Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети. На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со која се оспорени членови од Законот за животната средина. Подносителот на иницијативата, како што велат од ...

На 22-ри мај 2025 година, се одбележува значајниот јубилеј – 25 години од основањето на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). Овој ден претставува круна на четврт век исполнет со посветена работа, истражувања, едукација и поддршка за лицата со аутизам и нивните семејства. Во 2000-та година, со силна волја и визија, група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Скопје ќе присуствуваат и ќе се обратат на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата. На промоцијата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се обратат и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаим и заменик-директорката на DCAF – Женевскиот центар за ...

Собранието денеска ќе ја одржи 49. пленарна седница, на чиј дневен ред се вкупно 11 точки. Пред пратениците во второ читање се Предлог на одлуката за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, Дополнетиот предлог на закон за работно ангажирање на лица. На прво читање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ...

Европските челници се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за телефонскиот разговор со рускиот колега по должност Владимир Путин, изјави доцна ноќта во понеделник германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во понеделникот Трамп разговараше по телефон со Путин, со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската унија, Франција, Италија, Германија и ...

Кремљ е запознаен со предлогот Ватикан да прифати организирање на преговорите меѓу Русија и Украина, но сè уште не е донесена никаква одлука, изјави во вторникот за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков кој оцени дека на Москва и Киев им претстои тешка работа околу документот за постигнување мир. Претходно во понеделникот вечерта италиканската премиерка Џорџа Мелони изјави дека европските и американските челници ...

ОВЕН Денеска обидете се да постигнете рамнотежа помеѓу работата и личните обврски. Благодарение на вашата способност да гледате од различни гледни точки, ќе можете да се справите со деликатни ситуации. Не двоумете се и бидете отворени и доследни. БИК Денеска вашиот силен внатрешен набој ви дава шанса да постигнете напредок во важни теми. Вистински момент е да направите чекор напред кон вашите цели. Ако го следите својот инстинкт, ќе стигнете ...

Во вторникот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринските температури се во интервалот меѓу 3 и 12, додека дневните соодветно ќе се движат од 16 до 28 Целзиусовите степени. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ...

Во претпоследниот натпревар од 37-то коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Брајтон го победија шампионот Ливерпул со 3:2 пред своите навивачи. Во дуелот со бројни шанси на двете страни, Ливерпул поведе во деветтата минута со голот на Елиот. Домашниот тим заслужено израмни во 32. минута кога Ајари го погоди голот на гостите, но до полувремето шампионите повторно го вратија водството. Во првата минута од судиското продолжение, Шобошлаи ...

Европските и американските челници разговараа во понеделникот и ја поздравија изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека папата Лав XIV е заинтересиран да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина во Ватикан, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони, иако Ватикан не потврди дека папата дал таква понуда. Ватикан не одговори на барањето за коментар, пишува агенцијата Reuters. Пишувајќи на социјалните мрежи, Трамп рече: ...

Под слоганот „Ние гледаме луѓе“, Црвениот крст вечерва со свечена академија одбележа 80 години постоење. Одбележувањето се одржа во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На свечената академија присуствуваа претседателката Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за одбрана ...

Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство носи бенефит, модернизација на железницата од Коридорот 10, рече премиерот Мицкоски. Во дел од инфраструктурните инвестиции од договорот со Обединетото Кралство е опфатена железничката пруга од границата со Србија до границата со Грција, информираше директорот на Железници, Ивановски. На оперативно ниво ги зајакнавме контролите што доведе до напредок во сузбивање на организираниот криминал, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека Киев и неговите партнери размислуваат за организирање состанок на високо ниво меѓу Украина, Русија, САД, земјите од Европската унија и Велика Британија, како дел од напорите насочени кон ставање крај на руската инвазија во Украина. По двата телефонски разговора со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот челник им рече на новинарите во Киев дека се надева дека ...

Со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, по издаден налог од страна на ЈПДП за санација на нерамнините долж коридорот 10, започнато е со интервенција за санација на нерамнините на автопатот на делницата Велес – Градско на мостот по бензиската пумпа „Дади”, објави директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Истакна дека ќе се работи од двете страни на мостот,влезот и излезот, исто така ќе се санираат и ударните ...

Новиот инвестициски циклус, кој ќе биде поддржан преку стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го носи проектнотo финансирање во нашата земја и реализација на проекти како во сите други европски земји. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во 360 Степени, појаснувајќи дека станува збор за финансирање коешто се применува и досега преку други меѓународни финансиски институции. „Во однос на новиот ...

Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и канадскиот Марк Карни предупредија во понеделникот дека нема да „стојат настрана“ пред „скандалозните постапки“ на израелската влада на Бенјамин Нетанјаху во палестинската енклава Појасот Газа и се заканија со „конкретни мерки“ доколку не се запре воената офанзива и не се деблокира хуманитарната помош. „Решени сме да ја признаеме палестинската држава, што ќе биде наш ...

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Флакрон Беџети си поднесе оставка од функцијата. Оставката ја најави преку својот профил каде објави фотографија. „Денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. Тоа беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, за да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин поминал многу добро и дека Москва и Киев веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и крај на војната. Под притисок на Трамп, делегациите на завојуваните земји се состанаа во Истанбул минатата седмица првпат помарт 2022 година, но не успеаја да постигнат прекин на огнот. Киев вели дека сега е подготвен за ...

Со нашиот долгогодишен партнер – Швајцарија, ја одбележуваже новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028. Премиерот Мицкоски истанка дека оваа програма претставува продолжение на нашето успешно и плодотворно партнерство, засновано на заемна доверба, вредности и визија за иднината. Со вкупен буџет од 56,1 милиони швајцарски франци, Швајцарија повторно ја потврдува својата поддршка за развојот на нашата држава, ...

По двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека напорите за завршување на војната во Украина се на вистинскиот пат и дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор. Путин му се заблагодари на Трамп за поддршката за продолжување на директните преговори меѓу Москва и Киев и рече дека Трамп ја нагласил поддршката на ...

Денеска остваривме конструктивна и отворена средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), каде што разговаравме за прашања од значење за вработените во установите за згрижување и воспитание на деца. Меѓу темите кои ги разгледавме беа: – Потребата од подобрување на материјалниот статус на вработените; – Унапредување на условите за работа и организацијата во градинките; – Прашања поврзани со колективните договори и ...

Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија деде свое видување британискиот амбасадор во земјава, Метју Лосон во годстување во емисијата „Топ тема“ на теелвизијата Сител. „Мислам дека ове е навистина историски момент во нашите билатерални односи меѓу Британија и Македонија. Како што слушнавте од премиерите ние објавивме стратешко партнерство во рамки на кое се потпишува и договор ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез во понеделникот повика Израел да биде исклучен од меѓународни културни настани како што е Евровизискиот натпревар поради неговата воена кампања во Газа, исто како што на Русија ѝ беше забрането да го стори тоа по инвазијата во Украина. „Не можеме да дозволиме двојни стандарди, дури ни во културата“, рече Санчез, социјалист и долгогодишен критичар на политиките на Израел на окупираната палестинска територија. ...

Церемонијата за доделување на Златната топка, престижна фудбалска награда, ќе се одржи на 22-ри септември во Париз, објавија официјално во понеделникот спортскиот магазин France Football и весникот L’Equipe. Исто така, се додава дека имињата на номинираните во сите категории ќе бидат познати во текот на август. Годинешната церемонија на доделување награди ќе има една голема новина, а тоа е дека сите претходни награди што ги добивале фудбалерите ...

Две илјади водомери со далечинско управување од утре ќе се инсталираат во Кавадарци, најави денеска директорот на кавадаречки ,„Комуналец“, Гоце Ангеловски. Тој се осврна на дигитализацијата во ова јавно комунално претпријатие, во рамките на седницата на Советот на Општината, на која беше усвоен извештајот за нивното работење во првите месеци од годината. „Од утре се монтираат и тајмери со електровентили на поголемите зелени површини, со цел ...

Оваа вечер, како дел од вестите на Сител ТВ во 19:00ч, погледнете го моето најново интервју во кое разговараме за Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија и нашата соработка на економскиот раст, трговија, одбрана и безбедност. -Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со својот домаќин, министерот за сојузни, европски, меѓународни работи и медиуми и шеф на државната канцеларија на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх. Во фокусот на разговорите беа одличните ...

Велика Британија се согласи на најзначајното реконструирање на односите со ЕУ во одбраната и трговијата од Брегзитот, откако американскиот претседател Доналд Трамп направи пресврт во светскиот поредок и ги охрабри двете страни да се приближат една до друга и да се оддалечат од горчливиот и остар раскол. Речиси девет години откако Велика Британија гласаше да го напушти европскиот блок, вториот најголем потрошувач за вооружување и одбрана во ...

Вршителката на должноста амбасадор Никол Варнес денеска во амбасадата на Соединетите држави во Скопје ги пречека вицепремиерот Арбен Фетаи и поранешниот министер за јавна администрација Азир Алиу, беше објавено на фејсбук-профилот на амбасадата. Во кусото известување се исткакнува дека на средбата била водена „продуктивна дискусија за континуираното партнерство за борба против корупцијата и промовирање на владеењето на правото и доброто ...

Најмладите во Вевчани денеска добија нов детски парк, инвестиција на Владата од два ипол милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик од Унгарскиот кредит. Игралиштето, како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, се протега на површина од 200 метри квадратни, направено според сите стандарди, со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити. Детскиот парк, посочи Кочовски, е на барање на најмладите жители на Вевчани. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1021
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
33%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
32%
1022
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
31%
1021
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.03
28%
1020
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.69
34%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
21%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
21%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1020
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
4.02
30%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
38%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62