Русија го користела својата проектил „Орешник“ со среден дострел во напад врз западна Украина, објави новинската агенција ТАСС во петокот, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, што е втор напад врз Украина во кој е употребено оружјето. Според министерството, нападот бил извршен како одговор на „терористичкиот напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Додадено е дека целите ...

На граничниот премин „Меџитлија – Ники“ има забрана за движење на товарни возила до 10.01.2026 г. до 10 часот, поради блокадите од грчките земјоделци. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска ...

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднело кривична пријава против Ф.A.(25) од Турција, товарејќи го за „фалсификување исправа“. На 28 декември лани на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, на излез од државата, при извршена контрола, констатирано е дека пријавениот го пречекорил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена, при што на влез и излез користел две турски патни исправи, соопшти ...

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, се сретнал во Париз со специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и со зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, според Axios кој се повикува на извор запознаен со ова прашање. „Советниците на претседателот Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се сретнале во Париз во средата со рускиот пратеник Кирил Дмитриев за ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази жалење поради најавата на Соединетите држави за повлекување од 66 меѓународни организации. Сепак, сите организации на ОН ќе продолжат да ги извршуваат своите задачи, изјави Гутереш во Њујорк. „Како Обединети нации, имаме одговорност да ги исполниме нашите обврски кон оние кои зависат од нас за помош“, додаде тој. Белата куќа претходно објави дека САД ќе се повлечат од 66 ...

На најголемата светска берза се тргуваше претпазливо во четвртокот, при што технолошкиот сектор беше под притисок, додека акциите на производителите на оружје пораснаа. Индексот Dow Jones доби на вредноста 0,55 отсто, на 49.266 поени, а S&P 500 доби 0,01 отсто, на 6.921 поен. Индексот Nasdaq, пак, ослабе за 0,44 отсто, на 23.480 поени. По растот претходниот ден, цените на акциите на голем број технолошки гиганти паднаа вчера. Цената на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека вчера при изведување градежни активности од страна на приватна фирма, оштетена е водоводна цевка ф-150 мм во с.Копаница (под резервоарот). Поради настанатиот дефект, водоснабдувањето во селото Копаница е прекинато вчера во 20:40 часот. Екипа на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе го отстранува дефектот денеска и по завршувањето на работите, водоснабдувањето во Копаница ќе биде обновено. ЈП ...

ОВЕН Денеска ќе реагирате исклучително чувствително на емоциите на луѓето од вашето опкружување. Ќе имате желба да помогнете, а доколку и на самите вас ви е потребна поддршка, не двоумете се да ја побарате – веројатно ќе ја добиете. Вашата емоционалност ќе биде силно изразена и ќе имате тешкотии да ја скриете. БИК Доколку денеска чувствувате посилни емоции, пронајдете начин да ги ослободите без да ги префрлате на луѓето што ве опкружуваат. ...

Следниот празник и неработен ден за сите граѓани, според Законот за празниците, е 20 март, петок, кога муслиманите ќе го прослават првиот ден на Рамазан Бајрам. Потоа следува уште еден верски празник, еден од двата најголеми празници за христијанските верници – на 13 април, понеделник, е втор ден Велигден за Православните цркви. Овој ден е исто така неработен за сите граѓани на земјава. Следен државен празник е 1 Мај, петок – Ден на трудот. ...

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Времето во земјава денеска ќе биде променливо ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје најави дека денеска, петок, поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров – во периодот од 9 часот сѐ до отстранувањето на дефектот, без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на Завод за физикална медицина и рехабилитација. Исто така, поради дефект на затворач ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 ...

Водечкиот тим во англиското фудбалско првенство, Арсенал одигра нерешено 0:0 против актуелниот шампион Ливерпул на лондонскиот стадион „Емирати“ во четвртокот вечерта во натпреварот од 21-то коло. Екипата на Микел Артета победи на седум последователни домашни натпревари во лигата и се очекуваше да ја искористи предноста против ослабениот Ливерпул. Арсенал ја пропушти шансата да побегне на осум бода предност на врвот на Премиер лигата во ...

Фудбалерите на Милан одиграа само 1:1 на домашен терен со Џенова во четвртокот вечерта во дуелот од 19-то коло од италијанското првенство. Гостите можат повеќе да жалат за неостварената победа, бидејќи водеа со 1:0 со голот на Коломба од 28. минута до втората минута од судиското продолжение на мечот кога Рафаел Леао израмни на 1:1 по корнерот што го изведе ветеранот Лука Модриќ. Сепак, возбудувањата не завршија ни тука, бидејќи Џенова доби ...

Израелските сили убија најмалку четворица Палестинци во два напада во Појасот Газа во четвртокот, неколку часа откако војската соопшти дека погодила место каде што наводно припадниците на движењето Хамас неуспешно се обиделе да извршат ракетен напад, што претставува нова закана за кревкото примирје. Медицинските лица изјавија дека најмалку три лица се убиени во израелски воздушен напад, а уште тројца, меѓу кои и деца, се ранети во шатор во ...

Голем дел од Хрватска се разбуди под снег и мраз. Додека сите патишта се повеќе или помалку исчистени, снегот и лапавицата предизвикуваат проблеми за пешаците, а вистинската опасност допрва доаѓа во наредните денови – леден дожд, известува државната телевизија ХРТ. Во многу градови во Хрватска температурата падна под -10 степени, најмногу во Горски Котар, во Мркопаљ, каде што падна дури до -25. На северозападниот дел од земјата, во Штригова, ...

Во финалето на шпанскиот Суперкуп, кое се игра во саудиска Џеда, силите ќе ги одмерат најглемите спортски ривали Барселона и Реал Мадрид. Откако Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во средата, Реал го победи градскиот ривал Атлетико со 2:1 во четврток. Валверде во 2. и Родриго во 55. минута му донесоа водство на Реал од 2:0, пред Сорлот во 59. минита да го ублажи поразот на Атлетико. Финалето е закажано за в недела со почеток во 20 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека ќе дозволи истекување на најновиот договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија и нема да ја прифати понудата на Москва доброволно да го продолжи, објави The New York Times. Во септември рускиот претседател Владимир Путин предложи двете земји доброволно да ги одржат ограничувањата за распоредено стратешко нуклеарно оружје утврдени во Новиот договор СТАРТ, кој истекува на 5-ти февруари ...

Фудбалерите на актуелниот француски и европски шампион Париз Сен Жермен го освоија својот прв трофеј во 2026 година со победата во францускиот Суперкуп, победувајќи го Олимпик Марсеј во Кувајт Сити со подобро изведување на пеналите. Натпреварот заврши со резултат 2:2, париските „Светци“ поведоа со голот на Дембеле (13), но Гринвуд (76) израмни, а Марсеј се приближи до триумф со автоголот на Вилијан Пах (87). Сепак, Гонсалo Рамос (90+5) ...

Сириската армија започна нови напади во делови од Алепо во четвртокoт откако им нареди на жителите да се евакуираат, обвинувајќи ги Сириските демократски сили (SDF), кои ги предводат курдските Единици за заштита на народот (YPG), дека користат области со курдско мнозинство за да започнат напади, додека судирите влегоа во третиот ден. Војската коja сега ја сочинуваат припадници на поранешните сунитски џихадистички групации блиски на ...

Масовни антивладини протести се одржуваат низ Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред во која демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири поттикнати од тешката економска криза. Организацијата за следење на интернет NetBlocks објави „национално исклучување на интернетот“. На вечерашните протести повика Реза Пахлави, протераниот син на последниот шах на Иран. Големи толпи беа забележани во неколку ...

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Украина објави на својата веб-страница дека е можен „потенцијално значаен“ воздушен напад врз земјата во наредниве денови. Амбасадата на САД објави вечерва дека добила информации за „потенцијално значаен воздушен напад што може да се случи во кое било време во текот на следните неколку дена“, објавува „Украинска правда“. „Амбасадата, како и секогаш, препорачува американските граѓани да бидат ...

Американскиот Сенат во четвртокот даде зелено светло за резолуција што ќе го спречи претседателот Доналд Трамп да одлучи за натамошни воени дејствија против Венецуела без одобрение од Конгресот, бидејќи Трамп рече дека контролата на САД врз земјата може да трае со години. Сенатот гласаше со 52 гласови „против“ и 47 „против“ за усвојување процедурални мерки за да се поведување на резолуцијата за воените овластувања во следната фаза од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокoт тврдеше дека текстот на билатералниот договор за безбедносни гаранции меѓу Киев и Вашингтон е „во основа подготвен“ за конечен договор со американскиот претседател Доналд Трамп, откако американските претставници на состаникот на Коалицијата на волните во Париз во вторникот не ја потпишаа Париската декларација за безбедносни гаранции по настапување на мир во Украина. Како клучен дел од ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини Соединетите држави дека им го вртат грбот на своите сојузници, наведувајќи ги нивните трговски и безбедносни политики. „Соединетите држави се етаблирана сила, но прогресивно се оддалечуваат од некои од своите сојузници и се оддалечуваат од меѓународните правила што ги промовираа до неодамна“, им рече Макрон на амбасадорите во Париз во четвртокот. Францускиот претседател рече и дека меѓу ...

Австрија ги зголеми платите на воспитувачките и помошниот персонал во приватните детски градинки – за 3,5% и за 3,7%, јавија австриските медиуми. Со тоа новата минимална плата за воспитувачките во детските градинки ќе изнесува 3.170 евра, а за помошниот персонал 2.216 евра. Зголемувањето на минималниот износ на плата го направи Федералното биро за решавање трудови спорови, кое е во склоп на министерството за социјални работи. Во Австрија 41% ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(49) од Охрид, товарејќи го за кривично дело „разбојништво“. Имено, на 8 декември лани, пријавениот насилно влегол во домот на Д.Б. од Охрид, физички го нападнал, по што му го одзел паричникот. Полицајци за кратко време го пронашле сторителот и го уапсиле, нагласи СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(49) од Охрид, товарејќи го за кривично дело „разбојништво“. Имено, на 8 ...

Вкупно 11.250 домаќинства во окрузите Алба, Марамуреш, Салаж, Прахова и Клуж останаа без електрична енергија поради влошената метеоролошка состојба во Романија, соопшти министерот за енергетика Богдан Иван. „На терен се мобилизирани 341 екипа со 911 техничари кои извршиле над 5.000 интервенции. Се користи тешка механизација, кранови, дронови, па дури и моторни санки, бидејќи многу од дефектите се во тешко достапни предели каде патиштата се сè ...

Венецуелската државна нафтена компанија PDVSA во средата потврди дека преговара со Соединетите држави за продажба на нафта по „меѓународни цени“, изјави Вилс Рангел, член на одборот на директори. Во кратко соопштение за медиумите, PDVSA објави дека преговара со американската влада за „продажба на поголеми количества нафта во рамките на постојните комерцијални односи меѓу двете земји“. Точното количество барели не е прецизирана. Американскиот ...

Сѐ уште се високи водостоите на реките низ земјава и сѐ уште има поплавени површини, но сите имаат тенденција на постепено стабилизирање и намалување до крајот на денот, извести Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вечерва. До 19 часот, сѐ уште значително висок бил водостојот во сливот на реката Треска и во горниот дел на сливот на реката Вардар, но водата полека почнува да се повлекува од местата каде што имаше поплавувања. Исто така, ...

Скопјанец е осомничен за телесна повреда на поранешната партнерка во особено груб чин на насилство и забрането му е да ѝ се приближува на жртвата, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Осомничениот во неделата, во испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
990
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
52%
987
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
67%
986
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
73%
991
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.95
83%
992
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
98%
987
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
68%
993
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
989
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
989
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
992
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
986
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
100%
993
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Злато

163150.25

Сребро

2686.19

Алуминиум

3.11

Кобалт

64.04

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Бакар

12.01

Калај

48.19

Родиум

334367.76

Иридиум

213919.04

Платина

68448.94

Паладиум

54945.63