Американскиот актер Мики Рурк во вторникот се огласи на Instagram во знак на протест против онлајн кампањата започната во неделата за да му се помогне да ја плати станарината. „Да ми требаа пари, немаше да барам милостини“, објави 73-годишниот актер, облечен во розов дрес со шапка на главата и куче во скутот. Ѕвездата од 1980-те, кој беше номиниран за Оскар во 2009 година за „Борачот“, наводно се соочува со иселување поради неплатена ...

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Емин Бојана“ во с. Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од с.Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и ...

Син со 2,33 промили алкохол во крвта се заканувал на мајка си во демиркаписко. Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска бил лишен од слобода бил 51-годишник од село во демиракаписко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом и се заканувал на неговата 75-годишна мајка. Полициски службеници од ОВР – Неготино, утрово во три часот го лишиле лицето од слобода. При преземање мерки, кај него биле измерени 2,33 ...

Познат е конечниот список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско ракометно првенство 2026. На списокот на селекторот Кирил Лазаров се: 1. Иван Галевски 2. Петар Атанасијевиќ 3. Никола Костески 4. Филип Кузмановски 5. Игор Ѓорѓиев 6. Жарко Пешевски 7. Михаил Аларов 8. Мартин Велковски 9. Самоил Ристевски 10. Никола Митревски 11. Мартин Томовски 12. Иван Џонов 13. Ненад Костески 14. Марко Митев 15. Павле ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска ја затвори светата врата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, со што официјално заврши Светата година. Следниот јубилеј не се очекува пред 2033 година, кога Црквата може да организира посебен јубилеј со кој ќе одбележи 2.000 години од смртта на Исус. Папата ги повика христијаните ширум светот да им помогнат на оние на кои им е потребна помош и да се однесуваат кон странците со љубезност. Лав ...

Жител на неготинското село Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта. -Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...

Ракометната федерација на Македонија известува дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров. РФМ и Лазаров соработката ја продолжија со нов договор до 2029 година. -Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на националниот тим и македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и ...

Во барот „Констелејшн“, во швајцарското зимувалиште Кран Монтана, каде во пожар во новогодишната ноќ загинаа 40 лица, од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност, изјави денеска градоначалникот на ова познато зимувалиште во швајцарските Алпи, Николас Феро, цитиран од британските медиуми. „Длабоко жалиме. Немавме поим дека не се извршени инспекции“, им рече Феро на претставниците на медиумите за недостатокот на инспекции во ...

Откако во текот на викендот прогласи жолт метеоаларм за зимски услови на територијата на цела Белгија, белгискиот Кралски метеоролошки институт денеска го зголеми нивото на портокалово во реоните на централна Фландрија, западна Валонија и регионот на Брисел. Институтот информира дека ваквата одлука е донесена поради очекуваните нови снежни врнежи. Утрово ширум Белгија беше издадено предупредување за лизгави коловози, како резултат на ...

Полициски службеници утринава во 04:45 часот ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје. Тинејџерите се уапсени на на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“ во Скопје. -По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ, ...

Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна ...

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро, јави ДПА. „3 јануари ќе остане запишан во историјата како ден кога правдата ја победи тиранијата“, изјави Мачадо вчера за Фокс њуз. Американските сили во ноќта меѓу петокот и саботата нападнаа цели во Венецуела, ги заробија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и ги доведоа во САД, каде ...

Инспекциите за противпожарна безбедност не се извршени пет години во барот во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана каде што избувна пожар за време на новогодишната забава, изјави градоначалникот во вторникот. Градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро, изјави дека немало инспекции во периодот меѓу 2020 и 2025 година. Додаде дека минатата година е извршена само акустична проценка, која не била предмет на никакви забелешки. „Длабоко ...

Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026. Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“. Кум на годинашното одбележување е бизнисменот Зоран ...

Висок функционер на Белата куќа во понеделникот ги опиша американските аспирации за контрола над Гренланд како „формален став на американската влада“, но ја отфрли можноста за воен конфликт поради арктичкиот остров. Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека „никој нема воено да се бори со Соединетите држави околу иднината на Гренланд“ кога беше прашан од CNN дали Вашингтон би ја исклучил ...

Најмалку 14 лица загинаа откако беа однесени од ненадејни поплави во Северен Сулавеси, во Индонезија, изјави денеска официјален претставник, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Вчерашните поројни дождови предизвикаа ненадејни поплави на островот Сијау, што се наоѓа во регионот Сијау Тагуланданг Биаро, изјави Нуриадин Гумеленг, портпарол на локалната агенција за спасување. Шеснаесет спасувачи се распоредени за да бараат четири ...

Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани, нагласуваат од партијата. – Но, опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф ...

Португалскиот десен бек, 31-годишниот Жоао Кансело, кој го носи дресот на саудискиот Ал Хилал од летото 2024 година, доаѓа во Барселона на шестмесечна позајмица, објавија шпанските медиуми, додавајќи дека е постигнат договор меѓу двата клуба и португалскиот репрезентативец. Пристигнувањето на Кансело на „Камп Ноу“ се очекува по шпанскиот Суперкуп, кој ќе се одржи во Џеда, во Саудиска Арабија, од 7-ми до 11-ти јануари. Барселона игра против ...

Тејлор Свифт ја започнува новата година со рушење на сопствениот рекорд, бидејќи „The Fate of Ophelia“ стана нејзиниот најдолготраен хит број еден на Billboard Hot 100 откако помина девет недели на врвот. „The Fate of Ophelia“ падна на 28-мо место среде низа празнични песни, но сепак се врати на врвот на листата за синглови деветта недела по ред, надминувајќи го „Anti-Hero“ како нејзин најдолгогодишен врв на топ листите досега. Покрај овие, ...

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени денеска го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа серија силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане, објави агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 километри, соопшти дека работењето на нејзината единица број ...

Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина, Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што информираа од АМСМ, од 9 часот во прекин ќе биде сообраќајот за товарни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Прво мора да ја поправиме земјата. Не можете да имате избори“, изјави тој за американската телевизија NBC News. „Ќе потрае некое време. Мора да ја излечиме земјата додека не се опорави.“ Според уставот на Венецуела, во случај на трајно отсуство на претседателот, потпретседателот ја презема функцијата и мора да организира нови избори во ...

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на ...

Овен Огнената енергија на Месечината во Лав се хармонизира прекрасно со вашата природа. Денес ќе почувствувате наплив на самодоверба што ќе ви помогне да ги надминете старите бариери. Фокусирајте се на креативни проекти или на оние што бараат лична харизма. Во љубовта, бидете храбри, но не доминантни. Бик Вашето внимание денес ќе биде насочено кон удобноста во домот и семејството, но со мала навестување на желба за луксуз. Можеби ќе ...

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои и оваа година активно ќе учествуваат во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени. Вo среда ќе ...

Бадник – денот пред Божиќ, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат). Потоа жените ја приготвуваат трпезата за Божиќ. Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта. Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне ...

Соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се појавија пред судот во Њујорк, изјаснувајќи се за невини по повеќекратни обвиненија три дена по нивното „апсење“ во Каракас. Мадуро и Флорес се појавија пред судот на кратко сослушување пред она што се очекува да биде продолжена правна битка за тоа дали може да биде изведен пред суд во Соединетите Држави. Се очекува адвокатите на соборениот претседател да ја ...

Парискиот суд прогласи десет лица за виновни за сајбер-вознемирување на сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит, поради ширење тврдења дека таа е трансродова жена која е родена како маж, објави „Ле Монд“. Брижит долго време е во центарот на правни спорови околу теориите на заговор преку интернет во кои се тврди дека таа е трансродова. Во 2024 година, парискиот суд ги казни објавувачите на гласините со 14.000 евра . ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го нарече Киев „рај за неонацисти“ откако украинскиот претседател Вoлoдимир Зеленски ја назначи Кристија Фриланд, родена во Канада и потомок на нацистички соработник, за свој советник за економски развој. Фриланд, водечка фигура во канадската политика повеќе од една деценија и жесток критичар на Русија, е специјален пратеник на Канада за реконструкција на Украина од ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
990
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
73%
988
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
85%
989
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
75%
991
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.99
95%
991
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.92
98%
989
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
91%
989
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
987
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
988
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
992
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
92%
988
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
994
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Иридиум

213919.04

Бакар

11.98

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Цинк

3.44

Калај

50.54

Паладиум

52309.26

Сребро

2475.93

Рутениум

45750.51

Платина

65523.22

Алуминиум

3.13

Злато

159145.23