаа безредија со демолирање објекти, објави иранската новинска агенција Tasnim. Bo извештајот се тврди дека бројот на ...

Во Штип вчера се случиле два пожара во оџаци на згради. За среќа едниот поминал без последици, но во другиот две жени се изнадишале чад и се затруле, поради што биле испратени за медицинска интервенција во Клиничкиот центар во Скопје. Имено, вчера попладнето во СВР Штип е пријавено дека околу 6 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип. Поради вдишување чад, Д.А.(65), мајката на сопственикот, ...

Половина час пред полноќ вчера 42-годишната О.Ј. од Велес, со престој во Скопје, и Д.П.(29) од Скопје, пријавиле дека околу 18:35 часот на подрачјето на Карпош биле нападнати од куче со сопственичка. Биле нападнати и тие и нивните миленици. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а исто така бил извршен службен разговор со сопственичката на кучето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Скопје. ...

Во тетовското село Стримница вчера доцна попладнето бил уапсен Ф.Б.(34) од селото. Полицајците реагирале по пријава дека околу 10 часот во просториите на општина Желино уапсениот со остар предмет се заканувал на градоначалникот на општина Желино, Б.С.(40) од с. Копачин Дол. Уапсениот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во тетовското село Стримница вчера доцна ...

Под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло, со повремени локални врнежи од дожд, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни. Под влијание на циклонска активност, во ...

Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено ...

Во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар, тешко повредено е едно лице, а двајца други, вклучувајќи го тука и возачот, полесно. Имено, во 2:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, автомобил „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Л.Б. (27) од с. Градец, општина Врапчиште, удрило во паркиран автомобил со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. (19) од с. Здуње, Гостиварско. ...

По објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, е отстранет од власт, вниманието сега се префрла на прашањето што следи во Венецуела и кој ќе го преземе управувањето со земјата. Венецуелската опозиција вели дека е подготвена веднаш да реагира. Опозиција: Подготвени сме од првиот ден Лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо, добитник на Нобелова награда за мир, изјави дека Мадуро ќе ја ...

Царинската управа во 2025 година наплатила приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра, што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %. „На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален ...

МВР го соопшти идентитетот на двајцата загинати што настрадаа вчера откако нивниот автомобил излетал од патот и паднал во коритото на реката Радика. Станува збор за маж и жена од селото Видуше. Како што известува МВР, вчера во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) с. Видуше, општина Маврово и Ростуше, ...

Леденото време предизвика неколку несреќи на главните германски патишта во петокот и ноќеска. Камион што превезувал лосос се излизгал и се превртел на автопатот A93 во северниот дел на Баварија, во близина на градот Вернберг-Кеблиц. Несреќата предизвикала приколката на камионот да се отвори и рибите да се истурат по коловозот, соопшти денеска портпарол на полицијата. Возачот не е повреден, а автопатот бил затворен повеќе од 10 часа. Друг ...

Во октомври започнавме да работиме на планирање на пругата, а до лето ќе завршиме и потоа првите багери ќе ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, а во меѓувреме еден колосек или до 2028 ќе биде функционален, ветува вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. „Сeга го работиме најзначајниот дел што не е видлив за грaѓаните, а тоа е добро планирање. Сега го работиме планирањето и ...

Извори од венецуелската опозиција за „Скај Њуз“ велат оти, според нив, заробувањето на Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, кое го објави Доналд Трамп, претседателот на САД, е всушност „договорено заминување“ а не вистинско заробување. Неидентификувани високи државни функционери на САД, пак, за американската телевизиска мрежа CBS News пак рекле дека Мадуро и неговата сопруга биле заробени специјалците од единицата „Делта Форс“, која е ...

По катастрофалниот пожар што го зафати ноќниот клуб „Ле Констеласион“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, истрагата сè повеќе се фокусира на сопственикот на местото, Жак Морети, и начинот на кој просторот е декориран и реновиран во последните години, пишува „24 sata“. Пожарот избувнал во подрумот на клубот, при што загинаа најмалку 40 лица, а 119 посетители се повредени. Главната јавна обвинителка на кантонот ...

Претседателот на САД Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ по големиот напад на Венецуела, а особено Каракас, се пофали дека во акцијата е заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. „Соединетите Американски Држави успешно изведоа голем напад против Венецуела и нејзиниот лидер Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, е заробен и изнесен со авион од земјата. Операцијата е извршена во соработка ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5%, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо ...

Откако во Каракас, главниот град на Венецуела, во ноќта се слушнаа авиони и експлозии и беше видлив облак од чад, венецуелската влада соопшти дека „ја отфрла и осудува“ американската „воена агресија“. Ги обвини САД дека сакаат да „ги преземат стратешките ресурси на Венецуела, особено нејзината нафта и минерали, во обид насилно да ја уништат политичката независност на нацијата“. „Таквата агресија го загрозува меѓународниот мир и стабилност, ...

Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ даде зелено светло на американската војска да изврши копнени напади во Венецуела неколку дена пред операцијата, според двајца американски функционери кои разговараа со американската телевизиска мрежа CBS News под услов да останат анонимни. To protest a possible US air strike on Venezuela, Twitter/X has quietly modified the like button as unfair strike… Double tap and see #Venezuela Nicolás Maduro. ...

Производствената активност во еврозоната повторно опадна во декември, при побрз пад на бројот на новите нарачки и намалување на производството, покажа истражувањето на S&P Global во петокот. Индексот на менаџерите за набавки во производството во еврозоната (PMI) падна за 0,8 поени во декември во однос на претходниот месец на 48,8 поени, покажа S&P Global, кој го составува извештајот за „Hamburg Commercial Bank“ (HCOB). Ова е најниското ниво ...

Општина Кисела Вода вечерва, во предвечерјето на Божикните празници, го отвора првиот Божикен театарски фестивал, тродневна културна програма што од 3 до 5 јануари 2026 година ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Фестивалот е посветен на сценската уметност и обединува театарски и музички содржини наменети за различни генерации. Во програмата учествуваат театарски здруженија и уметници кои добија поддршка преку јавниот повик ...

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово, кој вчера беше затворен поради тешка сообраќајка со двајца загинати, е нормализиран, соопшти Автомото сојуз на Македонија (АМСМ) во својот прв утрински билтен утрово во 6.46 часот. Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден поради голомразица. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на ...

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“и оваа година ја организираат традиционалната Бадникова прослава, која ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Прославата ќе започне во 11:30 часот со Бадникова поворка, која ќе тргне од плоштадот „Карпошово востание“, ќе продефилира низ главната улица и ќе заврши на Градскиот плоштад. Поворката симболично го најавува празникот и ја пренесува ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, е длабоко загрижен од најавата на Израел за суспендирање на неколку меѓународни невладини организации на окупираната палестинска територија и повика на повлекување на мерката, се вели во соопштението од петокот. „Ова соопштение доаѓа по претходните ограничувања кои веќе го одложија влезот на клучните залихи од храна, медицински, хигиенски и засолништа во Газа. Оваа неодамнешна акција ...

ОВЕН Денеска можете да очекувате малку отрезнување – во секој аспект од животот. Ќе ја гледате ситуацијата каква што е, а не каква што би сакале да биде. Одличен ден за одложување на повеќе задачи, без разлика дали се поврзани со домот или за завршување на обврска што ја исполнувате долго време. БИК Грижете се за сопственото задоволство денеска. Подгответе романтична вечера за вашата сакана личност или забавувајте се со вашиот омилен филм, ...

Во сабота на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, исто така, денеска ќе биде променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Највисоките дневни температури ќе се движат од 4 до 12 ...

По 33-ти пат ќе се одржи традиционалната манифестација „Бадник“ пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во организација на Бадникарскиот одбор. На Бадник, 6 јануари 2026, вторник, прославата ќе почне во 11 часот на платото пред Соборниот храм. Претходно, во 9.30 часот, новите кум и здравичар заедно со членови на Бадникарскиот одбор ќе го посетат Домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани и ќе им однесат пригодни подароци. ...

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди јужно Мексико во петокот, оштетувајќи патишта и болници и накратко прекинувајќи ја првата прес-конференција на претседателката Клаудија Шајнбаум во новата година. Локалните медиуми објавија дека 67-годишен маж починал додека се симнувал по скалите во Мексико Сити додека се обидувал да се евакуира од својата станбена зграда. Видеата споделени на интернет го покажаа Ангелот на независноста, ...

Кошаркарите на Реал Мадрид победија на домашен терен во дуелот со Дубаи со 107:93 во натпреварот од 19-то коло од Евролигата, во кој заостануваа со 14 поени (44:58) на полувремето. Еден од клучните играчи во пресвртот беше хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња кој беше и најдобар стрелец на Реал со 20 поени, а додаде и пет скока со две асистенции. Треј Лајлс и Факундо Кампацо постигнаа по 17 поени за победниците, кои поделија и по шест ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
988
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
80%
990
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
89%
993
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
990
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.61
95%
992
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
98%
993
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.58
89%
987
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
988
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
988
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
84%
991
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.02
82%
990
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
77%
990
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Бакар

11.98

Рутениум

45750.51

Родиум

339190.38

Алуминиум

3.13

Паладиум

52309.26

Сребро

2475.93

Иридиум

213919.04

Цинк

3.44

Калај

50.54

Платина

65523.22

Кобалт

64.04

Злато

159145.23