Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на Соединетите држави под водство на претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат. Во невообичаено острата изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е грабнувањето и отстранувањето од власт на венецуелскиот претседател Николас ...
Велика Британија и Франција ќе испратат до 15.000 војници за да помогнат во заштитата на Украина во случај на мировен договор, многу помалку од очекуваното, објави Тајмс. Началниците на британските воени сили наводно првично предложиле испраќање 10.000 војници како дел од пошироката „Коалиција на подготвените“ од 64.000 војници, но ова било оценето како неодржливо во Министерството за одбрана со оглед на моменталната големина на британската ...
Во првите десет месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе со вкупна вредност од 2 463 677 171 денари или 39 993 684 евра. Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46%), Италија (18,7%)и Косово (8,8%). Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени ...
Нарушен е квалитетот на водата во делови од водоводниот систем во Ресен и не се препорачува за пиење, предупредија од ЈКП „Пролетер“ Ресен. Препораката е поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода. – Заради ваша безбедност, водата привремено не се препорачува за пиење. Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и ...
Кина го осуди запленувањето на странски бродови во меѓународни води од страна на САД, велејќи дека таквите дејствија сериозно го кршат меѓународното право. „Кина отсекогаш се спротивставувала на нелегалните еднострани санкции без основа на меѓународното право и без одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција. САД вчера запленија два ...
Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски војници во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во Украина, според полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. „Германските војници се стационирани во Полска со години како дел од разни мисии на НАТО“, рече Сикорски заклучувајќи дека присуството на трупи на Бундесверот на полска територија нема да биде ново. Сикорски ја даде изјавата откако во средата вечерта ...
Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, синоќа за време на официјалната церемонија изјави дека има дамка во односите со САД по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари од страна на американската војска. „Во врска со односите меѓу Венецуела и САД, првото нешто што мора да го кажеме е дека има петно во нашите односи што никогаш не се случила во нашата историја“, рече Родригез, поранешна ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во хуманитарна акција за подготовка и распределба на повеќе од 200 оброци наменети за корисниците на народните кујни на Скопската Епархија.Акцијата беше реализирана во соработка со отец Оливер и хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, со која, како што истакна Ѓорѓиевски, соработката трае уште од самото формирање на организацијата. „Во денови кога тишината често ...
Триесет и шестгодишен маж од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својата партнерка, исто така на возраст од 36 години. Како што соопштија од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 8 јануари 2026 година, при што мажот навел дека нападот се случил на 4 јануари во неговото патничко возило, на подрачјето на Општина Центар. Според пријавеното, физичкиот напад го извршила неговата партнерка И.В. од Скопје. Од полицијата ...
Мотивите за нападот на Соединетите држави врз Венецуела и грабнувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се веројатно бројни, но јавноста во дискусиите само површно се осврна на стратегијата на Белата куќа која треба да ја зајакне позицијата на „петродоларот“, пишува колумнистот на Reuters, Џејми Мекгивер. Производството на нафта во Венецуела во моментов е скромно, изнесува само милион барели дневно, додека резервите се најголеми во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска посочи дека средствата коишто Украина ги бара за наредната декада би можеле да бидат доволни за покривање на сите пензиски исплати во Унгарија во период од 40 години, или пак за сите семејни надоместоци во наредните 60 години. Во рамки на владина седница, Орбан информира дека министерот за европски прашања, Јанош Бока, презентирал предлог на Брисел за распределба на 800 милијарди долари и за начинот на ...
Повторени избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се одржат в недела на 11 јануари. Дваесетдневната изборна кампања за изборите завршува утре (9 јануари) на полноќ, по што започнува изборниот молк до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња веќе се печатат и утре заедно со апаратите за биометриска ...
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени. Веднаш потоа е -3 степени во Куманово, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Штип, Велес, Kрушево, 1 во Тетово, Охрид, Виница, 2 во Претор, Кавадарци, 3 во Демир Капија, 4 во Прилеп, Берово, 5 во Битола, Струмица и 7 степени во Гевгелија. Најмногу дожд има во Крушево каде за 24 часа се измерени 55 l/m2. 52 l/m2 има во Охрид, 48 ...
Венецуела ќе ги троши приходите од работењето во нафтениот сектор со Соединетите држави исклучително за стоки произведени во САД, изјави во средата американскиот претседател Доналд Трамп. „Тукушто бев информиран дека Венецуела ќе купува САМО американски стоки со парите што ќе ги добие од нашиот нов нафтен договор“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Наведе и дека купувањето ќе вклучува американски земјоделски производи, лекови, ...
Либанската армија во четврток наутро објави, како што се очекуваше, дека ја постигнала својата цел за разоружување на Хезболах во јужен Либан, велејќи дека единствениот исклучок е мал број области кои „сè уште се под израелска контрола“. Војската додаде дека продолжува работата за расчистување на тунелите и неексплодираните убојни средства. Израел се очекува да го отфрли тврдењето дека областа јужно од реката Литани, всушност, е разоружана. ...
Лишен од слобода возач во Велес, управувал возило под дејство на алкохол и удрил во друго возило -На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со ...
Газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули денеска се пријави во затворот „Идризово“ за да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Директорот на „Идризово“ Зоран Јовановски потврди за СДК.МК дека Белули е в затвор. На 1 декември 2025, Белули кој требаше да тој ден влезе в затвор, доби ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во повеќе региони има поплавени куќи, подруми, тешко проодни патишта, излеани реки и поплавени ниви. Со овој бран на врнежи загрозени се имотите на граѓаните од Западна и Југозападна Македонија. Тетовско- гостиварски регион: Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, општина Гостивар е тешко прооден. За состојбата се известени ЕЛС Гостивар и ПС Чегране. ...
По интензивните врнежи повеќе десетици куќи на улицата „Прилепска“ во Кичево останаа под вода. Во делови од улицата има куќи кои се еден метар под вода, соопштија од општината Кичево. Станарите од поплавените куќи се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Обезбедена е храна, вода, душеци и ќебиња, а побарана е помош од Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Побарана е и лекарска помош, бидејќи некои од ...
Атланта Хокс ја прекинаа серијата од два пораза победувајќи ги Њу Орлеанс Пеликанс со 117:100 на домашен терен. До победата ги предводеше Закари Ризашер, кој погоди седум тројки и постигна вкупно 25 поени. Кристапс Порзингис додаде 13 поени и поени, додека Мухамед Гуеј придонесе со 10 поени, 11 скока и шест асистенции. Никил Александер-Вокер постигна 17 поени и ја надмина границата од 4.000 коша во својата кариера, а додаде и шест асистенции ...
Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија. Со овој забавен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван, полн со интерактивни игри и подароци, Државна лотарија сака да дополни магија во празничниот период и да подари дополнителни можности за радување, со многу дружење, смеа, музика и радост за љубителите на интернет игри на среќа, но и за сите над 18-годишна возраст. Во рамките ...
Министерството за надворешни работи на Бугарија испрати официјална дипломатска нота до Република Грција во врска со затворањето на клучните патишта и гранични премини за време на протестот на грчките земјоделци, соопшти прес-центарот на бугарското МНР. Во нотата се нагласува дека продолжената блокада на патиштата и граничните премини доведе до сериозни економски тешкотии за бугарските транспортни компании, извозници и граѓани, како и до ...
На социјалните мрежи се шири снимка од скопската елитна населба Водно, во која се шетаат диви свињи. „Цело семејство се спуштило во населбата Водно, стои во описот на видеото. Дивите животни се спуштаат во урбани средини кога нема што да јадат, веројатно таа е причината што дивите свињи се спуштиле до најблиската населба. Видеото е снимено на улицата „Питу Гули“ наспроти маркетот. Цело семејство се спуштило во населба Водно. Душички. ...
Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДСM и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, ...
Откако се закани со воена интервенција во Колумбија, американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека се прават подготовки претседателот на земјата Густаво Петро да ја посети Белата куќа, со кого претходно разговарал по телефон. Трамп и Петро изјавија дека во нивниот прв телефонски повик откако американскиот претседател во неделата изјави дека воена операција против колумбиската влада „му звучи добро“, разговарале за односите ...
Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека гласањето во Сенатот за новиот закон за санкции против Русија би можело да се одржи веќе кон средината на јануари. Тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа претходно во среда, каде што Трамп му даде „зелено светло“ на законот, кој се подготвуваше со месеци. Во ноември, Трамп предложи план за решавање на украинскиот конфликт, кој Киев и неговите европски поддржувачи ...
Цените на акциите паднаа на повеќето европски берзи во четвртокoт претпладнето, бидејќи инвеститорите беа претпазливи поради зголемените геополитички тензии, особено околу Гренланд. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 отсто во првиот претпладневен пресек. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,25 отсто на 10.025 поени, а парискиот CAC за 0,09 отсто на 8.225 поени. Франкфуртскиот DAX, од друга страна, порасна за 0,26 отсто ...
Акционата политичка сатира „Една битка по друга“ и вампирскиот хорор со блуз музика „Грешници“ се номинирани во најмногу категории за доделувања на наградите Actor Awards, порано познати како награди на Здружението на филмски актери (SAG). Двата филма се натпреваруваат во категоријата за најдобра екипа. Во конкуренција се со драмата „Хамнет“ вдахновена од Вилијам Шекспир, филмот за пинг-понг „Марти Величествениот“ и научно-фантастичниот филм ...
Со ова мое пишување отворено се обраќам до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, до Јавното обвинителство и до Вишото јавно обвинителство Битола. Имено, на ден 23.07.2025 година поднесов кривична пријава поради сомневања за злоупотреби во текот на постапката за нострификација и избор во наставно-научно звање на проф.д-р Иван Бимбиловски, сегашен Ректор на Универзитетот „Свети Апостол Павле” во Охрид. На ден 16.12.2025 година ...
Управата за хидрометеоролошки работи во текот на ноќта издаде „Жолто ниво“ за предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците. За четврток на територијата на Македонија се прогнозира променливо облачно време со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60km/h). Утринските температури се ...